You are on page 1of 6

Функционалните стилови ги употребуваме во зависност од тоа каде, со кого и

за што зборуваме или пишуваме. На пример, различен стил на зборување ќе


употребиме при комуникација со пријателите, со наставниците и
претпоставените, со некој кој има повисоко или пониско образование, итн.
Различно ќе се изразиме при пишуваме есеј, научен труд, писмо, молба или
некој друг пишан текст. Секој човек, во различни ситуации и заради различни
потреби употребува различни функционални стилови.
Oд повеќето видови функционални стилови кои ги користиме во
секојдневието, се издвојуваат:
1. Научен стил;
2. Административен стил;
3. Публицистички стил;
4. Уметничко – литературен;
5. Разговорен стил.
Факторите од кои зависи каков стил ќе употребиме може да бидат
субјективни и објективни.
Стилот зависи од индивидуалните особини на соговорниците, што е
субјективен фактор, бидејќи е важно какво образование имаат, каков
карактер и темперамент, какво е нивното расположение во моментот,
нивната вораст, условите во кои го водат разговорот, целта на разговорот,
темата на разговорот, итн.
Под објективни фактори, пак, за употреба на различни функционални
стилови може да ги вброиме: видот на комуникацијата (јавна, службена,
официјална или лична); усна или писмена како и областа за која се води
комуникација
РАЗГОВОРЕН СТИЛ
Јазикот прераснува во говор кога го користи поединиц. Говорот е
индивидуален јазик затоа што поединецот избира зборови, синтагми и
реченици, па секој јазик е стилски обоен.
Јазикот исполнува 3 функции:
Функција на комуницирање
Функција на соопштување
Функција на поттикнување на реакција на оној кој ја примил пораката.
Според ова разликуваме 1. Разговорен стил – каде доминира функцијата на
комуникција
2. Научен стил;3. Административен стил;4. Публицистички стил;- каде
доминира функција на соопштување и
5. уметнички стил каде доминира функција на реакција кај примателот на
пораката.
Разговорниот стил се карактеризира со :
 Дијалошка форма ( разговорот тече со учество на 2 страни и примачот
и испраќато на пораката и тие наизменично си ги менуваат местата
 Незадолжителност да се почитуваат грамитичките правила особено
во делот на користење на зборови па често се корисат турцизми,
дијалектизми и зборови од уличниот јазик или јазикот на младите
генерации, како и извици
 Со што се создава третата карактеристика емотивен и чувствен однос
кон она за што се зборува па интонацијата има голема улога
Разговорниот стил се раслојува на подвидови во зависност од
општествените групи и имаме разговорен стил на затвореници,
разговорен стил на студенти, на војници, на бизнисмени ... и сите групи
имаат специфичен речник
На пример кога студент вели како сум треснал тоа значи сум паднал на
испит
Со ова разговорниот стил преминува во сленг или жаргон. Најчесто овој
вид на стил е затворен за мал круг и неразбирлив за другите. Понекогаш
разговорниот стил може да се најде запишан во уметничките дела
особено во драмите.
УМЕТНИЧКО-ЛИТЕРАТУРЕН СТИЛ
Уметничко-литературен стил е еден од функционалните стилови со кои се
занимава стилистиката.
Стилистика е наука за стилот на говорење и пишување, односно за начинот
на изразување на мислите, чувствата и впечатоците.
Уметничко-литературниот стил се однесува на уметноста, односно на
сферата на естетското комуницирање меѓу луѓето.
Прва видлива разлика со разговорниот стил е додека првиот е устен, вториот
е најчесто пишан.
Најзначајна разлика е е по реакцијата што же ја предизвика кај слушателот.
Разговорниот стил нема да го остави читателот/слушателот со подзината уста
од убавина
Овој стил се карактеризира со сликовотост и изразност кои ја активираат
фантазијата што се постигнува со широка употреба на стилски фигури кои не
би се користеле во разговорниот стил. Со користењето на стилските фигури
односно фигурацијата се добива и двосмисленост за разлика од
разговорниот стил кој не користи двосмисленост. На приме Ако кажеме – Во
зоолошката градина донесоа лисица. не е исто со Ах, што лисица си ти !
( итра )
Во првиот сличај збоорот лисица е денотат- првостепено значење
Во вториот случај е конотат – второстепено значење
Дрвото гори – денотат
Каменот гори – пеколна жештина – читателот сам треба да го дешифрира
значењето
Ова води кон следната карактеристика
Ако во разговорниот стил имаме директна комуникација каде се изменуваат
улогите, овде читателот не може да го праша авторот за некои сличувања во
делото, ама сепак тој си „ разговара“ со книгата обидувајќи да најде значење
за напишаните работи
ПУБЛИЦИСТИЧКО ФУНКЦИОНАЛЕН СТИЛ
За овој стил е карактеристично тоа што пораката која треба да ја испрати
испраќачот треба да биде точна, проверена и важна информација од
областа на општествениот и јавниот живот. Често овој стил се сведува на
новинарски стил )журналски) Публицистички е оној стил што ги покрива сите
