You are on page 1of 21

Теорија на фирма

Раст и развој на фирмата


Дефинирање на растот и развојот на фирмата
Раст на фирмата

• Растот на фирмата може да се дефинира како промена во нејзината


големина (обем) и тоа мерено преку силата на инсталираниот
производствен капацитет, бројот на вработените и големината на
остварениот приход, односно добивка.

• Растот на фирмата се однесува на компанија која расте побрзо од


своите конкуренти или пошироката економија.
Раст на фирмата

• Овие фирми генерално имаат зголемени годишни приходи за


повеќе од просекот во индустријата во текот на одреден одржлив период.

• Потребно е, овој напредок да се демонстрира во текот на неколку


години за да се легитимира квалитетот на растот.

• Фирма не е класифицирана како компанија која расте доколку


приходите или другите финансиски мерки се зголемат за една четвртина или
се релаксираат во последователните периоди.
Развој на фирмата

• Развојот на фирмата е збир на промени во организациската


структура и во дејноста во кои се извршуваат нејзините активности.

• Имено, фирмите се ранливи на економско преструктуирање и


потребно е да размислат како да се прилагодат при менување на
економијата.
Развој на фирмата
• Врз основа на прегледната литературата, економскиот развој го
дефинираме како развој на капацитетите кои ги прошируваат
способностите на економистите учесници.

• Овие актери може да бидат поединци, фирми или индустрии.

Развој на фирмата

• И растот и развојот се два процеса коишто се во меѓусебна


интеракција и подразбираат зголемување и усовршување на фирмата и

• се случуваат под влијание на исти фактори главно симулантно и


затоа тешко можеме да ги анализираме поединечно.

Ефикасното работење, односно функционирање се обезбедува со


користење на следните ефекти:

• економија на обем – се постигнува со оптимално искористување на


капацитетот којшто доведува до намалување на просечните трошоци и
јакнење на конкурентската положба на фирмата на пазарот.

• Станува збор за зголемување на обемот на производството како


резултат на намалување на трошоците за единица производ и
зголемување на профитот.

• Означува пропорционален (сразмерен) однос во промените меѓу


производството и факторите (инпутите) за производство.

• економии на голем обем - ја постигнуваат крупни производствени


организациски фирми што произведуваат во големи серии, според
принципот на пораст на приносите, a со опаѓање на трошоците за единица
производ.
• Современата техника и технологија станува економична и
рентабилна ако ce применува во многу крупни производствени единици,
во големи серии, значи според принципот на економија на голем обем
(large scale economy).

• Како крупни фирми, со пониски производствени трошоци, имаат


предност на пазарот, тие ce конкурентни.

• Бидејќи економски ce моќни, тие имаат можност да развиваат


истражувачка дејност, ce поотпорни во услови на опаѓање наконјунктурата,
имаат поголеми можности да го проучуваат пазарот, да применуваат
иновации и да ce развиваат. Спротивно: економија на мал обем (small scale
economy).

• економија на широчина – се постигнува со здружување и


развивање повеќе дејности во една фирма со што фирмата може да го
произведе соодветниот обем на производство.

• Станува збор за производство на одреден производ или група


производи по пониска цена, односно со понизок просечен трошок отколку што
тоа би го чинело две поединечни фирми. На пример, "Мекдоналдс" може да
произведе и хамбургери и помфрити со помал просечен трошок отколку што
би чинело две одделни фирми за да го произведат секоја од производите
посебно.

• економија во функционирање – се јавува кога веќе е реализиран


одреден раст на фирмата како резултат на синергетскиот ефект помеѓу
различни деловни активности и подобра организцаија.

• Фирмата ги развива своите функции, произведува и продава


производи со пониски просечни трошоци отколку некоја друга фирма во
одредена дејност.

Стратегија на раст и развој на фирмата


• Една од основните цели на фирмата е нејзиниот опстанок, а за да се
опстане во средина која постојано се менува, тогаш потребно е, фирмата во
континуитет да се прилагодува на промените.

• Пазарните, технолошките и општествените фактори кои делуваат


(имаат влијание) на фирмата непосредно, го стимулираат нејзиното
проширување.

• Во стремежот што поефикасно да ги извршува тековните и да


презема нови задачи во процесот на општествената репродукција, фирмата
неминовно расте и се развива.

• Но, за разлика од природните системи во кои растот и развојот се


одвива спонтано, растот и развојот на фирмата треба да се насочува и
управува.

Всушност, управувањето се постигнува со и преку менаџмент функциите:


планирање, организирање, координирање, мотивирање и контрола, односно:

 Планирање – при што се одредува што треба да направи фирмата и


како најдобро тоа да го реализира.

 Организирање – со кое се врши распоредување на активностите и


ресурсите во насока на реализирање на дефинираните цели.

 Координирање – кое опфаќа поврзување и синхронизирање на


поодделните активности на работата заради остварување на целите на
фирмата.

 Мотивирање – преку кое менаџерите преземаат низа активности за


развивање на способностите на вработените и јакнење на нивната лојалност
кон фирмата.

 Контрола – како проверка на успешноста во извршувањето на


работата, односно во реализирањето на поставените цели на фирмата.

Понатаму, поврзано со растот и развојот на фирмата, планирањето се врши


со анализа на минатото, оценка на сегашноста и предвидување на иднината,
со што се донесуваат одлуки за:

• целите на растот – со кои се утврдува правецот во кој фирмата треба


да се движи односно целите кои треба да ги реализира;

• развојната политика – со која се утврдуваат принципите кои фирмата


треба да ги почитува доколку сака правилно да ги насочи активностите кон
целите;

• стратегиите на развој – со што се одредуваат конкретните правци,


методите и темпото на реализирање на поставените цели;

• програмите и плановите - со кои се операционализира претходно


наведеното.

Стратегија на раст и развој на фирмата

• Со овие одлуки треба да се обезбеди поголема ефективност и


ефикасност на работењето на фирмата во иднина.

• Ефективноста е барање фирмата во секоја фаза од својот развој да


има производствена програма која во најголема мерка одговара на
општествените потреби, односно на потребите на пазарот.

• Ефикасноста е барање избраната програма да се реализира со што


помало ангажирање и трошење на факторите на производство.
Фази на раст и развој на фирмата

• Растот и развојот на фирмата не се одвива континуирано и


праволиниски, туку минува низ различни фази и периоди од кои секој има
свои специфичности.

• Во секоја од фазите, фирмата настојува да ја зголеми


продуктивноста и да обезбеди ширење на дејноста.

• Притоа како проблем се јавува балансирањето меѓу стабилноста,


реорганизацијата или намалување на економските и бизнис активности.

• Од разрешувањето на овие проблеми зависи преминот од една


фаза во друга.

Фазите на раст на фирмата се следни:

фаза на иницијален раст

 Започнува освојување на пазарот и изнаоѓање на ресурси.

 Потребно е, фирмата да си обезбеди учество на соодветниот пазар.

 Во оваа фаза се води сметка за продуктивноста на трудот и за


стабилноста на финкционирањето (работењето).

 Организациската структура не е целосно формирана, а


управувањето е централизирано.

фаза на бирократизиран раст

 Се карактеризира со раст и зајакнување на фирмата во соодветната


дејност. Акцентот е ставен на специјализацијата и вертикалната
интеграција.

 Имено, со зголемувањето на фирмата се зголемува и потребата од


промени во организациската структура. Се развива формализирана
организација, но и понатаму се задржува централизираниот начин на
управување.

 Бидејќи сега, таквата фирма, главно, има мал број производи и


купувачи - станува нефлексибилна, и порано или покасно го достигнува
нивото коешто му ја наметнува потребата од промена во избраната стратегија
и постојаната организација.

 А за да не пропадне, потребно е фирмата да ја промени


стратегијата.

