You are on page 1of 7

Поимот претприемништво и неговото значење

Претприемништвото претставува процес на откривање на можности, преземање активности


(ризик) за реализација на тие можности со рационална употреба на ресурсите.
Суштината на претприемништвото во основа се сведува на следниве компоненти:

 Иновација
 Ризик
 Комбинација и заемна субституција на производствените фактори
 Рационално користење на ресурсите
Претприемништвото во основа се базира на информации. Иновацијата како суштинска
карактеристика на претприемништвото може да се однесува на:

 Откривање на нови пазари


 Воведување на организациска структура
 Модификување на постојаната технологија
 Воведување нова технологија
 Откривање нови извори на енергија
 Модификување на постојаната организациска структура
 Воведување на нови производи и услуги
 Модификување на постоечки производи
 Откривање нови суровини
 Воведување нови методи на работа
Иновацијата некогаш може да резултира со сосема нов, дотогаш непознат производ т.е. откритие
(пример: телевизор, компјутер, вештачко срце и др.)
Ризикот што го преземаат претприемачите се сведува на губење на вложениот капитал. Имено,
секојдневните активности се одвиваат во услови на неизвеснос, а претприемачот не може со
сигурност да ги предвиди сите околности кои ќе влијаат на големината на неговиот профит.
Претприемачте честопати лесно влегуваат во ризик потпирајќи се на сопствената интуиција, но во
основа тие редовно располагаат со одредени знаења за спецификите на бизнисот во кој се
впуштаат. За нив трајна вредност има правилото „Најголем ризик е ништо да не се преземе“.
Заради остварување на повисок профит, претприемачите вршат постојано разместување на
расположливите фактори на производство од еден во друг сектор во економијата односно од таму
каде има помали приноси кон места што даваат поголеми приноси.

Дизајнирање и редизајнирање на претприемачкиот процес


Претприемачкиот процес не е праволиниски процес со свој почеток и крај затоа што завршување
на крајот на процесот претставува почеток на нов циклус на процесот.
Претприемачот е секогаш почетокот на претприемачкиот процес. Без него нема бизнис и нема
претприемништво. Тој има сопствени идеи и карактеристики како знаење, искуство, способности,
креативности итн.
Карактеристиките на претприемачот се трансформираат во една или повеќе бизнис идеи.
 Пр. Доколку еден претприемач има знаење и искуство од уметноста може да отвори
уметничка галерија или пак доколку лесно се снаоѓа со компјутери, бизнис идеа може да
му биде изработка на веб страници.
Основачки дилеми кај претприемачот се следниве:
 Дали да основам претпријатие? Доколку основам претпријатие дали да биде самостојно
или да се бараат партнери уште во стартот? Партнерите може да се искористат за
зголемување на финансиите или пак да донесат знаење, вештини, искуство кои еден
претприемач ги нема. Притоа прашањето е какви односи ке постојат меѓу соосновачите,
кој за што ќе биде одговорен, и кој колку ќе добие од колачот на претпријатието кое се
раѓа.
Понатаму бизнисот ќе се легализира и ќе започне со официјална работа. Во оваа фаза се
подготвуваат документите, се отвораат сметки, се добиваат потребните дозволи и одобренија за
работа.
Бизнисот веќе е реалност и тој постои, но сега и трошоците за работа се зголемуваат. Секој месец
треба да се обезбедат пари за плати, придонеси, кирии, опрема, производство итн.
Сето ова мора да биде реализирано во некој производ или услуга.
Маркетингот е еден од најважните елементи за успехот на еден бизнис. Маркетингот врши
постојана анализа на пазарот, привлекува нови купувачи, контакти со купувачи, слушање на
купувачи, итн.
На крај целиот фокус се става на продажба односно искористување на маркетингот за да се
зголеми продажбата, а со тоа и свежи приходи во претпријатието со што ќе се обезбеди нормално
функционирање на истото.

