You are on page 1of 16

2.

ПРИНЦИПИ НА ЕФЕКТИВЕН ЕНЕРГЕТСКИ МЕНАЏМЕНТ

2. ПРИНЦИПИ НА ЕФЕКТИВЕН ЕНЕРГЕТСКИ


МЕНАЏМЕНТ

2.1. ПОТРЕБА ОД КВАЛИТЕТНО УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГЕТСКИТЕ


ТЕКОВИ

Подобрувањето на енергетската ефикасност на одреден систем значи намалена


специфична потрошувачка на енергија за добивање производи, услуги или услови со ист
квалитет и иста или пониска цена. Основен услов за да се постигне подобрување на
енергетската ефикасност и таквиот тренд да се одржува е квалитетно управување со
енергетските текови, односно воспоставување квалитетен енергетски менаџмент.
Квалитетен енергетски менаџмент претставува основа за рационално
искористување на енергијата, односно нејзино правилно менаџирање и притоа добивање
на истиот комфор и истите услуги со намалена потрошувачка на енергија. Со други
зборови, енергетскиот менаџмент претставува извршување карактеристични
организациски и технички операции на организациски, технички и економски
оптимален начин, со цел да се намали потрошувачката на енергија и потрошувачката на
основни и дополнителни материјали во процесот на производство.
Под квалитетен енергетски менаџмент се подразбира воведување системски
пристап со кој ќе се оптимира и рационализира искористувањето на енергијата, односно
ќе се усвои начин на управување со енергијата во сите структури и насоки, што има за
цел непрекинато намалување на специфичната потрошувачка на енергија и одржување
на постигнатото унапредување на енергетската ефикасност. Ова е особено важно, со
оглед на тоа што секојдневно се јавуваат се подобри мерки за енергетски заштеди, со
развојот на технологијата се подобрува и квалитетот на имплементација на
технолошките мерки кои директно влијаат врз енергетската ефикаснсот. Тој овозможува
една компанија или организација непрекинато да минува низ циклусот на градење на
стратегија, планирање, имплементирање мерки и акции и проверување на резултатот,
односно ефектите од преземените активности, врз чии основи се прави нова стратегија.
Овој циклус овозможува непрекинато усовршување, како што прикажува спиралата на
слика 2.1.

Слика 2.1. Принцип на континуирано усовршување

2-1
2. ПРИНЦИПИ НА ЕФЕКТИВЕН ЕНЕРГЕТСКИ МЕНАЏМЕНТ

Доколку во една компанија или организација е воведен систем на енергетски


менаџмент, во одреден момент може да се спроведе активност на планирање на токот на
енергијата, да се идентификуваат соодветни енергетски аспекти и во согласност со нив
да се преземат соодветните чекори. Анализата на потрошувачката на енергија мора да се
спроведува редовно, така што би се овозможил увид во податоците секогаш кога тоа ќе е
потребно и би се спровеле нови мерки кога би дошло до промени. Дури и кога сите мерки
функционираат како што треба, неопходно е непрекинато усовршување на процесот низ
нови циклуси.
Добро е познато дека често компаниите се нерешителни кога станува збор за
фокусирање врз енергетскиот менаџмент или пак за негово воведување во компанијата и
неговиот реален придонес во однос на унапредувањето на енергетска ефикасност. Без
оглед на тоа, постојат голем број јасни примери кои покажуваат дека вистинскиот начин
на подобрување на енергетската ефикасност може добро да се искомбинира со
останатите приоритети на компанијата, како што се: подобрувањето на квалитетот,
профитабилноста, подобрувањето на безбедноста и работните услови за вработените,
намалувањето на влијанието врз околината итн.
Постојат повеќе причини за воведување на квалитетен систем за енергетски
менаџмент. Една од многу важните причини е позитивното влијание врз животната и
работната средина. Секој процес на генерирање и/или трансформација и користење на
енергија резултира со одредено испуштање на штетни гасови и други материи кон
околината. Друга многу битна причина е и минимизирањето на трошоците.
Со воведување на систем на енергетски менаџмент се овоможува:

 следење на потрошувачката на енергија во организациите / компаниите во


различни организациски / производни единици и сектори;
 следење на потрошувачката на енергија во реално време, што значи дека веднаш
се забележува кога во некој одреден сектор ќе дојде до значителна промена на
потрошувачката на енергија, при што се утврдува причината и се реагира на
вистинскиот начин (појава на дефект, аномалии во работењето итн.);
 подготовка и структуирање на документацијата на енергетскиот систем во
компанијата

Разликата помеѓу традиционалниот, неструктуриран енергетски менаџмент и


континуираниот процес на енергетски менаџмент може да се согледа од смалувањето на
трошоците и нивно подредување кое е прикажано на сликите 2.2 и 2.3. Примената на
неструктуираниот енергетски менаџмент во една компанија им флуктуирачки ефекти
(„ефект на синусоида“), кои, кога ќе се сумираат, не даваат придонес за подобрување во
однос на почетната состојба.

