You are on page 1of 15

Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

„Економски факултет“ – Штип

Семинарска работа по предмет:

Основи на сметководство

на тема:

Основи на сметководствени биланси

Ментор: Изработиле:
Проф. д-р Благица Колева Софче Бурова
Бр. на индекс: 083821
Симона Макаренко
Бр. На индекс: 083799

Штип, 2019
Основи на сметководствени биланси

Содржина:

Апстракт............................................................................................................................3
Abstract..............................................................................................................................4
Вовед.................................................................................................................................5
1. Сметководствени биланси.......................................................................................6
1.1. Средства..............................................................................................................8
1.2. Обврски.............................................................................................................10
1.3. Капитал..............................................................................................................11
1.4. Приходи.............................................................................................................12
2. Расходи.................................................................................................................13
Заклучок..........................................................................................................................14
Литература.....................................................................................................................15

2
Основи на сметководствени биланси

Апстракт

Сметководството помага во процесот на одлучување преку прикажување


каде и кога компанијата ги троши парите и создава обврски, обезбедувајќи
информации за оценка на финансиските перформанси и прикажувајќи
финансиски импликации од направениот избор од едната наместо од другата
алтернатива. Сметководството исто така помага при предвидување на идните
ефекти на одлуките, а помага и при насочување на вниманието кон тековните
проблеми и недостатоци, како и при откривање на потенцијални можности.

Сметководствените биланси се дел од сметководството како од деловното


работење така и од теоретската елаборација. Така со помош на овие биланси
екстерните корисници може да донесат важни одлуки. Како екстерни корисници
се: акционерите, добавувачите, банките и владините агенции.

Значи во продолжение ќе стане збор за основните на сметководствените


биланси.

Клучни зборови:средства, капитал, приходи, расходи, биланси

3
Основи на сметководствени биланси

Abstract

Accounting helps in decision-making by showing where and when the company


spends money and creates obligations, providing information for assessing financial
performance and presenting financial implications of the choices made by one rather
than the other alternative. Accounting also helps in predicting future effects of decisions
and helps in drawing attention to the current problems and shortcomings, as well as
detection of potential opportunities.

The accounting balances of accounting as from business and from theoretical


elaboration. Tak with these balances external users can take important decisions. As
external users, shareholders, suppliers, banks and government agencies.

So the sequel will focus on the basic of accounting balances.

Keywords: assets, equity, income, expenditures, balances

4
Основи на сметководствени биланси

Вовед

Сметководството ги прибира и класифицира економските информации кои


им се потребни на корисниците за донесување на одлука. Сметководството ги
презентира главните информации во извештаите кои се наречени
сметководствени биланси. За да се изготват овие биланси сметководителите
анализираат, евидентираат, квантифицираат, акумулираат, сумираат,
класифицираат, известуваат и интерпретираат за економските настани и за
нивните финансиски ефекти врз организацијата.

За сметководството може да се каже дека претставува систем на


идентификување, мерење и размена на информации кој ќе овозможи донесување
на одлуки од страна на корисниците на информациите. Исто така за
сметководството може да се каже дека претставува комплетна функција на
сметководствено евидентирање, планирање, контрола и анализа на
сметководствените податоци и презентирање на податоците т.е преку
планирањето, контролата, анализата и компјутерската обработка во современи
услови на дејствување што станува важен инструмент за ефикасно управување со
деловниот ентитет.

Сметководствениот систем на компанијата подразбира серија на чекори


преку кои првично се евидентира информацијата и се преработува во Биланс или
финансиски извештај. Сметководителите ја анализираат информацијата која им е
потребна на менаџерите и на останатите корисници потоа го креираат
сметководствениот систем на начин кој најдобро ќе излезе во пресрет на нивните
барања. Книговодителите со помош на компјутерски програми понатаму
извршуваат рутински задачи на прибирање и обработка на економски
информации. Реалната вредност на секој сметководствен систем лежи врз
информацијата која ја обезбедува тој систем.

Во овој труд ќе стане збор за основите на сметководствените биланси.

