You are on page 1of 1

Клетка

Клетката (латински: cellula) е основна структурна и функционална единица на сите


живи организми. Таа е најмал жив биолошки систем. Прв терминот клетка го упо-
требил англискиот научник Роберт Хук. Сите организми се изградени од клетки, и
тоа едноклеточните од една, а многуклеточните од повеќе клетки кои се наоѓаат во
тесна, взаемна зависност. Бидејќи го содржат целокупниот наследен материјал,
клетките се способни за саморепродукција.

Иако основната градба на сите клетки во организмите е иста, сепак, во зависност од


местото и функцијата клетките можат да се разликуваат по својата големина и облик
По големина клетките можат да бидат многу мали (од 7μм, како што се црвените крвни
зрнца), па се до 200μм или повеќе, како што се мускулните клетки. Клетката на
бактеријата што се наоѓа во киселото млеко е долга неколку микрометри, јајце -
клетките од жабата имаат дијаметар од околу 1 милиметар. По својот облик клетките
исто така можат да бидат топчести, плочести, коцкасти, вретеновидни или разгранети.
На пример: нервните клетки со своите долги продолжетоци многу се разликуваат од
мускулните клетки или од проѕирните клетки во очната леќа. Некои клетки на
површината имат ситни, влакнести придвижувачи наречени трепки, кои со
трепкањето предизвикуваат движење околу клетката. Други клетки имаат
камшиковиден продолжеток кој излегува од клетката и е наречен камшиче.

You might also like