фазата на раст по пат на диверзификација

 Вклучува нови производи во производствената програма и


промени на организациската структура.

 Диверзификацијата се јавува како резултат на потребата за


обезбедување поголема флексибилност, односно избегнување на
ситуацијата фирмата да е зависна само од еден извор на приходи или
од еден пазар.

фаза на мега-организациски раст

 Се карактеризира со ширење и интернационализација на дејноста, со


што фирмата станува мултинационална и мултипроизводствена.

Фактори на раст и развој на фирмата


Растот и развојот на фирмата се подложена на постојани промени и
предизвици. За да може да опстане, фирмата треба да биде подготвена
во секој момент да одговори на предизвиците и барањата кои доаѓаат
од средината.
Колку во тоа ќе успее зависи од повеќе фактори, кои можат да се
класифицираат од различни аспекти:

Фактори на раст и развој на фирмата

• според потеклото факторите се поделени на интерни (условени од


степенот на развој на самата фирма) и екстерни (кои делуваат на фирмата од
средината).

• според природата на дејствието факторите се делат на пазарни,


технолошки, конкурентски, организациски, кадровски..

• според извесноста, факторите се делат на фактори на состојба


(оние кои произлегуваат од сегашноста или неа ја одразуваат) и фактори на
развојот (оние чие влијание настапува со реализирањето на самиот развој и
тие мора да се предвидат за да се утврди што пореално нивното влијание).

фактори на состојба

• Во групата на фактори на состојба влегуваат: достигнатиот обем


на работење, досегашното темпо на развој, структурата на производство,
постојаната големина на капацитетот, применетата технологија, структурата и
стручноста на кадрите, моменталната положба на пазарот, постојаната
локација, состојбата на истражувачко-развојната работа, состојбата на
организацијата, постојаните финансиски можности и друго
фактори на развојот
• Во групата на фактори на развојот влегуваат: перспективите за
развојот на пазарот, плановите на конкуренцијата, тенденциите во развојот на
науката и технологијата, развојот на научно-истражувачката работа, можноста
за набавка на лиценци и техничка документација, можноста за снабдување со
суровини и репроматеријали, потребните кадри, економскиот систем и
инструментите на економската политика и друго.

Ограничувачки фактори на раст и развој на фирмата

• Овие фактори се поделени на интерни и екстерни.

• Во групата на интерни ограничувачки фактори на раст кои во


основа произлегуваат од постојаната состојба на фирмата и начинот на
дотогашниот раст, може да се издвојат:

• Неадекватниот кадровски потенцијал;

• Дотогашната стратегија на раст која доколку била погрешна го


оневозможува фирмата да одговори на новите предизвици;

• Карактерот на технолошките решенија во фирмата.


• Од средината, на растот на фирмата ограничувачки може да делуваат
следните екстерни фактори:

• Постоење законски ограничувања за понатамошен раст;

• Неможност за обезбедување на дополнителни финансиски средства;

• Неможност за набавка на доволни количини на материјални ресурси;

• Неможност за освојување нови пазари;

• Особено нагласена конкуренција во индустриската гранка или


дејносга во која делува фирмата;

• Дестимулативност предизвикана со мерките на економската политика


на земјата;

• Неразвиеност на сообраќајот и трговијата

• За да се обезбеди раст и развој на фирмата, од особено значење е,


да се изврши реална проценка на дејството на екстерните фактори и
интерните можности на фирмата. Важно е да се утврди дали тие:

• го оневозможуваат натамошното работење;

• обезбедуваат можности за формирање нови извори на приходи;


• претставуваат закана за постојаниот обем и начин на
функционирање, па е неопходно прилагодување.

• Оваа проценка треба да служи како основа за преземање натамошни


акции.

Влијанието на субјективните фактори врз растот и развојот на фирмата

• Како едно фирма ќе се развива во рамки на дадена средина меѓу


другото, зависи и од менаџментот на тоа фирма.

• Една од примарните причини што многу фирми не успеваат да растат


или просперираат е неспособноста на менаџментот да ги искористи
можностите кои му стојат на располагање. Според некои истражувања
пропаѓањето на фирмите во 80% - 90% случаи може да се сведе на
неспособноста на менаџментот

• Квантитативниот и квалитативниот потенцијал на менаџерскиот кадар


е клучна претпоставка и услов за раст и развој на фирмата.

• При оценката на овој потенцијал треба да се имаат предвид следните


моменти: искористеноста на менаџерските кадри за планирање на
растот, ограниченоста на нивните творечки способности, порастот на
искуството и знаењата на менаџерскиот кадар, неговата склоност кон
преземање ризик, неговиот економски хоризонт, способноста за
прибирање и искористување на информации и слично.

Меѓу квалитетите кои особено треба да ги поседуваат врвните менаџерски


кадри се сметаат следните:

 Сила и подготвеност за напорна работа;


 Силна мотивација

 Упорност и одлучност кои често се граничат со фанатизам;

 Спремност за преземање ризик; и

 Способност за инспирирање на оние чија соработка и помош им е


неопходна.

• Една од карактеристиките на претприемачот која е од особено значење за


растот на фирмата е неговата способност да состави тим од свои соработници
кои максимално ќе ги применат своите знаења и способности во фирмата.

Цели на растот и развојот на фирмата

• Доколку целта се сфати како ситуација или состојба кон која


фирмата тежнее, тогаш целите на растот можат да се објаснат како
настојување на фирмата да обезбеди таква големина, организациска
структура и систем на врски со средината, кои ќе му овозможат
поефикасно да ги користи ресурсите и поефективно да ја реализира
својата економска улога.

• Растот на фирмата не е цел сам за себе, туку начин на кој фирмата


во одредени услови на економисување настојува да ги прошири можностите
за зголемување на добивката, за подобрување на позицијата на пазарот и за
зголемување на материјалната основа на развојот.
Растот на конкретна фирма треба да биде насочен кон:

 Зголемување на учеството на пазарот;

 Елиминирање на тесните грла во производството;

 Вклучување во меѓународната поделба на трудот;

 Смалување на трошоците на работењето;

 Смалување на дејството на конкуренцијата.

• Изборот на целите на развојот е детерминиран со извршената


проценка на очекуваните промени во средината, со позицијата на фирмата на
пазарот и со неговиот вкупен потенцијал.

• Формулираните цели овозможуваат насочување, интегрирање и


координирање на бизнис активностите на фирмата.

• Тие исто така претставуваат критериум за оценка на рационалноста


на планските одлуки при изборот на алтернативните текови и акции, а
истовремено и стандард за контрола на работењето.

• Целите на раст претставуваат примарни одлуки во развојното


планирање на фирмата. Врз нивна основа се дефинира стратегијата на раст,
а потоа и поединечните планови. Исто така, целите на раст мора да бидат
реални, мерливи и усогласени со системот на вредности во општеството во
кое функционира фирмата. Реализацијата на целите на раст на фирмата
води кон реализирање на општествено-економскиот развој, поефективно
користење на ресурсите и пораст на општествената благосостојба што во
краен случај е основна цел на секоја општествена заедница. Потребно е
фирмата свесно да се прилагодува на идните промени со утврдување на
развојните цели на основа на научно предвидување на иднината, а не преку
проектирање на сегашната ситуација во иднина.
Развојна политика

• Развојната политика е појдовна основа за донесување на


деловни и бизнис одлуки во фирмата. Со неа се прецизираат ставовите,
принципите и критериумите со кои се насочува одлучувањето и акциите во
функционирањето на фирмата.

• Деловната политика ја утврдува врвниот менаџмент и тоа како


резултат на компаративната анализа на три групи релевантни фактори:

• Целите кои фирмата сака да ги реализира

• Можностите со кои располага фирмата

• Инструментите кои и стојат на располагање на фирмата.

