You are on page 1of 21

ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС

КРЕАТИВНОСТ И ИНОВАЦИИ

1. КРЕАТИВНОСТ

Креативноста е генерирање на нови идеи (создавање нешто ново), или креативно


комбинирање помеѓу постоечки идеи и концепти. Постои разлика меѓу креативноста и
иновацијата. Ако креативноста е чин на создавање нови идеи, концепти, акции,
иновацијата е процесот на генерирање и воведување во пракса на тие креативни идеи.

Може да се има креативност без иновација, но не може да се има иновација без


креативност.

Креативност (користење на имагинација или оригинални идеи, сонување за нешто


ново или за подобрување на работите околу нас, замислување на подобри работи, нешто
сосема ново за околината, откривање на можности за подобрување на нешто, сеуште
непостоечко, размислување за нешто ново, за подобрување на работите околу нас).

Имагинација (способност да се измислува, да се фантазира; фантазија, мечта, моќ


за вообразување нешта што не постојат, творечка способност на умот да се судри и да
дејствува во совладување на некој проблем; способност за креирање нови идеи, за
изнаоѓање нови решенија )

Креативноста е подарок за човечкиот род. Таа не е нешто што може да биде


создадена од страна на човекот. Во секојдневното живеење користите компјутери,
калкулатори и сл. И често мислиме дека тие се подобри од човековиот
ум.Размислувањето, креативноста, чувствата се едни од многуте работи по кои чевекот се
разликува од машините и тоа го прави супериорен во однос на нив. Сега, затворете ги
очите на 5 минути и размислете за следново:

Се наоѓате на прекрасна ливада со зелена трева и цвеќиња во различни бои. Вие


шетате по таа убавина и одеднаш започнува да врне. Полека, ги чувствувате капките како
нежно го допираат вашето тело. А вие, разговарате со личноста која ја сакате.

После ова, сигурно се чувствувате убаво и исполнето.

ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАСИЛЕВО Page 1


ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС

Ова е одлика само на човековиот ум. Ниедна машина, ниеден компјутер не може да
ви го долови ова чувство на убавина, на исполнетост, на позитивни мисли. Креативноста е
одлика само на човекот. Мудрите луѓе никогаш не престануваат да размислуваат. Затоа,
отворете го вашиот ум и размислете како може да придонесете кон унапредувањето на
вашата креативност.

1.1. ШТО ЈА ПОПРЕЧУВА КРЕАТИВНОСТА?

Блокади Ограничувања Како до позитивно


размислување

Негативни ставови Фокусирање на негативните Гледајте на можностите кои


аспекти на проблемите и произлегуваат од проблемите
непотребни грижи
Неуспехот е потребен услов за
Страв од неуспех Страв дека ќе бидете исмеани успех
или ќе изгледате глупаво
Мислете на долгорочниот успех
Стрес Немање време да мислите кој ќе ви го донесе креативното
креативно. Стресот ја намалува размислување и иновацијата
способноста на личноста да
мисли креативно.

Правила Безусловното следење на Не се задржувајте стриктно до


правила ја убива креативноста правилата. Некои се потребни, а
некои предизвикуваат ментална
мрзливост.

Претпоставки Свесни или несвесни, Предизвикајте ги


претпоставките го кочат претпоставките. Ако не содржат
креативното размислување некоја добра идеја, исфрлете ги.
Премногу логично
Потпирање целосно на логика и Иако е поврзана со логична
размислување
аналитика, ќе ја убие вашата структура, иновацијата не е
фантазија, креативност, чувства прозивод на логично
и смисла за хумор. размислување.

ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАСИЛЕВО Page 2


ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС

1.2. ВОДЕЊЕ ДНЕВНИК ЗА БУДЕЊЕ НА КРЕАТИВНОСТА

Иако пишувањето не е вашата работа од соништата, доколку воведете ваква практика


(водење дневник) во вашето работење е одличен начин да ја поттикнете  креативноста.
Три причини зошто е тоа така. Иако пишувањето не е вашата работа од соништата,
доколку воведете ваква практика (водење дневник) во вашето работење е одличен начин
да ја поттикнете  креативноста. Три причини зошто е тоа така.

1. Ќе ви помогне да се ослободите од глупостите кои ви се мотаат низ глава. Факт


е дека низ глава ни се мотаат разни работи. Најчесто ни се мотаат мисли како
„Никогаш нема да бидам добар како тој/таа“, „Никогаш нема да успеам„, и сл.Кој
може да биде креативен со сета таа галама во главата? Ако го запишете сето тоа,
автоматски сите тие глупости од главата сте ги пренеле на хартија и веднаш ќе
почувствувате тишина. Одеднаш, способни сте да размислувате, а не само да
реагирате. Оваа тишина ќе потрае некое време, доволно да почнете да
размислувате креативно, а со тоа и да добиете некоја нова идеја.
2. Ви дава можност да испробате некој нова идеја. Нема подобар начин да
испробате дали вашата идеја ќе функционира, освен да ја запишете на хартија.
Напишете ги позитивните и негативните работи, направете сценарио, играјте си
„ш.б.б.к.б.б.“ игри (што би било, кога би било). Најдобро од се е што сето тоа го
пишувате во ваша тетратка и никој нема да има пристап до тоа. Пробајте да ги
запишете вашите соништа, надежи, визија и цели. Играјте си со нив. Може баш на
тие листови хартија ќе се визуелизира вашата идеја кристално и чисто.

3. Шанса да се поврзете со вашата инспирација. Откако ќе го направите првиот


чекор и ќе ги исфрлите глупостите од вашата глава, инспирацијата ќе почне да се
појавува. Може нема да се појави во моментот на пишување, може да се појави
додека се туширате, додека возите, пешачите. Откако сте ја испразниле вашата
глава, инспирацијата може да се појави било каде. Најбитно е да запомните дека

ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАСИЛЕВО Page 3


ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС

инспирацијата „зборува“ тивко. Затоа е многу битно почесто да го практикувате


првиот чекор, редовно да ги исфрлате демотивирачките мисли и да слушате
внимателно.

Вежба:

1. Учениците да согледаат проблем од својата средина (грижа за стари лица,


недостаток на одреден вид на продавница во околината, и сл.)
2. Дали може да замислите воз кој нема да застане на железничка станица, а
патниците да може да се качат, односно симнат од него ????
(http://www.businessinsider.com/chinese-train-doesnt-stop-at-stations-2013-12#!)

3. Земете лист и пенкало. Запишете го вашиот предизвик-дали е тоа да почнете


бизнис, да го промовирате вашиот бизнис, да унапредите некој процес или било
што друго. Сега започнете да пишувате за тоа. Не размислувајте, само пишувајте.
Ако почувствувате дека малку забегувате од темата, застанете, вратете се и
продолжете да пишувате. Пишувајте 20тина минути. Ако не дојдете до одговор до
тој момент, не очајувајте. Пробајте ја оваа техника наредниот ден или неколку дена
по ред. И запомнете, најдобрите идеа доаѓаат случајно, и во моментот кога
најмалку ги очекуваме!

4. Задача -да решат класичен проблем на креативноста со што биле запознаени со три
предмети на маса сместена веднаш до ѕидот: свеќа, кибрит и кутија со клинчиња.
(Одговор -клинчињата служат за прикачување на свеќата за ѕидот така што свеќата
ќе гори исправено, а восокот нема да капе на масата или подот, а правилното
решение ја вклучува и кутијата од клинците која треба да послужи како држач за
свеќа и да се прикачи на ѕидот. Решението на овој проблем е одлична мерка за
кретивноста затоа што вклучува можност на предметите да им се дадат различни
функции од вообичаените.)

ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАСИЛЕВО Page 4


ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС

2. ИНОВАЦИИ

Иновации (акција или процес на менување на нешто, практична примена на идеи и


технологии, промени на подобро, создавање на подобри работи, правење нешто на
поинаков начин, правење на нешто ново).

На пример, компјутерот бил резултат на потребата на луѓето да пронајдат начин


како да извршат електронска обработка на голема количина податоци на мал компјутер.
Поттикнати од креативноста и иновативноста, претприемачите успеале да дизајнираат
компјутер со мали димензии, дошло до трансформирање на идејата во производ т.е процес
на претварае на идејата во практична примена.

Креативност (идеи) + акција + верификација (купувачи) = ИНОВАЦИЈА

Дискусија:

1. За што еден ученик од IX одделение може да биде креативен?

2. Како може таа креативност да ја трансформира во иновација?

ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАСИЛЕВО Page 5


ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС

Вежба:

1. Со користење на хартија во боја, ножици, фломастери и други помошни средства


учениците да направат различни форми на писма

2. Анализа на фризерско студио (по што се разликуваат меѓусебе, дали некој нуди
некаква новина, и сл.)

