You are on page 1of 7

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј “- Скопје


Технолошко Металуршки Факултет

СЕМИНАРСКА РАБОТА

Насока: Дизајн и менаџмент на технолошки процеси

Предмет: Основи на менаџмент на индустриско претпријатие

Тема: Анализа на претпријатието – печатницата „Дизајн“ - Тетово

Изработил Ментор
Шабан Јакупи д-р. Елена Томовска, вонреден проф.
Скопје, 2019год.

Содржина

1. Вовед ………………………………………….………….……….…….2
2. Опис на претпријатието .........................................................................3
3. Заклучок....................................................................................................6

1
1. Вовед

Менаџирањето на индустриските претпријатија претставува сложен процес кој што е од


стратешко значење. Стратегијата претставува одреден сет на активности, вклучувајќи го
описот на оние кои се одговорни за нејзино спроведување, како и ресурсите кои се потребни
за постигнување на поставената цел.

Претпријатието кое е предмет на анализа на оваа семинарска работа е печатницата


„Дизајн” лоцирана во Тетово. Претпријатието извршува печатарски дејности, па како и сите
други печатарски индустрии ширум светот, така и печатницата „Дизајн“ мора постојано да
наоѓа нови успешни стратегии и бизнис модели. Причината за неопходните промени се
темели на тековното префрлување од аналогни во дигитални производствени технологии и
медиумски производи, што доведува до нови деловни можности на страната на понудата во
комбинација со промените во користењето на медиумите на страната на побарувачката.

Економската состојба на главните делови на печатарската индустрија претставува


предизвикувачка задача. Лицата кои дејствуваат во областа на печатарската индустрија
имаат задача да разберат кои технологии, процеси и пазари најдобро се вклопуваат во
спроведувањето на успешни деловни стратегии.

Во ова семинарска работа ќе биде прикажан бизнис моделот на печатница „Дизајн“ –


Тетово.

2
2. Опис на претпријатието

Печатницата „Дизајн“ - Тетово извршува печатарски ундустриски дејности, нудејќи им


на своите потрошувачи печатење со врвен квалитет. Печатницата во 2003 год. првично
започнала како занаетчиска работилница за фотокопје која броела седум вработени лица, а
денес е прерасната во современа графичка индустрија во која што се вработени дваесет и
девет лица, квалификувани со различни профили и знаења. Од своите почетоци до денес,
печатницата успеа да го сочува својот континуитет, истовремено создавјќи просторни,
кадровски и технолошки услови, кои ѝ овозможуваат постојан развој и напредок.

Во рамките на кадарот на печатницата, застапени се двајца менаџери, од кои позицијата


на едниот е генерален менаџер, додека вториот е менаџерот за продажба. На врвот од
пирадималната хиерархија се наоѓа генералниот директор на печатницата, кој всушност ги
делегира одредените наредби и задачи, кои се пренесуваат до менаџерите, од каде пак се
распределуваат до работниците соодветни за дадената задача.

Од вработените во печатницата, петнаесет лица се со високо образование, додека


останатите лица се со средна стручна спрема. Менаџерите во печатницата се и двајцата
магистри на науки, што им е од голема помош во менаџирањето на вработените и
активностите во печатницата. Покрај тоа, на вработените а посебно на менаџерите постојано
им се обезбедуваат дополнителни обуки кои најчесто се одвиваат во канцелариските
простори на печатницата. Генералниот менаџер е оној кој ја планира работата, а задачите ги
делегира во соодветниот оддел, во зависност од задачата која треба да се исполни.

Изборот на производите и услугите кои се пласираат на пазарот се прави преку


претходно истражување за тоа што најмногу го бараат тековните и потенцијалните клиенти.