По сознанието дека трошоците за енергија растат, што се гледа од почетната


нагорна линија на дијаграмот на сл. 2.3, менаџментот донесува одлука за воведување
системски пристап за управување со енергетските текови (квалитетен енергетски
менаџмент). Со тоа се постигнува намалување на загубите на енергија како резултат на
примената на редица едноставни мерки, но и како последица од инвестиции за набавка
на енергетски ефикасна опрема. Понатаму се постигнуваат одредени заштеди со
подобрување на процесите, а и со одредени мерки на технички развој и системот зема
понатамошен замав, што се манифестира како континуирано подобрување.

2-2
2. ПРИНЦИПИ НА ЕФЕКТИВЕН ЕНЕРГЕТСКИ МЕНАЏМЕНТ

Слика 2.2. Ефекти на неструктуиран (ad hock) енергетски менаџмент

Слика 2.3. Ефекти на континуиран процес на енергетски менаџмент

Усвојувањето на системот за енергетски менаџмент во една компанија


овозможува таа непрекинато да поминува низ циклусот на дефинирање и усвојување на
соодветна ефективна енергетска стратегија, планирање постапки за подобрување на
енергетската ефикасност, нивно реализирање и проверка на резултатот врз чија основа
се прави нова стратегија. Желбата да се провери и да се унапреди нивото на квалитет на
системот за енергетски менаџмент во регуларен временски интервал е суштински дел од
самиот систем.
На сл. 2.4 е илустриран Демингов круг PDCA (Plan-Do-Check-Act) кој прикажува
дека може да се планира текот на енергијата во одреден момент, да се идентификуваат
релевантните енергетски аспекти и да се преземат во најкус можен рок потребните
чекори за имплементирање на планираните мерки и активности.

2-3
2. ПРИНЦИПИ НА ЕФЕКТИВЕН ЕНЕРГЕТСКИ МЕНАЏМЕНТ

Слика 2.4. Демингов круг (PDCA)

Стандарди за енергетски менаџмент


Тенденцијата за систематски пристап кон управувањето со енергетските текови
води кон воспоставување стандарди за енергетски менаџмент.
ISO 50001 е стандард применлив во различни области (не само во индустријата) и
претставува генерички пристап за управувањето со енергетските текови.
Стандардот дава рамка од барања што им овозможуваат на организациите:
• да развијат стратегија/политика за подобро користење на енергијата;
• да дефинираат насоки и цели за реализација на стратегијата;
• да користат мерливи параметри/индикатори за донесување одлуки во
врска со користењето на енергијата;
• да ги мерат резултатите и да ја оценуваат ефективноста на енергетската
политика;
• континуирано да го унапредуваат енергетскиот менаџмент.
Стандардот ја опишува базичната методологија за имплементација со примена на
моделот Plan-Do-Check-Act (слики 2.4 и 2.5).