Претприемнички карактеристики
Имајќи предвид дека не постои општо прифатена дефиниција за поимот претприемач, тешко е со
сигуност да се констатира кој е, а кој не е претприемач. Уште потешко е да се определи кој може а
кој не може да биде претприемач.
Голем број автори сметаат дека за да се биде претприемач потребно е да се поседуваат како
вродени, така и стекнати способности. Основните карактеристики на претприемничкото
однесување се следниве:
1. Посветеност и одлучност – претприемачите се целосно посветени на работата. Тие се
одлучни во намерата да успеат да ги остварат зацртаните цели.
2. Лидерство – претприемачот има лидерски способности – тој ги мотивира вработените,
комуницира со нив, создава атмосфера за работа, им дава пример на вработените како
треба да се пристапи кон работните задачи итн.
3. Ориентираност кон можности – можноста претставува состојба која претприемачот сака да
ја постигне во иднина. Од тука, претприемачите се луѓе кои се ориентирани кон иднината,
односно кон откривањето на можности за отворање нови или за купување постојни
бизниси.
4. Прифаќање на ризик и неизвесност – претприемачите свесно го прифаќаат ризикот и
неизвесноста како составен дел од своето работење. Притоа треба да се има предвид дека
тие не влегуваат во ризик и неизвесност по секоја цена, туку претходно вршат нивна
проценка.
5. Креативност, самоувереност и способност за прилагодување – претприемачите се
одликуваат со голема самоувереност и способност за приспособување кон условите кои ги
диктира опкружувањето. Показател за нивната висока креативност се големиот број
иновации кои ги создаваат без разлика дали станува збор за нови пазари, создавање нови
производи, воведување нова технологија итн.
6. Мотивација за истакнување – мотивацијата за истакнување пред конкуренцијата е составен
дел од психологијата на претприемачите.
Сепак постојат и неколку карактеристики на претприемачите кои не можат да се научат туку се
вродени особини, такви се:
1. Голема енергија за работа и емотивна стабилност
2. Креативност и иновативност
3. Визионерски способности и висок степен на интелигенција
Притоа се поставува прашањето кои се клучните карактеристики на успешен претприемач. Некои
од карактеристиките на успешните претприемачи се:
1. Тие се високо мотивирани
2. Иновативни и флексибилни
3. Прифаќаат ризик
4. Проактивни лидери
5. Добри планери и организатори
6. Имаат технички познавања
7. Трудољубиви се
8. Самоиницијативни итн.

Менаџмент процес

 Во оформувањето на бизнисот се очекува тој да функционира т.е. да се создадат услови за добивање на


добра или услуги кои им се потребни на луѓето.
 Целите што сте ги поставиле пред себе може да ги остварите само ако бизнисот функционира. Ако пак, не
функционира, значи дека нешто сте погрешиле во оформувањето.
 Тоа дека ново формираниот бизнис по оформувањето треба да профункционира е нешто што се
подразбира само по себе.
 Регулирањето на функционирањето на бизнисот кон достигнување на целите не е ништо друго, туку
менаџмент за да може да функционира и ги остварува целите за кои е основан. Бизнисот треба да биде
менаџиран.
 Од тоа како едно претпријатие ќе биде менаџирано зависи тоа дали правилно ќе функционира и ќе ги
остварува целите, а основна цел на бизнисот е профитот.
 Со секој организациски систем (фирма, компанија, претпријатие, итн.) менаџментот е прашање на
неговата егзистенција. Ако менаџирањето не е добро, ако со него не се остваруваат целите, постоењето
на тој систем станува беспредметно.
 Комплекс од функции кои во една организација се задолжени за дефинирање на целите и за водење кон
нивното остварување, односно управување е менаџментот.
 Современиот бизнис нема ниту еден фактор толку важен како што е менаџментот.
 Менаџментот е доминантна активност во работењето на секое претпријатие. Менаџментот претставува
универзална активност која се остварува во сите организации.
 Во пазарната економија бизнисите се организираат во најразлични форми. Од најмали, индивидуални
претпријатиа до големи компании или акционерски друштва.
 Без оглед во која категорија припаѓа бизнисот, за да функционира треба да биде менаџиран. Од таа
причина бизнисот има потреба од менаџери.
 Менаџментот со бизнисот во малите претпријатиа обично го превзема неговиот сопственик.
Сопственикот на бизнисот, најчесто и негов директор т.е. врвен менаџер.
 Но со растењето и ширењето на бизнисот неминовно се создава менаџерска хиерахија, односно во
управувањето, покрај топ-менаџерот учествуваат и менаџерите од средно и пониско ниво.
 Според тоа, со бизнисите управуваат три вида менаџери:
 Врвни менаџери
 Средни менаџери
 Менаџери на пониско ниво

Производствен процес

Современите производствени процеси се сложени и чинат многу. Повеќе машини, компјутери, материјали
и луѓе треба да се постават заедно во еден таканаречен производствен систем така што производствените
операции би се извршувале успешно.
За да се постигне тоа, производствените процеси треба грижливо и внимателно да се планираат и
контролираат. Планирањето на производството започнува со создавање на идеа за производство на
определен производ која најчесто се појавува како резултат на истражувањата на пазарот.
Производствениот процес е сложен процес кој минува низ повеќе фази (делови) на производствениот
процес, а тие најчесто се следните:

 Подготовка на производството и складирање на набавените материјали


 Изработка (технолошки процес)
 Внатрешен транспорт
 Контрола
 Пакување и складирање
Во првата фаза набавените материјали се сместуваат во магацинот за суровини и материјали каде се
одржуваат и чуваат додека не започне технолошкиот процес. Подготовката на производството се
разликува во зависност од типот на производството.
Технолошкиот процес е дел од производствениот процес во кој под дејства на човекот и средствата се
врши менување на формата или составот на материјалите. Технолошките процеси по својот карактер
може да бидат различни: процеси на механичка обработка, процеси на површинска обработка, процеси на
обликување на производот, термички процеси, монтажни процеси итн.
Транспортниот процес е дел од производствениот процес во кој предметите се наоѓаат во движење од
едно до друго работно место или од едно до друго одделение или пак се наоѓаат во мирување натоварени
на транспортните средства.
Контролниот процес е исто така фаза односно дел од производствениот процес во кој се врши
проверување на предметите со цел да се утврди дали тие се доведени во состојба што е пропишана со
технологијата на производство.
По финализацијата на технолошкиот процес и по извршената контрола производот се пакува во
соодветна амбалажа и се складира во магацинот за готови производи се до неговата испорака.
Зависно од количината на производите и деловите изработени на ист начин, технолошките процеси се
делат на: поединечно производство, сериско производство и масовно производство. Oвие типови на
технолошки процеси во литературата се познати како типови на производство.

Финансиски план

Променливите услови на стопанисување кои најчесто предизвикуваат промени во обемот на работењето се


причина претпријатијата во одредени случаи да чувстуваат недостиг на средства.

Зголемувањето на продажбата по правило е проследено со зголемување на побарувањата од купувачите на


што претходи набавка на нова опрема и градежни објекти. Поради тоа малите бизниси се принудени пред
донесување на одлука за одредени промени во работењето да ја оценат потребата за дополнителни средства,
да го предвидат профитот од идното работење и неговата распределба, како и да ги предвидат останатите
извори на средства што ќе ги користат за финансирање на непокриените потреби.

Сите овие активности се опфатени со едно заедничко име – финансиско планирање. Финансиското
планирање би можело да се распредели на следните три подрачја
 Планирање на потребата за средства
 Планирање на изворите
 Планирање на финансискиот резултат (профитот и на неговата распределба).

Поради тоа што средствата, изворите на средствата и финансиските резултати се искажани во одредени
финансиски извештаи, финалните резултати на финансиското планирање се планираните финансиски
извештаи и тоа:
 Планираниот биланс на состојбата
 Планираниот биланс на успехот
 Планираниот буџет на готовината
Планирањето се врши на следниот начин: врз основа на податоците од планираниот биланс на успехот,
буџетот на парични средства и информациите од билансот на состојбата за претходниот период се изготвува
планираниот биланс на состојбата.

Маркетинг процес

За многу луѓе зборот маркетинг значи реклама. Маркетингот опфаќа многу повеќе од реклама.
Имено, маркетингот вклучува повеќе активности започнувајќи од создавање идеа за производ,
производство, продажба, па дури и активности по продажба на производот.
Зборот „маркетинг“ потекнува од францускиот збор маркет што значи пазар и инк со кој се означува
акција, процес или производ.
Маркетингот се третира како процес на размена во кој се опфатени поединецот што сака да задоволи
сопствена потреба од една страна и претпријатијата кои преземаат низа активности со цел да ги задоволат
потребите на потрошувачот од друга страна.
Според тоа поимот „маркетинг“ би можел да се дефинира како збир на активности кои претпријатието ги
планира и ги презема со цел да ги открие и да ги задоволи потребите на постојните и на потенцијалните
потрошувачи со соодветни производи.
Притоа треба да се има предвид дека производите наменети за продажба треба да бидат конципирани и
реализирани така што по своите својства, цена и достапност, да можат да постигнат определени
предности во однос на конкуренцијата заради што потрошувачите би ги купиле. Маркетингот е насочен
кон задоволување на потребите, желбите и барањата на купувачите.
Појавата на концептот на маркетинг не произлегла од некоја посебна желба на економските субјекти, туку
од се поголемата улога и значење на потрошувачите во процесот на купување.
Во такви услови остварувањето на профит кај економските субјекти зависи пред се од степенот на
задоволување на потребите, желбите и барањата на купувачите, што е и суштината на маркетингот.

You might also like