You are on page 1of 2

РЕЦЕПТОРИ

Рецепторите претставуваат приемници на дразби, за промени кои настануваат во


надворешната и внатрешната средина.
Рецепторите се слободни нервни завршоци или специјализирани нервни клетки
или групирани во сетилни органи (око, уво).
Рецепторите можат да бидат: хеморецептори, механорецептори, терморецептори,
фоторецептори.
Специјализирани клетки,
Видови Вид стимулација (дразба) сетилни органи-анализатори
рецептори
1.а. сетило за мирис-олфакторна
1. а, б. хемиска дразба на молекулите мембрана;
растворени во вода 1.б. сетило за вкус- вкусни папили на
хеморецептори 2. промени на јонската концентрација јазикот ;
(Na+, к+)
2. осморецептори
механичка:
а. Мајснерово телце
а.допир
б. Фатер - Пачиниево телце
б.притисок
в. фонорецептори во сетило за слух г.
в.звук
механорецептори г. поместување на подлогата: за рамнотежа во внатрешното уво:
- статичка рамнотежа
во услови на мирување
- динамичка рамнотежа
ротациони и брзи движења
температура
а. ладно а. телца на Краузе б.
терморецептори телца на Руфини
б.топло
фоторецептори светлосна фоторецептори во сетило за вид

Сите видови рецептори, иако се приспособени да примаат различни нервни стимулации, се


карактеризираат со неколку заеднички особености. Тоа се:
+ Способност за примање на одреден вид стимул (дразба), кој се нарекува адекватна дразба. На
пример адекватна дразба на сетилото за вид, е светлосната, механичката дразба(удар или
притисок), создава чувство на болка и затоа е неадекватна дра зба.
+ Степенот на надразливост, кој е различен за секој вид рецептор, се определува преку праг на
дразбата кој е најмал интензитет на дразбата која за најкратко време може да го надразни
рецепторот .
+ Способност на рецепторите да го определат интензитет и квалитет на нервната стимулација .
Сети­
лото за слух може да ја определи јачината на звукот (шепот од нормален говор) , но истовремено и
да разграничи пријатни од непријатни звуци.
+ Способност на рецепторот за aдaптација на интензитетот на дразбата. Кога сетилата се изложени
подолго време на една иста стимулациЈа, по извесно време се приспособуваат на неа. Така, во
првиот контакт, музиката во дискотеките , Ја чувствуваме како премногу силна звучна дразба.
Меѓутоа, за многу кратко време сетилото се адаптира на неа, а нормалниот говор ни прилега на
шепот,затоа што се зголемува прагот на дразбата на рецепторите .

You might also like