Слика 2.5. Модел „Plan → Do → Check → Act“ и клучни компоненти на системот за ЕМ

2-4
2. ПРИНЦИПИ НА ЕФЕКТИВЕН ЕНЕРГЕТСКИ МЕНАЏМЕНТ

2.2. ОСНОВИ НА ЕНЕРГЕТСКИОТ МЕНАЏМЕНТ

2.2.1. Некои проблеми со кои се соочуваат субјектите од различни сектори


при работењето
Енергијата претставува неопходност за одвивање на секојдневните активности во
индустриските претпријатија, компаниите од услужниот сектор (угостителски објекти,
трговски центри, супермаркети и др.), организациите од јавниот сектор (училишта,
предшколски установи, медицински центри и др.) итн.
Во принцип, во секојдневното работење, голем дел од индустриските компании,
како и субјектите од други сектори се соочуваат со следниве проблеми:
 низок физички обем на производство во однос на номиналното;
 применети енергетски технологии кои што се застарени или се наоѓаат на
границата на проектниот работен век;
 како директна последица од претходното, работата се карактеризира со
енергетски интензивно производство, односно, релативно голема
потрошувачка на енергија за единица производ или услуга;
 финансиски проблеми при редовното одржување на производните и
енергетските постројки,
 недостаток на финансиски средства за обновување на производните и
енергетските технологии и постројки,
 застарени мерно регулациони системи, мерни инструменти кои не се во
функција или не постојат,
 недоволна информираност за можностите и мерките за подобрување на
енергетската ефикасност,
 непостоење на систем за следење на потрошувачката и домаќинското
работење со енергијата,
 голема специфична потрошувачка на енергија.
Кај претпријатијата, организациите и установите од сектори што не припаѓаат на
индустријата (медицински центри, болници, клиники, студентски центри, училишта,
градинки, хотели, објекти за бањско лекување и туризам, трговски центри,
супермаркети, оранжерии итн.) се јавуваат и други карактеристични проблеми,
непосредно или посредно поврзани со начинот на користење на енергијата. Во
продолжение се наведени само некои примери:
- Неразбирање на суштината на енергетската проблематика. Таа се сфаќа само
како нужен трошок, а не како нешто што е неопходно за извршување на главните
функции на претпријатието/организацијата/институцијата.
- Енергетската проблематика не спаѓа во приоритетите на менаџментот, кој е
преокупиран со основната дејност.
- Неразбирање на принципите на превентивно одржување во техничката пракса.
Како последица од тоа, често во буџетот не се предвидуваат доволно средства наменети
за одржување на техничките системи (греење, климатизација, вентилација, снабдување
со топла вода, снабдување со водна пареа за технолошки потреби и др.), така што
одржувањето се сведува на пристапот да се интервенира само тогаш кога нешто ќе се
расипе.

2-5
2. ПРИНЦИПИ НА ЕФЕКТИВЕН ЕНЕРГЕТСКИ МЕНАЏМЕНТ

Мотивите за да се прават напори за намалување на потрошувачката на енергија


може да бидат различни, но тие, главно, се сведуваат на следново:
• да се намалат трошоците за енергија,
• да се зголеми конкурентната способност на компанијата преку снижување на
цените на производите и услугите, односно да се намали енергетскиот
интензитет,
• да се намали штетното влијание врз животната средина,
• да се зголеми сигурноста при снабдувањето со енергија.
Суштински пристап за подобрување на работењето во насока на намалување на
енергетскиот интензитет претставува воведувањето на ефикасен систем за енергетски
менаџмент, со примена на мерки за подобрување на енергетската ефикасност, што е
подетално елаборирано во продолжение.

2.2.2. Дефиниција за енергетски менаџмент


Поимите енергетски менаџмент и менаџмент на енергетска ефикасност често се
третираат како синоними, односно
Енергетски менаџмент (ЕМ) = Менаџмент на енергетска ефикасност (МЕЕ)
За терминот “енергетски менаџмент”, кој во таа форма е воведен во 80-тите
години на минатиот век, во литературата се среќаваат повеќе дефиниции:
 “ЕМ е мудро и ефикасно користење на енергијата за добивање максимален
профит, минимална цена на чинење на производите и зголемена конкурентност
на производите и услугите”,
 “ЕМ е процес на мониторинг, контрола и зачувување на енергијата во
индустриските и други претпријатија“.

Енергетскиот менаџмент или домаќинско стопанисување со енергијата


претставува:
 систематски организирана техничка алатка која овозможува идентификација и
примена на мерки за намалување на потрошувачката на енергија и трошоците за
енергија и овозможува намалување на влијанието врз животната средина при
користењето на енергијата;
 методологија која обезбедува континуирано подобрување на енергетската
ефикасност во индустриските претпријатија, редуцирање на трошоците за горива
и трошоците поврзани со животната средина.

2.2.3. Воведување на систем за енергетски менаџмент


Методологија за воведување на систем за ЕМ
За воведување на системот за ЕМ најчесто се користи претходно споменатиот
метод познат како циклус на постојано подобрување (Демингов циклус) PDCA:

Планирање → Реализација → Контрола → Делување,

односно, на англиски јазик (од кадешто потекнува кратенката PDCA):


Plan → Do → Check → Act.

