You are on page 1of 8

CIM –Computer Aided Design- компјутерски поддржано проектирање/конструирање.

CAP- Computer Aided Process Planning- компјутерски поддржано проектирање на технологија.

CAM- Computer Aided Manufacturing- компјутерски поддржана изработка.

CAQ- Computer aided quality control- компјутерски поддржано упрвување со квалитет.

PPC- Production Planning and Control: планирање и управување со производство.

CAO- Computer Aided Office> компјутерски поддржани “канцелариски” активности.

Toyota Production System- или ПСТ – Производствен систем Тојота

Има за цел да ја зголеми економичноста на производството преку темелно отстранување на


загубите. Се поттпира на два столба:

 JIT- Just in time- е комплексен и стратегиски проект за подобрување на севкупното


работење. Дел од други поважни системи се : Poka Yoke ( е метод кој овозможува
производство без грешки ( 100% контрола), SMED или OTED ( промена на алати за
помалку од 10 мин. И промена на алати со помош на копче., насочени кон
рационализација и работилничка подготовка при премин од една серија на друга,
метод KANBAN ( помага при реализација на JIT преку рационализација на
управување со прозиводството.
Потсистемот JIT овозможува секој процес да се обезбеди со вистински потребни елементи
во соодветна количина и во точно определено време. Со тоа ја реализира една од
основните стратегиски компоненти на производниот систе Тојота – “производство без
складишта”.
- Во производниот систем Тојота постојат два типа на вишоци во производство : количински
вишок и временески вишок . Количинскиот вишок се создава поради вообичаена
практика доколку се потребни на пример 100 парчиња од некои делови да се лансира
изработка на 110, со вклучен шкарт и вишок парчиња. Временскиот се јавува поради тоа
што се почнува со изработка на производите за одредени временски единици порано-
поради зачувување на договорени рокови и производите се изработуваат пред рокот и се
складираат.
 Автономна автоматизација- Означува систем кој е способен во одредени ситуации
да делува како човек и да ја запре работата. Ова се постигнува со дополнително
вградена компонента, т.е. уред со кој е опремена секоја машина, со што е дадена
човечка интелигенција. Го менува начиност на надзор на машината при што не е
потребно дополнителен опслужувач и се постигнува поголема продуктивност.
KAIZEN
Постојат различни менаџмент филозофии кои го определуваат различниот менаџерски пристап во
управувањето, практицирање на промените, постигнување на ефикасност и ефективност,
постигнување на висока продуктивност. Една од тие филозофии е KAIZEN менаџерската
филозофија која своите корени ги влече од Јапонија и претставува основа за успех и развојот на
јапонската индустрија во светки рамки.

KAIZEN претставува континуирано подобрување кое доведува до мали но сепак значајни


подобрувања на организациските перформанси во кратки временски периоди.

Masaaki Imai авторот на концептот смета дека менаџментот има две главни компоненти:

 Подобрување на системот

 Одржување на системот

За KAIZEN одговорни се сите организациски членови. Но, треба да нагласиме дека KAIZEN и
иновација не се взаемно исклучиви, туку може истовремено да се применуваат. Односно во ваков
случај, врвниот менаџмент:

 го воведува KAIZEN како стратегија на компанијата

 обезбедува секаква подршка преку алокација на ресурсите и

 определува политики и цели во насока на реализирање на овој концепт.

Средниот менаџмент:

 ги имплементира целите како што се определени од врвниот менаџмент

 го користи KAIZEN во функционалните способности,

 изведува стандарди,

 ги обучува вработените за примена на KAIZEN техники и

 им помага да развијат содветни техники и вештини.

Супервизорите:
 ги применуваат KAIZEN принципите,

 формулираат планови и водичи за работа,

 ја подобруваат комуникацијата помеѓу вработените

 го одржуваат моралот на високо ниво,

 ги поддржуваат активностите на мали групи итн.

Работниците пак:

 го применуваат KAIZEN,

 практикуваат дисциплина во работата,

 применуваат континуиран саморазвој за подобро да ги решаваат проблемите и да ги


зголемуваат вештините со меѓусебна едукација.

Клучните принципи на кои што се базира KAIZEN концептот се:

 Континуирано подобрување. KAIZEN има за цел постојано да го подобрува работењето на


компанијата. Оваа подобрување не се добива со некои фундаментални планови за
подобрување од огромни размери, туку во ова филозофија подобрувањата се мали (би
можело да се изразат како 2-3%)
 Мали промени во кратки временски периоди. KAIZEN филозофијата ги насочува луѓето да
изведуваат мали промени во кратки временски периоди. Овие мали промени доведуваат
до мали подобрувања. Но, континуитетот на подобрувањата се добива од кратките
временски периоди во кои се изведуваат тие промени.
 Инволвирање на сите организациски членови. Бидејќи целта на оваа филозофија е
подобрувањето, што претставува одредена вградена карактеристика на луѓето, во
подобрувањето на организациските перформанси се инволвираат сите организациски
членови. Секој, не само што е должен да се подобрува и со секое наредно извршување на
задачата да ја изврши подобро од претходниот пат, туку ја има таа особина да сака да има
подобри резултати од работата што ја работи.
 Без големи капитални инвестиции. Бидејќи KAIZEN доведува до мали подобрувања во
мали временски периоди преку индивидуална инвентивност на организациските членови,
затоа не бара големи инвестициски вложувања во процесот на промените. Ова е и поради
фактот што KAIZEN ги подобрува постоечките процеси во компанијата, а не врши замена на
истите со сосема нови процеси.
 Процеси. Карактеристично за KAIZEN е тоа што не се ориентира кон резултатите туку кон
процесите, односно ги подобрува процесите, а со подобри процеси ќе се добијат и
подобри резултати. Како што кажавме погоре подобрувањето се изведува на постоечките
процеси.
 Системи за предлози. Бидејќи подобрувањето претставува решавање на проблеми кои
постојат во компанијата, а проблемите се појавуваат на сите нивоа од хиерархијата,
менаџментот не е во состојба да ги открива и да ги решава истите. Затоа при откривање и
решавање на проблемите KAIZEN ги инволвира вработените преку нивни предлози за тоа
што треба да се промени и како да се подобри. KAIZEN гради такви системи за предлози
(сугестивни системи) кои што ги поттикнуваат вработените да даваат свои мислења за
проблемите и нивното решавање преку обезбедување на помош од страна на
супервизорите, со што се генерираат што е можно повеќе предлози. 

 Методи и техники користени од KAIZEN

 Куќа
 Чадор

Овие алатки кои што ги користи KAIZEN вообичаено се претставуваат како една куќа на процесот
на континуирано подобрување и KAIZEN – чадорот односно како што Masaaki Imai го разгледува
како концепт на чадор кој ги опфаќа повеќето од јапонските уникатни практики кои во последно
време доживеале светска слава.
Разликата меѓу куќата и чадорот е во тоа што во чадорот се претставени концепти или
менаџмент филозофии од повисоко ниво додека во куќата се алатките и техниките за
постигнување на концептите од чадорот. Кружните ивици од чадорот симболизираат дека
сите тие практики се индивидуални.

CIM – Компјутерско интегрирано производство


CIM претставува интеграција на сите технички и организациски функции во претпријатие,
поддржани со заедничко надредено компјутерско користење на сите информации потребни за
активноста на системот претпријатие, тоа значи поврзување на сите енергетски и материјални
протеци во претпријатие преку соодветен протек на информации.

Во потесен аспект на концепција ЦИМ спаѓаат: CAD, CAP,CAM ,CAQ,PPC,CAO.

 CIM e комплексен модел кој опаќа неколку функции:


- Управување со енергија
- Управување со прогрес
- Телефакс
- Систем на гласовна пошта

Сите функции во многу индустриски средини функционираат како самостојни острови што се
компјутерски подржани.

 Стратегиска улога на CIM е поврзување на сите овие функции( острови) во една


целина- интегрален информациски ситем.

 Цели на CIM
- Зголемување на продуктивност
- Зголемување на флексибилност
- Зголемување на иск. На капацитети
- Намалување на залихи
- Намалување на шкарт
- Намалување на производни циклуси
Планирање и избор на локација

Планирањто и избор на локација за идниот производен систем претставува многу деликатна фаза
во проектирањето, бидејќи со него се одредуваат параметрите за многу години однапред. Затоа
овие активности бараат соодветен системастски пристап во сите нејзини етапи. Тука може да се
примени 6-етапната методологија во систематско проектирање, но дефинирана во 3 етапи и тоа:

1. Поставување на цели и дефинирање на задачата


2. Барање идеални решенија и собирање податоци
3. Избор на оптимална локација

Првата етапа: инвеститорите т.е раководството на една фабрика при претставување на целите,
како и дефинирање на задачата што произлегува од нив, треба да ја гледа подалеку иднината на
претрпијатието. Најпрвин треба да се расчитат неколку прашања од типот: долгорочни планови за
нови производи, за партнерства со други фирми, за градење нови објекти, за извоз итн.

