You are on page 1of 6

Искази

Исказите претставуваат основне елемент на секој програмски јазик. Без исказите


компјутерот не би знаел кои чекори треба да се извршат за да се дојде до конечниот
резултат. Според тоа, исказите можеме да ги дефинираме како наредби кои му
кажуваат на компјутерот што да извршува, односно кои дејствија да ги преземе за
да дојде до решението.
Исказите во програмата се одвојуваат со знакот( ; ). Знакот( ;)ни кажува дека тука е
крајот на наведениот исказ.
Во програмските јазици постојат многу искази и сите имаат различно значење,
функција и цел. При програмирањето ние најчесто се среќаваме со исказите за приказ
на екран и исказите за доделување на вредности.
4.6.1 Исказ за приказ на екран
При разгледувањето на готови програми, првата програма со која се соочивме беше
едноставна програма која испишува текст или порака на екранот:

Слика1: Исказ за приказ на екран

По преведувањето и поврзувањето на овој изворен фајл на извршниот прозорец се


прикажува пораката „Programiranjevo C++“. Според примерот исказот:

претставува исказ кој овозможува приказ на екранот. Ајде да ги разгледаме


елементите кои ги содржи овој исказ:
Табела1:Елементи на исказ за приказ на екран

Елемент Значење

cout Израз за приказ на екран

Оператор за испишување на
<<
пораката на екран

“” Се што е напишано помеѓу


наводниците се прикажува на
екран

Пораката помеѓу двете


Programirawevo C++ наводници која ќе се испише на
екран

endl Завршување на линијата

; Завршување на исказот

Изразот cout можеме да го употребуваме и на други начини. Ајде да видиме што ќе


прикаже на екран исказот cout, доколку е претставен на следните начини:
Табела2: Различни начини на употреба на исказот cout

Исказ cout Приказ на екран

На екранот ќе се појави пораката


cout<< “Brojot a”; која се наоѓа помеѓу
наводниците

На екран ќе се прикаже
cout<<br;
вредноста на променливата br

На екран ќе се испечати бројот


cout<<55;
55

На екран ќе се прикаже
cout<<3*br;
резултатот од пресметката

Преку интегрираната околина за програмирање Code::Blocksда креираме програма


која ќе ни прикажува на екран порака, како во следниот пример изворен код:

Слика2: Изворен код за приказ на текст на екран


Резултатот на оваа програма е прикажан на следната слика:

Слика3: Испишана порака на екран

Од сликата забележуваме дека порака е ипишана во еден ред. Сите делови се споени
и вакаприкажана не покажува прегледност и јасност. За да ги одвоиме во посебни
линии ќе ја употребиме наредбата endl:
Слика4: Примена на наредбата endl

Во изворниот код на примерот забележуваме дека има повеќе искази за печатење и


тие ќе се извршуваат една по една како што се наведени. Вака напишаните искази се
викаат секвенца или низа од искази.
4.6.2 Исказ за доделување вредности
Исказот за доделување на вредности го применивме при пресметката на збирот на
двата внесени броеви. Доделувањето на вредноста на променливата може да биде со
внес од тастатура, или пак вредност која се добива при пресметка.
Ајде да го разгледаме изворниот код на програмата за пресметка на збир на два броја!
Слика5: Доделување вредност на променлива

Од сликата забележуваме дека програмата започнува со коментар како опис на


програмата. Под коментарот следуваат предпроцесорските настани и декларирањето
дека ќе се употребуваат стандардни искази кои се наоѓаат во namespace. И започнува
главната функција main().
Во главната функција е прикажана секвенца од искази кои редоследно ќе се
извршуваат. Покрај декларирањето на променливите и исказот за приказ на екран,
тука е применет и исказот за доделување на вредност.
Постапката за примена на исказот cin,како исказ кој доделува вредност на
променливата со внес од тастатура е прикажан на следната слика:

Слика6: Доделување вредност од татстаура

Според тоа, cinе исказ перку кој ќе доделиме вредност на проенлива преку тастатура,
односно ќе внесеме податок преку тастатура. Потоа следуваат операторите за внес>>,
и променливата која е дефинирана за првиот број , односно br1.
Променливата br1ќе има вредност која е внесена од страна на корисникот од
тастатурата. Но најпрво, пред да се примени овој израз мора да се дефинира
променливата br1. На претходната слика променливите br1, br2и zbir се дефинирани
како integerвредности односно цели броеви. Според тоа, за да се доделат
вредноститена br1и br2 од тастатура корисникот ќе внесе цели броеви.Тоа претставува
техника за внесување податоци.На променливата zbirнема да и се додели вредност
од тастатурата, туку нејзината вредност ќе биде резултататот од пресметката на збирот
на двата броја, како што е прикажано на следната слика:
Слика7: Доделување на вредност на променлива како резултат на пресметка

Од приказот утврдуваме дека вредноста на променливата zbirзависи од вредностите


на br1и br2кои корисникот ќе ги внесе од тастатура. Збирот на двата броја ја
определува вредноста на варијаблатаzbir. На крaјот резултатот се прикажува на екран
со исказот cout.
ЗАПОМНИ
Исказите се наредби кои одредуваат кои дејства треба да ги преземе компјутерот за да се
дојде до решение. Знакот точка запирка (;) после секој исказ означува крај на исказот. Исказот
coutсе користи за приказ на екран. Тој е проследен со операторите <<, наводници за
испишување на пораката и завршува со точка запирка. Исказ за доделување на вредност на
променлива од тастатура, односно за внесување на податок е cin. По исказот cin следат
операторите >> за внес на податоците, променливата и завршува со точка запирка. Овој вид на
програми се викаат интерактивни програми.Но покрај внес од тастатура, променливата може
да добие вредност како резултат на пресметка.

You might also like