2-6
2. ПРИНЦИПИ НА ЕФЕКТИВЕН ЕНЕРГЕТСКИ МЕНАЏМЕНТ

Методот е динамичен, односно има цикличен карактер, при што крајот на еден
циклус постанува почеток на следниот циклус. Во циклусот се вклучени сите аспекти на
ЕМ во секојдневните практики на работа на компаниите и организациите од различни
сектори (индустрија, услужни дејности, јавен сектор и др.).
Методологијата на воведување на ЕМ врз основа на циклусот PDCA може да се
опише на следниот начин:
- Планирање (Plan) – Спроведување на енергетска анализа и определување на
базични критериуми и индикатори за енергетските перформанси, дефинирање на цели,
задачи и разработка на мерки неопходно потребни за постигнување на резултати, со кои
се подобрува ЕЕ во согласност со енергетската политика на компанијата/организацијата
- Реализација (Do) – Воведување на акциски план за ЕМ
- Контрола (Check) – Мониторинг и мерење на основните работни
карактеристики на процесите кои ги определуваат нивните енергетски перформанси, во
однос на реализација на енергетската политика и постигнување на целите во
енергетиката, споредбена анализа и соопштување на резултатите.
- Делување (Act) - Преземање на акции/дејства за континуирано подобрување на
енергетските перформанси и енергетскиот менаџмент.

Слика 2.6. Илустрација на општата методологија за воведување на систем за енергетски


менаџмент

Чекори за воведување на систем за ЕМ во компании и организации од различни


сектори
Воведувањето на системот за енергетски менаџмент треба да се спроведува
според зацртан соодветен план на активности. Притоа, препорачливо е тој процес да се
реализира преку следниве чекори:
1. Подготовителна фаза (подготвителни активности)
2. Формирање на енергетски тим
3. Дефинирање на енергетска политика (стратегија)

2-7
2. ПРИНЦИПИ НА ЕФЕКТИВЕН ЕНЕРГЕТСКИ МЕНАЏМЕНТ

4. Спроведување на енергетска контрола заради согледување на актуелната состојба


на управување со енергијата
5. Дефинирање на енергетски акциски план
6. Дефинирање и имплементација на мерки за подобрување на енергетската
ефикасност (ЕЕ)
7. Проверка на енергетските перформанси, односно енергетскиот биланс
8. Оцена на системот за ЕМ и резултатите од примената на мерките за подобрување
на енергетската ефикасност
9. Континуирано усовршување на системот за енергетски менаџмент и за
подобрување на ЕЕ
Чекор 1. Подготовителна фаза (подготвителни активности)
Процесот на воведување на системот на ЕМ започнува со спроведување на
подготвителни активности во рамките на компанијата или организација, со цел да се
согледа актуелната енергетска состојба и потребите на компанијата или организацијата.
За таа цел, вообичаено се реализираат следниве активности:
- Се изработува претходна студија (вкупно потрошено количество енергија, цена
на енергенсите, емисија на штетни материи, емисија на CO2 и други стакленички
гасови, податоци за производните процеси и производството и др.),
- Се оценува нивото на постоечкиот систем за ЕМ во организацијата и се прави
негова ревизија,
- Се дефинира финансиската конструкција и финансиските ресурси за
воведување на системот за ЕМ,
- Се дефинираат улогите и одговорностите,
- Се изработува план за воведувањето на системот за ЕМ,
- Се утврдува моделот за воведување на ЕМ.
Изработката на претходна студија е една од првите задачи, со која треба да се
даде критички преглед на основните податоци на компанијата во последните неколку
години (барем три), дефинирање, обработка и анализа на енергетските индикатори, како
и идентификација на останатите фактори кои имаат влијание врз одлуката на
раководниот тима на компанијата. Резултатите од студијата може да се искористат со
цел да се убеди раководството на компанијата дека воведувањето на систем за
енергетски менаџмент во неа е неопходност и ќе доведе до позитивни финансиски,
енергетски, еколошки и други резултати во понатамошното работење.
Чекор 2. Формирање на енергетски тим
Еден од првите чекори при воведување на ефикасен систем за енергетски
менаџмент е назначување на енергетски менаџер, што е задача на раководството на
организацијата. Потоа се формира енергетски тим, што вообичаено се прави на предлог
на енергетскиот менаџер. Улога на енергетскиот менаџер е да менаџира со актуелните
енергетски текови (потреби за различни видови енергија и горива) на организацијата и
со нејзината идна енергетска стратегија.
Енергетски менаџер треба да биде лице кое:

2-8
2. ПРИНЦИПИ НА ЕФЕКТИВЕН ЕНЕРГЕТСКИ МЕНАЏМЕНТ

• Одлично ја познава организацијата, производните програми, технолошките


процеси, постројките, уредите и нивните производни и технички
карактеристики,
• Има соодветно солидно техничко образование и искуство,
• Има искуство во водењето на изведбени проекти и имплементацијата на нови
системи,
• Способност за тимска работа, преговарање и воспоставување на контакти.
Пред енергетскиот менаџер стојат повеќе задачи, меѓу кои, како најважни се
издвојуваат:
• Редовно собирање и анализа на податоците кои се однесуваат на набавката и на
потрошувачката на енергија и енергенси,
• Идентификација на можностите за заштеда на енергија,
• Дефинирање на проекти за унапредување на енергетската ефикасност и заштеда
на енергија (технички и економски проценки),
• Реализација на проекти за заштеда на енергија,
• Соработка со експертскиот тим за енергетика и со другите вработени,
• Редовно известување на раководството на организацијата.
Енергетски тим
Улогата на енергетскиот тим е да воспостави врска помеѓу енергетскиот менаџер
(координатор) и вработените во производните погони и единици.
Енергетскиот тим треба да биде составен од вработени кои одлично ги познаваат
работните и технолошките процеси.
Енергетскиот тим треба:
- да му дава подршка на енергетскиот менаџер,
- да му дава совети и помош не енергетскиот менаџер при изборот на
енергетската политика и изработката на акциониот план,
- да му помага на енергетскиот менаџер во промовирањето на иницијативи за
ЕМ и ЕЕ.
Чекор 3. Дефинирање на енергетската политика на организацијата
Енергетската политика претставува документ со кој се соопштува ставот на
организацијата за ЕМ и посебно за односот помеѓу ЕМ и секојдневните активности на
организацијата.
Енергетската политика треба да содржи изјава за обврската на организацијата за
континуирано подобрување на енергетските перформанси на технолошките процеси,
опремата, уредите и др.
Раководната структура (менаџментот) треба да ја дефинира енергетската
политика така што таа треба:
 да биде во согласност со карактеристиките и количеството користено
гориво и енергија во организацијата,
 да ја вклучи обврската за постоење на неопходните извори за
постигнување на поставените цели и задачи,
 да ја вклучи обврската дека организацијата ги почитува сите релевантни
закони, регулативи и др. пишани документи,
 да ја вклучи обврската за степените на корисност,
 да создава основа за анализа на целите и задачите во областа на
енергетиката.

2-9
2. ПРИНЦИПИ НА ЕФЕКТИВЕН ЕНЕРГЕТСКИ МЕНАЏМЕНТ

Чекор 4. Енергетска контрола (енергетски преглед, анг. 'еnergy audit')


Што претставува енергетска контрола?
(1) Збир на активности за:
• Запознавање сo индустриското претпријатие,
• Визуелен преглед на технолошките линии, постројките, уредите и опремата,
• Согледување на енергетските текови и изработка на енергетска анализа,
• Одредување на потрошувачката на енергија кај секоја постројка, уред или процес,
• Одредување на местата каде постои нерационално користење на енергијата,
• Одредување на состојбата на мерните инструменти и мерење на погонските
параметри,
• Утврдување на оптимален редослед за примена на мерки за ЕЕ,
• Изработка на извештај за резултатите од енергетската контрола.

(2) Собирање на податоци за потрошувачите на енергија:


• Користени горива, вид на топлиноносители,
• Котли, печки, технолошки и производни процеси,
• Процес на согорување, регулација,
• Проток, температура и притисок на топла вода, врела вода, пара (сувозаситена,
прегреана) или друг работен флуид,
• Кондензат ( проток, дел кој се враќа во котларницата, температура),
• Отпадна вода, отпадни гасови, горива и др.(количество, температура),
• Вид, дебелина и состојба на изолацијата на цевководи, резервоари, топлински
изменувачи, процесна опрема и др.,
• Систем за греење и подготовка на санитарна вода и друго.
Енергетската контрола на едно претпријатие или институција опфаќа снимање на
енергетската состојба и билансирање на енергетските текови, со што е опфатено
следново:
• преглед на потрошувачката на сите видови енергија во опремата инсталирана во
производните погони,
• одредување на потрошувачката на енергија кај сите уреди за греење и ладење,
• идентификација на најзначајните енергетски потрошувачи,
• одредување на клучните фактори кои влијаат на потрошувачката на енергија,
• определување на можностите за намалување на потрошувачката на енергија на
ниво на организација,
• определување на најекономичните мерки за подобрување на енергетската
ефикасност во компанијата/организацијата,
• проценка на потенцијалните заштеди на енергија инвестициските трошоци и
период на отплата на инвестицијата,
• формирање на база на енергетски и производни податоци,
• ревизија на стратегијата за воведување на системот за ЕМ,
• извештај за резултатите од спроведената енергетска контрола.
Чекор 5. Изработка на енергетски акциски план
Најважен дел од моделот за воведување на ЕМ е подготовката на акциски план во
кој организацијата дава список на мерки за заштеда на енергија – наведувајќи ги според
трошоците за имплементација на:
 мерки без или со многу мали вложувања,