Откако ќе се анализираат овие прашања, станува појасна потреба од вивод, големината и


квалитетот на локацијата која е потребна за конкретно планирана фабрика.

Барањата кои треба да ги исполни една идеална локација се разликуваат од случај до случај и
нема една единствена листа која секогаш ќе се применува.

Листа на можни фактори за избор на локација:

1. Оцена на регионот (состојба на сообраќај, законски и нормативни регулативи, клима,


стопански аспекти)
2. Зона на користење ( положба, соседи, геолошка состојба, контрола на дозволено
загадување на околина)
3. Парцела ( геометриски податоци, карактеристики на почва, правна положба, гранични
линии, прописи за градба, трошоци)
4. Работна сила ( жители како база, ниво на заработувачка, социјална инфраструктура,
културни и слободни активности, обезбедување на услуги.)
5. Снабдување со енергија и флуиди ( снабд. Со електрична енергија, со вода, затоплвање)
6. Остранување на отпадоци
7. Еколошки аспекти
8. Предисторија на локација ( факти за загадување на локацијата, сопственост на локација,
законски дозволи за вода)
9. Развој ( промени, добивање на дополнителна работна сила, проширување на системи за
снабдување и доведување, можности за прошшир.на површината на локација).
Втора етапа: Во оваа етапа се бара идеално решение поставено преку листата на фактори, се
распишуваат огласи и се собираат податоци од понудите. За оваа цел, заради подоцнежното
полесно споредување на понудите, погодно е е на сите понудувачи да им се достави листа на
фактори кои се со одредени вредности:

 Површина на локација
 Постоење на железничка пруга
 Река покрај локација

Трета етапа:

o Избор на оптимална локација

За поимот “оптимална локација” постојат повеќе дефиниции како напр.оптимална локација е онаа
која најдобро ги исполнува квантитативните и квалитативните критериуми на претпријатие и на
истото му овозможува најголем можен успех- рентабилност . R= dobivka/vlozen capital= vkupen
prihod- trosoci/ vlozen capital, што е изведено од трите главни елементи на економија на пс.

Ваквиот приод подразбира различни вредности за трите елементи во изразот за рентабилноста


што и секогаш не мора да биде реално.

o Локации со минимални транспортни трошоци

Постојат 4 разни проблеми од овој вид:

- Една оптимална локација од повеќе можни


- Од бесконечно многу
- При постоење на други матични фабрики
- Повеќе оптимални локации за повеќе фабрики

Почетна ситуација: постојат повеќе можни локации за фабрика која од одредени добавувачи ќе
добива точно одредени количини на материјал, акон исто така одредени купувачи ќе испорачува
одредени количини производи.

Решението се добива на тој начин што за секоја можна локација се пресметуваат можните
транспортни трошоци до сите добавувачи и до сите купувачи: оптимална е онаа локација која има
оптимални транспортни односи, т.е најмали транспортни трошоци.
o Оптимална локација со помош на АНАЛИТИЧКИ МЕТОД

При овој метод се поаѓа од претпоставката дека вкупниот приход е константен независно
од локацијата додека се менуваат трошоците и потребниот капитал. Всушност, овој метод
може само приближно да ги земе влијанијата на последните два елементи бидејќи е
тешко тие точно да се одредат во фаза кога фабриката се уште не е зиградена.

Затоа, влијанијата се присутни преку споредувани големини( фактори) кај секоја од


можните локации. Тука сеприменува методот на ВРЕДНОСНА АНАЛИЗА.

За секоја фактор се одредуваат една вредносна скала и поени за негово исполнување. Во


зависност од случајот, односно степенот на важноста на тој фактор за конкретниот систем,
се одредува вредноста на мултипликатор на поени. За вакви вреднувања се земаат
предвид оние локации кои останале после една детална селекција на сите можни.

Оптимална локација е онаа која има најмногу вкупно поени, но можни се и дополнителни
анализи во случаи кога има повеќе локации со приближно ист број на поени.

You might also like