You are on page 1of 13

УНИВЕРЗИТЕТ ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ’’- ШТИП

ТЕХНОЛОШКО-ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ-ПРИЛЕП

Дизајн на текстил и облека

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕДМЕТОТ: ОСНОВИ НА МЕНАЏМЕНТ

НА ТЕМА:

АНАЛИЗА НА ОРГАНИЗАЦИСКА ПОСТАВЕНОСТ НА КОМПАНИЈАТА

( ЛАМИНАТИ КОМ ДОО)

Ментор Кандидат

Проф. Др. Силвана Жежова Кристијан Трајковски

Број на индекс 18724

Прилеп, јануари 2021

СОДРЖИНА:
1. ВОВЕД

2. ДЕФИНИРАЊЕ МЕНАЏЕРСКИ НИВОА во компанијата ЛАМИНАТИ КОМ

3. ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА на компанијата ЛАМИНАТИ КОМ

4. ИНФОРМАЦИОН СИСТЕМ на компанијата ЛАМИНАТИ КОМ

5. ВРЕДНОСТИ НА КОИ СЕ ТЕМЕЛИ компанијата

6. ПАЗАРОТ, ПРОМЕНИТЕ И ВИЗИЈАТА НА ИДНИНАТА на компанијата

7. НЕГУВАЊЕ НА ТИМСКА РАБОТА во испитуваната компанија

8. “ОБРАЗОВАНИЕТО - ПРВ ЧЕКОР, ПОСТОЈАН ЧЕКОР“

9. ЗАКЛУЧОК

10. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

2
3
1. ВОВЕД

Во проектната задача е извршена анализа на компанијата ЛАМИНАТИ КОМ


ДОО, Прилеп, друштво за производство промет и услуги. Анализираната
компанија произведува композитни материјали. Располага со погон од околу
1000 м2 и околу 100 вработени.

4
5
2. ДЕФИНИРАЊЕ НА МЕНАЏЕРСКИ НИВОА

Менаџментот и неговите функции се протегаат низ целокупната организациска


структура, а се видливи во сите видови организациски системи без разлика
дали се создава производ или се дава услуга или пак е тоа некој трет вид

организациски систем. Постојат три вида менаџери: врвни (top level managers);
средни (middle level managers); прво ниво на менаџери (first-line managers).

општ менаџер (е задолжен за целокупната активност на една организација или


некој нејзин дел);

функционален менаџер (се ангажира за работите од некоја функција.)

Нивото на менаџментот го детерминираат целите на организацијата.

Во испитуваната компанија се укажува на потреба од сите три вида на


менаџери, па така проектирани се менаџери од прво ниво, менаџери од средно
ниво и врбни менаџери.

Менаџерите од прво ниво во компанијата се најбројни и од нив се укажува нај


голема потреба поради потребата за извршување на работните обврски.

Средните менаџери или надредените се со значително помал број и тие се


задолжени за контрола на работата на првото ниво на менаџери или
подредените, давањето на задачи, како и пружање помош при некои не
очекувани дефекти или промени на работните позиции а доколку менаџерот од

6
првото ниво предходно не е запознаен со таква ново настаната
ситуација .Врвните менаџери кој се наоѓаат најгоре на хиерархиската
поставеност имаат за задача да го примат налогот запонатаму да го достават
кон средното ниво. Исто така нивна задача е и да ги осмислат целите и
мисијата на компанијата да се соочат со конкуренцијата и да бидат добро
запознаени со промените на пазарот

Слика 1. Менаџерски
нивоа

Figure 1. Menagment
levels

3. ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА

Во современата литература на зборот организација му се приоѓа од три


аспекти:

 организацијата како систем;

 организацијата како процес; и

 организирањето како основна функција на менаџментот.

Од аспект на организацијата како систем, поимот „организација“ се применува


со значење на воведување на ред во некој систем, било да се работи за
дескрипција на состојба или како организирање на работа. Од друга страна,
организирањето како процес содржи воспоставување на односи одговорност
авторитет помеѓу организационите компоненти со намера на структуирање и
нивно насочување кон некои општи цели. Поимот организирање гледан од овој
аспект во нашата практика често е применуван за отсликување на квалитетот
на работење на реалните индустриски системи – претпријатијата.