2-10
2. ПРИНЦИПИ НА ЕФЕКТИВЕН ЕНЕРГЕТСКИ МЕНАЏМЕНТ

 мерки со средни вложувања и


 мерки со големи вложувања.
Акциониот план е дел од фазата на планирање во циклусот за континуирано
подобрување на ЕЕ. Енергетскиот акционен план ги содржи следните елементи:
 посветеност на организацијата за подобрување на ЕЕ и целите поврзани со
енергетската политика,
 податоци за потрошувачка на енергија за референтна година,
 релевантни законски обврски,
 опис на енергетската состојба(историски преглед и анализа на енергетската
потрошувачка, заштедена енергија и др.)
 можности за штедење на енергија и селекција на критериуми за подобрување на
енергетската ефикасност,
 планирање на активности за реализација на мерки за ЕЕ и за подобрување на ЕМ,
 планирање и изработка на физибилити студии за идентификувани атрактивни
идни можности за заштеда и останати релевантни активности,
 опис на начинот на кој се спроведува годишниот мониторинг, поставувањето на
цели и користење на статистички податоци.
Промовирањето на практиките за енергетска ефикасност и свесноста на
вработените за придобивките од примената на мерките за ЕЕ, се од витално значење за
успехот на системот за ЕМ. Многу значајна улога имаат мотивираноста и одговорното
однесување на вработените, како и потенцирањето на нивниот придонес за успехот на
ЕМ.

Чекор 6. Промовирање и воведување на мерки за енергетска ефикасност


Во фазата на промовирање и воведување на мерките за енергетска ефикасност,
важни фактори се:
• Дефинирање на улогата на вработените, во согласност со соодветна
квалификација и образование, во системот за ЕМ и нивна обука за правилно
исполнување на нивните задачи,
• Формирање/воведување на статистичка база на податоци за енергетските
заштеди, со целосна документација во која се дефинирани преземените мерки за
ЕЕ, со објаснување зошто се преземени, како се воведени во пракса итн.,
• Набавка на современа опрема со повисок степен на искористување и суровински
материјали, при чија преработка помалку се влијае врз животната средина.

Чекор 7. Проверка на енергетските перформанси


По спроведувањето на одредени мерки за подобрување на ЕЕ на организацијата,
во согласност со акциониот план, следува утврдување на бараниот ефект. За таа цел се
потребни мерени податоци кои ќе овозможат да се изврши споредба на потрошувачката
на енергија со референтни вредности, како и детална анализа на податоците. Притоа
треба да се земат во предвид:
 условите кои влијаат врз потрошувачката на енергија, квантитетот на
производите и периодот на мерење и
 следењето на производството на одделни производи и времето на
производство.
Важен сегмент при проверката на енергетските перформанси е споредбата на
потрошувачката на енергија која е измерена (регистрирана) со потрошувачката на
енергија која се очекува врз основа на количеството на производи, како и споредбата на
специфичната потрошувачка на енергија со податоци од сопственото претходно
работење или од работењето на други субјекти, вклучувајќи ја и конкуренцијата.

2-11
2. ПРИНЦИПИ НА ЕФЕКТИВЕН ЕНЕРГЕТСКИ МЕНАЏМЕНТ

Специфичната потрошувачка на енергија е индикатор за ЕЕ кој најчесто се користи, а кој


се пресметува врз база на вкупно потрошената енергија и вкупното количество
производи во индустриската организација.
Соодветниот мониторинг и дефинирање на целите е суштински дел од системот
за ЕМ во составот на PDCA - циклусот. Во таа смисла, следните елементи се значајни за
успех на системот за пратење и дефинирање на целите: собирање на податоците, анализа
на податоците, известување и покренување на конкретна активност.
Чекор 8. Проверка на системот за ЕМ и ЕЕ
За проверка на системот за ЕМ се пополнува претходно подготвен прашалник со
одреден број прашања, во кој се опфатени податоци за:
- основни информации за организацијата и за техничките системи,
- воведување и функционирање на системот за ЕМ,
- енергетска политика, планирање и мерки за подобрување,
- техничка документација,
- енергетска контрола, мерења и оценки.

