You are on page 1of 2

Начини на основање на бизнис

Постојат неколку начини на започнување сопствен бизнис, но најчести се:


- Купување на бизнис кој постои.
- Основање на нов бизнис.

Купување на бизнис кој постои

Може да се купи постојно претпријатие чии сопственик од определени причини не е


во состојба успешно да го води па затоа го продава. Купувањето на ваков бизнис бара
голема внимателност. За да биде успешно купувањето треба да се следат овие чекори:
а) Oпределување на видот што се купува (треба да се настојува да се купи бизнис за
кој се има знаење или искуство).
б) Пронаоѓање соодветен бизнис за купување (преку оглас за весник, преку посредник
или преку усна препорака).
в) Анализа на бизнисот што е понуден на продажба (тип на бизнисот, локација,
големина, анализа на менаџментот и др).
Кога некој ќе се одлучи да купи постоечки бизнис треба да направи сеопфатна анализа
која содржи:
1. Истражување на причините за продажба на бизнисот - причините можат да бидат
различни: поради лошо работење, поради желба за влегување во нов бизнис,
поради старост и немање наследник и слично
2. Анализа на сопственичко – правната документација – треба да се утврди дали
имотот е на тој што го продава, дали е даден под хипотека
3. Анализа на профитабилноста – се проверува колкав бил профитот во последните
неколку години, анализа на инвестициите што се направиле во претпријатието,
анализа на платите на вработените и сл.
4. Финансиска анализа – се согледува преку големината и вредноста на капиталот:
објектите, опремата, транспортните средства, залихите во магацини, вредноста на
побарувањата и др.
5. Анализа на опкружувањето – се согледува состојбата на државата, економијата,
економската гранка во која спаѓа бизнисот, општината во која делува бизнисот и
др.

Основање на ново претпријатие

Основањето на нов бизнис е посложено и поризично од купување на постоечки бизнис.


Успешноста или неуспешноста на новото претпирјатие зависи од предвидувањата на
основачот, тој мора да изработи студија за одржливост на сопствената идеја. Оваа студија
содржи:
1. Истражување на пазарот – претставува собирање на информации за
карактеристиките на пазарот на кој се планира реализација на идејата,
информации за потенцијалните клиенти и информации за карактеристиките на
конкурентите.
а) Информациите за карактеристиките на пазарот се: големината на пазарот,
добрата и услугите кои се продаваат, по која цена, во колкави количини и под кои
услови.
б) Анализа на клиентите – се однесува на: возраста, полот, и куповната моќ.
в) Во врска со конкуренцијата – треба да се обезбедат информации за: цената на
нивниот производ, квалитетите на конкурентниот производ и условите на
продажба.
2. Анализа на локацијата – местото каде ќе биде објектот е многу важно особено
треба да е блисуку до пазарот, да има решена инфраструктура, достапност до
работна сила и можност за проширување.
3. Анализа на производство – во врска со реализацијата на сопствената идеја за да се
понуди добар производ треба да се анализираат: суровините и материјалите кои
ќе се користат, потребната работна сила и технологијата што ќе се користи.
4. Потребни финансии – за започнување на сопствен бизнис неопходни се
финансиски средства па затоа треба да се обрне внимание: колку парични
средства се потребни, доколку недостасуваат каде ќе се најдат, од каде ќе се земе
кредит и што ќе се даде под хипотека.
5. Анализа на законската регулатива – одпочнувањето на нов бизнис мора да биде
според закон па затоа сопственикот треба да ги проучи прописите за даноци,
царини, работни односи и др.

You might also like