You are on page 1of 13

УНИВЕРЗИТЕТ “ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ “ – ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА-СКОПЈЕ

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕДМЕТОТ:


СОЦИЈАЛНА ЕКОНОМИЈА
ТЕМА:
ТЕХНОЛОГИЈАТА , ТЕХНОЛОШСКИ МОЖНОСТИ И ЧОВЕКИОТ
РАЗВОЈ

Ментор: Изработил:

проф.Душко Јошевски Aлександар Стојковски 177189

Скопје , 2020

1
Содржина
Апстракт ............................................................................ 3
Вовед ..................................................................................4
Како технологијата го промени начинот на водење
бизнис..................................................................................5
Технологија во корист на нашиот бизнис .........................6
Технолошки развој на иновации ........................................8
Бизнис прилагодување со технологијата .........................10
Заклучок ..............................................................................12
Користена литература ........................................................13

2
Апстракт
Во овој научно-истражувачки труд е објаснето влијанието на технологијата и
иновациите врз процесот на креирање на правилна менаџмент стратегија.
Промените што постојано се случуваат во надворешното окружување,
стануваат критичен фактор за работењето и успехот на претпријатието. Со тоа
се јавува потребата за постојано проучување на окружувањето, моменталната
состојба и согледување на можностите што тоа може да му ги пружи на
претпријатието. Во тој поглед, се објаснува стратегискиот менаџмент како
континуиран процес на создавање успешни конкурентски стратегии. Во
процесот на стратегискиот менаџмент посебно внимание е посветено на
технологиите и иновациите. Имајќи предвид дека технологијата денес е
распространета насекаде, значајна и застапена во сите активности со кои се
занимава човекот, може да кажеме дека секоја активност која произведува
вредност, користи некоја технолошка помош која ги комбинира купените инпути
и човечките ресурси за да произведе некој аутпут. Иновацијата во суштина
претставува унапредување на технологијата. Стратегискиот менаџер ја има
клучната улога во водењето на организацијата и донесување на клучни
стратегиски одлуки, поврзани со воведување на нови технологии и иновации,
за креирање и имплементирање на правилна менаџмент стратегија на
претпријатието.

Клучни зборови: конкурентска предност, инвестиции, промени, унапредување,


истражување и развој.

3
Вовед
Секое претпријатие кое настојува да оствари одржлива конкурентска предност
на пазарот, мора да посвети посебно внимание на развојот на технологијата и
на воведувањето на иновации во вработувањето. Технoлогијата се однесува на
теоретските и практичните знаења, способности и вештини кои можат да се
користат за развој на производите и услугите, нивното создавање и системите
на испорака. Технолошките промени се главен двигател на конкуренцијата. Тие
играат најзначајна улога во промената на постојната структура, како и
создавање на нови индустрии. Покрај тоа, технолошките промени ги
изедначуваат компаниите, бидејќи намалување на конкурентна предност на
една, дури и на најдобра позиција – истакнува друга компанија. Многу големи
компании денес се создадени благодарение на тоа дека тие биле во можност
да ги искористат предностите на технолошките промени. Технолошките
промени се најважните фактори кои можат да ги промени правилата на
конкуренција. Но, тие не се значајни сами по себе. Тие се важни ако влијаат врз
конкурентната предност и индустријата структура. Ако основните преокупации
на современите претпријатија се да се создаде конкурентна позиција на
пазарот, тогаш тоа веќе не е можно само преку трошоците на постојните
производи или услуги, нивниот квалитет и опсег на избор, туку најмногу со
брзината со која компанијата може да воведе нови и супериорни производи.
Сето ова зависи од технологијата и иновациите во производството и бизнис
процеси. Обемот и брзината на иновациите се должи на зголемувањето на
масата на научни, во првенствено технолошкиот развои и нивната практична
примена преку комерцијализацијата. Тоа е зошто инвестирањето во
истражување и развој е тесно поврзано со развојот на идните бизниси.
Иднината на земјата и нејзината економија, да се креираат нови работни места
и благосостојба на нејзините граѓани, вклучително и позицијата во глобалната
економска односи, првенствено зависи од нејзината технолошка сила. Затоа,
не треба да се игнорира вистинската 11 проценка и евалуација на секое
технолошко поле, компаниите и општеството како целина и тековните
технолошки достигнувања. Иновациите во пазарните економии се централната
задача на управување во компанијата и во општеството како целина. Задачата
е да се генерираат сите социјални и економски клими погодни за иновациски
процеси. Учењето на иновациите и технологијата стратегија е првиот услов за
достигнување поволна клима, но и очекувањата за позитивни резултати од
таквиот пристап кон теоријата и практиката на подобрување на технолошки и
социјални иновации. Иновациите денес се сметаат за еден од клучните
фактори на конкурентност, заедно со технологијата, како на ниво на
националната економија, така и на ниво на бизнис систем. Конкурентноста
стана императив за опстанок и просперитет, а одржувањето на конкурентна
предност стана заеднички именител за сите бизнис системи во светот. Поради
оваа причина, во овој труд посебно внимание е посветено врз разјаснување на
концептот на управување со технологијата и иновациите, како едни од
најважните области на управување со квалитетниот систем на бизнисот, кој
резултира со постигнување на конкурентноста на деловниот систем на пазарот.