5
Основи на сметководствени биланси

1. Сметководствени биланси

Сметководствените промени што се јавуваат како резултат на


сметководствените настани во текот на пресметковниот период се книжат во
хронолошка и системска евиденција. Промените на средствата и изворите како и
на приходите и расходите се книжат на соодветни сметки. Сите промени на крајот
на периодот ќе се најдат групирани во сметките на коишто поединечно можат да
се видат состојбата и промените на секое посебно средство и извор, приход и
расход. Целокупноста на средствата и изворите и целокупноста на приходите и
расходите на крајот на пресметковниот период се согласуваат низ два биланса-
биланс на состојба и биланс на успех.

Билансот на состојба е тој кој претставува преглед на сите средства и извори


на определен ден, групирани според определени правила. Билансот на успехот
претставува преглед на сите приходи и расходи на определен ден групирани
според определени правила. Системот на евиденција на принципите на двојно
книговодство е така поставен, што двата биланса произлегуваат од него како
резултат на книжењата и сумирањата што се вршат на крајот на пресметковниот
период. Денес се сочинуваат и други прегледи, покрај овие два биланса, меѓутоа
билансот на состојба и билансот на успех се два прегледи што се имплицитни на
системот на евиденцијата и многу одамна станале составен дел на
евиденциониот систем. Би можело да се каже дека значењето на овие два
биланса постојано се зголемувало, а почнувајќи од крајот на 19 век, билансите
добиле своја посебна улога, со анализата на билансите со која што се оценува и
испитува финансиското работење на фирмите.

Сметководствените биланси на почетокот се составувале пред се да се докаже


исправноста на книжењата и валидитетот на сметководствената постапка. Со
време тие добиле улога на преглед за презентирање на целокупноста на
средствата и изворите, како и приходите и расходите. Билансите на почетокот не
се сочинувале редовно секоја година, ниту пак секојпат биле врзани точно за
крајот на годината.

6
Основи на сметководствени биланси

Исто така на почетокот билансите служеле само за интерни потреби. Од


последните децении на 19 век, билансите се презентираат и на надворешните
лица и институции. Презентирањето на билансите надвор од претпријатието,
најпрвин го изнудиле банките и слични кредитни институции. Добивањето кредит
било условувано со увид во состојбата на средствата и обврските, а подоцна и во
приходите и расходите. Подоцна билансите почнале да се презентираат и на
други лица, на некои државни институции, на акционерите, и со текот на времето
станал достапни за најшироката јавност и за секој заинтересиран. Билансите се
користат честопати и за рекламни цели. Фактот дека во сметководството
слободен влез им е дозволен само на определен број на луѓе, дури и од
претпријатија, зборува за тоа дека фактичката состојба има конспиративен
карактер. Според тоа, со сигурност може да се очекува, сопственикот по секоја
цена да настојува да ја прикрие реалната состојба, да ја замагли, да ја прикаже во
нејзина форма и тоа со цел да го спречи објективното оценување на фактичката
состојба на средствата и на изворите, како и на приходите и расходите.

Долго време на билансот на состојба му се придавало поголемо значење во


споредба со билансот на успехот, причината за тоа е тогашниот начин на
оданочување, верувањето за тоа дека големината на средствата е гаранција за
даден кредит и фактот дека билансот а успех од почетокот носел конспиративни
обележја.

Големо знаење на билансот како средство за анализа на работењето имало


за последица сестраното осветлување на проблематиката поврзана со нив. Во
врска со тоа развиени се методи за анализа, усовршувани се средствата за
анализа подигната е на високо ниво аналитичката постапка, како научна
дисциплина, позната како наука за билансот, анализа на билансот.

Врз основа на анализата на билансот поаѓа од сознанијата за начинот на


рефлектирање на сметководствените промени во структурата на билансите.
Сметководствените промени го одразуваат работењето на фирмите преку
финансиски изрази. Знаејќи како се одразуваат овие промени во структурата на
билансите по пат на анализа, на билансите се врши анализа на работењето.

