You are on page 1of 6

ХЕМАТОЛОГИЈА

Леукоцити:
- се бели крвни клетки кои се подвижни елементи од заштитниот систем на крвта. Покрај крвта тие се
наоѓаат и во лимфата , ткивата и ткивните течности. Се делат на две групи во одност на присуство односно
отсуство на гранули во нивната протоплазма. Се делат на гранулирани и агранулирани. Во групата на
гранулирани спаѓаат: неутрофили , еозинофили и базофили а во групата на агранулирани: лимфоцити и
моноцити. Поделбата на гранулоцитите е извршена според бојата на нивните гранули

Неутрофили - имаат ситни гранули во протоплазмата , имаат афинитет кон кисели и базни бои (се обоени со
костенлива боја). Протоплазмата им е обоена розово , јадрото(обоено виолетово) е сегментирано а кај
младите неутрофили е несегментирано и има облик на стапче или кифла. Најстарите неутрофили имаат 5
сегмента а ретко со 6 и 7.

Еозинофили - имаат крупни гранули , се бојат со кисели бои (еозин - црвена боја). Јадрото им се состои од 2
сегмента и имаат дијаметар од 12-14 микрони

Лимфоцитите - се одликуваат по тоа што односот меѓу јадрото и протоплазмата е во корист на јадрото.
Формата им е тркалезна а дијаметарот им варира од 6-18 микрони. Се делат на мали (6-9 микрони) , средни
(10-14 мик.) , големи (над 14 мик.). Протоплазмата им се бои сино и во неа околу јадрото се забележува
белузликаво просветлување

Моноцититите - се најголеми клетки во периферна циркулација - дијаметарот им изнесува 12-25 микрони.


Бојата им е сиво-сина а бојата на јадрото светло виолетова поради слаба застапеност на хроматинот. Јадрото
има форма на бубрег или грав

Леукоцитарна формула:

- претставува релативен сооднос меѓу одделните видови на леукоцити. За да се определи леукоцитарна


формула се бројат 100 или 200 леукоцити во обоена периферна размаска и се подредуваат според нивната
морфолошка припадност: Процентуална застапеност на одделни видови леукоцити: неутрофили
(сегментирани - 55-56 % , несегментирани 2-5 %) , еозинофили (1-4%) , базофили (0-1%) , лимфоцити (25-
35%) , моноцити (4-6%). Зголемен број на неутрофили се нарекува неутрофилија , еозинофили -
еозинофилија , базофили - базофилија додека на лим. и мон. се моноцитоза и лимфоцитоза. Намален број
на одделни видови на леукоцити се работи за неутропенија , еозинопенија , лимфопенија , монопенија.
Неутрофилите се зголемуваат при ангина , пневмонија , апендицитис и др. а еозинофилите при алергински
заболувања ,астма , цревни паразити и друго.

Својства на леукоцити:

Амебовидно движење - претставува движење што се остварува со испуштање на лажни ножиња. Од сите
леукоцити со најголема способност се неутрофилите

Дијапедеза - претставува процес на излегување на леукоцитите од крвната циркулација во меќукл.


простори. Процесот се остварува со пуштање на т.н лажни ножиња низ ендотелната пора во капиларот и
постепено преточување на клетката од другата страна на капиларот.
Хемотаксија - способност на леук. да бидат привлечени или одбиени од низа хемиски материи. Може да
биде позитивна (+) кога леукоцитите се движат кон изворот на хемотаксичаната материја додека
негативната кога се оддалечуваат од изворот.Позитивната хемотаксија се среќава почесто од негативната

Фагоцитоза - е најважно својство на леукоцитите. Фагоцитозата значи ингестија на туѓите честици и нивно
неутрализирање со цел да се отстрани штетното дејство. Клетките способни за фагоцитоза се нарекуваат
фагоцити. Најсилна способност за фагоцитоза имаат моноцитите , потоа неутрофилите и еозинофилите
додека лимфоцитите се со најслаба способност.

