You are on page 1of 9

БИЗНИС И

ПРЕТПРИЕМНИШТВО- IV ГОД.

ПОТРЕБНИ РЕСУРСИ ПРИ


З АП О Ч Н У ВА Њ Е Б И З Н И С

П Р О Ф . В Е С Н А Е Ф Р Е М О ВА
ПОТРЕБНИ РЕСУРСИ

Секој бизнис има потреба од ресурси, без разлика дали станува


збор за социјално претпријатие или пак комерцијално (профитно
ориентирано) претпријатие. Тие ресурси се состојат од
материјални, финансиски, човечки, технички и информациски
ресурси кои обезбедуваат услови за нормално функционирање на
бизнисот.

Koи ресурси ќе ви бидат најпотребни за вашето стартап


претпријатие?
ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Човечки ресурси. Иако можеби сметате дека на почетокот ќе
работите сами, сепак мора да бидете свесни дека нема да можете
да издржите многу време. Затоа улогата на претприемачот во
градење на успешен бизнис е вистинските луѓе да се постават
на вистинските места.
Потреба од човечки ресурси секогаш ќе постои, но прашањето е
колку луѓе ќе ви требаат и со какви компетенции треба да бидат
тие луѓе.
Прашањата на кои ќе треба да одговорите кога станува збор за
човечки ресурси се следниве:
ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
 Од каков вид на знаење, вештини и искуства ќе има потреба
вашиот
бизнис?
 Дали вие како претприемач ги имате во доволна количина
истите и дали времето ќе ви дозволи да бидете сам? Дали некој од
вашите соосновачи ги поседува тие знаења, вештини и искуства?
 Колку луѓе со специфично знаење ќе треба да вработите?
 Кој ќе ги има менаџерските улоги?
 Какви знаења, вештини и искуства ќе се бараат за
менаџерските улоги?
 Каде ќе барате кадри за да го екипирате вашиот бизнис?
КАПИТАЛНИ РЕСУРСИ

Капитални ресурси. Kaпитални ресурси во суштина се сите оние


ресурси кои се користат за да се произведат производите или
услугите. Тука може да бидат згради, канцеларии, машини и
опрема, компјутери... Сите овие ресурси ќе ви бидат потребни за
нормално секојдневно функционирање на бизнисот.
За да ги дефинирате и определите капиталните ресурси можете да
одговорите на следниве прашања:
КАПИТАЛНИ РЕСУРСИ

 Каде ќе биде сместено претпријатието во однос на канцеларии


и простор за производство (доколку станува збор за
производствено претпријатие)?
 Дали ќе изнајмиме или купиме простории?
 Каква опрема за производство на производот/услугата ќе ни
биде потребна?
 Каква опрема во канцелариите ќе ни биде потребна (маси,
столови, фотокопири, принтери, скенери, компјутери...)?
 Каде ќе ја набавиме потребната опрема?
ФИНАНСИСКИ РЕСУРСИ

Финансиски ресурси. Колку пари ќе ви бидат потребни за


започнување на бизнисот и покривање на определен временски
период сè додека бизнисот не започне да генерира приходи? Тоа е
првото прашање на коешто ќе треба да одговорите кога станува збор
за финансиските ресурси.
Второто прашање е од каде ќе ги обезбедите финансиските ресурси
што ви се потребни.
За да определите колку ресурси ви требаат и од каде ќе ги набавите
ќе треба да одговорите на следниве прашања :
ФИНАНСИСКИ РЕСУРСИ

 Колку ќе изнесуваат трошоците за започнување на бизнисот?


 Како ќе се движат приходите, односно како ќе изгледа
предвидувањето на продажбата?
 Колку ќе изнесуваат трошоците за нормално функционирање на
бизнисот по започнување (фиксни и варијабилни трошоци)?
 Колку пари ќе ни требаат за започнување на бизнисот и покривање на
определен временски период на работење?
 Колку пари поседуваме како претприемачи или колку од парите ќе се
обезбедат од страна на соосновачи?
 Колку пари ќе ни недостасуваат и покрај личните финансиски
средства?
 Колкав износ на пари ќе се бараат преку сопственички извори на
финансирање на бизнисот?
 Колкав износ на пари ќе се бараат преку финансирање со

You might also like