You are on page 1of 25

Одговори по менагмент на информациски системи

I ТЕМА
1.Зачетоците на современата информациска револуција, се
поврзува со појавата на ---компјутерот-----во средината на XX
век.
2. Кои се трите основни нематеријални ресурси?
Основни нематеријални ресурси се: информациите, времето
и просторот.
3. Кои се основни карактеристики на информациите како
извор на развојот?
Основна карактеристики на информациите се
а) Претставуваат непресушен извор на знаење
б) Трошењето не ја уништува содржината на информацијата.
в) Поголем број корисници едновремено можат да имаат
пристап до иста информација.
г) Со користењето не се намалува вредноста на
информациите
д) Употребната вредност на информациите се зголемува со
трошењето
ѓ) Користењето на информацијата не троши енергија
е) Користењето на информациите не влијае штетно на
околината
ж) Човековата способност е единствено ограничување во
создавањето и користењето на информациите
4. Објасни го времето како ресурс!
- Стратешко значење на времето за економијата.
- Во економската теорија, најголемиот дел од моделите што
се предлагаат за решавање на економските проблеми
настојуваат да ја акцептираат временската димензија во
своите пресметки. (пр. Брзината на иновациите)

- Значењето на времето се изострува, заради тоа, што тоа


неможе да се чува, да се штеди или да се рециклира и
регенерира.
- Времето не е реверзибилно – загубеното време не може
никојпат да се поврати.
- Во современото економско делување вкалкулирањето на
времето значи потреба во сите фази на настанување на
новата вредност (истражувањето, развојот, производството,
маркетингот) тоа да се скрати.

5. Објасни го просторот како ресурс!


Економијата на просторот се манифестира во две
димензии:
-Смалување на физичкиот обем на производите со
задржување или зголемување на нивните карактеристики
и перформанси (пр. Компјутерската индустрија) и
-Настојување просторот да се смали или истисне како
посредник меѓу купувачот и продавачот. (смалување на
посредниците во прометот, “во секое време на секое
место”)
Првата димензија на сцена е подолго време и постојано се
шири. Денес минијатуризацијата е пренесена на микро
просторот. Тоа најубаво се гледа на примерот на
компјутерската индустрија во која постојано се настојува да
се зголемува капацитетот и перформансите на
компјутерските компоненти со едновремено смалување на
нивната физичка големина.
Пазарните аналитичари, втората димензија ја евидентирале
како постојано смалување на посредниците во прометот,
со што се смалува цената на производите.
6. Накратко опиши најмалку две карактеристики на
информациите како извор на равојот!
б) Трошењето не ја уништува содржината на
информацијата. На секому му е јасно дека целокупното
досегашно производство базираше на трошење на порано
произведеното. Сите познати комбинации на материјалниот
импут, скалата на производите, технолошките пристапи,
имале за цел да се добие производ кој подоцна ќе биде
потрошен. На тој начин е воспоставена непосредна врска
меѓу производството и потрошувачката. Во споредба со
ова, кај информациите мораме да се навикнуваме на
новината: тие со трошењето, поточно со употребата, не ја
губат својата содржина. Сите природни извори во чинот
на производството и потрошувачката се јавуваат само
еднократно. Информацијата може повеќе пати да се
употребува бидејќи нејзината содржина е независна од
интензитетот на користењето и од времето како
детерминанта на користењето.
в) Поголем број корисници едновремено можат да имаат
пристап до иста информација. За разлика од другите
природни извори кои се наменети за индивидуална
потрошувачка или користење во поединечни производни
процеси, информациите можат да се користат на
мултифункционален начин. Тоа значи во исто време на ист
или различен простор можат да ја користат поголем број
консументи.
7. Информационите системи кои се базираат на современата
информациона технологија, овозможуваат ---многу полесно и
на поефикасен начин да се креираат и остваруваат
организациските цели и вредности ----.
Ако целта на бизнисот на секое п-е е остварување на
поголем профит врз основа на комбинација на
факторите, а целта на менаџментот е да ги планира,
организира, контролира и ги води луѓето во п-ето кон
остварување на зацртаната профитабилност, тогаш може да
се рече дека информационите системи кои се базираат на
современата информациона технологија, овозможуваат
многу полесно и на поефикасен начин да се креираат и
остваруваат организациските цели и вредности.