Функции на леукоцитите:

Заштитна функција - е најважна функција што ја имаат леукоцитите. Се манифестира преку фагоцитната
способност на туѓите бактерии и распаднатите продукти од оштетените ткива а исто така преку
ферментативно разградување на фагоцитните материи. Создавањето на антитела се одвива преку Б-
лимфоцитите (хуморален имун одговор) кога е даден знак за тревога тие се претвораат во плазматични
клетки кои се задолжени за произдводство на гамаглобулини т.е антитела кои се поврзуваат со антигените
на м.организмите. Клеточниот имун одговор припаѓа на Т - лимфоцитите , едни од нив го препознаваат
агенсот и излачуваат хемиски материи кои даваат знак за тревога во таа зона а други дејствуваат како
"клетки убијци" кои ги напаѓаат

Тромбоцити:
- се најмали клетки кои немаат јадро. Настануваат во к.срцевина со раситнување на џиновските клетки -
мегакариоцити. Имаат плочеста форма и дијаметар од 2 -5 микрони. Бројот на тромбоцитите е од 150 - 400 *
10 на 9 / L крв. Зголемен броj на тромбоцити е тромбоцитоза а намален тромбопенија

Својства на тромбоцитите:

Фрагилност - под влијание на механички, термички и хемиски фактори тромбоцитите лесно се разрушуваат

Атхезивност - се подразбира способноста на тр. да се прилепуваат на туѓа површина (оштетена интима на


крвниот сад , ткиво , колагени влакна и др.)

Агрегација - е својство на тромбоцитите да се прилепуваат еден врз друг под влијание на бројните фактори
вклучувајќи ги и факторите на коагулација.

Вискозна метаморфоза - претставува процез при кои атхерираните и агрегираните тромбоцити


набабруваат а потоа поради губење на границите меѓу нив се создава хомогена , амрофна , вискозна маса

Функции на тромбоцитите:

- под поимот хемостаза се подразбираат редица физиолошки механизми чија цел е сопирање на крвавење
од повредениот крвен сад. Се одвива во три фази и тоа: васкуларна , тромбоцитна и коагулациона.

Васкуларна фаза - при повреда на мали крвни садови и капилари до крвавење не доаѓа поради
слепување на нивните ѕидови , додека при повреда на артериолите венулите и поголеми крвни садови , се
сопира поради вазоконстрикција на крвните садови.При повреда на мали крвни садови вазоконстрикцијата
се остварува преку аксонскиот рефлекс а при повреда на поголеми крвни садови преку симпатичкиот
нервен систем.

Тромбоцитна фаза - во споредба со васкуларната фаза има поодговорна улога.Во оваа фаза се
создава тромбоцитен чеп кој не дозволува понатамошно истекување на крвта надвор од
повредениот крвен сад.

Коагулациона фаза - во оваа фаза се постигнува трајно сопирање на крвавењето , имено од повредените
ткива се ослободуваат тромбопластични материи кои го активираат прокоагулантниот систем на крвта. Со
активирањето на протромбин во тромбин и фибриноген во фибрин доведува до формирање на крвен
засирок односно коагулум што трајно го затвораат крвниот сад.

ХЕМАТОПОЕЗЕН СИСТЕМ
- Во периферната крв секојдневно се распаѓаат одреден број на крвни кл. и истовремено се создаваат исто толку
нови клетки и на тој начин се одржува нормален број на крвни клетки. Се создаваат во различни органи :
коскена срж , слезенка , црн дроб , лимфни жлезди , лимфно ткиво на органите за варење , тимус и сите го
сочинуваат хематопоезниот систем.

