You are on page 1of 3

ПРАШАЊА ПО БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО

1.Што е претприемништво,а што претприемач?


1. Претприемништво е процес во кој се задоволуваат незадоволените потреби и се
решаваат одредени проблеми на пазарот преку користење на ресурси од страна на еден
претприемач со цел на остварување на профит.
Претриемач е личност која го превзема процесот на претприемништвото, го започнува
бизнисот, да создаде профит.
2.Што е бизнис,а што профит?
2.Бизнис претставува економски систем во кој се разменуваат производи и услуги за
други производи или услуги или за пари.
Профит е се она што е заработено и останува во претпријатието. Профит = вкупни
прифоди – вкупни трошоци. Вкупни профоди спаѓа се она што е продадено.
3.Што претставува производ,а што услуга?
3.Производ е нешто што по природа не постои и е направено од луѓе.
Услуга е секаква работа која обезбедува време, вештини или експертиза во замена за
пари.
4.Што е успешен бизнис?
4.Успешен бизнис значи да постои претпријатие кое ќе генерира приход и кое ќе работи
профитабилно.
5.Кои се карактеристики на успешен бизнис?(објасни ги)
5.Карактеристики на успешен бизнис:
-успешност (да генерира приход)
-одржлив (да продолжи со генерирање приход)
-потенцијал за раст (континуирано да расте)
-можност да се продаде (за многу повеќе од вложеното)
6.Што е потребно за успешно започнување на бизнис?(објасни)
6.лични компетенции-знаење (стекнато од теорија), вештини и искуство (секојдневно
среќавање со проблеми и нивно решавање)
-креативност-основа за добивање бизнис идеи кои пак се потенцијални бизнис можности,
исто така може да се генерираат идеи кои може да се користат во решавање на
проблеми, забележување.
-иновативност-можност или идеја за креирање на производ, услуга или бизнис процес
7.Што претставуа бизнис модел и од кои елементи се состои?
7.Бизнис моделот опишува како една организација креира, испорачува и стекнува
вредност. Бизнис моделот ја дефинира причината за постоењето на едно претпријатие.
-вредност -сетменти на купувачи -канали -односи со купувачите
-приходи -клучни ресурси -клучни активности -клучни партнерства
-трошочка структура
8.Објасни за елементите на бизнис моделот?
-вредност-производ или услуга кои треба да се креираат и испорачаат до
купувачите/корисниците
-сетменти на купувачи-кои купувачи/корисници ги опслужува претпријатието
-канали- како вредноста ќе се испорача до купувачите преку комуникациски,
дистрибутивни и продажни канали
-односи со купувачите- како ќе бидат основани и одржувани односите со секој сегмент на
купувачи
-приходи-како ќе се генерираат приходи за испорака на производите/услугите до
купувачите
-клучни ресурси-кои се клучните ресурси со чија помош може да се создаде и испорача
вредноста
-клучни активности- односно кои се активностите кои треба да се имплементираат за да
функционира бизнис моделот
-клучни партнерства- односно кои партнери ќе се користат за нормално функционирање
на бизнис моделот
-трошочка структура- кои ќе бидат главните трошоци кои ќе ги создава претпријатието со
овој бизнис модел
9.Што е бизнис идеја,а што претставува бизнис можност ?
9.Бизнис идеја е нешто што може ќе реши проблем на пазарот, желба или потреба на
купувачот
Бизнис можност потреба или желба на корисници/купувачи која потенцијално може да
биде задоволена или исполнета од страна на нов бизнис
Бизнис можност= бизнис идеја+купувач
10.Што претставуваат човечки ресурси?
10. Секој претприемач мора да биде свесен дека нема да може да издржи многу време
сам. Затоа улогата на претприемачот во градење на успешен бизнис е вистинските луѓе
да се постават на вистинските места
11.Објасни за капитални ресурси?
11. Kaпитални ресурси во суштина се сите оние ресурси кои се користат за да се
произведат производите или услугите
12.Што претставуваат финансиски ресурси?
12. Колку пари ќе бидат потребни за започнување на бизнисот и покривање на определен
временски период сè додека бизнисот не започне да генерира приходи
13.Маркетинг и продажба
13. Кога веќе постои добро разработена бизнис идеја, проверен и потврден бизнис модел,
обезбедени неопходните ресурси за започнување на бизнисот и официјално вратите на
бизнисот се отворени, следува целосен фокус на маркетинг и продажба. Од друга страна,
маркетинг и продажните активности ќе покажат дали добро е завршена работата до сега
14.Менаџмент и лидерство
14. За да постои добар процес на имплементација на сѐ она што е испланирано или
сработено досега, ќе треба подобро лидерство. големување на бројот на вработени,
проширување на пазарот, или едноставно брзиот раст на бизнисот ќе ја зголеми улогата
на менаџментот и лидерството во компанијата
15.Која е улогата на лидерот во бизнисот?
15. Улогата на лидерот е да го преземе ризикот да ја истурка работата до крај, но и да
успее да ја наметне сопствената визија кај останатите членови кои целосно ќе се посветат
на следењето на чекорите на лидерот
16.Објасни го претприемничкиот часовник?
17.Кои основачки дилеми постојат?(објаснете ги истите)
17.Постојат две основачки дилеми:
-за основање на претпријатие - се состои од довербата на потенцијалниот претприемач во
сопствените силни страни, но и во потенцијалот на самата бизнис идеја која е предмет на
започнување на бизнис
-за самостојност на основање - дали самостојно да се тргне во започнувањето или да се
бараат партнери уште во стартот. Партнерите може да се искористат за зголемување на
финансиски средства за започнување, или пак да донесат знаење, вештини и искуство кои
еден претприемач ги нема.

You might also like