7
Органограм .1 оргнизациска структура на ЛАМИНАТИ КОМ

ОRGANOGRAM 1. ORGANIZATION STRUCTURE LAMINATI KOM

4. ИНФОРМАЦИОН СИСТЕМ

При решавањето на проблеми од деловното работење во денешни современи


услови индустрискиот систем има потреба од голем број и разновидни
информации.

Донесувањето на квалитетни и навремени одлуки во услови на динамички


промени во окружувањето на индустрискиот систем не може, а и не смее да се
темели на искуство и интуиција.

Навремени и сигурни информации се единствената основа за донесување на


одлуки во сите делови на индустрискиот систем.

Информациите и управувањето во индустрискиот систем поврзани преку


процесот на одлучување се наоѓаат во една дијалектичка условеност и
меѓузависност. Нивна главна карактеристика е таа што тие претставуваат и
основа за комуницирање во индустрискиот систем. Постојат повеќе дефиниции
за тоа што се подразбира под поимот информација.

• едни од нив под поимот информација подразбираат собирање на


податоци,

• други ја дефинираат како пренесување на знаења,

• трети поимот информација го дефинираат како знаење добиено преку


сеопфатна обработка на податоци, итн.

Меѓутоа, за еден менаџер во индустриски систем е доста важно да знае дека


една суштествена карактеристика на информацијата е таа да истата се користи
во неколку нивоа.

Под информационен систем може да се подразбере збир на сите


комуникациони канали во индустрискиот систем преку кои му се даваат
потребни информации на секој корисник во секое време.

Основна цел на информациониот систем е, сите нивоа на управување и


раководење да ги обезбеди со информации неопходни за функционирање на
индустрискиот систем на најефикасен начин во дадени услови на околината.
Целта, информациониот систем ја постигнува преку неговото функционирање
коешто се состои во собирање и обработка на податоци и известување за

8
фактите и настаните. Од аспект на структурата, информациониот систем
вообичаено е составен од три дела:

• информациона база (база на податоци);

• множество на квантитативнни и други модели, методи и техники

• сметачки машини, најчесто поврзани во мрежа

Во испитуваната компанија ЛАМИНАТИ КОМ, работниот налог се движи низ


неколку етапи и тоа. За почеток доколку станува збор за нова зделка прво
налогот е во рацете на директорот па доколку е се во ред и се потврдува
соработката продолжува налогот. Но доколку станува збор за веќе склучени
договори со веќе познати соработници налогот прво е во рацете на
генералниот директор, тој го упатува кон шефот на погон за хемиска обработка,
па стигнува налогот кај шеф на погон за механичка обработка за да понатаму
стигне во погон за контрола и ако се потври дека производот е според нормите,
стандардите и прописите и ако ги исполнува условите на налогот, производот,
односно налогот оди во погонот за паковање од каде се врши и понатамошна
дистибуција на производот до налогодавачот. Слика.2

Слика.2 Движење на работниот налог ЛАМИНАТИ КОМ

5. ВРЕДНОСТИ ВРЗ КОЈ СЕ ТЕМЕЛАТ МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ

Проучувајќи ги успешните јапонски фирми се утврдило дека јапонските


менаџери се главно ориентирани кон:

 заедничките вредности, односно културата на претпријатието, како


вкупни вредности и правила на однесување;

9
 кадарот, но не во смисла каде е тој поставен во организациската
шема, туку во смисла на работните карактеристика на
вработените;

 вештините како кон способности да се опфати сето она што како


организација, односно луѓе умеат добро да го работат, а влијае на
конкурентната способност на фирмата;

 стилот кој се однесува на менаџерските и неменаџерските


работници.

