You are on page 1of 3

Филозофијата е најстарата и најразвиената наука која има различни појави.

Да се даде една точна и општоважечка определба на филозофијата како


наука е многу тешка и неблагодарна работа. Денес, најчесто, кога се
зборува за филозофијата се подразбира дека се зборува за некаква „наука
за мудроста“. Но, веднаш треба да нагласиме дека оваa определба е многу
општа и непотполна и нè упатува пред сè на потеклото на името на
филозофијата. Имено, зборот „филозофија“ е старогрчки. Составен е од два
дела: филос што значи „љубов“ и софија што значи „мудрост“, т.е., заедно,
„љубов кон мудроста“ или „наука за мудроста“. Овој поим е создаден од
Питагора на кого му рекле дека е мудрец- софос, а тој одговорил дека е
љубител на мудроста ( Фило- софос)

На словенските јазици во превод ова би било – мудрољубие или


мудрољувие но поимот филозофија е толку прифатен што сите го
употребуваат тој збор

Филозофијата е присутна во животот. Таа е науказа постоењето на светот,


за суштинатата и смислата на постоењто на светот и луѓето.

Филозофијата е најубавата наука, а луѓето сакаат да ја развиваат


филозофијата, да размислуваат за неа, да ги цитираат мислите на познаттие
мислители и да се потпираат на поуките што таа ги дава.

Затоа филозофијата може да ја разгледуваме како општа наука која нуди


основни сознанија за животот и светото, но тоаа е и извор за другите науки
и служи за дообјаснување на другите науки но може да ја сметаме и како
врв на сите науки што постојат.

Филозофијата е и наука и поезија . додека науката се концентрира на


опишувањето на различни видови човекови дејства и законите кои постојат
во дадена област филозофијата е свртена кон објаснување на светот и
појавите кои постојат во него како целина. Таа како и уметниците преку
персоналноста на филозофите добива една творечка димезија. Исто како
што уметникот се обидува да созаде оригинално уметничко дело, така
филозофите преку своите мисли и дела и даваат оригиналност и
персоналност на филозофијата односно творечка димензија. Мислите на
познатите филозофи создаваат литература со стил и убавина, но и наука.
Сепак филозофијата не е обична литература ниту чиста наука туку израз на
филозофски ум и специфично филозофско мислење и сознание.

Кога го прашале Бернард Расел што е филозофијата икоја е разликата меѓу


филозофијата и науката ? тој рекол дека филозофијаа ев размислување за
нештата за кои се уште немаме конктерно сознание, па како сознанието
напредува така филозпфијата преминува во наука

Филозофијата раѓа идеи – Идеите се еден од најзначајните производи на


човековиот ум. Идејата треба да биде доследна(да не содржи противречни
работи во себе), целосна( да го опфаќа целосно прашањето), збиена и
цврста(да не може да се нерира). Кога една група луѓе мислат слично тоа
преставува поглед на светот или светоглед Таквиот поглед на светот ќе
речиме дека е нечија филозофија.

Филозофска култура Иако чесо пати филозофските искази личат на ќивотни


поуки како на Пример: Се тече се се менува – Хераклит, сепак филозофијата
не е едноставна, таа е мошне сложена наука, таа не е само најстара, туку и
најразвиена наука. Филозофијата расправа за постоењето на светот,
човекот, за нивното настанување, однесување, за човековите мечти и
соништа, сознанија , потреби, инстинкти. Се проучува историјата , се
размислува за човековото општество, за неговата структура и развиток, се
проучуваат политичките, економските, правните, културните и други појави
кои се составен дел на човековото постоење.

При тоа Филозофијата не се служи со обични искази туку нејзините искази


се комплицирани при што таа навлегува во духот на човекот па најчесто
викаме дека Филозофијата зборува на висок стил. Можеби поточно би било
дека Филозофијата развива особен јазик со одредени филозофски термини.

Всушност може да се каже дека тематиката на филозофијата,


запознавањето со неа, кои се најзините главни и специјални сознанија,
значењето на филозофските поими и говор, нивното разбирање и
толкување – сето тоа спаѓа во филозофска култура на еден народ или на
едно време или на една личност.

Денес секоја образована личност мора да има основни познавања од


филозофијата бидејќи филозофските сознанија се дел од образованието на
секој современ човек – хуманитас – како што би рекол Кикерон.

You might also like