You are on page 1of 17

ВОВЕД ВО

КЛИНИЧКА
ПРАКСА
Проф. д-р Гордана Камчева Михаилова
3.5.ПОСЕБЕН
ФИЗИКАЛЕН
ПРЕГЛЕД-ПОСЕБЕН
СТАТУС

СРЦЕ И КРВНИ
САДОВИ
 ИНСПЕКЦИЈА
1.ПОЛОЖБА НА ТЕЛОТО: активна, пасивна, принудна,
активно принудна положба (повисоко поставен горен
дел на телото во легло до исправен)
2.ВИДЛИВИ ПУЛСАЦИИ НА СРЦЕВ ВРВ (ictus cordis)
• нормално лоцирани во IV/V меѓуребрен простор
лево, за 1-2 см. внатре од медио-клавикуларната
линија, со површина од 2-3 см2. Пулсирање во
епигастриумот се сретнува при зголемена десна
комора.
3.ВИДЛИВИ ПРОМЕНИ:
Ритмичко кимање на главата синхроно со срцевата
акција (знакот на Musset) при аортна регургитација;
Црвеникаво-ливидна пребоеност на усниците и околу
јагодиците (facies mitralis – Courvoasier) - при
митралната стеноза;
Набрекнати, преполнети и пулсирачки вратни
(југуларни) вени,
Пулсирање на каротидни артерии при аортна
регургитација.
 ПАЛПАЦИЈА

Се изведува над топографските проекции


на срцевите валвули
1.срцев врв: локализација, големина,
јачина, време на подигање;

2.fremen cater/trill (топографска


локализација, фаза на срцевата акција во
која се јавува, квалитет, интензитет –
секогаш е патолошки наод)
3.ПАЛПАЦИЈА НА ПЕРИФЕРНИ АРТЕРИИ - артериски пулсен бран
• Артериски пулсен бран проценка на квалитет на пулс, кој нормално е ритмичен, со
фреквенција 6о-100/мин, добро полнет, со брзо и јако подигање, кусо плато и бавно
спуштање.
• Проценка на присуство и интензитет на пулсен бран (знак на периферна артериска болест
и/или оклузија)
• Квалитет на пулс - патолошки типови на пулсни криви
a.radialis
a.carotis

a.brachialis
aorta abdominalis a. femoralis

a.poplitea a.dorsalis pedis a.tibialis posterior


Артериски пулсен бран проценка на
квалитет на пулс, НОРМАЛНО:
ритмичен, фреквенција 60-100/мин,
добро полнет, со јако и брзо подигање,
кусо плато и бавно спуштање
Патолошки топови на пулсни
криви:
• pulsus parvus
• pulsus parvus et tardus (АоС)
• pulsus celer et altus
• pulsus bisferiens (АоС со ХОKM)
(двоен пик за секој срцев циклус)
• pulsus alternans (СС)
• pulsus paradoxus
(тампонада, ХОББ, sleep apnoe –
редукција на пулсниот бран во фаза
на инспириум)
 ПЕРКУСИЈА
Како метода на кардиолошки преглед, изгубила
најмногу од секојдневното значење.

• Се изведува со тивка, фина перкусија по


должината на меѓуребрените простори
(од III до V), од периферијата кон срцето
од обете страни.
• Десната граница - започнува од тапоста
на црниот дроб долу, и се движи нагоре
до долната ивица на 3-то ребро,
паралелно со десниот раб на градната
коска и на растојание од 0,5 до 1 см:
• Левата граница - се движи од долната
ивица на 3-то ребро во лево на околу 2 см
од левата ивица на градната коска и
постепено се насочува надолу и во лево
до иктусот во V-от меѓуребрен простор.
• Ова се границите на тн. РЕЛАТИВНА
СРЦЕВА ТАПОСТ.
АУСКУЛТАЦИЈА
Подразбира аускултација на:
• срцеви тонови
(нормално чујни два срцеви тонови S1 и S2 ритмични со
фреквенција 60-100/мин, непропратени со патолошки
шумови)
• срцеви шумови
(ретко присутни како нормален наод, тн физиолошки шумови,
почести во детска возраст или при физички напор,
покачена телесна температура, бременост, )

• аускултација на артериските крвни садови


(на периферните артерии достапни за аускултација (погоре
набројаните достапни за палпација, но и на Ао –
абдоминална, ренални, илијакални артерии.
• Нормално не се слушаат шумови.
• Слушлив систолен шум над артерија е секогаш патолошки
наод.
• Во случаи на артерио-венски фистули се слушаат
континуирани шумови
СТАНДАРДНИ АУСКУЛТАТОРНИ ТОЧКИ:

а) иктус на позиција во V интеркостален простор во левата


медиоклавикуларна линија (митрално устие);
б) IV, V меѓуребрен простор или субксифоидната регија
десно, но и лево (трикуспидно устие)
в) II меѓуребрен простор десно парастернално (аортно устие)
д) II меѓуребрен простор лево парастернално (пулмонално
устие)
ѓ) ERB-ова точка III меѓуребрен простор над или веднаш до
градната коска (вентрикуларниот септум)
СРЦЕВИ ТОНОВИ
два основни:
• Прв срцев тон (Ѕ1) означува почеток на систола (затворање
на МВ и ТВ -М1 и Т1)
• Втор срцев тон (Ѕ2) означува почеток на дијастола
(затворање на АВ и ПВ –А2 и П2), интервалот помеѓу нив е
време на систола, а интервалот помеѓу Ѕ2 и следниот Ѕ1 е
време на дијастола.
екстра срцеви тонови (слушливи во патолошки но и во
нормални ситуации), состојбата на слушливост на трет
срцев тон е галоп ритам
 Трет (Ѕ3) (на почеток на дијастола после вториот срцев тон,
не е од органско потекло-последица на брз проток од
атриуми кон вентрикули на почеток на дијастола)
 Четврт срцев тон (Ѕ4) (на крај на дијастола пред првиот
срцев тон-последица на атријална контракција)

S3 S4
СРЦЕВИ ШУМОВИ
МЕХАНИЗАМ НА НАСТАНОК
• Создадени крвни турбуленции во
срцето поради:
• а) брз проток низ интакни валвули;
• б) антероградно протекување низ
патолошки променети валвули
или големи артерии (стеноза);
• в) ретрограден проток на крвта низ
патолошки променети валвули
кои не се стеснети, но не затвораат
потполно (инсуфициенција-
регургитација)
• г) проток на крвта низ абнормални
комуникации меѓу предкоморите,
коморите и големите крвни
садови.
СРЦЕВИ ШУМОВИ
• ОСОБЕНОСТИ НА СРЦЕВИТЕ ШУМОВИ:
• 1. интензитет (чујност)*
• 2. фреквенција
(тоналитет)
• 3. конфигурација
(облик)
• 4. квалитет (боја)
• 5. траење
• 6. правец на
пропагација
• 7. времето на појава во
срцевиот циклус
• * Се препорачува класификација во
шест степени S.A.Levin,1933)
ВИДОВИ СРЦЕВИ ШУМОВИ
СПОРЕД ПОЈАВАТА ВО ОДНОС НА СРЦЕВИОТ
ЦИКЛУС
1) Систолни - после Ѕ1 до пред Ѕ2
срцев тон (холосистолен,
протосистолен, мезосистолен,
телесистолен);
2) Дијастолни (по Ѕ2 до следниот Ѕ1
тон) и се: холодијастолен,
протодијастолен, мезодијастолен,
теледијастолен или предсистолен
и практично секогаш се патолошки,

3) Континуирани, кога шумот


започнува со систолата и завршува
на крај на дијастолата,
4) Систоло-дијастолни, каде има
јасна граница помеѓу двете
компоненти, одвоени со тоновите.
ВИДОВИ СРЦЕВИ ШУМОВИ
СПОРЕД ЕТИОЛОГИЈАТА
1. КАРДИЈАЛНИ
• а) ОРГАНСКИ при оштетувања на: валвулите (валвуларни),
оштетувања на миокардот со дилатација на коморите и/или
преткоморите и валвуларните фиброзни прстени, и при
зафаќање само на папиларните мускули (миокардни).
• б) НЕОРГАНСКИ (функционални) во отсуство на засегања
на валвуларните и миокардните структури. Потекло:
зголемена вискозност на крвта, тумори и деформитети во
градниот кош, анемии, тиреотоксикоза и сл. Најчести кај
деца до 15 години, бремени жени, за време на тахикардии, а
исчезнуваат кога тие ќе се смират.
2. ПЕРИКАРДНИ шумови - перикардно триење, се слушаат
најдобро на срцевата база. Триењето обично не е
интензивно, се слуша и во систола и во дијастола и со исти
карактеристики. Променливи се во време и може за
неколку часови да исчезнат.
КАРДИОВАСКУЛАРЕН СИСТЕМ
-НОРМАЛЕН НАОД
• Срцев врв (ictus cordis ) се палпира со
нормална големина и локализација,
без палпаторно треперење (thrill),
аускултаторно, ритмична срцева
акција, со јасни тонови
непропратени со патолошки шумови
• КП: 120/80 ; Пулс: 75/мин
• Периферен васкуларен систем:
присутни пулсации на периферните
артерии достапни за палпација со
нормална јачина, без знаци за
артериска и венска инсуфициенција.
БЛАГОДАРАМ

You might also like