2.1. Користете ги иновациите за да го развиете вашиот бизнис

Успешното користење на нови идеи е клучно за еден бизнис да може да ги


унапреди своите процеси, да понуди нови и подобрени производи и услуги на пазарот, да
ја зголеми својата ефикасност и најважно од се – да ја зголеми профитабилноста.

Важно е компаниите да продолжат да инвестираат во иновации, дури и во периоди


кога нивниот бизнисот е во опаѓање, за да бидат поконкурентни кога состојбата ќе се
подобри.

Пазарите – без оглед на тоа дали се локални, регионални, национални или глобални
– стануваат се по конкурентни. Конкуренцијата станува пооштра како резултат на се
поголемиот пристап до новите технологии како и зголемените можности кои ги нуди
интернетот за тргување и споделување на знаења.

Овој водич објаснува како можете да ги направите иновациите да ви бидат клучен


бизнис процес и зборува за различните пристапи од кои можете да одберете. Ве советува
за тоа како да ги планирате иновациите како и за тоа како да создадете соодветна бизнис
средина за да ги развиете вашите идеи. Исто така дава насоки за достапната помош и
поддршка потребна за воведување иновација во вашиот бизнис.

2.2. Бизнис случај за иновација

Важно е да се прави јасна разлика помеѓу изум и иновација. Изумот е нова идеја.
Иновацијата е комерцијална примена и успешно користење на таа идеја.

Во основа, иновација значи воведување нешто ново во вашиот бизнис. Тоа би можело да
биде:

ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАСИЛЕВО Page 6


ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС

*Подобрување или замена на бизнис процесите со цел зголемување на ефикасноста и


продуктивноста или со цел да се овозможи проширување на опсегот или
квалитетот на постоечките производи и/или услуги.

*Развој на комплетно нови и подобрени производи и услуги – честопати со цел да ги


задоволат брзорастечките потреби и барања на клиентите.

*Додадена вредност на постоечките производи, услуги или пазари за да се постигне


уникатност на бизнисот во однос на неговите конкуренти и за да се зголеми
проценетата вредност.

Иновацијата може да значи и голем пробив на пазарот – на пример комплетно нов


производ или услуга. Од друга страна, може да значи и серија на помали, растечки
промени.

Во каков облик и да се јави, иновацијата е креативен процес. Идеите може да доѓаат:

*  Од внатре, од самиот бизнис, на пример од некој вработен, менаџер или пак


истражување направено во самата организација или како резултат на развојните
процеси кои се водат внатре во организацијата

*  Надвор од бизнисот, на пример од добавувачите, клиентите, медиумските извештаи,


истражување на пазарот објавено од друга организација или пак универзитети или
други извори нови технологии

До успех доаѓа кога ќе се филтрираат тие идеи, ќе се идентификуваат оние кои ќе се


фокусираат на бизнисот и кога ќе се ангажираат ресурси за да се искористат тие идеи.

Воведувањето иновации во вашиот бизнис може да ви помогне:

*  Да ја подобрите продуктивноста

*  Да ги намалите трошоците

*  Да биде поконкурентни

*  Да ја зголемите вредноста на вашиот бренд

*  Да воспоставите нови партнерства

*  Да го зголемите профитот / профитабилноста

 Бизнисите кои не работат на воведување на иновации, ризикуваат:

ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАСИЛЕВО Page 7


ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС

*  Да го изгубат својот дел од пазарот кој го делат со конкурентите

*  Да страдаат од намалена продуктивност и ефикасност

*  Да ги изгубат клучните вработени

*  Да западнат во постојано намалување на маргините и профитот

*  Да им опадне бизнисот

2.3. Пристапи кон иновациите


 
Иновацијата во вашиот бизнис може да значи воведување нови или подобрени производи,
услуги или процеси.

Анализирајте го пазарот
Нема поента да размислувате за иновација во вакум. За да го придвижите вашиот
бизнис нанапред, проучете го вашиот пазар и разберете како иновацијата би можела да
додаде вредност за вашите клиенти. За повеќе информации околу анализирањето на
вашиот пазар, прочитајте го делот „планирање иновации“.

 Препознајте можност за иновација

  Можете да идентификувате можности за иновација така што ќе го адаптирате


вашиот производ или услуга во согласност со начинот на кој се менува вашиот пазар. На
пример, ако сте специјализиран производител на хамбургери, може да размислите за
намалување на маснотиите во вашите сендвичи за да ги привлечете потрошувачите кои се
грижат за своето здравје.

