You are on page 1of 13

Млекара А.

Д Битола

Индустријата за млеко, млечни производи и сокови, „ИМБ-млекара


А.Д.Битола“, со традиција уште од 1952 год., денес е најголемиот
производител на млеко и млечни производи, задоволувајќи ги потребите на
повеќе од милион потрошувачи. На почетокот од нејзиното основање е
формирано Млекарско претпријатие „Млекар“ кое е формирано од повеќе
трговски претпријатија и тогаш нејзиниот дневен капацитет изнесувал 10.000
литри. Во фокусот на деловната стратегија на компанијата се наоѓаат
потрошувачите и од нивните потреби и желби започнуваат сите деловни
активности и процеси во поглед на развојот, стандардизацијата и
модернизацијата на производството.

Слика 4 - „ИМБ-млекара А.Д.Битола“

1
1. На кој медиум најчесто сретнувате реклама за „ИМБ-млекара Битола“?

Одговорите се дадени во следната табела:

Медиум Испитаници

Радио/телевизија 12

Печат 13

Интернет 14

Друго, билборди, натпревари 11


итн.
Табела 1. Најчесто користени медиуми

Графикон 1. Покриеност на медиуми

2
Од графиконот јасно се гледа дека „ИМБ-млекара А.Д.Битола“успешно ги покрива
сите медиуми за промоција на своите услуги.

2. Дали користите некое од средствата за електронска комуникација и


информирање како е-маил, социјални мрежи?

Одговорите се дадени во табелата:


Испитаници

Не 3

Да 47

Табела 2. Користење на средства за електронска комуникација

Графикон 2. Употреба на МИС

Од графиконот се воочува дека средствата за електронска комуникација на


„ИМБмлекара А.Д.Битола“одлично функционираат и се
прифатени од страна на потрошувачите.

3
3. Дали се согласувате дека профилот на Фејсбук на „ИМБ-млекара Битола“ е
доволно информативен како маркетинг средство?

Одговорите се следни:
Испитници

Цврстo не се согласувам 2

Не се согласувам 5

Неутрален 6

Се согласувам 20

Целосно се согласувам 17

Табела 3.Профилот на „ИМБ-млекара Битола“ на Фејсбук како информативно


средство

Графикон 3.Фејсбук како информативно средство

Од графиконот се воочува дека потрошувачите го имаат прифатено Фејсбук како


информативно средство.

4
4. Колку сте запознаен/а со цените на производите на „ИМБ-млекара Битола“
преку користењето на социјалните мрежи ?

Одговорите следат во табелата:


Испитници

Не сум запознаен/а 9

Недоволно запознен/а 11

Доволно запознаен/а 30

Табела 4. Запознаеност со цените на „ИМБ-млекара Битола“ преку користењето


на социјалните мрежи

Графикон 4. Запознаеност со цените

Од графиконот се воочува дека социјалните мрежи се користат и како


информативно средство преку кои стигнуваат податоци до потрошувачите за
цените на производите на „ИМБ-млекара Битола“.

5
5. На кој друга социјална мрежа освен Facebook, имате сретнато реклама на
„ИМБмлекара Битола“?
Испитници

Twitter 15

LinkedIn 7

Bebo 8

MySpace 14

Orkut 6

Табела 5.Социјални мрежи кои се користат како маркетинг средства

Графикон 5. Социјални мрежи

Од графиконот се воочува дека покрај Фејсбук се користат и други социјални


мрежи како маркетинг информативно средство.

6
6. Кој од елементите на маркетинг комуникацискиот микс најчесто сметате дека
се користат на социјалните мрежи?

Одговорите следат во табелата:


Испитници

Економска пропаганда 14

Продажна промоција 7

Односи со јавноста 8

Директен (он-лајн) маркетинг 21

Табела 6.Елементи на маркетинг комуникацискиот микс кои се користат на


социјалните мрежи

Економска пр

28% Продажна пр
42%

Односи со јав

14%
Директен (он
16% маркетинг

Графикон 6. Елементи на маркетинг комуникацискиот микс

Од графиконот се воочува дека најповеќе се користи директинот односно он-лајн


маркетингот, па по него следи економската пропаганда , додека продажната
промоција и односите со јавноста се со помал процент на користење.