На основа на споредување на јапонскиот и американскиот менаџмент се


утврдило дека американските менаџери најголема грижа и внимание
посветуваат на оформување соодветна деловна стратегија, организациска
структура и системи за планирање и контрола на работата.

Од горе наведеното можеме да заклучиме дека македонските компании се


темелат врз вредностите на американските компании или на американскиот
тип на компании. Каде не за разлика од јапонските не се негува тимската
работа туку сопствениот развој како поединец а со тоа и секој поединец
одговара сам за себе и ја сносува одговорноста за добро или лошо извршената
задача.

6. ПАЗАРОТ, ПРОМЕНИТЕ И ВИЗИЈАТА НА ИДНИНАТА НА


КОМПАНИЈАТА

Со оглед на тоа дека станува збор за компанија за композитни материјали,


можеме да заклучиме дека компанијата е спремна да одговори на
предизвиците кои ги носи пазарот а со тоа и развитокот на технологијата, тоа е
така бидејќи како што знаеме композитните материјали спаѓаат во групата на
нови материјали, па се подразбира дека компанијата треба да е во чекор со
технологијата и промените на пазарот. Визијата на компанијата е да се
прошири и во други производствени погони бидејќи се поголема е потребата од
овие композити и пластики.

7. НЕГУВАЊЕ НА ТИМСКА РАБОТА

Тим е група на луѓе кои се стремат заедно кон иста цел. Тимовите се
соодветни за извршување на задачи кои имаат висока комплексност и многу
меѓузависни подзадачи. Не сите групи се тимови. Тимот е група која што е
меѓусебно зависна и одговорна за целокупната изведба. Една група се
квалификува како тим само доколку сите членови се фокусирани на меѓусебно
помагање за да ја достигнат заедничката цел. Ова не значи дека индивидуата

10
повеќе не е значајна, но значи дека ефективна и ефикасна тимска работа оди
подалеку од индивидуални достигнувања. Тимовите вообичаено имаат членови
со комплементарни вештини кои генерираат синергија низ координиран напор
кој дозволува на секој член да ги максимизира своите силни и да ги
минимизира своите слаби страни.

Од особена важност е и концептот на различни типови тимови. Постои разлика


помеѓу независни и внатершно зависни тимови. Внатрешно зависниот тим:
 Нитуедна значајна задача не може да се постигне без помош на било кој
од членовите;
 Членовите вообичаено се специјализирани за различни задачи;
 Успехот на секоја индивидуа е непосредно врзан со успехот на целиот
тим.
Од друга страна, кај независниот тим:
 Дејствието е водено од различни индививуи или партнери, во одреден
период;
 Секој член во основа ги изведува истите дејствија;
 Победата или загубата на еден од членовите нема директен импакт на
следниот кој ќе го води дејствието;

Во горе испитуваната компанија е заклучено дека негувањето на тимската


работа не е неопходно но одлучувањето во тим е пожелно во некои ситуации.

8. “ОБРАЗОВАНИЕТО - ПРВ ЧЕКОР, ПОСТОЈАН ЧЕКОР“ ИШИКАВА

Според постоечките информации за компанијата најголем број е вработени со


средно образование во областа на прво ниво на менаџери, со високо
образование во областа на средно ниво на менаџери. Обуката и стекнувањето
на нови знаења е подостапно за средното ниво на менаџери додека за прво
ниво на менаџери не се практикуваат некои посебни обуки. Во моментов нај
потребен кадар за компанијата е инженер технолог, но секогаш е добредојден
кадар од прво ниво на менаџери.

11
9. ЗАКЛУЧОК

Во испитуваната компанија се произведуваат производи од областа на новата


технологија. Се негува тимската работа, работниот погон на компанијата се
наоѓа во Прилеп, а своите производи ги пласира надвор од нашата држава.
Работните налози се обемни и за нивна изработка се потребни неколку недели.

12
10. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. информации во Ламинати ком Прилеп

2. М-р С.Жежова, Др. К.Блажев - предавања по предметот основи


на менаџмент (

3. Гугл пребарувач –

13

You might also like