За оценка на напредокот во имплементацијата на системот за ЕМ овој прашалник


се пополнува секоја година. За добивање целосна слика за квалитетот на работењето, се
врши споредба на резултатите и статистичките податоци за специфичната
потрошувачка на енергија во организацијата со податоците на други организации од ист
сектор.
Чекор 9. Континуирано усовршување на системот за ЕМ и подобрување на ЕЕ
За континуирано усовршување на ЕМ и за подобрување на ЕЕ се спроведува:
• ревизија на процесот на имплементација на системот за ЕМ со воведување на
корективни, превентивни и додатни мерки,
• подобрување на процедурата при воведувањето на ЕМ и повторен, подетален и
добро испланиран тек на процесот,
• ревизија на системот за ЕМ.
Резултатите од ревизијата се основа за идентификација на областите во кои може
да се направат подобрувања и за преземање на мерки за корекција.

2.2.4. Ефекти од имплементација на ефикасен систем за енергетски


менаџмент
Систем за ефикасен EM се воведува:
• за да се воспостави континуиран циклус за подобрување на користењето на
енергијата.
• за да се воспостави механизам за штедење на сите видови енергија во
претпријатието.
• за да се следи потрошувачката на енергијата во претпријатието, во различните
производни погони, сектори, процеси, постројки, уреди и др.
• за да се подобрат енергетските перформанси на постројките, процесите, уредите и
др, и претпријатието во целина.
• за да се добие средство за контрола и редуцирање на енергетската потрошувачка.
ЕМ дава методологија која ќе и помогне на компанијата/организацијата да:

2-12
2. ПРИНЦИПИ НА ЕФЕКТИВЕН ЕНЕРГЕТСКИ МЕНАЏМЕНТ

• за спроведе енергетска контрола (energy audit),


• за мерење на внесеното и потрошеното количество енергија во одреден
временски период,
• за да се оформи база на енергетски податоци,
• за да се воспостави енергетски акционен план,
• за да се имплементира акциониот план,
• за континуирано да се проверуваат енергетските перформанси
• со цел врвниот менаџмент да учествува во ЕМ
Воедно, имплементација на ефикасен систем за ЕМ ќе овозможи:
• да се разјаснат основните принципи и текови на енергијата при нејзиното
користење,
• пратење на потрошувачката на енергија во погоните, постројките, процесите и
уредите,
• идентификација на опремата поврзана со позначајна потрошувачка на енергија,
• брзо откривање на значителни промени на потрошувачката на енергија,
причините за тоа и навремена интервенција,
• да се зголеми интересот кај вработените за ЕМ.
Исполнување на следните основни принципи на ЕМ подразбира:
• набавка на сите потребни видови горива и енергија по најповолни цени на
чинење,
• менаџирање на користењето на горивата и енергијата за постигнување на
највисока ЕЕ,
• намалување на топлинските загуби кои настануваат во енергетските системи,
• користење на отпадна топлина во постројките и уредите во кои што таа се јавува,
• користење на современи енергетски ефикасни технологии
• зачувување на животната средина.
Директни ефекти од имплементација на ефикасен систем за енергетски
менаџмент се:
 заштеда на финансиски средства за енергија
 намалување на потрошувачката на енергија
 зголемување на енергетските перформанси
 зголемување на енергетската ефикасност
 намалување на загадувањето на животната средина
 намалување на трошоците поврзани со зачувување на животната средина
 следење на енергетските и финансиските параметри на претпријатијата преку
методот: Plan-Do-Check-Act (PDCA), односно Планирање-Реализација-Контрола-
Дејствување

2.3. ПРОГРАМА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ МЕНАЏМЕНТ


Главните компоненти што сочинуваат една сеопфатна програма за
енергетски менаџмент се прикажани преку генеричкиот дијаграм на сл. 2.7. Тие

2-13
2. ПРИНЦИПИ НА ЕФЕКТИВЕН ЕНЕРГЕТСКИ МЕНАЏМЕНТ

се: организациската структура, политиката за енергетски менаџмент, целите,


плановите за спроведување енергетски контроли, едукацијата (континуирано
подобрување на образовното ниво), известувањето и стратегискиот план.
Поентата на програмата се базира врз фактот дека преку разбирање на
суштината на менаџирањето со енергетскте текови, енергетскиот менаџер може
да прилагоди добра работна програма кон постоечката организациска структура
на компанијата или организациската целина.