Исто така, можете да го развиете вашиот бизнис така што ќе создадете сосема нов
производ. На пример, можете да започнете да продавате и вегетаријански хамбургер,
покрај оној со месо.

Иновација во вашиот бизнис може да биде воведување на нова технологија, техника или
работна вештина – можеби користење на подобри процеси за да му дадете поконзистентен
квалитет на производот.

Доколку некое истражување покаже дека луѓето имаат се помалку време да одат во
продавници, можете да го реорганизирате вашиот дистрибутивен процес и да им понудите
на клиентите испорака до дома, која би можела да биде врзана со порачки кои ќе се прават
преку интернет или по телефон.

Доколку производите на вашите конкуренти имаат репутација на ефтини и достапни,


наместо да се обидувате да ги надминете со тоа што вашите цени ќе бидат пониски,

ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАСИЛЕВО Page 8


ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС

можете да внесете иновација со тоа што ќе го реорганизирате вашиот маркетинг така што
ќе го потенцирате квалитетот на вашите производи.

2.4. Планирање иновации

 Иновативни идеи може да ви паднат на памет кога најмалку очекувате. Сепак, би требало:
1. иновациите да ви бидат дел од бизнис стратегијата
2. би требало да имате стратешка визија за тоа како би сакале да ви се развива
бизнисот – доколку го посветите вашето време на следење на трендовите во вашиот
бизнис сектор, можете да ги фокусирате вашите иновативни напори кон најважните
области

Иновациите не само што ќе ги подобрат шанси на вашиот бизнис да опстане, тие ќе ви


помогнат да напредува и да остварува зголемен профит. Постојат повеќе практични
начини да процените дали вашите идеи имаат потенцијал да остварат профит:  

Проценете ја конкуренцијата
Дознајте кои ви се конкурентите и каде работат. Користете го интернетот и извори
на рекламирање како што се Yellow Pages, Златна книга и слично, за да дознаете нешто
повеќе за нивните производи, цени и култура на работење. Тоа може да ви даде преглед на
нивните продажни локации како и за било кое прашање кое би можеле да го искористите
во ваша полза.

На пример, доколку вашата конкуренција е фокусирана на вредност за пари, можеби ќе


биде добро да го истакнете квалитетот на вашиот производ или услуга.

 Проучувајте го пазарот или трендовите во вашата индустрија


Свесноста за климата во која работи вашиот бизнис ќе ви помогне да планирате.

Можете да најдете многу информации за вашата индустрија на интернет. Списанијата за


бизнис и трговија исто така содржат корисни написи.

 
Создадете однос со вашите клиенти

Не е доволно само да знаете која е вашата база на клиенти. Потребно е исто така и
ефективно да комуницирате со нив.

Ефективната комуникација опфаќа не само следење на нивните потреби туку и активно


набљудување на нивното однесување кон постоечките производи и услуги и генерирање
идеи за тоа како можете да направите подобрувања.   

Вклучете ги вашите добавувачи и другите бизнис партнери

ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАСИЛЕВО Page 9


ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС

Здружувањето на вашите ресурси со оние на вашите добавувачи или други бизнис


партнери ќе ви помогне да создадете и развиете креативни идеи. Потенцијални
партнерства исто така може да се развијат и по пат на бизнис вмрежување (networking).

 Следно – размислете што би значело преземањето конкретен иновативен чекор за вашиот


бизнис. Запрашајте се:

1. какво влијание ќе има тоа на вашите бизнис процеси и практики


2. каков дополнителен тренинг може да биде потребен за вашиот персонал
3. кои екстра ресурси може да ви се потребни
4. како ќе ја финансирате работата
5. дали ќе создадете некаква интелектуална сопственост која ќе треба да ја заштитите

Конечно, вашата визија треба да ја вклучите во бизнис планот, така што:

1. ќе ги запишете вашите цели, краткорочните и долгорочните, како и детално


образложение на тоа како планирате да ги постигнете
2. ќе ги поврзете целите со финансиските цели, како на пример остварување на
одреден профит до одреден датум
3. редовно ќе го прегледувате вашиот план  

2.5. Поттикнувајте иновации во вашиот бизнис

Постојат многу извори кои можете да ги користите за генерирање на нови идеи за вашиот
бизнис.

Добавувачите, бизнис партнерите и контактите од бизнис вмрежувањето може значајно да


придонесат кон креативниот процес, како и да ви обезбедат поддршка и охрабрување.
Вашите вработени се исто така витален капитал во генерирањето иновативни идеи.

За да извлечете максимум од нив, треба да создадете иновативна средина и да го


охрабрувате креативното размислување.

Чекори за поддршка на иновации


1. Уверете се дека имате осмислено процеси и настани со кои ќе ги реализирате
идеите. На пример, можете да поставите кутии за предлози низ работните
простории или пак да одржувате обични работилници или пак некаков
корпоративен настан кој ќе се случува надвор од вашиот град, за да организирате
бура на идеи со вработените. 
2. Создадете атмосфера на поддршка во која луѓето ќе се чувствуваат слободни да ги
изразат своите идеи без ризик дека ќе бидат критикувани или исмеани. 

ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАСИЛЕВО Page 10


ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС

3. Охрабрете го ризикувањето и експериментирањето – не ги казнувајте луѓето кои


пробуваат нови идеи кои не излегуваат успешни.
4. Потткинувајте ја отвореноста помеѓу индивидуите и тимовите. Добрите идеи и
знањата во еден дел од вашиот бизнис треба да се споделат со другите. Тимската
работа, билтените и интранет мрежата можат да ви помогнат во тоа вашите луѓе да
споделуваат информации и да охрабруваат иновации.
5. Истакнете дека луѓето на сите нивоа од бизнисот споделуваат одговорност за
иновациите така што сите ќе се чувствуваат вклучени во процесот на водење на
бизнисот нанапред. Колку помалку слоеви на менаџмент и носачи на одлуки има во
вашот бизнис, толку повеќе луѓето ќе имаат чувство дека нивните идеи се земаат во
предвид.
6. Наградете ги иновациите и прославувајте го успехот. Соодветни награди може да
ги охрабрат луѓето да размислуваат креативно.
7. Барајте имагинација и креативност кај потенцијалните нови кандидати кои сакате
да ги вработите. Не заборавајте дека честопати оние кои размислуваат иновативно
не секогаш се истите оние кандидати кои имаат и импресивни квалификации.

 2.6. Финансирање на иновациите


Постојат бројни начини како можете да најдете финансии за развој преку иновации, без
оглед дали сами ќе ги обезбедите финансиите или пак ќе користите надворешни извори на
финансирање како што се заеми или акционерски капитал. Обезбедувањето на
вистинскиот тип финансии е клучно за остварување на голем развој и иновација.

Кој било начин за добивање на надворешни финансии претпоставува постоење на високо


квалитетен бизнис план кој го опишува вашиот бизнис и дефинира јасни насоки за тоа во
која насока планирате да го развивате.

Бизнисите честопати, кога ќе го пречекорат салдото или пак кога им е потребно


дополнително финансирање, се обраќаат до своите банки, зависно од нивните потреби за
позајмување.

Доколку сте подготвени да отстапите извесна контрола врз вашиот бизнис на надворешни
инвеститори, би можеле да размислите за акционерски капитал. Два главни начини за тоа
како се прави ова се бизнис ангелите и фирмите со ризичен капитал (venture capital):

1. Бизнис ангелите се богати индивидуалци или здруженија кои инвестираат во


приватни компании.
2. Ризичните капиталисти или venture капиталистите (VC) се фирми кои обезбедуваат
високо ниво на инвестиции во замена за удел во бизнисот.  

ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАСИЛЕВО Page 11


ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС

Грантови

Можете да размислите и за тоа да аплицирате за грант. Ова вообичаено би покрило


само дел од вашиот проект, но ја задржувате контролата врз акциите во вашиот бизнис и,
доколку не прекршите некој од договорените услови, нема да треба да ја враќате
добиената сума.

Постојат различни грантови – некои од нив ги доделува владата, некои Европската унија
или пак некои други домашни или странски организации.