4
1.Како технологијата го промени начинот на водење бизнис
Во денешно време технологијата е секојдневие и никој не може да си го
замисли животот без неа, иако до пред само дваесетина години сме немале
масовно користење ни на мобилни телефони. Технологијата многу брзо го
менува светот каков што го знаеме, а „Напредокот на технологијата е базиран
на целосно вклопување во човечките животи, за да стане составен дел од
секојдневието, без да го забележиме тоа”, како што вели Бил Гејтс.

Технологијата продолжува да се развива и ги менува не само нашите животи


туку и начинот на водење бизнис. Порано извршувањето едноставна активност,
како што е испраќање обична порака, подразбираше чекање од неколку минути
до неколку денови, зависно од големината и оддалеченоста.

Сега сите потребни информации ни се достапни со само еден клик, а само


оние кои ќе знаат да ја искористат оваа предност ќе можат да го најдат патот
до врвот. Денес се зборува за е-плаќања и е-трговија, за дигитални
сертификати, за софтверски решенија кои ги покриваат сите деловни процеси
од нарачки, фактурирање, сметководство и плати, па сè до управување со
производство и деловна аналитика.

„Информатичката технологија и бизнисите стануваат неразделно


испреплетени.
Јас не мислам дека некој може да разговара значајно за едното без да зборува
за другото”, истакнува Бил Гејтс.
Сето ова, покрај тоа што ја зголемува достапноста на потребните ресурси и
заштедува многу време, влијае и на намалување на бизнис трошоците. На
пример, со ICT и Cloud услугите на Македонски Tелеком може лесно да се
замени скапата IT инфраструктура, потребна за непречена работа на вашиот
бизнис, да се заштедат време и пари, а да се обезбеди многу поголема
безбедност на податоците.

Архивирањето, прегледувањето и безбедноста на податоците, пак, се


доведени до совршенство. Потребно е само да користите виртуелен диск каде
што можат да се складираат документи, да се прегледуваат и истовремено до
нив да имаат пристап повеќе корисници, а тоа да се направи преку кој било
уред, од која било локација и во кое било време, преку веб и апликации за iOS,
Android и Windows PC. Со ова работата и комуникацијата меѓу вработените,
партнерите, институциите, клиентите… е многу поефикасна, побрза и полесна.

На пример, со Office 365 Premium, една приватна ординација или салон за


убавина може да закажува онлајн термини за корисниците, без да се губи
време на јавување на телефон или на проверка во роковникот за слободни

5
термини. А со помош на апликации, како на примет Fleet Management Solution
на Tелеком, една шпедитерска компанија може да ги следи сите свои возила,
да ја контролира потрошувачката на гориво, да се заштити од кражби…

Развојот на технологијата отвори и многу нови работни места и можности, како


што е на пример работата од дома, со што се избегнува класичната
канцеларија.

Огромен број млади луѓе денес од дома дизајнираат веб страници,


програмираат, креираат апликации и дигитални услуги за компании од САД,
Канада, Холандија, за каде било во светот, а работат од дома. Да се користи
Cloud сервер, виртуелен диск, значи буквално да немате потреба од
канцеларија во која би се чувала скапата опрема.

Денес, благодарение на технологијата сите имаат рамноправни услови за


водење бизнис, независно од тоа од каде потекнуваат, какво е нивното
искуство и каде се наоѓаат. Дигитализацијата на бизнисот е единствен пат кон
успехот без разлика дали се работи за мали, средни или големи претпријатија.

