You are on page 1of 9

АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ

Предавање бр. 3

Проф. д-р Оливера Ѓоргиева - Трајковска


ГЛАВА II - ВОВЕДНИ РАЗГЛЕДУВАЊА ВО ВРСКА СО АНАЛИЗАТА НА
ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ

Поим, предмет и цели на анализата на финансиските извештаи

• За успешно работење на компанијата, како и успешно спроведување на


процесот на ревизија на нејзиното работење, неопходно е добро познавање на
основните поставки на анализата на финансиските извештаи.
• Суштината на дефинирањето на поимот анализа на финансиските извештаи
се наоѓа во разбирањето на анализата како процес кој е посветен на
набљудување, испитување, оценка и формулирање на дијагноза за оние
процеси кои се случиле во компанијата и кои како такви се содржани и
соодветно изразени во рамки на финансиските извештаи. Финансиската
анализа претставува целосно “истражување, квантифицирање, опис и оценка на
финансиската состојба и успешност на работењето на компанијата “

• Од наведената дефиниција произлегува дека предмет на анализа


претставуваат финансиските извештаи, поточно годишниот извештај на
компанијата, кој ги содржи: билансот на состојба, билансот на успех, извештајот за
готовински текови, извештајот за промена на капиталот, белешките и ревизорскиот
извештај.
• Покрај овие задолжителни елементи на годишниот извештај, предмет на
анализа претставуваат и останатите сегменти од годишниот извештај, кои не се
задолжителни, како што е обраќањето на менаџментот до акционерите на
компанијата (Letter to shareholder) и дополнителните дискусии и анализи од
менаџментот (Management Discussion and Analysis).

• Целите на анализата на финансиските извештаи може да се поделат на


општи и посебни цели.
• Општите цели на анализата се однесуваат на согледување на способноста
за остварување на заработувачка на компанијата (рентабилност, профитабилност,
успешност) и на нејзината финансиска состојба, нејзините парични текови и
промени во капиталот, се со цел за обезбедување на информации за корисниците
(нарачателите) на анализата.
• Со оглед дека корисници на финансиската анализа се сите стејкхолдери,
така и посебните цели на анализата на финансиските извештаи се однесуваат на
задоволување на потребите од информации различните стејкхолдери.

• Во сметководствените стандарди сите корисници на финансиските


извештаи се нарекуваат стејкхолдери, кои се делат на две групи – интерни
корисници (менаџери, вработени) и екстерни корисници (инвеститори во акции и
обврзници, кредитори, државни органи, деловни партнери, синдикати и други
организации).
• Кога зборуваме за корисниците на финансиските извештаи, најзначајни
се инвеститорите во акции (equity investors) и кредиторите (bond investors,
banks), односно оние корисници кои обезбедуваат капитал за компанијата и како
такви и овозможуваат на компанијата да биде деловно способна.

• Согласно Рамката за подготвување и презентирање на финансиските


извештаи, основната цел на сметководството е да обезбедува информации за
способноста на претпријатието да создава пари и парични еквиваленти, како и
информации за проценка на динамиката и извесноста на паричните текови.
• Оваа способност се дефинира како способност на корисникот
(стејкхолдерот) да преку сметководствените информации, дојде до објективни
податоци за тоа дали компанијата ќе исплати дивиденда (принос на инвеститорот),
камати (принос на кредиторите), дали ќе ги исплати тековните обврски кон
добавувачите за материјали, опрема, обврските кон фискалните органи (даноци),
како и дали на време ги произведува и испорачува своите производи на
купувачите.

• Интерните и екстерните корисници на информации за работењето на


компанијата се наоѓаат во меѓусебна интеракција. Овде се работи за два вида на
интеракција помеѓу корисниците (стејкхолдерите):
а) интеракција помеѓу менаџментот на компанијата и сопствениците
(акционерите);
б) интеракција меѓу менаџментот на компанијата и кредиторите (банки и
останати кредитори).

• Екстерните корисници кои можат да имаат директно влијание на


менаџментот на компанијата се акционерите, кои поседуваат редовни, обични
акции. Обичните акции им даваат на акционерите право на глас, преку кој
акционерите можат да влијаат врз креирањето на деловната политика, целите на
компанијата, но и да остваруваат контрола на менаџментот, бидејќи нивното
управување зависи од остварените деловни резултати.
• Основната цел на акционерите е да го насочат менаџментот кон
генерирање на позитивни резултати, со што би се исплатиле дивиденди, или преку
зголемување на цената на акциите на финансискиот пазар, преки кои би се
остварила капитална добивка.

• Кредиторите ги штитат своите вложувања во компанијата на тој начин што


во договорите за кредит внесуваат рестриктивни клаузули, со кои се бара од
менаџментот на компанијата да ги одржува одделните финансиски индикатори во
зададените граници (показателот за односот помеѓу долгот и сопствениот капитал,
показателите за општа и тековна ликвидност, и сл.).
• Кредиторите, исто така, поставуваат рестриктивни клаузули со кои се
дефинираат границите на распределба на остварената добивка на компанијата, на
кој начин се заштитуваат од претерано големиот одлив на добивката преку
дивиденди на акционерите.

• Освен споменатото, како посебна цел на финансиската анализа се вбројува


и предвидувањето, односно можноста за утврдување на идната вредност на
компанијата. Инвеститорите и кредиторите, всушност најчесто ги користат
информациите од финансиската анализа за оваа цел.
• Сметководствените информации се користат во одредени статистички
модели, врз основа на кои се предвидува способноста на компанијата за
континуирано работење (моделот free cash flow) или пак се предвидува нејзиниот
банкрот (моделот Altman Z-score).

• Разликата помеѓу книговодствената вредност на претпријатието како целина


и неговата суштинска вредност, е резултат на следните фактори:
а) сметководствените извештаи не содржат информации за идните перспективи
на работење на претпријатието во окружувањето во кое работи;
б) сметководствените стандарди оневозможуваат признавање на одредени
настани и трансакции кои имаат влијание врз идната способност на
претпријатието да генерира парични текови, и
в) менаџерите се пристрасни при проценувањето на билансните позиции.

Извори на податоци за финансиско известување


• Од сите извештаи кои компанијата ги издава првенствено за своите
акционери, со сигурност еден од најважните е годишниот извештај. Во овој
извештај се содржани два вида на информации
 Прво, вербалниот дел, најчесто презентиран како обраќање од топ
менаџментот, ги опишува оперативните резултати на компанијата за изминатата
година, како и главните развојни планови кои ќе влијаат на идните активности и
работење

 Вториот дел на годишниот извештај ги презентира четирите основни


финансиски извештаи: извештајот за финансиската позиција на компанијата или
билансот на состојба, извештајот за остварениот профит и загуба или билансот на
успех, извештајот за паричниот тек и извештајот за акумулирана добивка

• Земени заедно, овие извештаи даваат сметководствена слика за


оперативната и финансиска состојба на компанијата
• Подготвени и користени правилно, финансиските извештаи ги откриваат
можностите на работењето и истовремено обезбедуваат заштита од финансиски
малверзации
• Билансот на состојба дава слика на финансиската состојба на компанијата
во даден временски момент. Тој претставува листа на средствата со кои располага
компанијата и на изворите на тие средства (нивното потекло): од разни
надворешни извори и сопственички капитал
• Билансот на успех (извештајот за остварената заработувачка) покажува
колку била успешна компанијата во еден однапред специфициран период, т.е.
остварениот резултат од редовното работење
• Подготвувањето на билансот на успех е воден од принципот на
спротивставување, според кој работењето на компанијата може да биде
измерено само доколку приходите и соодветните расходи се пресметуваат за ист
временски период
• Извештајот за готовинските (парични) текови ги опфаќа паричните
примања и плаќања во моментот на нивното настанување, групирани според
оперативните, инвестициските и финансиските активности