области од општествено-политичкиот живот: политика, економија, наука,
образование, култура, спорт, секојдневен живот (она што го има во весник и
на вести).
Овде спаѓаат: вест, политики коментар, социјлен коментар, критика,
репортажа, колумна статија
Името доаѓа од - Публикус – латински – јавен –
Се карактеризира со неемотивна, објективна расправа . Целта е да се
осознаат проблемите на заедницата и да се најдат решенија за тие
проблемиВеста е најкусот можно соопштение за некој наста. Веста се пишува
по строго определени правила и треба да одговри на прашањето – КОГА-
КАДЕ- ШТО -КОЈ-ЗОШТО. Таа мора да биде кратка, јасна и точна –
проверена . ако веста се прошири со личен став таа станува новинарски
коментар
Колумна – е размислување на истакната политички и општествени личности
за одредени општествени прашања предедени во вид на новинарски текст.
При тоа се користат сопствени ставови поткрепени со аргументација.
Аргументацијата и документацијата се основни особини н публицистичкиот
стил
Ако некој закон би бил штетен на пример треба да се прикажат докази и
факти за тоа. Со тоа публицистичкиот стил се приближува до научниот
Фељтонот е посебен вид на пиблицистика а особено историскиот каде се
искаживаат одредени историски вистини
Мемоарите се блиски до фељтонит и во нив се искажуваат лични сведоштва
за одредени важни настани за заедницата.
Основни особини на публицистички стил се: документираност,
аргументација, желба за вистина, желба за напредок на заедницата,
убедување во некоја вистина.
Овој стил може да биде од речиси разговорен (во интервјуа со познати
личности) преку научен ( фељтони) па се до личен, уметнички ( мемоари)
Повисок од разговорниот а понизок од чистиот уметнички стил.
АДМИНИСТРАТИВЕН ФУНКЦИОНАЛЕН СТИЛ
Уште е познат и како канцелариски стил и е стил на службена комуникација
во општеството помеѓу институциите.
Ова е главно пишан стил затоа што се остварува во форма на писмено
обраќање.
Овој стил има одредени правила каоо и цеста употреба на клишеа како на
пример Почитувани, Во прилог ви доставувам .... Во врска со
горенаведеното ....Однапред Ви благодарам
Тука спаѓаат : молба, приговор, службено писмо, записник и слично
А.с се одликува со голем степен на службеност, без емотивност, без стилски
фигури, речиси безличен. Во овој стил нема личен печат туку се користи
едно исто клише.
Најчесто се користи украсна реторика која лесно може да се научи преку
еден веќе воспоставен јазик со кој се искаќува почит кон повисоките
инстанци вдо кои се обраќа – Почитуван директоре, Почитуван господине и
слично.
Во молбите на пример на врвот на страната се ства институцијата до која е
обраќа, а потем личното име на функционерот , потоа се става наслов Молба,
а под неа се наведува од кого е молбата и во врска со што е молбата . Потоа
се пишува текстот со вообичаени и веќе наведени административни изреки.
НАУЧЕН ФУНКЦИОНАЛЕН СТИЛ
Во уметничкиот стил се користат стилски фугури. За разлика од него во
научниот стил се инсистира на еднозначност и денотација. Се користи во
научната литература со изразена аргуемнтација, без користење на стилски
фигури . тој мора да биде јасен и едносмиселен за да може испраќачот да
испрати, а примачот да прими точна порака. Карактеристики на научниот
стил се:
- Таканаречената логика на исклучивоста ( нема логика на
двосмисленост) ( точни се и а и Б туку точни се или само а или б ( не
може лисица да биде и животно и итар човек)
- Од поединечниот случај се обидува да извлече универзален заклучок-
(од египетски триаголник со страни 3,4,5 см да дојде до заклучок дека
важи за сите правоаголни триаголници). Во уметничкиот свет е
значајна посебноста на нештата, секој залез е посебен и тоа го
интересира поетот.
- Исполент е со многу податоци кои често се од математичка или
статистичка природа.
- Специфична терминологија . Секоја наука си има свој стручен речник
кој мора да се познава , на пример ако не знаеш што е прав агол,
катети и хипотенуза не би го разбрал текстот на Питагорова теорема,
што не се случај со уметничката литература. Овој научен речник често
пати се нарекува и научен жаргон за да се истакне неговата
неразбирливост и потребата да се објаснува. Честопати се користат
фусноти кои се додаваат како мали боеви на текстот а на дното на
страната е објаснувањето за тој поим.
- Научниот стил е самоекспликативен и јасен.
- Тој често користи цитирање на туѓи мисли. Ској кој пишува труд трба да
се повика на извадоци пишувани на таа тема од други
авотори.вообичаено е кога се читира- цитатот да се наведе во
наводници за да се оддели од другиот текст. Потоа се поставува фуснот
за да се наведе изворот од каде е цитираното и тоа по следен
редослед име, презиме на авоторот во оригинал потоа две точки, па
наслов на книгата со искосено букви , па тире па место на издавање па
година на издавање , издавачка куќа и на крај страната од книгата

You might also like