Слика 2.7. Општ блок-дијаграм на програма за енергетски менаџмент


РС - раководител на сектор

2.4. ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА И ЕНЕРГЕТСКА ПОЛИТИКА


Енергетската политика треба да ја одразува определбата на компанијата /
организацијата за постигнување на подобрувања во енергетските перформанси.
Добро подготвена енергетска политика, која што е авторизирана од менаџментот
на компанијата/организацијата, му обезбедува на енергетскиот менаџер
авторитет да биде вклучен во стратегиското планирање, изборот на опрема
(енергетска и технолошка), набавка на мерна опрема, да организира обуки за
вработените и други активности, кои често се многу комплексни.
Често енергетската политика како документ погрешно се поистоветува
или се меша со прирачник со процедури. За да биде ефективна, енергетската
политика треба да биде концизна, што значи кратка - напишана најмногу на две
страници. Таа, како минимум, треба да ги содржи следниве параметри:

2-14
2. ПРИНЦИПИ НА ЕФЕКТИВЕН ЕНЕРГЕТСКИ МЕНАЏМЕНТ

- Цели (Objectives)
- Мерливост (Accountability)
- Известување (Reporting)
- Обука, континуирано подобрување, (Training)
Националниот и меѓународниот стандард за енергетски менаџмент ги
охрабрува компаниите да создаваат енергетски политики, специфични за самите
компании. Но, спроведувањето на овие политики зависи од одлуките на
менаџерите и компаниите. Добрите енергетски политики треба да бидат
подготвени така што:
 да бидат интегрирани со деловните активности на компанијата, според
специфичноста на производите и услугите;
 да влијаат врз намалување на потрошувачката на енергија и подобрување на
енергетската ефикасност;
 да бидат во согласност со важечките закони и прописи;
 да претставуваат рамка за подготовка и оцена на енергетските цели и
индикатори;
 да бидат разбирливи за вработените и лесно достапни за релевантните
страни во рамките на организацијата.

2.5. ПЛАНИРАЊЕ
Организацијата или компанијата мора да спроведува и да документира
процес на енергетско планирање. Енергетското планирање треба да биде во
согласност со енергетската политика и тоа мора да води до активности кои
постојано ги подобруваат енергетските перформанси.
Во продолжение е дадена содржина на план за енергетски менаџмент.

1. ИЗВРШНО РЕЗИМЕ
- Во овој дел ќе се даде преглед на планот во неколку параграфи.

2. ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКИОТ ПЛАН


- Основни информации: автор(и), датум на извештајот, име на компанијата,
локација и др., благодарност до вклучениот персонал

3. ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КОМПАНИЈАТА


- Содржи краток опис на историјатот и сегашна структура на компанијата,
преглед на индустрискиот сектор, опис на работните и други процеси во
компанијата, локацијата и ресурсите, листа со претходни проекти, опис на
системи за мерење/мониторинг и сл., листа од студии од енергетската
проблематика, клучни предизвици и ограничувачки фактори за постигнување на
цели за енергетски заштеди и др.

2-15
2. ПРИНЦИПИ НА ЕФЕКТИВЕН ЕНЕРГЕТСКИ МЕНАЏМЕНТ

4. ПОЛИТИКА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ МЕНАЏМЕНТ И НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ


- Се ведува енергетската политика на компанијата, доколку постои таква. Во
спротивно, енергетскиот план треба да се искористи за да се поттикне
менаџментот кон енергетско планирање и креирање енергетска политика.

5. ЕНЕРГЕТСКИ ТИМ

6. АКТУЕЛНА СОСТОЈБА НА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈАТА


- Овде треба да се направи пресек на актуелната состојба, енергетски инсталации
и опрема, вкупна потрошувачка по енергенси, по процеси, по постројки и сл.,
трошоци

7. ИДЕНТИФИКУВАНИ КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКИ ЗАШТЕДИ


8. ОПЕРАТИВНИ ЗАШТЕДИ И ПЛАН ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ
9. ЕНЕРГЕТСКИ АКЦИСКИ ПЛАН
10. ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА МОЖНОСТИ И АНАЛИЗА
11. БУЏЕТ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА

2-16

You might also like