8. Каква личност треба да биде современиот менаџер?


Современиот менаџер мора да биде здрава личност,
професионалец, богат со знаење и да поседува способност
истото постојано да го зголемува, човек кој ја познава душата
на бизнисот.
Современиот менаџер треба да е се способен за лидер и да
го развива претприемничкиот дух и иноваторската
иницијатива.

9. Објаснете ја фразата замена на плавите со бели манитили!


Некои од современите аналитичари викаат замена на
плавите со бели мантили. Работењето во бел мантил е
синоним за работа на подрачјето на знаењето и
информациите, додека син мантил е синоним за
фабричките работници кои биле доминантни во 19 век и
до средината на 20 век,
Во 21 век во голем број развиени земји работниците со бели
мантили претставуваат доминантна група во структурата на
вработените. На примерот на САД, тоа би значело дека
работниците во бели мантили денес остваруваат над 75% од
општествениот производ, а претставуваат околу 70% од
вкупниот број вработени. Во годините што доаѓаат овие
бројки ќе бидат достигнати и надминати и во голем број
други земји.
Светот на информациите го истиснува мануелниот
работник. Исто така, на удар е и капиталот во класичната
смисла на зборот. Нив заедно ги заменува креативниот труд
кој единствено е во состојба да ги користи новите ресурси.
Класичниот индустриски работник се претвора во
управувач со информациите. Директниот пристап до
информациите и нивната обработка го подигаат просечното
организациско знаење кое понатаму се одразува на
изменување на подрачјето на управувањето во кое
хиерархиските односи се заменуваат со односи на
рамноправност.
Начинот на кој луѓето ги доживуваат работните обврски.
Се поголем е бројот на оние кои мислат дека на трудот не му
е единствена само функцијата да обезбеди егзистенција, туку
пред се да исполни лична и социјална задача. Со тоа се
доаѓа до интеграција на животот и професијата.
Флексибилното работно време постанува работен стил на
работниците во информатичката економија.

II ТЕМА
10. Што е системски дизајн и кои се негови компоненти?
Објасни ги компонентите
на системскиот дизајн (со исклучок на системската анализа).