6
2.Технологија во корист на нашиот бизнис
Човековата интеграција со технологијата од ден на ден постојано се зголемува
и се усовршува – од секојдневните активности што се извршуваат на
персоналниот компјутер, па сѐ до научните достигнувања кои овозможуваат да
се размислува за колонизација на Марс. Оваа континуирана технолошка
еволуција наложува динамично и креативно делување во рамките на бизнис
секторот, за да може во него да се напредува, а и општо да се остане
конкурентен на домашниот и светскиот пазар.
Сегашноста е дигитална, а иднината никого не чека, особено кога таа се
стреми кон глобална унификација на технолошко поле. Иновациите во сферата
на информациските и комуникациските технологии несомнено ја менуваат
економијата сосе начините на кои се формираат и изведуваат бизнис
стратегиите.
Технолошката конвергенција на електронски и дигитални продукти овозможува
поедноставување на работниот процес во секоја индустрија, односно во
најразлични видови претпријатија – од шпедиции и банки до приватни
стоматолошки ординации. Дигитализацијата на бизнисите го осигурува
учеството во пазарниот натпревар, без оглед дали се работи за мали, средни
или големи претпријатија. Услугите во информациските и комуникациските
технологии што ги нудат компаниите како Македонски Телеком создаваат поле
за иновативни дигитални решенија за подобрување на работните процеси и
отворање можности во сите индустрии, за најразлични бизниси.
Дигитализацијата на бизнисот ја зголемува продуктивноста, ја зголемува
регулацијата на квалитетот на производите, од самиот процес на производство
до логистичките процеси кои го носат готовиот производ безбедно до
потрошувачот. Но, оперативните бенефити од дигитализацијата во рамките на
еден бизнис се наоѓаат пред сè во различните можности за поврзување и
колаборација помеѓу вработените. Софтверските решенија како Pantheon Cloud
ги покриваат сите аспекти на еден бизнис: од нарачки и фактурирање,
сметководство и плати, до управување со производството и деловна
аналитика. Брзото и безбедно споделување информации кои се временски
осетливи, групната пристапност до важна документација, како и дигиталните
потписи достапни преку мобилен уред, драматично го менуваат начинот на кој
може да функционира една компанија. Со користење на решенијата како
виртуелен диск бизнисите можат да имаат пристап до нивните документи во
секое време, од кое било место во светот, а алатките како дигитални
сертификати и временски печат ги зголемуваат безбедноста и интегритетот на
електронските документи.
Со користење дигитални решенија преку партнерство со компании како
Телеком коишто нудат поврзување, одлична инфраструктура и безбедност на
податоците, дури и најмалите бизниси можат да се дигитализираат без
вложуваат големи суми во сопствени системи и без грижа за нивно одржување.
Безграничниот простор на интернетот уште во минатиот век предизвика

7
разновидни комплексни промени во начинот на кој човекот опстојува во
општеството, бизнисот, па дури и политиката и уметноста. Но, она што досега
било една нејасна и непредвидлива сила на технологијата во овие сектори,
сега станува ефективна и конкретна моќ за водење сопствен бизнис.

Овозможувањето непрекинат пристап до безбедни линии на комуникација и до


дата центри во кои информацијата се складира во посебна хардверска
инфраструктура е еден од доминантните чекори во модернизирањето на
работата на една компанија. Дотолку повеќе, тоа е еден смел потег кон
интегрирањето на бизнисот во технолошката иднина на човештвото.

3. Технолошки развој и иновации


Во современите текови на глобализација се наметнуваат нови правила на игра
и за македонските претпријатија. Тие се соочуваат со конкуренцијата диктирана
од поширокиот пазар на кој важат многу високи технолошки стандарди и
критериуми за квалитет. Како што технолошкиот раст во развиените земји се
зголемува, така претпријатијата од помалку развиените земји се соочуваат со
можност од технолошко заостанување. Со тоа се намалува нивната
конкурентност и се создаваат неповолни услови за севкупен развој на
државата. За да бидат конкурентни, претпријатијата мора да воведуваат нови
технологии и иновации во своите процеси. Овие процеси се долги, скапи,
бараат систематски и стратешки пристап и се изложени на многубројни
предизвици на пазарните случувања.
Досегашниот развој на компаниите во Република Македонија, особено на
малите и средни претпријатија, покажа дека многу од нив немаат современи
технологии заради што се во тешкотија да воспостават партнерство со
компании од странство. Степенот на инвестиции во нова опрема и технологии
кај повеќето домашни компании е низок и многу малку се вложува во развојни
истражувања. Исто така, постои голема неусогласеност помеѓу
научноистражувачките институции, универзитетите и производниот сектор. Во
голем дел кадрите што работат во овие институции и претпријатија или немаат
доволно искуство или, пак, немаат мотивација за меѓусебна соработка. Многу
често, македонските компании не може дури ни да ги идентификуваат своите
сопствени потреби за усовршување во дадена област. Анализирајќи ги
причините за овие слабости, може да се дојде до сознание дека е потребно да
се изгради ефикасен национален систем за иновации, кој ќе има задача да го
подигне технолошкото ниво и конкурентноста на нашите компании. Изградбата
на овој систем треба да биде заснована на домашниот потенцијал, на
научноистражувачките институции и универзитети, како и на соработка со
странски развојни институти, научноистражувачки центри и компании.
Државата преку своите институции треба да биде силен катализатор во овие