Коскена срж:
- е главен хематопоезен орган. Се создава од ембрионалниот мезенхим. Таа е 5% од вкупната телесна маса ,
тежи од 1500-3500 грама кај возрасен. Кај новороденче к.срж во сите коски е активна и така останува до 5
година од животот. Потоа постепено сржта од долгите коски се трансформира во масна срж така што по 20
години од животот активна е коскената срж во плочестите коски на череп , граден кош , пршлени и карлица. Во
останатите коски се наоѓа само неактивна или масна срж која по потреба на организмот брзо може да биде
заменета со активна коскена срж и служи како резерва во хематопоезата. Макроскопски активната срж има
црвена а неактивната жолта боја. Неактивната коскена срж е изградена од големи масни клетки кои ја даваат
бојата и помеѓу нив се наоѓаат островца на хематопоезно ткиво кое содржи матични клетки на 3-те крвни лози -
гранулоцитна , еритроцитна и тромбоцитна. Активната коскена срж има посложена градба , се состои од РЕС
клетки кои се меѓусебно поврзани а меѓу нив се наоѓаат островца во кои се наоѓаат хематопоезни клетки од сите
развојни стадиуми на сите крвни лози. Најголем број клетки во сржта се од гранулоцитна а најмал од
тромбоцитна и тој однос кај возрасни е 4:1. Покрај овие клетки има и лимфоцити , моноцити и плазмоцити.
Артериите во коскената срж се разгрануваат во артериоли а тие во капилари. Капиларите се викаат синусоиди и
се со нееднаква широчина и се обложени со ендотелни клетки меѓу кои се наоѓаат отвори низ кои зрелите
клетки излегуваат а старите клетки влегуваат. Коскената срж има повеќе функции како: создавање на крвни
клетки , создавање на билирубин од распаднатите еритроцити , создавање на антитела (гамаглобулини).

Лимфен систем:
- го сочинуваат лимфните жлезди и лимфното ткиво на тонзили , слезенка , тимусот и слузокожата на цревата.
Лимфните жлезди се наоѓаат поединечно и во групи во разни делови на организмот. Групирани се особено на
вратот , пазувите , препоните , средноградие (медијастинумот) и стомакот. Изградени се од капсула која ја
обвиткува жлездата а од неа тргнуваат преграда од сврзно ткиво во внатрешноста на ткивото кои ја поделуваат.
Има мрежа од ретикулински влакна и РЕС клетки. Лимфен синус е место каде што во лимфните јазли влегуваат и
излегуваат крвни садови ....

Паренхимот на лимфните жлезди се состои од лимфни чворчиња тоест лимфни фоликули во кои во средниот
дел се создаваат лимфоцити и тој дел е посветол. Периферниот дел на фоликулот е потемен и во него се наоѓаат
зрели лимфоцити. Лимфните жлезди имаат повеќе функции како создавање на лимфоцити , моноцити и
плазмоцити а при патолошки состојби (леукоза и екстрамедуларна хематопоеза и други крвни кл.) , одбрана на
организмот преку фагоцитоза и антитела што ги создаваат фагоцитите , се мисли дека имаат улога во
метаболизмот.

Слезенка:
- е сместена во горен лев дел на стомачната шуплина и нејзината тежина изнесува 150-350 гр. Се состои од
капсула и прегради на сврзно ткиво кои тргнуваат од капсулата во внатрешноста и паренхим. Капсулата е
изградена од сврзно ткиво и мазни мускули а со контракција на овие мускули се истиснува резервна крв од
слезенката во циркулацијата. Овие прегради од сврзно ткиво се обложени со РЕС кл. Во слезенката има артерии
и вени. Артерииите се разградуваат на артериоли , тие на капилари. Капиларите се викаат синусоиди и се слично
градени како во коскената срж. Потоа преминуваат во венули на крај во вени. Паренхимот на слезенката се
состои од бела и црвена пулпа. Белата пулпа е изградена од лимфни чворчиња со иста градба како лимфните
жлезди а црвената пулпа се наоѓа меѓу синусоидите и е составена од мрежа на сврзни еластични влакна во кои
се наоѓаат РЕС клетки кои се макрофагоцити. Во црвената пулпа се наоѓаат и хистоцити , моноцити , плазмоцити ,
зрели гранулоцити , еритроцити и тромбоцити. Има неколку функции како хематопоезна која започнува од 4
месец на развојот на плодот кога се создаваат сите крвни кл. а по раѓање се создаваат само лимфоцити ,
моноцити и плазмоцити. При оштетување на к.срж во слезенката може повторно да се создаваат сите крвни
клетки - екстрамедуларна хематопоеза , разградување на стари тромбоцити и еритроцити а во патолошки
состојби таа разградба се вика хиперспленизам , одбрамбена функција се остварува преку РЕС клетки и
создавање на антитела и метаболизам на билирубин