Целината на методолошката основа на која се темели


развојот на современите научни дисциплини се нарекува
системски дизајн.Компоненти на системскиот дизајн се:
Системското мислење;Системскиот пристап;Системската
апаратура иСистемската анализа.
Системско мислење – новиот начин на гледање на реалниот
свет, а пакСистемски пристап – новиот начин на истражување
на појавите и настаните Во современиот развој на науката се
состои во напуштањето на картезијанскиот (механистички)
пристап: реалниот свет е една голема механичка направа во
која решавањето на проблемите се сведува само на
поправање на деловите на тој огромен механизам. Според
системското мислење:- Реалниот свет е сложена целина со
специфични сопствени карактеристики;- Целината не
претставува прост збир на деловите во нејзиниот состав
(деловите исто така можат да се прикажат како целини);-
Деловите се меѓусебно поврзани, а начинот на кој се
поврзани е наречен организациски ред;Постоењето и
одржувањето на организацискот ред е значајно за
уредувањето на опстанокот и развојот на реалниот
свет.СИСТЕМСКИ ПРИСТАП претставува примената на
системското мислење и достигнувањата на системските
науки врз истражувањето на конкретните емпириски
феномениСИСТЕМСКА АПАРАТУРА се средствата,
инструментите и техниките кои се употребуваат во тие
истражувања
11. Клучни сознанија на системскиот пристап:
1.Не постои детерминираност на односите во
економијата и економското делување. Опстанокот и
развојот на п-јатијата како економски ентитети се остварува
во веројатни услови. Главна к-ка на таквите услови е
неизвесноста, недоволното знаење и потребата од постојано
учење и стекнување на нови знаења.
2.Размената на информациите (знаењето) на п-ето со
околината е основа за развојниот процес.
Прилагодувањето кон промените е предуслов за опстанок и
развој на претпријатието.
3. Со преминувањето на п-ето од пониска во нова
повисока развојна фаза, настануваат нови околности во
кои тоа мора да се однесува на поинаков начин.
Менаџерската мудрост е да сфатиме дека нашето
менаџерско искуство не е доволно, дека нашиот стил на
управување е неадекватен, дека дел од нашите соработници
треба да го препуштат местото на други, па и ние да го
препуштиме кормилото на друг кој има способности и визии
кои одговараат на денешното време.
4. Претпријатијата како економски системи се стремат кон
саморегулација. (управувачки егоизам) Бизнисмените,
менаџерите, лидерите љубоморно ја чуваат “тајната на
успехот” за тоа како се организирани нивните информациони
системи.
5. Претпријатијата како економски системи се комплексни
и на тој начин ја изразуваат својата развиеност.
6. Информацијата е конститутивен елемент на
структурата на п-ето како деловен систем. Без
информации нема алтернативи, нема избор, нема одлуки,
нема решавање на проблеми, нема можност да се спореди
саканото и оствареното. Без нив нема одбрана од
конкуренција, нема нови производи, нема економија,
едноставно нема претпријатие.
12. Кои се основни карактеристики на општата теорија на
системите? Објасни ги.
Карактеристики на ОТС се:
1. Во секое системско истражување нагласокот е ставен
врз целината – правилата и законите според кои таа се
структуира и егзистира. Поради тоа настаните, предметите и
појавите што се јавуваат како елементи (делови) во
целината, нивните карактеристики, взаемната поврзаност и
условеност се истражуваат од аспект на целината. (пр.
истражувањето на човекот)
2. Елементите (потсистеми) во целината не се
истражуваат одвоено како посебни ентитети, туку како
елементи во структурата на целината и во процесот на
функционирањето на целината на која и припаѓаат.
3. Елементите на целината се во постојана меѓусебна
интеракција и се ориентирани кон постигнување на барем
една цел или поголем број цели кои извираат или се
поврзуваат со идентитетот на целината.
4. Секоја целина како систем е во постојана интеракција
со својата околина и преку трајно воспоставени врски со неа
разменува материја, енергија и информации без кои
целината не би можела да опстанува низ време како посебен
ентитет. (влез и излез)
5. Функцијата или процесот што се одвива во системот ја
одразува динамиката на системот и се јавува како
трансформација на влезните во излезни големини.(акција
и реакција)
6. Разбирање и претставување на ентропијата – поим со
кој се означува природниот процес кој предизвикува
постојано да се зголемува нередот, неорганизираноста на
деловите во реалноста кои ние ги истражуваме како системи.
7. Ако ентропијата е природен процес кој трае вечно,
проблемите имаат извор кој ќе трае се додека постои
човечкиот род. Вложувањето на напорот (учење и
стекнување на знаење) е паралелен вечен процес кој се
бори против ентропијата.
8. Разбирањето на системската хиерархија е основа за
разбирање на сложеноста и испреплетеноста на појавите и
димензиите на реалниот свет.
9. Во сложената структура на целината, елементите се
диференцираат меѓусебе, според одреден број
карактеристики, но исто така се диференцираат според
нивната специјализација да извршуваат одредени функции
(парцијални функции). На таков начин се создава
функционална зависност што е претпоставка да се одржува
интегритетот на целината.
10. Поради веројатноста на иднината идното однесување на
системот се јавува како проблем - Начело на
еквифиналитет – на патот кон проектираната цел постојат
поголем број алтернативи во комбинирањето на основните
фактори на однесувањето, во изборот на патот и начинот на
остварување на целта.