7
Основи на сметководствени биланси

Целта на анализата на балансите, се работи не е само да се констатира


состојбата на средствата изворите на приходите и расходите. Далеку поголемо
значење во анализата на билансот им се придава на утврдувањето на причините
за појавените негативности а исто така и активностите што треба да се преземат
за подобрување на резултатите од работењето. Анализата понатаму, вклучува
предлагање на мерки, негативностите и пропустите да се отстранат, проблемите
да се надминат, со што позитивните резултати доаѓаат до поголем израз.

2. Основи на сметководствените биланси

Сметководствените биланси ги прикажуваат финансиските ефекти на


трансакциите или други настани, така што ги групираат во големи класи според
нивните економски обележја. Овие големи класи се основата на
сметководствените биланси односно нивните елементи. Така овие елементи се во
директен однос со мерење на финансиската состојба во билансот на состојба се
средствата, обврските и капиталот. Елементите кои се во директен однос со
мерењето на успешноста во билансот на успех се приходите и расходите.
Извештајот за промените на финансиската состојба обично се одразува на
елементите на билансот на успех и промените на елементите во билансот на
состојба.

2.1. Средства

Средството е ресурс кој го контролира претпријатието како резултат на


минатите настани и од кој се очекува прилив на идни економски користи во
претпријатието.

Идната економска корист која ја содржи средството е потенцијал кој


директно или индиректно предизвикува прилив на пари и еквиваленти на пари во
претпријатието. Така овој потенцијал може да биде производствен потенцијал кој
е дел на деловните активности на претпријатието, исто така тој може да поприми

8
Основи на сметководствени биланси

природен облик на пари или еквиваленти на пари или во способност да го намали


одливот на пари.

Средствата на претпријатието се резултат на минати трансакции или други


минати настани. Претпријатието обично прибавува средства со купување или
нивно производство, иако може да ги прибави истите и со други трансакции или
настани, пример претставува случајот кога претпријатието добива недвижност од
државата како дел од програмата за поттикнување на економскиот раст на
одредено подрачје и откривање на рудни наоѓалишта.

Во продолжение е даден дел од биланс на состојба со приказ на


средствата.

Слика бр.1 Позиција Средства-пример Винарија Тиквеш, Биланс на состојба

2.2. Обврски

Основното обележје на обврските е претпријатието да има тековна обврска.


Обврската е должност и одговорност да се постапи кон извршување на одреден

9
Основи на сметководствени биланси

начин. Обврските можат да бидат законски извршни како последица на договорот


што обврзува или законско барање.

Исто така треба да се направи разлика помеѓу сегашни и идни обврски.


Одлуката на менаџментот на претпријатието да набави средства во иднина не
значи само по себе настанување на сегашна обврска. Обврските обично
настануваат само кога средството е испорачано или кога претпријатието заклучи
неотповиклива природа на спогодба за прибавување на средството.

Подмирувањето на сегашните обврски обично вклучува отстапување на


ресурсите на претпријатието кои содржат економски користи, за да се задоволи
барањето на другата страна. Сегашната обврска може да се подмири на повеќе
начини на пример преку:

 плаќање со пари
 пренос на други средства
 давање на услуги
 замена на обврската со друга обврска или
 претварање на обврската со капитал.

Обврската може да згасне и на други начини, како кога доверителот ќе се


одрекне или ќе ги загуби своите права.

Некои обврски можат да се вреднуваат само ако се примени голем степен


на проценка. Некои претпријатија ги искажуваат таквите обврски како
резервирања. Во некои земји таквите резервирања не се сметаат за обврски
бидејќи содржината на обврската е тесно дефинирана, така што ги вклопува само
износите кои можат да бидат утврдени без проценка.

10
Основи на сметководствени биланси

Слика бр. 2 Пример-Капитал и обврски, Биланс на состојба

2.3. Капитал

Капиталот претставува остаток на средства на претпријатието, откако ќе се


одбијат сите негови обврски. Во финансиските извештаи, на едно акционерско
друштво, капиталот може да се подкласифицира како: уплати на акционерско
друштво, задржана добивка, резерви кои го чинат наменскиот дел на задржаната
добивка и резерви за зачувување на капиталот. Таквите класификации можат да
бидат значајни за корисниците на финансиските извештаи, при донесување на
одлуки, кога укажуваат на законските или другите органичувања во врска со
способноста на претпријатието да го распределува или на друг начин користи
својот капитал. Исто така укажуваат дека странките со сопственички удели во
претпријатието имаат различни права во однос на примањата на дивиденди или
враќање на капиталот.