• Во извештајот за акумулираната добивка се објавуваат износите и


причините за промените во главнината, капиталот на компанијата, како резултат
на капиталните трансакции со сопствениците
• Доста често во литературата се среќаваат расправи за тоа кој од четирите
финансиски извештаи е најважен
– За приврзаниците на билансот на состојба овој извештај покажува каде се
наоѓа компанијата денес, по ефектуирањето на сите настани и трансакции кои
нашле одраз во билансот на успех и извештајот за паричниот тек
– Аналитичарите кои даваат предност на билансот на успех сметаат дека
компанијата постои за да „прави“ пари и бидејќи билансот на успех е тој кој
покажува колку компанијата заработила, го ставаат овој извештај на приоритетно
место
– Приврзаниците на извештајот за паричен тек веруваат дека парите
претставуваат сè и дека знаејќи од каде доаѓа готовината и каде се троши, се знае
сè што е важно за бизнисот; она што се бара од еден бизнис откако сè ќе се каже и
направи, се парите
• Објективно гледано, секој од овие финансиски извештаи ни раскажува по
еден дел од приказната за постоењето на компанијата. Овие четири финансиски
извештаи, проширени со белешките и дополнителните прегледи, се меѓусебно
поврзани
• Друг извор на податоци за финансиско известување претставуваат
Белешките и другите дополнителни обелоденувања
• Белешките се интегрален дел на финансиските извештаи и обезбедуваат
податоци за сметководствените методи, претпоставките и проценките кои
што се користат од страна на менаџментот на компанијата, за обелоденување на
податоците во финансиските извештаи
• Нареден извор на финансиски информации претставуваат акционерските
извештаи кои содржат корисни дополнителни финансиски и статистички
податоци, како и коментари од страна на менаџментот на компанијата
• Многу компании подготвуваат периодични „книги на податоци“, кои содржат
дополнителни финансиски податоци и податоци за редовното работење
• Списанијата на компанијата, наменети за јавноста, исто така обезбедуваат
нови информации на периодична основа
• Компјутерските услуги и различните Интернет услуги, како и извештаите
за инвестициското истражување и публикациите на конкуренцијата,, се меѓу
изворите што може да ги дополнат изворите на финансиски податоци за
компанијата која е предмет на анализа
• Сеопфатната анализа на компанијата и добивањето реална слика за
нејзиното работење и остварениот резултат бара употреба на сите горенаведени
извори на податоци за финансиско известување

Подготовка за аналитичко испитување


• Под подготовка за аналитичкото испитување ги подразбираме сите оние
работи кои аналитичарот треба да ги изврши пред да пристапи кон самата
анализа
• Се работи, од една страна, за знаења што тој ги нема или ги има во
недоволна мерка, а кои при аналитичкото испитување ќе му бидат потребни, и од
друга страна, што тој треба да пречисти некои основни податоци што ги дава
сметководството, односно финансиските извештаи на претпријатието
• Кога аналитичарот добива задача да изврши анализа на едно конкретно
претпријатие, мора да има познавања за технолошките процеси кои се
применуваат, за видот на производството кој е застапен кај конкретното
претпријатие, и доколку тие се различни, предностите и недостатоците на секој од
нив

- Аналитичарот мора да ги надополни своите знаења во врска со можноста за


набавка на најважните суровини и продажба на готовите производи на
претпријатието

• Друга група работи која спаѓа во подготовка за аналитичкото испитување се


оние работи во врска со расчистувањето на податоците на сметководството,
односно на билансите
- Мошне често овие податоци не се од таков карактер за да можат да се земат
како сосема реални, туку нивната реалност треба да се преиспита. Тоа е
случајот со прекумерните и замрзнатите залихи, со спорните и сомнителни
побарувања, како и со другите видови намалувања на средствата
- многу важно е да се утврди на кој начин е вреднуван потрошокот на
материјалите и на постојаните средства – амортизацијата (последици од
постоење латентни резерви и сокриени загуби)

