Professional Documents
Culture Documents
EКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-ШТИП
Ментор: Изработил:
Милена Трајчова(083852)
Содржина
1.Вовед.......................................................................................................................3
2.Главен дел..............................................................................................................4
3.Заклучок.................................................................................................................14
4.Користена литература..........................................................................................15
2
1.Вовед
3
2.Главен дел
1
http://eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida_partaloska.pdf стр.6
4
Среден трговец се смета трговецот кој во секоја од последните две
пресметковни години, односно во првата година од своето работење ги
задоволил два од можните три следни критериуми:
Просечен број навработени, врз основа на часовите на работа, да е до
250 работници,
Годишен приход да е помал од 10.000.000 евра во денарска
противвредност,
Просечната вредност ( на почетокот и на крајот на пресметковната година)
на вкупните средства (вкупна актива) да е помала од 11.000.000 евра во
денарска противвредност.2
2
http://eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida_partaloska.pdf стр.9
5
Малите и средни бизниси успешно опстануваат на пазарот поради низа
предности кои ги манифестираат во однос на големите бизниси. Предностите
на малите и средни бизниси се однесуваат на:
Развој на лични, непосредни односи-Малите бизниси се во добра
позиција да развијат лични односи со клиентите, вработените и добавувачите,
како и непосредни контакти со потрошувачите.Блискиот однос со
потрошувачите обезбедува подобра услуга, соодветен одговор на нивните
сугестии и приговори,создавајќи пријателска атмосфера.
Овие предости на малиот бизнис особено доаѓаат до израз во секторот
услуги, каде непосредниот личен контакт со корисникот на услугата е од големо
значење за квалитетот на услугата и за задоволството на клиентот. Во
големите бизниси клиентите можат да се почувствуватаат запоставени и
игнорирани.Истражувањата покажуваат дека ваквата персонализирана услуга
создава патриотизам кон ваквите мали бизниси.Додека непосредната
комуникација со вработените ги елиминира потенцијалните проблеми поврзани
со погрешната интерпретација.Во одредени мали бизнси се произведуваат
производи како музички инструменти,каде е потребна голема прецизност во
работата, па затоа е и неопходен и непосреден и постојан надзор над работата
на вработените. Ваквиот надзор е остварлив во малите бизниси поради малиот
број на вработени.
Малите бизниси од овој аспект исто така се погодни и за произвотво на
производи за кои се потребни посебни знаења и вештини,(пример одреден
уметнички талент), како и за производтво на производи во мали серии, најчесто
луксузни или ексклузивни производи.
Ниски општи трошоци-Поради малиот обем на работа, малите
бизниси имаат пониски трошоци. Тие работат во мали простории со ниски
трошоци за греење и осветлување.Исто така малите бизниси имаат мали
залихи, па неплаќаат за складишта како и за одржување на залихите.Ниски
трошоци резултираат со пониски цени за потрошувачите.
6
тој начин тој работи за себе,профитот е еден вид на награда за сопственикот.
Тој може да го контролира профитот со одликите кои ги носи.
Флексибилноста-Една од најчесто истакнуваните предности на малите
бизниси е нивната флексибилност.Во малите бизниси постои помала
хиерархија и пократок синџир на команда за разлика од големите бизниси, што
им овозножува поголема флексибилност, односно можат брзо да одговорат на
промените на пазарот. Големите бизниси имаат цврсто воспоставен систем на
работа и процедури кои тешко можат да се променат.Флексибилноста е и една
од основните карактеристики на МСП.Флексибилноста е овозножена како
резултат на низа фактори:непосреден контакт со пазарот, неформална
организациска структура, користење на униврезални средства за работа и сл.
Лесно се започнува со работа.Единствена правна пречка за
започнување со работа се документација за локација, почетен капитал и
дозвола за работа и регистрација.Не постојат други ограничувања за
започнување со мало претпријатие.
Едноставно одлучување-Сопственоста и менаџментот заснован на една
личност овозможува едноставно одлучување.Одлуките зависат од знаењето со
кое располага сопственикот.
Инвентивност и иновации-Бидејќи немаат големи финансии за
маркетинг, малите бизниси се инвентивни и користат различни ниско буџетни
маркетинг тактики кои може да бидат поинтересни и поблиски за
потенцијалните потрошувачи.
Дополнителни услуги.Заради повисоките цени воведуваат различни
дополнителни услуги (без потребна бирократија на големите) кои можат да
бидат од големо значење за потрошувачите што претставува предност во
однос на големите бизниси.3
3
http://eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida_partaloska.pdf стр.22
7
Иако за малите и средни бизниси постојано зборуваме како за едни од
најголемите работодаватели и за едни од клучните двигатели на економијата,
сепак како мали и средни бизниси за место на пазарот треба да се
натпреваруваат со големите глобални гиганти кои како такви располагаат со
неограничена финансика сила и со воспоставени и добро познати брендови
па во оваа „борба“ малите и средни бизниси во своето функционирање се
соочуваат со низа слабости:
Компаративна неефикасност.Оваа неефикасност се јавува како
резултат на поголемите трошоци по единица производ што ги имаат малите
бизниси во споредба со големите бизниси. Овие зголемени трошоци се
повзани со истите фактори на флексибилност кои придонесуваа за предности
кај малите бизниси.
