You are on page 1of 5

НАУЧЕН ИНСТИТУТ

ПР-МН-11 Примерок бр.__ Страна 1 од 5


ЗА ТУТУН-ПРИЛЕП

ПРОЦЕДУРА: ПРОЦЕНКА НА МЕРНАТА НЕОДРЕДЕНОСТ

Одговорен за Координатор за Директор


квалитет квалитет
Издание 1 Јуни 2020

Ревизија 0 Датум Изработил Прегледал Одобрил

ОБ-СФ-01 издание 1, ревизија 0


НАУЧЕН ИНСТИТУТ
ПР-МН-11 Ревизија 0 Страна 2 од 5
ЗА ТУТУН-ПРИЛЕП

1. Целта на оваа процедура е да се опише постапката, статистичките техники и


одговорностите за проценка на мерната неодреденост на резултатот од испитувањето.

2. ОПСЕГ
Одредување на одговорностите за спроведување на проценка на мерната неодреденост и
избор на статистичките техники.

3. РЕФЕРЕНТНИ ДОКУМЕНТИ

MKС EN ISO/IEC 17025:2018 (точка 7.6)


Прирачник за квалитет

ЕА-4/16 ЕА Guidelines on the Expression of Uncertainty in Quantitative Testing

JCGM 200:2008 Evaluation of measurement data — Guide to the expression of uncertainty in


measurement

4. КРАТЕНКИ И ДЕФИНИЦИИ
Грешка - е разликата на добиените испитни резултати со "вистинските" вредности.
"Вистински" вредности се резултатите добиени од испитување на референтни материјали,
резултати од меѓулабораториски напоредни испитувања и.т.н.
Случајна грешка - случајна грешка на мерењето претставува разлика помеѓу единечниот
резултат на едно мерење и средната вредност од n единечни резултати од мерења. Оваа
грешка предизвикува резултатите од мерењето да паѓаат од двете страни на средната
вредност и на тој начин ја смалуваат прецизноста на мерните резултати.
Систематска грешка (Биас) - е разликата помеѓу средната вредност на n единечни мерења
и вистинската вредност. Систематските грешки можат да бидат грешки од инструментите
(отклон, подесување на нула, хистерезис и др.), грешки од околината (притисок, влага,
вибрации и др.) и грешки заради различна обсервација (менискус, интерполација и др.).
Мерна неодреденост- параметар поврзан со резултатот од мерењето кој ја карактеризира
дисперзијата на вредностите кои се препишуваат на измереното својство.
Стандардна мерна неодреденост
Тип А - претставува растурање на резултатите од експериментално одредени стандардни
девијации (повторливост и репродуктивност).
Тип Б - опфаќа придонеси на мерна неодреденост на пр.:
- неодреденост на мерила (прикажани во сертификатите од калибрација);
- неодреденост на референтни материјали (дадени од производителот);
- неодреденост заради резолуција (отчитување на аналогни инструменти);
- влијание на околина; земање на примероци и друго.
Вкупна мерна неодреденост Uc (комбинирана)- е стандардна неодреденост на резултатот
која е збир на повеќе придонеси и се пресметува како квадратен корен од збирот на
квадратите на поединечните мерни неодредености.
Проширена мерна неодреденост U - го дефинира интервалот (како пресметана
неодреденост) околу резултатот на едно мерење, кој се додава на добиениот резултат.
Претставува производ на вкупна мерна неодреденост (Uc) и фактор на покривање (К).

ОБ-СФ-02 издание 1, ревизија 0


НАУЧЕН ИНСТИТУТ
ПР-МН-11 Ревизија 0 Страна 3 од 5
ЗА ТУТУН-ПРИЛЕП

Фактор на покривање К - факторот на покривање К е број кој се користи за умножување


на вкупната (комбинирана) стандардна неодреденост за да се пресмета проширената мерна
неодреденост. За ниво на доверба од 95% К = 2, а за 99,7% К = 3.
Повторливост - испитувања во иста лабораториија, аналитичар, примерок и услови.
Репродуктивност - вклучува ист лабораториски примерок, а најмалку промена на еден
аналитичар, опрема или услови на испитување.

5. ОДГОВОРНОСТИ
5.1. Координатор за квалитет
5.2. Одговорен за квалитет
5.3. Раководител на лабораторија

6.ПОСТАПКА

6. 1. Проценката на мерната неодреденост на резултатите и статистиките техники за