3. МЕТОДИ ЗА ГЕНЕРИРАЊЕ И СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ИДЕЈА

Идеите за нов бизнис можат да потекнуваат од многу извори:

 Случајност
 Анализа на статистички податоци

 Препознавање на потребите на луѓето и бизнисите

 Искористување на стекнати вештини

 Способности

 Знаења и искуство

Голем број денешни производи се резултат на случаен настан кој придонел да


се појави и развие идеја за бизнис. На пример, браќата Келог уште во 1906 г.
правеле храна такашто вареле пченка за да добијат тесто, кое потоа го сукале во
кори, корите ги печеле и на крајот ги мелеле во крупно брашно. Еден ден
производствениот процес непредвидено запрел и свареното жито два дена останало
необработено. Кога суканите кори се испекле не се добиле кори туку ситни
пченкарни снегулки. Браќата Келог во ова виделе можност да развијат нов
производ кој го нарекле Корн Флекс.

ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАСИЛЕВО Page 12


ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС

Некои бизниси настануваат како резултат на анализата на статистички


податоци. На пример, статистичката анализа во агенцијата за вработување
покажува дека голем број од невработените лица сакаат да стекнат вештини по
сметководство за побрзо да најдат работа. Претпријатијата кои се специјализирани
за давае едукативни услуги можат да организират обука по сметководство.

Идеја за бизнис може да дојде со препознавање на потребите на луѓето и


бизнисите. На пример, потребата на луѓето да фотокопираат документи при
нивното поднесување во државните институции претставува можност за отворање
на фотокопирница во нивната непосредна близина.

Оној кој сака да основа сопствен бизинис може тоа да го направи со


искористување на сопствена вештина, талент, способност, знаење или искуство.

Генерирањето и селекцијата на бизнис идеја има за крајна цел да се добие


вистинска идеја, во вистинско време, на вистинско место. Пред да го отпочне овој
процес, секој треба да се запраша:

 Дали има некои посебни способности коишто би можеле да бидат основа


за нов бизнис?
 Дали има хоби коешто би можело да биде претворено во бизнис?

 Дали бил/била во ситуација да има потреба од некоја посебна услуга или


производ коишто никој не ги нудел? Доколку е така, најверојатно и
други луѓе ја имаат истата потреба.

По бурата на идеа се прави стеснување на бројот на идеи со помош на следните


сугестии:

 Зошто тоа не е направено досега и дали се работи за невозможна мисија?


 Колку е голем пазарот за разгледуваната идеја?

 Дали идејата претставува краткотрајно помодарство?


ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАСИЛЕВО Page 13
ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС

4.ОПРАВДАНОСТ НА БИЗНИС ИДЕЈАТА

Анализата за оправданост на селектираната идеја започнува со истражување преку


кое треба да се добие одговор на следните прашања:

 Кој ќе го купува производот?


 Како се произведува новиот производ?

 Кои се средствата што се потребни да се произведе новиот производ?

 Кој е добавувач на суровините, како и неговата постојаност?

 Колкава е достапноста на суровините и материјалите?

 Каква е куповната моќ на потрошувачите за новиот производ?

 Каква е традицијата и социјалниот елемент за новиот производ?

 Каква дистрибутивна мрежа е потребна за новиот производ?

ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАСИЛЕВО Page 14


ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС

Вежба: Генерирање на бизнис идеја

ЦЕЛ Потикнување на учениците да генерираат, селектираат и прават


проценка на бизнис идеја
ВРЕМЕ 40 мин.
МЕСТО Училница
ФОРМА Групна
ОДГОВОРНОСТ Наставник
ТЕХНИЧКИ Компјутер, интернет
ПОМАГАЛА
МАТЕРИЈАЛИ Фломастери, самолеплива трака
РЕЗУЛТАТ Избор и анализа на бизнис идеја
ЧЕКОРИ ВРЕМЕ НАСТАВНИК УЧЕНИК
ВОВЕД 5 мин. Претставување на Слушање, учениицте се
техниката на генерирање разместуваат и формираат
на идеите. Дава упатства групи
за начинот на одвивање
и содржината на
вежбата. Формирање на
групи

ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАСИЛЕВО Page 15


ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС

ПРВ ЧЕКОР По редослед дозволува Искажување на идеја


секој ученик да искаже
идеја.
25 мин.
ВТОР ЧЕКОР Дава иструкции, совети Прибирање и анализа на
и насоки податоци, информации,
пишани документи
ТРЕТ ЧЕКОР Дава иструкции, совети Анализа на бизнис идејата
и насоки
ПРЕЗЕНТИРАЊЕ Синтетизира и Претставување и опишување
генерализира поими. на бизнис идејата
10 мин. Поставува прашања и
развива дискусија
помеѓу групите