• Развојната политика е рамка за одлуките и акциите со кои се


менува пазарната ориентација на фирмата, кадровската и финансиската
структура, технологијата, производствената програма, организацијата и
слично. За да ја исполни својата цел, развојната политика треба да:

• Формулира ставови на фирмата според очекуваните промени во


средината;
• Обезбеди конзистентност на одлучувањето за развојот на фирмата
како целина и неговите делови;

• Ги усогласи целите, инструментите и можностите на фирмата;

• Обезбеди единство на растот и развојот на фирмата како бизнис


систем;

• Го респектира системот на вредности и развојни цели на општеството


во кое функционира фирмата;

• Биде формулирана во облик разбирлив за сите органи и поединци кои


ја спроведуваат.

Креирање на развојната политика

Формулирањето на развојната политика се врши преку добивање одговор на


следните прашања:

 каде се наоѓа сега фирмата и зошто е тука? ;

 каде би можело да биде? ;

 каде би требало да биде? ;

 како да стигне таму?

Креирање на развојната политика


• Добивањето на одговор на овие прашања бара мошне опстојна
анализа на голем број фактори, а тоа се изведува низ повеќе фази кои
опфаќаат:

• Анализа на ситуацијата. Тоа треба да покаже во која фаза од својот


развиток се наоѓа фирмата, а потоа се утврдува местото на фирмата во
стопанската гранка на која и припаѓа и се врши компарација со сродни
претпријатија за да се утврди дали фирмата презело вистински потези или не,
и што другите претпријатија работеле па се поуспешни од него.

• Анализа на можностите. Треба да даде одговор на прашањето каде


би можело да биде фирмата. Со помош на предвидувањето се утврдува
потенцијалот за раст на фирмата. Резултатите што ќе се добијат се ставаат
во однос со предвиденото движење на екстерните фактори и се утврдува кои
можности постојат и колкаво е отстапувањето на можностите од желбите.

• Анализата на развојните цели треба да покаже каде би требало да


оди фирмата имајќи ги предвид расположливите можности и антиципираните
движења на интерните и екстерните фактори.

• Разгледувањето на стратегиски опции треба да даде одговор на


прашањето како да се стигне до избраната цел. Во оваа фаза се утврдува
атрактивноста на поодделните правци, методи и извори на раст и соодветно
на тоа се утврдува развојното однесување на фирмата.

• Тестирање кое овозможува проверка на конзистентноста на


усвоените принципи и критериуми на развојната политика, со симулација
на одделни ситуации и состојби. По завршувањето на оваа фаза
дефинитивно се усвојува одредената развојна политика.

Стратегија на развој на фирмата


Стратегијата се дефинира како начин на реализирање на целите на фирмата. Со
утврдувањето на стратегија на развојот се донесуваат плански одлуки со кои се
дефинира односот на фирмата со средината.

• Изборот на конкретна стратегија се врши врз основа на анализа на:

• покриеноста на пазарот и пазарната позиција која треба да ја


обезбеди избраната стратегија,

• конкурентната позиција до која фирмата може да дојде со изборот на


одредена стратегија, и

• финансискиот резултат кој избрана стратегија ќе го донесе.

Стратегија на развој на фирмата

• Избраната стратегија мора да биде во согласност со целите и политиката


на фирмата. Добро избраната стратегија треба да овозможи успешно користење
на можностите на фирмата и неговите конкурентски предности. Изборот на
адекватна стратегија на развој, всушност значи донесување одлуки за
правците, методите и темпото на раст на фирмата.

Правци на раст на фирмата

• Поаѓајќи од карактеристиките на пазарот и производите како основни


извори на раст, можат да се издиференцираат четири алтернативни правци
на раст на фирмата:
• Пенетрација – зголемување на продажбата на постојниот производ
на постојниот пазар,

• Развој на пазарот – зголемување на продажбата на постојните


производи на нови пазари,

• Развој на производот – воведување нови производи на постојните


пазари,

• Диверзификација – воведување нови производи на нови пазар.