Лимфно ткиво на органите за варење:


- најмногу го има во слузокожата на тенкото црево а помалку во другите делови на ГИТ. Лимфното ткиво е
изградено од поединечни лимфни чворчиња или групирани ( од 20 до 400 ) - наречени пеерови плочи.
Чворчињата (фоликули) се со пречник до 1 мм , составени се од мрежа на ретикулински влакна , крвни и лимфни
садови , лимфоцити и капсула (обвивка). На периферијата на чворчето или фоликулот се создаваат лимфоцити а
во центарот се врши неутрализација на токсините и уништување на микроорганизмите. Има неколку функции
како хематопоезна (созд. на лимфоцити) , одбрамбена (спречува продор на микроорг. од цревата во
организмот) и асорпција на масти.

Тимус:
- е орган кој се наоѓа во предниот дел на медијастинумот пред срцето и големите крвни садови и делумно пред
трахеата. Тежината се движи од 5-25 грама и тоа кај новородено до 5 грама а потоа се зголемува. Најголема е во
пубертетот (до 25 грама) и влијае на растот , потоа се намалува и после 60 година е околу 5 грама. Се состои од
капсула градена од сврзно ткиво и од неа тргнуваат прегради кон внатрешноста кои го делат тимусот на резанки.
Во резанките се наоѓаат лимфни чворчиња или фоликули ( секој фоликул има надворешен дел - кортекс
изграден од клетки како лимфоцити кои се викаат тимоцити и внатрешен дел - медула) . Кортексот и медулата се
изградени од ретикулински влакна меѓу кои има и гранулоцити , плазмоцити и групирани епителни клетки. Има
неколку функции како: хематопоезна (созд . лимфоцити) , ендокрина жлезда која влијае на растот , одбрамбена
(неутрализација на токсини).

Црн дроб:
- се наоѓа во горниот десен квадрат и е изграден од 4 вида на ткива: 1. хепатоцити (паренхимот) , 2. билијарно
ткиво (ж.патишта) , 3. васкуларно ткиво и 4. клетки на РЕС (купферови клетки)
Има повеќе функции како: хематопоезна - уште од 3 месец на зачетокот на плодот кога се создаваат ле , ер и тр.
(хепатична фаза) покасно од 5 месец на развојот на плодот таа се одвива во к.срж а кај деца и здрави возрасни
се создаваат само моноцити а по потреба може да се воспостави потполна хематопоеза. Во црниот дроб се
депонираат многу материи потребни за создавање на крвни клетки (железо , белковини , витамини) а исто така
се создаваат и факторите на коагулација

ХЕМАТОПОЕЗА ВО ЕМБРИОН И ФЕТУС:


- Поделена е во 3 периоди: виталински , хепатичен и миелоиден
1. Виталински - првите крвни клетки настануваат од средниот (мезенхималниот) слој и се одвива во виталинска
вреќичка , затоа и се вика виталински период. Првите крвни кл. припаѓаат на Ер. лоза и имаат изглед на
мегалобласти а подоцна добиваат изглед на еритробласти. Во понатамошното развивање на Ер . се вградува
хемоглобинот и на крај се создаваат нормални Ер. Во овој период не се создаваат ни Ле. ни Тр.
2. Хепатичен период - започнува од 3 месец од развојот , во црниот дроб. Покрај еритроцити се создаваат и
гранулоцити и тромбоцити. Лимфоцити и моноцити се уште не се создаваат. Од 4 месец од развојот започнува
хематопоезата во тимусот и слезенката. Во слезенката се создаваат и еритроцити и гранулоцити , првите
лимфоцити во 4 месец а првите моноцити во 5 месец. Во тимусот се среќаваат само лимфоцити. Покасно
престанува создавање на еритроцити и гранулоцити во слезенката а продолжува само создавање на лимфоцити
и моноцити.
3. Миелоиден период - започнува во 5 месец на развојот , хематопоезата се одвива во коскениот систем и во тек
на понатамошниот реазвој на плодот , хематопоезата во црниот дроб и слезенката постепено исчезнува а во нив
понатаму се создаваат само лимфоцитини а сите други крвни клетки се создаваат во коскената срж и на тој
начин постепено се воспоставува хематопоеза која покасно постои кај децата и возрасните