13. СИСТЕМОТ претставува мисловна конструкција на некој


реален објект или појава, изразена со различни материјални
или апстрактни средства на изразување или прикажување.
Дефинирањето на поимот систем подразбира исполнување
на следниве критериуми на системност:Одредување на
елементи на целината;Својства на тие елементи и Основни
врски со кои тие се поврзуваат во целината.
14. Врските се критериум со кој се утврдува припадноста на
елементите во целината. Постоењето на врски со позитивни
струјни големини, покажува дека елементите во системот се
активни и дека во системот се одвиваат трансформациони
процеси. Бројот на врските, нивниот квалитет, постојаност во
временска димензија и сл., зависат пред се од видот на
целината која е предмет на истражување, но и од
способноста на истражувачот да ги открие и да го одреди
нивниот карактер.
Големината на изразот со кој се означува размената меѓу
елементите во структурата на системот или меѓу системот и
околината, се нарекува струјна големина. Струјните големини
го покажуваат активниот однос меѓу елементите, односно го
покажуваат постоењето на динамиката како основа за
опстанок и развој.
15. Својствата на елементите се делат на: квантитативни и
квалитативни.
16. Според отвореноста кон околината системите се делат
на: _отворени_ и
_затворени_ .
17. Кое е најниско ниво на расчленување на структурата на
системот? _Елементите во структурата на
системот.__________
18. Врски карактеристични за системите се:
-врски што се воспоставуваат само во структурата на самите
елементи (потсистеми),
-врските што се воспоставуаат меѓу елементите во
структурата на системот и
-врски меѓу системот и околината.
19. Системот може да се прикаже со помош на блок-шема и
црна кутија.
20.
Со црна кутија системот е претставен како слика на некој
материјален (или апстрактен) објект или појава прикажан во
еден момент – статички. Со овој начин на прикажување се
прикажуваат само односите со околината, а не и
внатрешната структура на системот.
Основната претпоставка за прикажувањето со црната кутија е
дека внатрешната структура на системот или не му е позната
на истражувачот или не е од интерес за истражуваната
димензија на појавата.
Деловната политика и управувањето со п-ето можат
успешно да се извршуваат само со помош на методот на
црна кутија.
21. Објасни ги блок шемите!

Употребата на блок – шемите има многу поголемо


практично значење од употребата на црната кутија.
Блок –шемите – системот е прикажан како затворен
простор во кој се распоредени поголем број елементи,
меѓусебно поврзани со одреден број врски по некои
правила и формираат организациски ред.
Системот е дел од некоја посложена целина со која се
поврзува преку своите влезови и излези. Бидејќи влезот
се претвора во карактеристичен излез, се претпоставува
дека во внатрешната структура на системот се одвиваат
трансформациони процеси. Бројноста на елементите и
врските што се гледаат на сликата укажуваат дека станува
збор за релативно сложена структура. Елементите се со
голем број индивидуални својства заради што се означени
со различни букви, а што едновремено припаѓаат на
структурата на целината значи дека имаат и поголем број
заеднички својства.
Иако релативно едноставна алатка, приказот со блок –
шема се употребува за истражување на бројни
карактеристики на појавите претставени како системи, а
особено кога тој се употребува како основа за создавање на
посложени прикази.
22. Кои од следниве системи се системи според начинот на
прикажување?
1. Статички систем;
2. Апсолутен систем;
3. Редуциран систем;
4. Отворен систем;
5. Вештачки систем;
6. Реален систем
23. Според што можеме да ги класифицираме системите?
1. Начинот на прикажување;
2. Формата;
3. Одреденоста на состојбата;
4. Важноста;
5. Врските;
6. Хиерархијата.
III ТЕМА
24. Критериумите за припадност на елементите во
структурата на системот се?
1. Својствата на елементот;
2. Додатен критериум;
3. Простор;
4. Карактер;
5. Форма;
6. Одреденост.
25. Системската анализа претставува основна методологија
за проектирање и одржување на организацијата и
функционирањето на современото претпријатие во услови во
кои треба да се владее со огромна количина на информации
и да се донесуваат одлуки во сложени и неизвесни услови.
Системската анализа претставува научна методологија која
му овозможува на оној кој одлучува да го изврши изборот по
пат на разгледување на целината на проблемот, односно
едновремено спознавање на што е можно поголем број од
неговите димензии.Тимската работа е услов за успешна
примена на системската анализа.
26. Елементи на системска анализа