8
процеси.Во прв ред потребно е да се стимулираат македонските фирми за
технолошки развој и иновации. Тоа може да се направи со финансиска
поддршка и грантови за определени цели. Претпристапната програма за
конкурентност и иновативност на Европската Унија е една од можностите која
македонските претпријатија може да ја искористат. Во првиот столб од оваа
програма, кој се однесува на претприемништвото и иновациите, веќе се
создадени услови за учество на македонските претпријатија и институции.
Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, кој е дел од
мрежата Enteprice Europe Network, е создаден со грант од Европската комисија
добиен преку оваа програма. Преку овој центар може да се иницира директна
соработка на македонските компании со компаниите од еврозоната и тоа токму
во областа на технолошкото усовршување и иновациите. Во следниот период,
во рамките на оваа програма, македонските компании и институции ќе може да
учествуваат и во делот за информациски и комуникациски технологии, како и
во делот на интелигентни извори на енергија. На тој начин, преку
кофинансирање и грантови, нашите фирми ќе добијат можност за финансиска
поддршка на нивниот технолошки развој и иновации.
Домашните истражувања во насока на развојни технологии и иновации, исто
така, мора да бидат зголемени. За таа цел треба да се финансираат оние
научноистражувачки и развојни проекти што ќе бидат одржливи и директно
применливи во стопанството. Научноистражувачките институции и
универзитетите, исто така ќе мора да претрпат промена, да бидат поотворени
кон претпријатијата и да бидат поблиску до потребите на пазарот.
Лабораториите што егзистираат во овие институции мора да се осовременат и
да се надградат за да може поадекватно да одговорат на потребите. Во
рамките на овој процес, треба да се најде начин на претпријатијата да им биде
обезбедена и техничка помош во зголемување на нивните технолошки
капацитети и степен на иновации. Контактите со оној дел од дијаспората, кој се
занимава со релевантната проблематика може да бидат исто така корисни и за
двете страни.
Речиси во сите производни сектори недостига технолошки платформи во кои ќе
биде разработена развојната стратегија и ќе бидат определени насоките,
задачите и целите за идните научни-истражувања од кои ќе произлезат нови
технологии и иновации. Можеби затоа универзитетите често пати вршат научни
истражувања во области кои се тотално неприменливи и од кои производните
компании немаат никаква придобивка. Овие технолошки платформи треба да
се изградат со меѓусебно содејство на академскиот потенцијал, приватниот
сектор и државните институции и во нив треба да бидат вградени реалните
потреби на македонските компании.Поврзаноста помеѓу научноистражувачкиот
и академскиот потенцијал може да се оствари со финансирање заеднички
проекти во кои ќе учествуваат и компаниите. Јавно-приватното партнерство
помеѓу универзитетите и компаниите исто така може да го комерцијализира
знаењето и да помогне во зголемување на технолошкиот и иновативниот
потенцијал на претпријатијата.Со спроведување на споменатите политики во
доменот на технолошкиот развој и иновациите ќе се создаде критична маса на

9
домашни компании кои ќе бидат технолошки способни да обезбедат производи
и услуги со висок квалитет. Така, тие ќе се интегрираат во глобалните текови
како сериозни партнери или добавувачи на други странски компании. Со тоа ќе
се привлечат и странски директни инвеститори, особено во областите во кои е
потребно повисоко технолошко ниво и во кои производите се со висока
додадена вредност. На тој начин ќе се зголемат конкурентноста на
македонските компании и бројот на иновациите, ќе се зајакне економијата и ќе
се отворат нови можности за вработување, а македонските компании ќе бидат
поконкурентни во глобални рамки. Доколку тоа не се направи, постојните
слабости уште повеќе ќе го зголемат јазот со останатите членки на Европската
Унија и ќе ја доведат во прашање можноста на македонските компании да
бидат конкурентни на заедничкиот европски пазар.