ХЕМАТОПОЕЗА КАЈ ДЕЦА И ВОЗРАСНИ:


- е карактеристична дека се одвива во к.срж на сите коски. Друга карактеристика е што кај децата се создаваат
лимфоцити повеќе отколку кај возрасните и затоа е поголем бројот на лимфоцити во периферната крв кај
децата. Од 5 година на животот создавањето на крвни клетки во к.срж на долгите коски постепено се намалува и
затоа во неа се јавува масна к.срж чиј број постепено се зголемува така што по 20 години активната к.срж на
долгите коски е заменета со масно ткиво. Кај возрасни особи активната коскена срж се наоѓа само во плочестите
коски на: черепот , градната коска , ребрата , пршлените и карлицата. Кај возрасни во к.срж се создаваат ер. ,
гранулоцити и тр. Лимфоцитите ........се создаваат во лимфните жлезди , слезенката и др. лимфно ткиво.
Моноцитите се создаваат во сите органи во кои има РЕС клетки: к.срж , црн дроб , слезенка , лимфни жлезди ,
лимфно ткиво на ГИТ. Во некои патолошки состојби се остварува хематопоеза и во слезенка , црн дроб и лимфни
жлезди , тоа е екстрамедуларна хематопоеза.

РЕГУЛАЦИЈА НА ХЕМАТОПОЕЗА:
- Во регул. на хематопоеза учествуваат мн. фактори. Едни фактори влијаат на брзината на создавање на крвни
клетки , други на создавање на секоја поедина крвна лоза , трети на брзина на ослободувањена зрели крвни
клетки од коскената срж. Хематопоезата е регулирана од жлездите со внатрешно лачење , нервниот систем ,
слезенката , црниот дроб и бубрезите.
Хипофизата е централна ендокрина жлезда која индиректно ја регулира хематопоезата , регулирајќи ја работата
на другите ендокрини жлезди
Тироидеата создава хормон тироксин кој го забрзува метаболизмот во организмот , ја зголемува потребата за О2
а зголемената потреба на О2 ја стимулира коскената срж да создава еритроцити.
Надбуб. жлезда лачи повеќе хормони: кортизол - го стимулира создавањето на еритроцитите , гранулоцитите и
тромбоцитите , а го смалува бројот на еозинофилите и лимфоцитите во крвта
Машки полови хормони стимулираат хематопоеза а женски полови хормони делуваат спротивно.
Слезенката го спречува зголеменото преминување на крвни клетки од хематопоез. органи во периферната крв
така , бројот на крвни клетки во периферната крв се зголемува а се појавуваат и незрели клетки по направена
спленектомија.
Дразнење на меѓумозокот и парасимпатикусот го зголемуваат бројот на леукоцити во периферната крв , исто
така се смета дека црниот дроб создава материја наречена леукопоетин која го стимулира создавањето на
леукоциити , а хипооксијата во крвта предизвикува создавање на материја еритропоетин во бубрезите која ја
стимулира коскената срж да создава еритроцити

Морфологија на клетките од еритроцитна лоза:


- Клетки на еритроцитната лоза се: проеритробласт , базофилен еритробласт , полихроматофилен еритробласт ,
ацидофилен еритробласт , ретикулоцит и еритроцит. Тие се развиваат во к.срж од основна клетка -
проеритробласт. Суштината на созревањето и промената на морфологијата на клетките од ер. лоза се состои од:
1 Промена во големина на клетките - клетките на ер. лоза се со овална или округла форма. Проеритробластот е
со големина од 14 до 19 микрони , постепено се намалуваат следните развојни форми така што ретикулоцитот е
со округла форма и големина од 8 микрони а зрелиот еритроцит со биконкавна форма и е голем од 6-8 микрони
2. Промени во цитоплазмата на клетките - цитоплазмата е обилна , без гранулации , во проеритробластот и
базофилниот еритробласт се бои темно сино (базофилно) , а кај полихроматофилниот еритробласт на местата
каде почнува да се вградува хемоглобинот се бои розеникаво. Цитоплазмата кај ацидофилниот еритробласт ,
ретикулоцитот и еритроцитот е црвена. Еритроцитот во средината е посветло обоен , поради биконкавната
форма
3. Промени во јадрото на клетките - јадрото во проеритробластот е со овална или почесто со округла форма ,
поставено е централно во цитоплазмата , по боја е темноцрвено со 1-2 јадренца. Хроматинот во јадрото е во вид
на фина мрежа. Јадрото во следните развојни форми се намалува , јадренцето се губи , хроматинот во него се
згуснува во поголеми грутки. Кај ацидофилниот еритробласт јадрото се поставува ексцентрично а кај
ретикулоцитот и еритроцитот веќе не е присутно.
Нормално во размаз на активна коскена срж се среќаваат сите клетки на ер. лоза а во размаз од периферна крв
се наоѓаат само зрели еритроцити и по некој ретикулоцит (при патолошки состојби како хемолитичка анемија ,
обемни крварења , леукози има присуство на кл. од сите развојни форми)

Морфологија на клетките од гранулоцитна лоза:


- Клетки на гранулоцитна лоза се: миелобласт , промиелоцит , миелоцит , метамиелоцит , стапчест гранулоцит и
сегментиран гранулоцит. Сите клетки се создаваат од матичната клетка - миелобласт. Суштината на созревањето
на клетките се состои во појава на гранули во цитоплазмата кои во почетокот се неспецифични а покасно се
диференцираат во базофилни , еозинофилни и неутрофилни.
Промени во јадрото - настануваат во формата при што од округла форма јадрото се дели во повеќе сегменти ,
независно од бојата на гранулите. Сите набројани клетки се присутни во размаз на к.срж кај здрави луѓе а во
размаз од периферна крв се наоѓаат само стапчести и сегментирани гранулоцити. При болести како што се
хронична гранулоцитна леукемија , сите кл. можат да се најдат во размази на периферна крв или други
хематопоезни органи. . Матичната клетка - миелобласт е со округла форма и големина од 15-20 микрони додека
пак зрелите гранулоцити (стапч. и сегм.) се големи 10-15 микрони. ЦИТОПЛАЗМАТА во миелобластот е во однос
на јадрото 7:1 и се бои сино. Во неа нема гранули. Во промиелоцитот , цитоплазмата се бои сино , се јавуваат
гранули кои се нееднакви по големина , неправилно се распоредени а бојата е од црвена до виолетово сина. Во
миелоцитот цитоплазмата е пообемна , се бои розово и во неа гранулите се еднакви по големина и се
рамномерно распоредени во една клетка сите имаат една боја па према бојата на гранулите , миелоцитите
можат да бидат неутрофилни , еозинофилни и базофилни. Кај метамиелоцитите цитоплазмата е розева и према
бојата на гранулите исто се неутрофили , еозинофили и базофили. Исто се однесува и за стапчестите и
сегментираните гранулоцити.
ЈАДРОТО во миелобластот е округло . хроматинот е во форма на мрежа , се бои црвено и има 2-5 јадренца кои
се бојат сино. Во промиелоцитот хроматинот е погруб во јадрото и има 1-3 јадренца со сина боја. Во
миелоцитот во јадрото хроматинот е во грутки , се бои темноцрвено и нема јадренце. Во метамиелоцитот
_________________________________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________________________________
__________________

You might also like