1. Цел или цели


2. Алтернативни патишта за постигнување на целта
3. Цена за реализирање на одделните алтернативи
4. Ограничувања
5. Системски модел на кој се испитуват меѓузависностите
на целите,ограничувањата, ресурсите и околината на
системот
6. Критериуми на оптималност
27. Разлики меѓу системски аналитичар и менаџер ?
Системскиот аналитичар е лице кое е ангажирано на
подрачјето на создавањето на аналитичката основа за
одлучување. Тој ги анализира проблемите, формира
алтернативи, го образложува степенот на нивната
остварливост и ги доставува на менаџерот заради избор.
Системскиот аналитичар не ја донесува одлуката, не
делегира задачи, не координира, не контролира, не бара
одговорност. Сите тие активности се резервирани за
менаџерот. Системскиот аналитичар е специјалист за
дијагноза на проблемите. Системскиот аналитичар е
стручњак за одредена област со широки познавања од
областите. Додека основна улога на менаџерите е да
управуваат со претпријатието. Тие се задолжени да го
воочуваат проблемите, да ја проценуваат нивната сложеност
и да ги предаваат на системските аналитичари заради
истражување и подготовка на одлуки. Бидејќи менаџерите ги
носат одлуките, тие се и одговорни за квалитетот на
донесената одлука.
Менаџерот и системскиот аналитичар имаат различни улоги:
менаџерот управувачка, а системскиот аналитичар
истражувачка.
28.
(за прашањата 42.,43.,44.,45.,46 прво е овој одговор , а потоа
другото поединечно по прашање )
Фази во системска анализа1. Формулација 2. Истражување 3.
Концептуализација 4. Изработка на студија на изводливост5.
Верификација 6. Имплементација

29.
Студијата на изводливост – feasibility study sе применува во
случаи кога станува збор за сложени проектни задачи и
претставува основа за реализирање на проектните
активностиПример: скапи инвестициони проектиСтудијата на
изводливост ги опфаќа следните димензии на
изводливост:операативна, економска и техничка изводливост
Економската изводливост подразбира соочување на
трошоците за воведување на новите решенија со можностите
на претпријатието. Не смее да дојде до нарушување на
финансиската стабилност и рамнотежа заради спроведување
на новите решенија. Затоа прво треба да се одговорат
клучните прашања како што е
- Стапката и времето на враќање на вложувањата
- Начинот на затварање на финансиската конструкција за
новите решенија
30. Постојат 4 видови зависност помеѓу активностите во
системската анализа, кои се тие?
Случајна зависност, последователна зависност, временска
зависност и паралелна зависност.

