You are on page 1of 1

Што се клетките

Секој жив организам е направен од клетки од


растенијата, до наједноставниот црв па се до луѓето.
Но што е клетката? Клетката е мала самоодржлива
единица од кој е изграден целиот организам. Нешто
како соба во куќата. Таа е најмалата единица која
може да се класифицира како живо суштество.
Можеме да ги сметаме како градбени блокови на
животот.

Колку клетки има?

Што мислиш колку клетки има во твоето тело?


Илјада, милијон, милиони милиони? ПОВЕЌЕ!!!
Ние имаме околу 50 трилиони клетки. Погледни
го твојот мал прст. Во него има околу 10
милиарди клетки. Клетките ги има во најразлични
форми и големини. Некои се толку големи што
може да се видат со голчо око, како на пример
жолчката од јајцето. Но некои се навистина многу
големи како нервната клетка која се простира по
целиот ’рбет. Но сепак голем број на клетки се многу многу мали и може да се видат само под
микроскоп. Толку се мали што межеш да сместиш 10 од нив во ширината на твоето влакно.
Постојат повеќе видови на клетки и секоја од нив ина своја функција. Некои од овие функции
се заеднички за сите клетки како на пример создавањето енергија и протеини а некои функции
се специфични за одредени типови клетки. Сперматозоидот умее да плива, додека клетките
кои ја формираат опашката на паунот создаваат шарени пигменти. Некои клетки постојат
самостојно како бактериите или едноклеточните организми наречени Амеби. Но некои клетки
работат заедно и создаваат посложени организми како растенијата, цицажите и инсектите.
Секоја клетка во повеќеклеточен организам ја врши не само својата функција, туку и работи со
останатите клетки околу неа за извршување на целокупната работа. На пример клетките во
срцето работат заедно за да ја пумпаат крвта низ твоето тело.

You might also like