• Својот раст, фирмата може да го оствари во два правци:

• Експанзија - како правец на раст, фирмата избира да го развие


постојниот пазар и да ги подобри постојните производи, што подразбира
постојана конкурентска борба со останатите производители во гранката.
Експанзијата може да се реализира преку следните стратегии: пенетрација на
пазарот, развој на пазарот, развој на производите, ширење на
производствените линии.

• Диверзификација - како правец на раст на фирмата, се карактеризира


со зголемување на бројот на производи во асортиманот на производството,
промена на производствената структура и зголемување на големината на
фирмата. Диверзификацијата може да биде:
• Хоризонтална (раст кој подразбира опфаќање во производствената
програма на производи кои меѓу себе се разликуваат по технолошката основа
и по пазарната намена, но припаѓаат на иста гранка на дејност);

• Вертикална (подразбира опфаќање на повеќе сукцесивни,


технолошки одвоени фази на производството и пласман на одредениот
производ; може да подразбира и воведување на дополнителни фази на
обработка, како и нови канали на продажба);

• Конгломератска (подразбира произведување на производи кои


припаѓаат на различни гранки на дејности; нуди големи можности за раст на
фирмата во

Методи на раст на фирмата

• Методите на раст претставуваат начин на кој фирмата ги


реализира своите развојни активности. Изборот на методот на раст зависи
од бројни интерни и екстерни фактори. Растот на фирмата секогаш е поврзан
со одредени материјални вложувања.

• Затоа, реализацијата на одделните правци на раст е условена како


од финансиските способности на самото фирма, така и од подготвеноста на
други фирми и институции да се вклучат во реализацијата на развојните
проекти. Како можни методи на раст на фирмата се издвојуваат:

Методи на раст на фирмата

• Метод на интерен раст – подразбира фирмата да се определи да


гради сопствени нови капацитети, како и да развива нови производи. За
реализација на овој метод на раст неопходно е фирмата да располага со
значителни финансиски средства, да има соодветен кадровски потенцијал, и
да е подготвено да преземе ризик на пазарот.

• Метод на екстерен раст – се сведува на интеграција на фирмата со


други фирми кои веќе имаат одредени капацитети и произведуваат одредени
производи. Овој метод зависи пред се од заинтересираноста на
потенцијалните партнери да се здружат, односно од постоењето заеднички
интерес кој би се постигнал со интеграцијата.

Методи на раст на фирмата

• Комбиниран метод на раст – се остварува со комбинација на


интерниот и екстерниот метод на раст, и претставува најефикасен начин да се
оптимизира големината и структурата на фирмата, како и работењето на
одредена гранка.

• Joint Venture – денес го користат главно меѓународните корпорации.


На тој начин тие вршат пробив на пазарите за кои се заинтересирани,
обезбедуваат пристап на ретки природни ресурси, и сл. Исто така тие ја
користат евтината работна сила на земјата во која вложуваат, како и
нејзините пазари.

Темпо на раст на фирмата

• Темпото на растот претставува брзина со која фирмата ја менува


својата големина. Може да се измери по пат на стапката на раст на
основните компоненти на големината на фирмата, бројот на вработени,
силата на инсталираниот капацитет, вкупниот приход и слично.

• Темпото на раст е условено од дејството на низа екстерни и интерни


фактори меѓу кои позначајна улога имаат: почетната позиција на фирмата,
состојбата со условите за стопанисување, оддалеченоста на целите кои
фирмата сака да ги постигне и др.
Темпо на раст на фирмата

• Темпото на раст треба да се одреди во зависност од методите и


правецот на раст. Со примена на методот на екстерен раст, фирмата е во
можност побрзо да расте и да се развива, додека кај интерниот раст тој
процес е многу побавен.

• Управувањето со темпото на раст е показател за способноста на


менаџментот на фирмата да ги искористи можностите од средината со цел да
обезбеди што поуспешно работење на фирмата во иднина.

You might also like