Недостиг на планирање.Малите и средни бизниси се постојано под
влијание на пазарните промени и флуктуации.Затоа,малиот и среден бизнис
потребно е да развие сеопфатен бизнис план, во кој детално се предвидени
стартните и оперативните трошоци, како и да се пресмета кога се очекува
бизнисиот да почне да генерира приходи. Исто така сопствениците на мали
бизниси треба да развиваат планови за најлошите и најдобрите сценарија во
своето работење. Доколку не се направи тоа може да биде погубно за малите
бизниси.Исто така се јавува и потреба од стратегиско планирање,особно во
средните бизниси кои во споредба со малите бизниси располагаат со повеќе
средства и поголемо пазарно учесто за да се вклучат во процесот на
стратегиско планирање.
Работа многу часови дневно. На почетокот, сопственикот-менаџерот
на малиот бизнис во исто време мора да бидете и продавач, сметководител,
менаџер за човечки ресурси, па така и работното време, со оглед на тоа што
треба да се завршат многу важни работи, ќе ви биде подолго од осум часа.
Многу често сопственикот доаѓа прв наработа и последен си оди.Сето ова се
однесува на фактот што сите работи сами ги вршат не се поготвени да
делегираат дел од одговорноста.
Ризик поврзан со клучните луѓе во бизнисот. Малите бизниси се
зависни од способностите, знаењата, вештините, професионалните и личните
карактеристики на сопственикот и членовите на неговиот тим, а било какви
8
промени поврзани со нив(повлекување, здраствени проблеми и сл) можат да
доведат до проблеми во работата на бизнисот, а често и до сериозни кризи во
работата.
Висок пазарен ризик. Голем дел од малите бизниси работењето го
засноваат на еден или неколку производи. За разлика од нив големите бизниси
имаат голем асортиман на различни производи, па доколку падне
побарувачката за некој производ, загубата од овој пад се компензира со
продажбата од друг производ.Оваа можност не постои за малиот бизнис, па
ако падне продажбана на еден производ, тоа ќе резултира во намалување на
нивните приходи.
Недостиг од финансики средства.На малите бизниси не им се
достапни сите извори на средства како на големите бизниси,а тие што им се
достапни често се по неполовни услови.Банките не се наклонети кон
одобрување на кредити на малите бизниси поради големиот кредитен ризик.
Поради овие проблеми малите бизниси, особено ново настанатите најчесто
обезбедуваат финансики средства преку:лични заштеди, заеми од пријатели и
роднини или комерцијални кредити. Малите бизниси исто така обезбедуваат
средстава и преку т.н бизнис ангели-богати инвеститори, кои во замена за удел
во бизнисот инвестираат во мали бизниси кои се развиваат.
Недостиг на специјализација.Големите бизниси имаат цели оделенија
посветени за секој аспект од бизнисот, одделение за продажба, за
сметковотсво и сл.Секој од овие сектори се состои од голем број вработени кои
се специјализирани во овие специфични задачи.Ваквата специјализацијата која
што постои во големите претпријатија обично придонесува за зголемена
ефикасност и ефективност во работењето. Малите бизниси често не можат да
си го дозволат овој луксуз.Наместо тоа,вработените често работаат различни
задачи во текот на денот, пополнуваат каде што можат,без оглед на нивното
ниво на стручност или работењето во малото претпријатие се одвива преку
сопственикот кој располага со општи знаења а не специјализирани. 4
4
http://eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida_partaloska.pdf стр.24
9
Слика 2. Слабост на малите и средните бизниси
10
2.4. Конкурентите како едни од најзначајните сили со кои се судруваат
малите и средни бизниси во нивното посебно окружување
11
контролираат во рамките на бизнисот, потребно е да се вложи труд и да се
биде препознатлив по нешто.
-Да се прошират и зајакнат општите стоки или услуги.
Може да постојат многу сличности со конкуренцијата, но тоа не значи дека не
може да се создаде разлика.Треба да се направи листа на општи стоки или
услуги кои заеднички се нудат со конкуренција,треба да се пронајде ставка или
услуга што може да се направи подобро или да се додаде содржина што
конкуренцијата ја нема и со тоа да се направи зајакнување на производот.
-Да се биде свој и фокусот да се насочи кон заштита на
идентитетот.Нетреба да се дефинира бизнисот според индустријата или
според другите играчи коисе во неа.Бизнисот,е индивидуален-може да има и
други како него, нотие нема да бидат раководени од иста страна.Така,потребно
е да се создаде сопствен идентитет, а притоа да не се одстапува од
него,базирајќи ја секоја одлука што ќе се донесе како сопственик на мал бизнис
без разлика дали тоа боли,помага,или го потврдува идентитетот на
компанијата.
-Цена. Може да се поседуваат најдобри производи,најдобра поддршка за
клиентите, но клиентите да се ценовно чувствителни.Цената е основен фактор
во маркетинг миксот и мора паметно да се дефинира за своите производи –
треба да се има на ум дека цената е единствениот елемент на маркетинг
миксот кој генерира профит, сите други носат трошоци.Откако еднаш
компанијата ќе се запознае со цените и понудите на конкурентите, во можност
е да ги користикако точка за ориентација при формирањето на своите цени.
Сепак, треба да се биде свесен дека и конкуренцијата ќе ги промени своите
цени, како реакција на промената на цените. Во основа, компанијата ја користи
цената за позиционирање на својата понуда во однос на своите конкуренти. 5
5
http://www.eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Dimeska_Julijana.pdf стр.49
12
Слика 3. Конкуренција
13
3.Заклучок
14
Користена литература
2.http://eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida_partaloska.pdf
3.http://eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/doktorska_disertacija_Aneta_Ri
steska.pdf
4.http://www.eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Buleska.pdf
5.http://www.eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Dimeska_Julijana.pdf
15