Износот на капиталот се прикажува во билансот на состојба и зависи од


мерењето на средствата и обврските. Вообичаено, вкупниот износ на капиталот
само случајно се поклопува со вкупната пазарна вредност на акциите на
претпријатието или сумата која би можела да се добие со продажба било на нето
средствата врз поединечна основа, било на претпријатието како целина според
начелото на неограничено време на работење.

11
Основи на сметководствени биланси

2.4. Приходи

Приходите се зголемување на економските користи во текот на


пресметковниот период во облик на прилив или зголемување на средствата или
намалување на обврските, што има за последица зголемување на капиталот, но
се поинакви од оние зголемувања во врска со упатите од странана сопствениците.

Приходите всушност се тие кои произлегуваат до редовните активности на


претпријатијата, а се означуваат со различни називи, вклучувајќи приходи од
продажба, надомести, камати, дивиденди, тантиеми, и наемнини. Покрај овие
постојат и вонредни приходи кои произлегуваат до вонредните активности на
претпријатие. Во продолжение на сл. 3 даден е пример на приходи во позиција во
биланс на успех.

Слика бр.3 Приходи-Биланс на успех

Значи како што може да се види и од слика бр.3 приходот се признава во


билансот на успехот кога зголемувањето на идните економски користи е поврзано
со зголемување на средствата или намалување на обврските кои можат со
сигурност да се измерат.

12
Основи на сметководствени биланси

3. Расходи

Расходот е намалување на економските користи во текот на


пресметковниот период во облик на одливи или намалување на средствата или
создавање на нови обврски што за последица има намалување на капиталот, но
поинакво намалување од она во врска со распределбата помеѓу сопствениците.

Дефиницијата на расходите ги опфаќа загубите како и оние трошоци кои


произлегуваат до редовните активности на претпријатието. Расходите кои
произлегуваат до редовните активности на претпријатието вклучуваат на пример,
трошоци за продажба, плати за амортизација.

Расходите се признаваат во билансот на успех кога настанува намалување


на идните економски користи врзани со намалување на средствата или
зголемување на обврските и истите можат со сигурност да се измерат.

13
Основи на сметководствени биланси

Заклучок

Сметководството наоѓа соодветна примена не само во деловниот свет туку


и во секојдневниот живот. Тоа има посебна улога и значење во рамките на
функционирањето на деловните ентитети но и пошироко во рамките на
специфичните дејности, Владата, непрофитните институции итн. Сметководството
претставува средство преку кое компаниите ги пренесуваат финансиските
информации кон вработените и кон јавноста .

Сметководството треба да се сфати како организиран, контролен


информациски систем кај сите земји во светот, што има за цел адаптација во
насока на единствен начин на евидентирање на деловните настани, изготвување
на билансите и информирањето за партнерите од земјите со различни говорни
подрачја да можат меѓусебно да комуницираат на сметководствен јазик, односно
на недвосмислен начин да ги протолкуваат деловните настани и резултати од
работењето.

Познавањето на основите на сметководствените биланси е од големо


значење за нивно изготвување.

14
Основи на сметководствени биланси

Литература

1. American Accounting Association, A Statement of Basic Accounting Theory,


Evanston III, 1966
2. Ивановски З., (2017), Анализа на финансиски извештаи, Скопје, УТМС,
3. Кожухаров С., (2010), Сметководство, УТМС, Скопје
4. Кожухаров С., (2011), Современо финансиско сметководство, УТМС, Скопје
5. Марковски С.,(1989), Основни на сметководството, Скопје: Наша кинга
6. Хорниген Ч., и др., (2010), Вовед во финансиско сметководство, Магор,
Скопје

15

You might also like