You are on page 1of 4

Работна околина на оперативен систем

Програмите што му помагаат на компјутерот да работи се викаат системски


програми. Дел од тие програми е и оперативниот систем на компјутерот. Оперативен
систем е збир на програми кои му овозможуваат на корисникот оперирање (работа) со
компјутерот (програмите, уредите и меморијата). Оперативниот ситем прв се стартува при
вклучување на компјутерот и последен се затвара при исклучување на компјутерот. Без
оперативен систем компјутерот би бил неупотреблив уред. Најпознати оперативни
сисеми се:

- Windows;

- MAC OS;

- Linux;

- Android итн.

Постојат програми што му помагаат на човекот да работи на компјутерот и да ги


користи за свои цели. Таквите програми се наречени апликативни програми. Обработка
на текст, дигитално цртање, креирање, презентации, анимации, гледање на филмови итн.
се дел од програми на апликативниот софтвер. Сите програми на копјутерот со едно име
ги нарикуваме софтвер.

Преку оперативниот систем, се врши вклучување/исклучување на компјутерот,


зачувување, бришење, преместување, копирање, испраќање документи, слики и слично.
Често пати пристапот до работната околина се прави со најава (на корисникот) и лозинка
или со PIN код. Лозинката ја креира корисникот на компјутерот. Исклучувањето на
компјутерот се прави преку оперативниот систем со клик на shut down што се наоѓа на
менито start.

Покрај исклучување постои можност за рестартирање (Restart) на компјутерот,


одјава на корисникот (Log off), можност за најава на друг корисник (Switch user), и
можност за одмарање на компјутерот (Sleep).

Основни карактеристики на оперативниот систем се:

- оперативните ситеми овозможуваат на еден компјутер во различно време да работат


различни корисници со свои програми и податоци и затоа се нарекуваат повеќе
кориснички оперативни системи.

- оперативните системи дозволуваат компјутерот да извршува повеќе програми


истовремено и затоа се нарекуваат мултитаскинг оперативни системи.

- корисникот на оперативниот систем може да работи на два начина:

а) со командна линија (наредбите до компјутерот се пишуваат во вид на текстови


преку тастатурата);
б) со графика (слики) програмите и наредбите се прикажани преку слики на самиот
монитор и се избираат најчесто со користење на глувчето. Овој начин на работа најчесто
се користи бидејќи е поедноставен за работа.

По стартувањето на оперативниот систем сликата која се прикажува на мониторот


се вика работна површина (Desktop). Изгледот на работната површина е различен кај
различни оперативни системи. Корисникот на компјутерот може да го менува изгледто на
работната површина. На работната површина може да се најдат различни објекти
(документи, папки и програми) кој се преставени со мали сликички кој се викаат икони
(1).
За брз пристап на објектите кој се наоѓаат на работната површина користиме
Shortcut (2), ги препознаваме по тоа што имаат мала стрлка на долниот дел од иконата.

Лента со задачи (Taskbar) (5) се наоѓа на долниот дел од мониторот. На неа се

наоѓа копчето Start, иконите на често користените програми, иконите на програмите


со кои моментално работиме, како и иконите за одредени систематски подесувања (јазик
за користење, звук, дата, време ...).

Со кликнување на копчето Start (4), се отвара мени каде се наоