You are on page 1of 28

КРВ -СОСТАВ НА КРВТА

Крвта во крвните садови се наоѓа во течна состојба, а надвор од нив таа се


згрутчува. Доколку и се додаде определена количина на некоја
антикоагулантна материја нема да дојде до згрутчување. Доколку се
остави да стои извесно време или ако веднаш се центрафугира ќе се
забележи издвојување на два различни слоја.
 •Горниот слој е проѕирен,безбоен или лесно жолтеникав и се нарекува
крвна плазма.
 •Долниот непроѕирен слој го сочинуваат оформени елементи - крвни
клетки. 
• еритроцити (црвени крвни клетки)
•  леукоцити (бели крвни клетки)
•  тромбоцити (крвни плочки)
ЕРИТРОЦИТИ
Тие се безјадрени црвени клеточни елементи. Однапред имаат
тркалезна форма,а отстрана нивниот изглед наликува на двојно
вдлабнат диск. Дијаметар-6,5-8 микрони или во просек 7,3
микрони. Дебелината на периферниот дел изнесува 2,2
микрони а на централниот дел 1,2. Исто така тие се еластични па
затоа и ја менуваат својата форма, многу се нежни и лесно се
распаѓаат.
 Еритроцитоза-покачен број на еритроцити во крвта
 Еритропенија-намален број на еритроцити во крвта
 -Просечниот живот на еритроцитите изнесува 120дена што
значи дека во периферната циркулација ги има во различна
старост. 
ЕРИТРОЦИТИТЕ
1. Дишна функција - се должи на присиството на хемоглобинот кој
има способност да ги прима и отпушта кислородот и
јаглеродмиот диоксид. 
2. Транспортна функција се состои во транспортирањето на
апсорбираните аминокиселини од дигестивните кон др. органи
во организмот. 
3. Регулација на електрохемиската реакција на крвта се остварува
преку хемоглобинот, на хемоглобинскиот пуферски систем
отпаѓаат околу 70-75% од вкупниот пуферски капацитет на
крвта.
4.  Хемолизата претставува процес каде што хемоглобинот од
еритроцитите излегува во околниот раствор поради оштетување
или прскање на ери-троцитарната мембрана.
Видови хемолиза:
 -Физичка хемолиза(дејство на физички агенси) 
-Хемиска хемолиза(дејство на хемиски агенси)
 -Биолошка хемолиза(дејство на материи од растително
или животинско потекло)
ЛЕУКОЦИТИ
Тие претставуваат подвижни елементи од заштитниот систем на
крвта. 
Тие се наоѓаат и во лимфата,ткивата и ткивните течности. И се
разликуваат во форма,големина,место на создавање, структура и
функција.
Според морфолошкиот изглед на обоениот препарат се делат на:
 •Гранулоцити - неитрофилни,базофилни и еозинофилни
леукоцити
 •Агранулоцити - моницити и лимфоцити
Заштита на организмот е најважната функција што ја имаат
леукоцитите и ја манифестираат преку фагоцитоза на туѓите
бактерии и распаднатите продукти од оштетените ткива, а исто
така и преку ферментативно разградување на фагоцитираните
материи. Со ова се локализира и неутрализира штетното дејство.
Неутрофилните леукоцити се во состојба да фагоцитираат и
уништат 5-25 бактерии, а моноцитите и до 100. Леукоцитите
можат да продуцираат специјални материи наречени леукини
кои предизвикуваат уништување на микроорганизмите што
влегле во организмот.
Еозинофилните и базофилните леукоцити продуцираат
антитоксини материи што го неутрализираат дејството на
бактериските токсини.
ТРОМБОЦИТИ
Најмали клетки мегу оформените елементи на крвта , и тие немаат
јадро.
Настануваат во коскената срцевина со раситнување на џиновските
клетки (мегакариоцити)
Имаат плочеста оволна форма од каде што и произлегува името
плочки.
Дијаметар 2-5 микрони.
Тромбоцитоза - зголемен број на тромбоцити
Тромбопенија - намален број на тромбоцити
СЦОЈСТВА: Амебовидно движење, фагоцитоза, фрагилност,
атхезивност, агрегација и вискозна метаморфоза.
ФУНКЦИИ
Во тромбоцитите се откриени физиолошките активни материи кои
земаат активно учество во процесите на хемостазата (запирање на
крварењето) коагулација (засирување) на крвта во фибранолизата
(распагање на крвниот засирок).
ХЕМОСТАЗА - Претставува редица физиолошки механизми чија
основна цел е сопирање на крварење од повредениот крвен сад.
Во процесот на хемолизата се разликуваат 3 фази:
1. Васкуларна
2. Тромбоцитна 
3. Коагулациона
ХЕМОГЛОБИН
Хемиски претставува хромопротеид 
Се состои од две компоненти хем и глобин.
Хемот претставува простетична група на хемоглобинот, а
глобинот е сложена белковина изградена од 4 вериги на
аминокиселини.
 Во составот на хрмот влегува железото за кое е врзана
функцијата на примање и отпуштање на кислородот О2.
КРВНИ ГРУПИ
КРВНИ ГРУПИ Антигени на Антитела во крвната
мембраната од плазма
еритроцити
A А B - анти В

B B А - анти А

AB AB /////

O O Анти А и анти В
Крвна група е класификација на крв, заснована на
присуство и отсуство на антитела и наследни
антигенски супстанции на површината на црвените
крвни клетки. Овие антигени можат да бидат протеини,
јаглехидрати, гликопротеини или гликолипиди, во
зависност од системот на крвната група.
ИМУНИТЕТ КАЈ ЧОВЕКОТ СЕ ДЕЛИ НА: 
Неспецифичен имунитет (вроден) - уште од раѓање организмот има низа
средства со кои се штити на неспецифичен начин од нападите на
патогените микроорганизми.
Специфичен имунитет (стекнат) - Ако одреден микроорганизам ги
совлада неспецифичните примарни одбрамбени механизми, во дејство стапува
ИМУНИОТ СИСТЕМ НА
специфичната имунолошка реакција, насочена кон заштита на
организмот против секој напаѓач посебно.
ОРГАНИЗМОТ
Лимфоидни органи во кој се одвива пролиферација (множење на клетки по пат на
делба) и деференцијација (расчленување на еден вид клетка во повеќе видови) на
лимфоцити.
1. Централни (примарни) органи: коскена срцевина, тимус и бурза на фибрација (кај
птиците).
2. Периферни (секундарни) органи: лимфни јазли, паерови плочи во тенкото црево,
лиен, лимфацити што циркулираат во крвта и лимфата.
ФИЗИОЛОГИЈА НА ЛИМФЕН
СИСТЕМ
Помошен систем за транспорт на течност од меѓуклеточните простории во
крвната циркулација.
ГРАДБА НА ЛИМФЕН СИСТЕМ
Лимфни капилари, лимфни садови, лимфни јазли, лимфни стебла и
лимфни канали
1. Лимфни капилари > најмали садови кои во
меѓуклеточните простори завршуваат слепо.
2. Лимфни садови > лимфни капилари, на број од 2 до 7, со соединуваат и
градат лимфни садови.
3. Лимфни јазли > лимфоидни фармации со форма која најчесто е
топчеста или јајцевидна.
ФИЗИОЛОГИЈА НА БУБРЕЗИ
СОЗДАВАЊЕ УРИНА
Нефронот е основна функционална единка, што значи дека
секој нефрон создава урина.
Создавањето урина од бубрезите е сложен процес од 3
фази:
1. Филтрација 
2. Реапсорпција
3. Секреција
ФИЛТРАЦИЈА- Движење на течноста од крвта во луменот на
нефронот.Се случува само во бубрежните телца каде што ѕидот
на гламеруларните капилари и бовмановата капсула се
модифицирани и дозволуваат обемен проток на течноста.
РЕАБСОРПЦИЈА- Е процес во кој материите од филтратот
минуваат низ луменот на тубулите и преку ѕидот на тубулите пак
се внесуваат назад во крвта на ниво на
перитубуларните капилари.
СЕКРЕЦИЈА- Е процес при кој одредени молекули можат да се
елиминираат од телото при што тие се присоединуваат кон
тубуларната течност и во други делови на тубулите. И овој процес
како и филтрацијата ги носи материите кон тобуларната течност,
но тој е карактеристичен само за одредени материи.
АКТ НА МОКРЕЊЕ ОБЈАСНУВАЊЕ БР. 1
 Уринирање е физиолошки процес што претставува исфрлање
на урината од мочниот меур преку мочниот канал надвор од телото.
Урината што се создава во бубрезите доаѓа во бубрежната карлица преку
системот на собирните каналчиња. Таа се движи поради дејствувањето на
потиснатата сила на новосоздадената урина.
Собирањето на урината во бубрежната карлица предизвикува ширење на
нејзиниот ѕид.
И тоа предизвикува контракција на ѕидот и урината се потиснува во уретрите.
Од уретрите урината преминува во мочниот меур. Празен мочен меур се наоѓа во
состојба на контракција. Анатомската градба на уретералните отвори на ѕидот на
мочниот меур е таква што не дозволува враќање на урината.
Исфрлувањето на урината од меурот во надворешната средина се остварува преку
уретрата.
ОБЈАСНУВАЊЕ БР. 2
Едноставен сигнален рефлекс, под воња на мозокот.
При полнење на мочниот меур тој се шири и не дозволува враќање
на урината назад.
Исфлувањето на урината на меурот во надворешната средина се
остварува преку уретрата.
При уринирањето мускулите се ослободуваат и урината истекува
преку мочниот канал.
ФИЗИОЛОГИЈА НА ПОЛОВИОТ СИСТЕМ
ООГЕНЕЗА - Процес на развиток на женските полови клетки, со растење на
оогонијатата настанува ооцит. Од него по пат на мејотичка делба настанува
зрела јајце клетка и 3 поларни тела.
СПЕРМАТОГЕНЕЗА -  е процесот на создавањето и созревањето на
машките гамети - сперматозоиди. Тој се одвива во семените каналчиња
на тестисите. Сперматозоидите се создаваат од клетките на
герминативниот епител што ги обложува ѕидовите на каналчињата.
ОПЛОДУВАЊЕ
процес при којшто доаѓа до фузија (спојување) на женската (јајце
клетка) и машката (сперматозоид) гамета. При оплодувањето
настанува и навлегување на хаплоидниот сет од хромозоми на
сперматозоидот во јајце клетката, која исто така содржи хаплоиден
број на хромозоми. Како резултат на ова се формира
една диплоидна клетка наречена зигот. Во основа, овој процес е
ист кај растенијата и животните, со некои специфични за нив
разлики.

Диплоид - парен број на хромозоми


Хаплоид - непарен број хромозоми
БРЕМЕНОСТ
Бременост -  развивање на еден или повеќе плодови
во матката на жената, познати како фетус или ембрион.
Бременоста настанува како резултат на пенетрација на женската
јајце-клетка или ооцит од страна на гаметот на мажот,
т.е. сперматозонот, во процесот којшто во медицината се
нарекува оплодување или обично познат како ,,забременување’’.
Породувањето се случува околу 38-та гестациска недела или
приближно 40 недели од последниот нормален менструален
период на жената.
ПЛАЦЕНТА
-орган кој го сврзува фетусот во развој за ѕидот на матката, за да се
овозможи навлегување на хранливи материи, исфрлање на
отпадниот материјал и размена на гасови преку мајчиниот
крвоток. Плацентата е дефинирачка карактеристика на
еутеричните или “плацентните” цицачи, но се среќаваат и кај
нецицачи со променливи нивоа на развој.
КОНТРАЦЕПЦИЈА

You might also like