7
7. Кои од каналите на директниот (он-лајн) маркетингот, сметате дека најчесто се
користат:

Одговорите следат во табелата:


Испитници

Директна пошта 3

Телемаркетинг 2

Веб-страна 12

Каталошки маркетинг 9

Електронска пошта 10

Социјални мрежи 14

Табела 7.Канали на директинот (он-лајн) маркетинг

Графикон 7. Канали на директниот маркетинг

8
Од графиконот се воочува декасите канали на директниот (он-лајн) маркетинг се
користат , освен телемаркетингот и директната пошта кои се користат во помал
процент.

8. Дали имате учествувано во некоја наградна игра на „ИМБ-млекара Битола“ ?

Одговорите се следни:
Испитаници

Не 5

Да 45

Табела 8. Учество во наградните игри на „ИМБ-млекара Битола“

9. Дали според Вас рекламата на Фејсбук може да поттикне купување на


производот на „ИМБ-млекара Битола“ ?

Одговорите се следни:

Испитаници

Не 6

Да 44

Табела 12.Побарувачка на производите од „ИМБ-млекара Битола“

9
Графикон 12. .Побарувачка на производите од „ИМБ-млекара Битола“

Од графиконот се воочува деканаградна игра„Битолското чупе на пат околу


светот“ позитивно ќе се одрази врз побарувачката на производите од „ИМБ-
млекара Битола“, односно побарувачката значително ќе се зголеми.

10. Колку сте запознаени со производите на „ИМБ-млекара Битола“ преку


користењето на социјалните мрежи како медиуми за комуникација?

Одговорите се следни:

Испитаници

Недоволно запознаени 14

Доволно запознаени 36

Табела 13. Запознаеност со производите на „ИМБ-млекара Битола“ преку


користењето на социјалните мрежи

10
Графикон 13.Запознаеност со производите на „ИМБ-млекара Битола“

Се воочува дека испитаниците се добро запознаени со производите на „ИМБ-


млекара Битола“ преку користењето на социјалните мрежи, односно дека
социјалните мрежи освен што ги користат како средства за комуникација, исто
така ги користат и како средства за информирање и запознавање со разни
производи.

11. Дали цената на млечните производи на „ИМБ-млекара Битола“, споредно со


другите млечни производи на други млекари во Македонија е:

Одговорите се дадени во табелата:


Испитници

Пониска 11

Иста 37

Повисока 2

11
Табела. 14Споредба на цената на производите на „ИМБ-млекара Битола“, со
другите млекари во Република Македонија

Графикон 14. Висина на цените

Графиконот покажува слично ниво на цените на производите на „ИМБ-млекара


Битола“како кај конкурентите, што значи дека во иднина треба да се засили
маркетинг миксот во поглед на намалување на цената, со цел привлекување на
потрошувачи.

 Дискусија

Од резултатите на истражувањето се потврдува дека „ИМБ-млекара Битола“ ја


креира својата стратегија за маркетинг комуникации врз основа на квалитетни
маркетиншки информации, а потврда за тоа се резултатите од истражувањето за
ставот на клиентите.

12
Компанијата согласно на одговорите знае каде да ги насочи енергијата и
средствата при процесот на рекламирање.

„ИМБ-млекара Битола“,мораат да ги идентификуваат клучните активности


кога станува збор за рекламирање на социјалните мрежи и нивното користење за
бизнис цели. Тие треба да бидат повеќе присутни на социјалните мрежи и повеќе
да ги користат елементите на маркетинг комуникацискиот микс на истите , каде
можат да ги промовираат своите производи и услуги и ќе бидат во постојан
контакт со своите купувачи и исто така ќе бидат во тек со најновите случувања во
светот, ќе споделуваат и ќе учествуваат во креирање на тие случувања.

Трудот преку истражувањеспроведено на корисници на производите на


„ИМБмлекара Битола“, укажува на важноста на техниките на маркетинг
комуницирањето,со посебен осврт на елементите на маркетинг комуникацискиот
микс и нивното користење на социјалните мрежи, кои компаниите треба да ги
користатза задржувањето на постојаните и привлекување на нови купувачи и
создавање кај нив чувство на доверба и лојалност кон нив.

13

You might also like