анализа на податоци се вршат според документот ЕА-4/16 ЕА Guidelines on the Expression
of Uncertainty in Quantitative Testing, JCGM 200:2008 и други документи.
6.2. Доколку методот е стандарден и во него се специфицирани изворите на неодреденост,
статистичките техники и начинот на прикажување на резултатите, лабораторијата треба да
ги користи воспоставената постапка за одредување на мерната неодреденост од методот.
6.3. Ако лабораторијата процени дека подрачјето на мерење и карактеристиките на методот
не дозволува метролошки пристап и статистичка пресметка на неодреденоста тогаш не се
врши пресметка на мерната неодреденост.
6.4. Координаторот за квалитет со раководителот на лабораторијата одредуваат за кој
параметар, или група од параметри треба да се процени мерната неодреденост. Врз основа
на достапните податоци за тој параметар се одредува која статистичка техника ќе се
примени за проценката и составува План за проценка на мерната неодреденост (ОБ-МН-
01). Во планот се вклучени податоците кои ќе се користат, техниката, временскиот
распоред, документацијата потребна и персоналот.
Најпрво се опишува големината (параметарот) на кој е потребно да се одреди мерната
неодреденост. Се дефинира што се мери, вклучувајќи ја и врската помеѓу мерната големина
и другите параметри од кои зависи.
Потоа се врши идентификација на можни извори на наодреденост. Практично се
разгледуваат различни извори и придонеси кои можат да влијаат на вкупната мерна
неодреденост.
Некои типични извори-придонеси се:
• техника на мерење,
• чување и ракување на примероци - доколку примероците се чуваат одредено време
пред испитување, условите и должината на чување можат да влијаат на резултатите,
• приготвување на примероци - во приготвување на примероците често се користат
операции: хомогенизирање, мелење, сушење, екстракција, таложење, концентрирање или
разблажување и др. кои можат да влијаат на резултатите,
• персонал - ефектите кои потекнуваат од операторот при подесување или отчитување
на инструментите,

ОБ-СФ-02 издание 1, ревизија 0


НАУЧЕН ИНСТИТУТ
ПР-МН-11 Ревизија 0 Страна 4 од 5
ЗА ТУТУН-ПРИЛЕП

• мерна опрема - прецизноста на мерната опрема и референтните материјали употребени


за калибрација, исто така може да влијаат на резултатите,
Процесот на испитување може да се представи како серија на операции кои можат да се
разгледуваат одделно за да се определат можните неодредености на секоја операција.
6.5. Раководителот на лабораторијата со назначениот персонал ја спроведуваат проценката,
а резултатите и изјавата за приофатливост ја внесуваат во Извештај од одредување на мерна
неодреденост (ОБ-МН-02).
6.6. Техники за проценка на мерна неодреденост
6.61. За проценка на мерната неодреденост со примена на податоци од контролни табели
(користејќи интерни референтни материјали, набавени стандарди или сертифицирани
референтни материјали), се применуваат следните правила:
• Мерењето мора да ги вклучува сите релевантни чекори од анализата (хомогенизација
на примерокот, подготовка на примерокот, испитување).
• Да се направат статистички задоволителен број на повторувања (најмалку 10 мерења
низ неколку денови, со препорака за повеќе).
• За пресметување на мерната неодреденост и комбинираната неодреденост се користи
повторливост, репродуктивнсот (релативна стандардна девијација и склоност
(отстапување). Овие вредности може да се земат од контролната табела, иако
отстапувањето има потреба од референтна вредност (очекувана вредност) за контролниот
примерок.
6.6.2. За проценка на мерната неодреденост со примена на податоци од учество во шеми на
оспособеност или меѓулабораториски споредби, се применуваат следните правила:
• Мерењето мора да ги вклучува сите релевантни чекори од анализата (хомогенизација на
примерокот, подготовка на примерокот, испитување). Доколку ова не е случај за
контролните табели, одделни експерименти или проценки мора да бидат направени.
• За пресметување на мерната неодреденост и комбинираната неодреденост се користи
повторливост, репродуктивнсот (релативна стандардна девијација и склоност
(отстапување). Релативната стандардна девијација може да биде земена од контролните
табели за истиот параметар или за одделен повторлив експеримент, а резултатите од шеми
на оспособеност или меѓулабораториски споредби се користат за проценка на
отстапувањето.
6.6.3.Во рамки на процесот на верификација/валидација, лабораторијата покажала дека
методот е под контрола и дека барањата од стандардот (пр. LOD, LOQ, репродуктивност,
работен опсег) се исполнети.

6.9 Прикажување на мерната неодреденост


По собирањето на резултатите, добиени со квантификацијата на компонентите на
неодреденост, Раководителот на лабораторијата пристапува кон пресметка на проширената
мерна неодреденост U:
U = K x Uc

каде:
2
+ U 2 ........ + U i
2 2
Uc = U 1

ОБ-СФ-02 издание 1, ревизија 0


НАУЧЕН ИНСТИТУТ
ПР-МН-11 Ревизија 0 Страна 5 од 5
ЗА ТУТУН-ПРИЛЕП

Uc - е вкупна (комбинираната) мерна неодреденост;

+ U 2 + ......... + U i - неодреденост на поедини придонеси;


2 2 2
U 1

К - фактор на покриеност

На барање на корисникот резултатите од испитувањето може да се известуваат заедно со


мерната неодреденост.
Доколку за проценетата мерна неодреденост се известува, доволно е само кон резултатот да
се придодаде вредноста на одредената проширена мерна неодреденост, со прикажани ниво
на доверба и фактор на покриеност (К):

(резултат) = Х ± U

Мерна неодреденост треба да биде дадена со ист број на децимални места како и
резултатот. Во повеќето случаи доволно е неодреденоста да се прикаже само со две
децимални места.

7. ДИСТРИБУЦИЈА

Примерок бр. Организациона функција


1. Координатор за квалитет
2. Раководител на лабораторија

8. ЗАПИСИ

8.1. ОБ-МН-01 План за одредување на мерна неодреденост


8.2. ОБ-МН-02 Извештај од одредување на мерна неодреденост

9. ПРИЛОЗИ

9.1. ОБ-МН-01
9.2. ОБ-МН-02

ОБ-СФ-02 издание 1, ревизија 0

You might also like