Финансиските извештаи како предмет на анализа


• Финансиските извештаи претставуваат збир на информации за
финансиската состојба, успешност, промената на капиталот и паричните текови на
една компанија, а истовремено и функционална и временска заокружена целина
на деловните процеси кои се случиле во една компанија и како такви,
претставуваат основа за секоја рационална анализа.
• Наредните излагања ги опфаќаат активностите кои создаваат вредност и
кои својата материјализација ја наоѓаат во билансот на состојба, билансот на
успех, извештајот за готовински текови и извештајот за промена на капиталот, како
и белешките, кои претставуваат интегративен дел на годишниот извештај.

Активности кои создаваат вредност


• Една компанија постанува деловна способна преку емисија на акции и
обврзници на финансискиот пазар.
– Преку емисијата и продажбата на акции компанијата прибира капитал од
сопствениците;
– преку емисијата и продажбата на корпоративните обврзници стекнува
капитал од доверителите (купувачи на обврзниците),
– додека преку кредитните активности се стекнува капитал од големите
кредитори, како што се банките.
• Во тој контекст, организациите и поединците кои обезбедуваат капитал
се сметаат за клучни стејкхолдери на една компанија.
• Сите активности на компанијата се насочени кон креирање на вредност за
сопствениците и доверителите. Создавањето на вредност за овие интересни групи
се одвива преку три вида на активности:
– Финансиски,
– Инвестициски и
– Оперативни.

• Финансиските активности го одредуваат односот на компанијата со


сегашните и потенцијалните сопственици и кредитори. Во овие активности се
вбројуваат прибирањето на капитал од сопствени и позајмени извори.
• Прибавениот капитал од овие извори се вложува во набавка на постојани и
обртни средства, неопходни за обавување на дејноста на компанијата. Овие
активности се однесуваат на вложување на средствата кои се претходно
обезбедени преку финансиската активност, поради што и се нарекуваат
инвестициони активности.
• Работењето на една компанија се материјализира преку вршење на
оперативните активности. Оперативните активности се поврзани со
остварување на клучните приходи (приходи од продажба и други приходи) и
клучните расходи (трошоци за амортизација, плати и останати трошоци).
• Оперативните активности на компанијата се опредметени во билансот
на успех.
• Инвестициските активности се материјализирани во билансот на
состојба, исто така и финансиските активности.
• Извештајот за готовински текови и извештајот за промена на капиталот
претставуваат изведени извештаи, кои се сочинуваат врз основа на билансот на
состојба и билансот на успех.
• Сите финансиски извештаи земени заедно, им обезбедуваат информации
на инвеститорите и кредиторите како клучни корисници, за успешноста на
работењето (биланс на успех), финансиската состојба (биланс на состојба),
паричните текови (извештајот за готовински текови) и промената во капиталот
(извештај за промена на капиталот).

• Сите споменати активности претставуваат деловни настани (трансакции)


кои ги евидентира сметководството и кои на крајот на годината ги сумира во
финансиските извештаи за периодот.
• Значи, сите активности на една компанија се материјализирани во следните
финансиски извештаи :
– Биланс на состојба,
– Биланс на успех,
– Извештај за готовински текови
– Извештај за промена на капиталот.
• За анализа на работењето на компанијата како целина, како предмет на
анализа се јавуваат сите финансиски извештаи.
• Само на тој начин може да се согледа целосното работење на некоја
фирма. Изоставувањето од анализата на било кој од наведените извештаи би го
довел аналитичарот до погрешни заклучоци и таквата анализа не би ја прикажала
потполната слика на сите активности кои создаваат вредност за компанијата

You might also like