Вежба: Модел со поени

КРИТЕРИУМ Специфич. ИДЕЈА 1 ИДЕЈА 2


тежина ПОЕНИ Мултипликација ПОЕНИ Мултипликација

силни страни 20
слаби страни 15
можности 10
закани 5
Вкупен број на поени за секоја идеја:

– Дефинирање на минимален број на барања (критериуми)


– Разработка на скала за вреднување (специфични тежини)

– Одредување на поени за секое барање/критериум

– Мултипликација (поени x специфична тежина)

– Одредување на вкупен број на поени за секоја идеја

ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАСИЛЕВО Page 16


ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС

Силни страни (конкурентна цена, модерен дизајн, брза дистрибуција до продажните


места, квалитетни материјали кои се употребуваат при произвдоството, поволен начин на
одложено плаќање, маркетинг активности)

Слаби страни (оддалеченост од градот, неповолна старосна структура на вработените,


непостоење соодветен магацински простор, непостоење на сопствен продажен простор)

Можности (постојан напредок на технологијата за изработка на квалитетни материјали,


финансиска подршка од банки, разгранета мрежа на продавници во градовите, продажба
преку интернет, извоз на пазарите во соседните држави)

Закани (силни конкуренти, долготрајна постапка за регистрација на нов производ, високи


камати на банкарски камати, нелојална конкуренција, можноост за увоз на странски
брендови со ниски царини, слаба абсорпциона моќ на пазарот во други делови од земјата)

5. Совети за иновации и претприемништво од Џеф Безос

Да го слушаш Џеф Безос, основачот на Amazon, е како да посетуваш училиште за


започнување бизнис во кое те учат дека неуспехот е дел од претприемничкиот развој. Она
што особено ми оставаше впечаток секој пат кога во минатото разговарав со Безос беше
неговата подготвеност да згреши и неговата постојана згрозеност од status  quo состојбите.

Разговарајќи со писателот Стивен Леви на конференцијата Wired Business која се


одржа во Њујорк, Безос уште еднаш повтори некои од овие свои ставови.За жал, мојот
едвај еден месец стар MacBook ми откажа во сред пишување и изгубив голем дел од
текстот. Дури подоцна таа вечер успеав да позајмам ThinkPad од еден пријател. Се
разбира, досега многумина имаат пишувано за и околу коментарите на Безос за Kindle
(софтверска и хардверска платформа развиена од Amazon.com која служи за читање
електронски книги и други дигитални медиуми), залагањата на Google’s book и
електронските читатели, па затоа ќе ги прескокнам овие теми и ќе се сконцентрирам на
некои од коментарите околу иновациите и претприемништвото. Голем дел од неговите
совети ми помогнаа да размислувам трезвено за нашиот мал почетен бизнис. Се надевам
дека ќе уживате во овие зрнца мудрост од човекот кој милувам да го нарекувам постојан
градинар на иновации.    

Иновациите и големите компании

ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАСИЛЕВО Page 17


ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС

Зборувајќи за промените, Безос рече дека брзите промени се секогаш


застрашувачки за големите компании, но доколку не спаѓате меѓу нив, немате што да
изгубите. Големите фирми / компании мораат да се грижат за приходите генерирани од
претходното работење. Иновациите се тешки за големите компании бидејќи мора да бидат
долгорочно ориентирани. А со оглед на тоа што иновативните проекти се толку мал дел од
големите компании, постои тенденција на иновациите да се гледа со презир.

„Потребна ни е култура која ги поздравува малите и иновативни идеи, како и


директори кои ги охрабруваат идеите“, вели тој. За да можат иновативните идеи да вродат
со плод, потребно е компаниите да бидат расположени да „почекаат по 5-7 години, а
повеќето компании не се подготвени да си дадат толкав временски рок“.   

Во тешки времиња, фокусирај се на клиентите

Како последица на .com (dot-com) кризата, Amazon беше една од многуте интернет
компании чии цени на акциите тонеа побрзо од галеб кој се нурнува во водата да улови
храна. „Цените на акциите издишаа, но бизнисот продолжи да расте“, се потсетуваше тој.
Како резултат на ова, Amazon ги пренасочи своите сили на клиентите.

“Концентрирањето на клиентите ја прави компанијата поиздржлива“, додаде тој.