31.
1. Случајна зависност – случај кога покренувањето на
решавањето на некој проблем, формирањето на алтернативи
или изборот на решенија предизвикува по извесно време
покренување на исти такви или слични активности во други
димензии на п-ето за кои не се знаело или кои биле надвор
од истражувачкиот видокруг, а значајно влијаат на
остварувањето на целите што се поставуваат во системското
истражување. Една активност иницира друга непредвидена
активност
2. Последователна зависност - Решавање на еден проблем е
условено претходно да се реши некој друг проблем.
3. Временска зависност - Случај кога покренувањето на некој
проблем истовремено или во одреден временски распон
условува покренување и на друг проблем, односно други
проблеми.
4. Паралелна зависност - Случај кога една активност треба
да биде завршена во исто време со друга активност.
Паралелно одвивање и завршување
32.
1. Превоопштување – ситуација во која на системскиот
аналитичар како член на тимот или раководител на тимот,
некои од членовите на тимот успеваат сите настани (или к-ки)
да му ги претстават како детерминирани или како еднакво
значајни. ,,Од дрвата не може да се види шумата”Неможе да
се издвои важното од неважното
33. Објасни за труење на позитивноста!
Труење на позитивноста е однесување кое го обесхрабрува
креативното мислење. Тоа е ситуација во која системскиот
аналитичар се сомнева во поддршката или позитивното
мислење на членовите на тимот. Во сушност негативното
мислење превладува, неиницијативноста се цени, додека
позитивните мислења се измејуваат, се прикажуваат како
неможни или нереални.
34.
“Предомислени идеи” – ситуацијата се набљудува од
призмата на своите размислувања и претпоставки. Тие
настојуваат да слушнат тоа што сакаат да слушнат, да видат
тоа што сакаат да видат. Станува збор за настојување својот
субјективен став да се прикаже како објективна реалност.
35.
Погрешното снабдување – ситуација во која членовите на
тимот разменуваат намерно или ненамерно погрешни
информации. Тоа е случај кога некои од членовите на тимот
се плашат пред другите да се покажат дека за нешто немаат
доволно знаење. Во системската анализа тоа може да
доведе до погрешно дефинирање на проблемот или да се
решава погрешен проблем.
36. Што се системски процедури?
Прецизна серија на последователни активности (инструкции)
што треба да се извршат во рамките на одделна фаза во
системската анализа.
37.
Успешно спроведена истражувачка постапка значи давање на
оптимален одговор на сите поставени прашање.
Што треба да се прави?
Кој и зошто треба да го прави ?
Кога треба да се прави?
Како да биде направено?
За да нема дилеми околу предлоќените решенија треба да се
одговори и на слените прашања
Што не треба да се прави?
Кој и зошто не треба да го први?
Кога не треба да се прави?
Како не треба да биде направено?
За да се даде одговор на овие прашања во рамки на
истражувачка постапка значи да располагаме со адекватен
информационен систем преку кој ќе се врши собирање на
информации за релевантните варијабли и тоа за следниве 3
аспекти:Системот и неговите деловиФункционирањето на
системот согласно со целитеОколината на системот
38.
1. Цел
Намерата да се примени системска анализа е поврзана со
барање на најдобриот начин за решавање на проблемите.
Од друга страна, смислата за разрешувањето на било кој
проблем секогаш е поврзано со постигнувањето на некоја
цел. Целите што се сака да се постигнат со разрешувањето
на проблемот може да се остварат на различни начини, со
различни можни комбинации на елементите кои
учествуваат во разрешувањето на проблемот, односно во
остварувањето на целта.
2. Алтернативни патишта Системската анализа треба да
овозможи да се пронајдат најразлични комбинации на
фактори од кои зависи решавањето на
проблемотСистемската анализа нуди голем број
алтернативи
3. Цена на алтернативи
Секоја алтернатива има цена на свое остварување (не е
секогаш изразена во пари, постигнат компромис,
доверба, жртвување на пријателство...).
4. Ограничувања
Реалноста условува со бројни ограничувања кои го
стеснуваат изборот. (степен на современост на
технологијата, големината на капацитетите, локацијата,
побарувачката...)
5. Системски модел
Модел = слика преку која се реализира односот меѓу
истражувачот и истражуваниот проблем прикажани како
систем
Без модел неможе да има истражување
Моделот има централно значење бидејќи е:
слика за реалноста која посредува меѓу истражувачот и
предметот на истражување,
Слика на реалноста која станува појасна во текот на
истражувањето и
замислена шема за текот на истражувањето која постојано се
следи (како проектиран пат)врз основа на која се вршат
истражувањата

6. Критериуми на оптималност
Помагаат да се избере најповолна алтернатива од
можните или предложените алтернативи.

Претставуваат стандард со кој се споредуваат


алтернативите, се вреднуваат нивните ефекти и нивната
остварливост во дадените конкретни услови на
функционирање на системот.

39. Што претставува целта како елемент на системската


анализа?
Намерата да се примени системска анализа е поврзана со
барање на најдобриот начин за решавање на проблемите.
Од друга страна, смислата за разрешувањето на било кој
проблем секогаш е поврзано со постигнувањето на некоја
цел. Целите што се сака да се постигнат со разрешувањето
на проблемот може да се остварат на различни начини, со
различни можни комбинации на елементите кои
учествуваат во разрешувањето на проблемот, односно во
остварувањето на целта.