Вработените од пониските нивоа на печатницата се определени во тимови, кои се


секогаш постојани, што значи еден тим извршува постојано еден ист вид на задача.
Успешната изведба на работните задачи, за која се врши проценка на секои шест месеци,
носи соодветни награди за вработените, кои најчесто се изразени преку бонуси или

3
соодветни унапредувања (пример, од работник на линија може да биде унапреден во шеф на
одреден оддел). За извршувањето на проценката на перформансите на вработените, задолжен
е по еден шеф на секој оддел, кој го контролира текот на задачите соодветни за дадениот
оддел, а во исто време и навременоста на извршувањето на задачите и изработката на
производите. Во случај на проблем, од било кој вид, а најчесто таквите проблеми се јавуваат
во процесот на печатење и штампање, проблемите целосно не можат да бидат решени, но за
нивно сведување на минимум, од пред неколку години започна примена на „пробно
печатење“, што покажува дали процесот може да продолжи, или во спротивно, претходно
треба да се најде каде е грешката и дефектот. Со тоа се намалуваат трошоците за погрешно
пуштените во линија производи, што во исто време озвоможува и заштеда на времето.

Оваа компанија располага со сопствен бизнис план, кој ги содржи следните компоненти:

- општ опис на компанијата


- опис на индустријата и пазарот
- стратегија
- објаснување на бизнис моделот
- управување и организација на тимовите
- маркетинг план
- оперативен план, и
- финансиски план.

Според претходно наведеното, печатницата има своја стратегија за развој, која се


однесува на период од 3 до 5 години, но не е исклучена и можноста за нејзина промена
доколку се појави потреба од тоа. Самата стратегија го вклучува и стратешкиот план на
печатницата во кој се застапени и иновациите кои веќе се применуваат во претпријатието,
меѓу кои клучни се „препознатливоста по уникатна и првокласна содржина“ и
„обезбедување на највисок можен квалитет на понудените производи и услуги“.
Стратешкиот план, покрај неколкуте сегменти кои речиси секогаш ги содржи, е
реизработува секоја година.

Начинот на комуникација со своите клиенти печатницата го остварува преку телефон,


факс, и со користење на интернет услуги (емаил, вибер, или директна порака на

4
официјалната страна на компанијата). Со секој од клиентите се склучува договор, во кој е
прецизно определен квалитетот и цената на претпријатието. Најважен аспект на
претпријатието од оваа гледна точка е цените да бидат формирани според буџетот кој
одговара на тековните и потенцијалните клиенти, а сепак квалиетот на производите и
услугите да биде задржан на оптимално ниво.

Речиси во секој оддел на пречатницата присутни се компјутерите, со оглед на фактот што


се работи за во голема мера графички услуги, а истите се неопходни и во сметководствениот
сектор на печатницата.

Печатницата се карактеризира со постојано инвестирање во опрема и одржување на


својата позиција на пазарот. Располага со претприемачки административен стил на
менаџирање, каде улогата на врвниот менаџмент се состои во делегирање на одредените
наредби и задачи, како и координирање на вработените на пониските нивоа. Главен извор на
финансирање е генерално профитот што го остварува. Контролата која се спроведува е
формална и управувањето се врши по пат на цели. Како што претходно наведовме, ова
претпријатие постојано се стреми кон иновации во производството.

Како фактори со кои се соочува претпријатието од сферата на почетни ресурси се:


обуката, претходно секторско искуство и менаџмент искуство. Меѓу факторите со кои се
соочува претпријатието а кои се однеусваат на самата фирма се следните: сектор и ликација.
Додеа факторите со кои се соочува претпријатието а кои се однесуваат на стратегијата се:
технолошка софистицираност, нови производи, обука на менаџментот и работниците и
прилагодување на пазарот.

5
3. Заклучок

Со својата богата историја во производството на високо – квалитетен печат, како и со


постојаното надминување на очекувањата на клиентите, денес печатницата се издигна на
високо ниво во графичката индустрија. Работејќи по современите принципи на работење на
територијата на својата држава, како и на територијата на некои од соседните држави,
печатницата ја воспостави и одржува својата долгорочна цел, а тоа е всушност задржување
на лидерската позиција на пазарот, свесно и одговорно однесување, како и обезбедување на
професионален однос кон потрошувачите.

Основен стремеж на печатницата е да обезбеди висок квалитет на своите производи и


услуги, преку користење на високософистицирана комбинација на технологии, како и
постигнување на доверба и лојалност и кај тековните и кај потенцијалните клиенти.
Вистинска гордост е тоа што печатницата „Дизајн“ е една од ретките компании со
референтна листа на завидно ниво, која зборува сама за себе.

You might also like