„Моравме да им кажеме на вработените дека не треба да се чувствуваат поумни поради
тоа што акциите пораснале за 35%, затоа што тогаш тие би се чувствувале за 35%
поглупави во ситуации кога акциите би паднале“. Негов совет за справување со тешките
времиња, како она кога Amazon се справуваше со кризата на интернет пазарот (.com
кризата), е што повеќе да се комуницира со вработените во фирмата. Во присуство на
премногу надворешни извори на информации Безос смета дека е важно компаниите колку
што е можно почесто да разговараат со своите луѓе, со што ќе им ги намалат постоечките
грижи.

Бидете тврдоглави

Разликата помеѓу основачите на бизнисите и професионалните менаџери е во тоа


што основачите се тврдоглави во врска со визијата на бизнисот и упорно работат на
деталите. Кога работите не одат како што треба, професионалните менаџери сакаат да ја
променат визијата. Трик кој е важен за еден добар претприемач е да знае кога да биде
тврдоглав, а кога да биде флексибилен: бидете тврдоглави за визијата, но флексибилни
околу тактиките, вели Безос. На пример, можете да бидете флексибилни во поглед на
намалување на трошоците, но не ја менувате визијата за да ги намалите трошоците.
Одлична поента, бидејќи честопати основачите заглавуваат во тактиките и како резултат
на тоа ја менуваат својата насока.

Предуслови за иновација

ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАСИЛЕВО Page 18


ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС

Безос навел неколку предуслови за иновациите и пронаоѓањето но, според него,


најголем предуслов од сите е подготвеноста да не се успее. Мора да размислувате
долгорочно и да бидете несфатени долг временски период. „Доколку не сте подготвени на
овие работи тогаш треба да се ограничите на одржливи иновации“. Со други зборови,
трагајте по растечки промени за да го развиете вашиот бизнис.

Зборувајќи за потребата да се размислува долгорочно, Безос рече дека е потребно


да постои увереност. Потполно се согласувам – доколку имате краткорочен пристап,
постојано сте заглавени во обидот да се справите со неважни детали. Тој истакна колку
мрази кога некој се придржува на одредена рутина и не превзема никакви ризици. Безос
јасно нагласи дека неговата компанија се обидува да гледа на сé од гледна точка на
клиентите. „Многу внимателно ги донесуваме бизнис одлуките“, вели Безос. „Работиме
назадечки, поаѓајќи од потребите на клиентите“

Грешки поради пропуст наспроти грешки поради излетување

Многу луѓе прават „драма“ од нивните грешки поради излетување / избрзување.


Луѓето премногу ги нагласуваат своите неуспеси кога се обидуваат во нешто ново.
Всушност, неуспехот не е толку скап и е дел од работата. Доколку нешто не ви успее, ќе
го затворите и ќе ги намалите вашите загуби, вели Безос. Тој истакнува дека фокусот
треба да ни биде на грешките поради пропуштање. Тоа се пропуштените обиди. Тој не се
срами од својот неуспех – А9 search и Auctions се два примери кои тој самиот често ги
споменува. И двата пазари беа доволно големи за Amazon да ризикува.

КРЕАТИВНОСТ

(ГЕНЕРИРАЊЕ НА НОВИ ИДЕИ-СОЗДАВАЊЕ


НЕШТО НОВО)

ИНОВАЦИЈА

(акција или процес на менување на нешто,


практична примена на идеи и технологии, промени
на подобро, создавање на подобри работи, правење
нешто на поинаков начин, правење на нешто ново)
ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАСИЛЕВО Page 19
ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

(ВОВЕДУВАЊЕ НА НОВИ ПРОИЗВОДИ НА


ПАЗАРОТ ИЛИ ПОСТОЕЧКИТЕ ДА СЕ
ПОДОБРАТ)

6. ДИЗАЈН НА ПРОИЗВОД

Дизајнот како белег на производот се толкува како облик на производот, а


на дизајнираето се гледа како на процес на естетско и функционално обликување
на производот.

Во дизајнот се вклучени сите надворешни елементи кои се однесуваат на


производот:

 Естетски изглед

 Облик

 Боја

Пакувањето или амбалажата на производот има повеќекратно значење:

 Амбалажата го заштитува производот

 Ги привлекува купувачите

 Влијае на зголемување на продажбата

ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАСИЛЕВО Page 20


ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС

Вежба: Пребарување на google, различни дизајни на познати производи (смоки, чипс,


ајвар, мастика, сокови, млеко, млечни производи и др.) во Р. Македонија

Вежба: Дизајн на производ или услуга како резултат на претприемачката идеја

ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАСИЛЕВО Page 21

You might also like