40. Пречките во креативното мислење произлегуват од:


А) тимското работење
Б) комплексноста на проблемот
В) формулацијата на проблемот
41.
Студијата на изводливост – feasibility study sе применува во
случаи кога станува збор за сложени проектни задачи и
претставува основа за реализирање на проектните
активностиПример: скапи инвестициони проектиСтудијата на
изводливост ги опфаќа следните димензии на изводливост: -
оперативна изводливост – покажува дали одбраното решение
може да биде изведено во структурата на п-ето, односно
дали има шанси вработените да го прифат новото решение
на проблемот - економска изводливост– подразбира
соочување на трошоците за воведување на новите решенија
со можностите на п-ето, и- техничка изводливост – дали сме
технички способни да го изведеме предложеното решение,
односно предложената алтернатива.
42. Кои се фази во системската анализа и објасни ја фазата
формулација!
Формулација, истражување, концептуализација, изработка на
студија на изводливост, верификација и имплементација.
Формулација
Постапката за идентификација на проблемот, неговото
објаснување, разграничување и дефинирање e содржина
на фазата формулација.
- Проблеми се генерирани активности кои се јавуваат “од
нешто или некого” предизвикуваат несакани последици и
одреден степен на нарушување на функционирањето на п-
ето како систем.
Тие се последица на лошата организираност на внатрешната
структура, лошото поврзување на деловите во целината и
неефикасното одвивање на процесите.
- Значајно е да се утврди големината (сериозноста) на
проблемот
-Мултидисциплинарно знаење е предуслов за успешно
соочување со проблеми
Правилно формулиран проблем -> Решен проблем
Во однос на проблемот и изборот на патот за негово
решавање се поставуваат 3 можности:
Максимизација (еднодимензионален пристап)
Оптимализација (од аспект на целината)
Ниво на задоволување – решенијата имаат најниска
вредност (запоставување на главните димензии на
проблемот, негово потценување и прикажување во
редуцирани рамки.)
43.ИстражувањеСе врши утврдување на фактите и се
собираат податоци и информации за одделни аспекти на
предметот на истражување (проблемот)
Суштина на фазата – бројот на можни
алтернативиАлтернативите можат да бидат:
А. Можни – најширокото множество од алтернативитеЗависат
од знаењето и способностите на аналитичарот
Б. Достижни – дел од множеството на можните алтернативи
кои во дадени услови имаат големи шанси да се остварат
В. Омилени Аналитичарот им дава предност
Г. Предложена алтернатива
44. Концептуализација Цел – да се проверат резултатите од
истражувањето и да се одредат нивните импликации и
последиците за упростување на изборот и донесување на
нивна одлука Се врши со користење на модели:
Квантитативен модел – операциони истражувања и се
употребуваат за истражување на квантитативните димензии
на појаватаКвалитативен модел – поуспешни во
донесувањето интегративни заклучоци за природата на
проблемот како целина и за начинот на негово решавање и
во сите оние проблеми кои се однесуваат на влијанието на
човековата природа врз организациските феномени.
45. Кои се фази во системската анализа и објасни ја фазата
верификација!
Формулација, истражување, концептуализација, изработка на
студија на изводливост, верификација и имплементација.
Верификација
1. Проширување на физибилити стидијата
2. Во случаи кога проблемот дозволува да се изврши
тестирање на влијанието на одлуката врз репрезентативен
примерок
3. Ако резултатот е позитивен одлуката се спроведува во
целост
46.
Имплементација е последна фаза во системската анализа.
Во оваа фаза се врши
Реализација на одлуките Контрола на нивно спроведување
Можност за превземање корективни акции
47. Моделите можат да бидат?
А)квалитативни и квантитативни
Б)квалитативни и креативни
В)квалитативни и економични

You might also like