4.Бизнис прилагодување со технологијата


Технологијата има огромно влијание на бизнисите. Најголемата причина за
промени во бизнисите претставува технологијата која влијае и на структурата и
на човечките ресурси во еден бизнис, но не треба да се изостават и
финансиите. Во постот Технологија – Прифати ја не бегај пишував за влијание
на технологијата врз бизнисите.
Не смееме да дозволиме технологијата да оди напред многу побргу од нашиот
бизнис. Сепак, таа служи за обезбедување на севкупното подобрување, па
дури и подобрување на сите бизнис операции. Затоа бизнисот мора да го
следи развитокот на технологијата.

Технологијата секогаш ќе биде пред еден мал бизнис, но задачата на


претприемачот е постојано да се обидува тоа растојание помеѓу технологијата
и бизнисот да биде колку што може помала. Во еден ваков теоретски пример
(како на сликата) бизнис перформансите постојано ќе бидат на високо ниво.

10
Но, доколку земеме еден друг случај во кој што ќе ги поставам и бизнис
перформансите ќе се добие нешто вакво.

Се забележува дека колку повеќе се зголемува разликата помеѓу актуелните


технолошки достигнувања и примената на истите во еден бизнис се повеќе ќе
се намалуваат бизнис перформансите.

Без разлика дали ние сакаме или не сакаме, технологијата оди и ќе оди


нанапред, едноставно никој нема да не прашува нас. Додека го пишувам ова и
додека го читате вие ова на глобално ниво излегува нешто ново во однос на
технологијата.Тоа нешто ново може да има влијание врз нашата работа утре.
Какво ќе биде тоа влијание ќе зависи од индустријата во која се наоѓа нашиот
бизниси и индустријата во која припаѓа тоа ново нешто како резултат на
технологијата.

Затоа направете систем за следење на технологијата и прилагодување кон


истата преку:

 пристап до информации за се што се случува во подрачје на


технологијата која може да влијае врз Вашиот бизнис.

 анализа на можното влијание на тоа ново нешто врз Вашиот бизнис.

 приоритизација на прилагодување.

 пробување на најприоритетните новитети – доколку има можност.

 имплементирање во бизнисот како стандард за наредните бизнис


операции.

11
Заклучок

Влијанието на технологијата врз факторите на конкурентност е објаснета преку


петте фактори на конкурентност на Мајкл Портер: бариери за влез,
преговарачка моќ на купувачите, преговарачка моќ на добавувачите,
супституција на производите и конкурентно ривалство. За анализа на
иновацијата постојат повеќе портфолио анализи, чија предност се согледува во
можноста за добивање на увид во конкурентската позиција на одредени
производи. Во трудот посебен осврт е даден на BCG матрицата која ги
организира бизнисите во две димензии - раст на бизнисот и удел на пазарот.
Доколку едно претпријатие поседува знаење и високата технологија како дел
од интелектуалниот капитал, овој капитал е економски позначаен од физичкиот
имот со кој располага самото претпријатие. Правото на интелектуална
сопственост го сочинуваат правото на индустриска сопственост и авторското
право. Правото на индустриска сопственост опфаќа: патент, жиг, модели и
примероци, географско потекло. Во понатамошната анализа во овој научен
труд теориски и графички се разработуваат методите за поддршка на
менаџмент иновациите. Како и во сите останати проекти, така и кај
иновациските проекти постои голем ризик од неуспех. Но, поголем од ризикот
на иновацијата е само ризикот кој носи недостаток од иновации. За
остварување на повисоки технолошки и иновативни достигнувања, потребно е
издвојување на поголеми парични средства од својот буџет и развивање на
оддел за истражување и развој на претпријатието со преферирање на
научните и практични достигнувања. Значењето од научните истражувања и
развој се согледуваат преку создавањето нови производи, нови материјали,
нови услуги и нови технолошки постапки, кои го прават претпријатието
поконкурентно на пазарот.

12
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Biznisvesti.mk/kako-tehnologijata-go-promeni-nachinot-na-vodene-biznis/
2. Fakulteti.mk/news/20112019/tehnologii-shto-go-smenija-nachinot-na-vodenje-
biznis
3. finance.gov.mk/mk/node/1237
4. Pretpriemac.com/category/tehnologija/
5. Ebiblioteka , Скопје.

13

You might also like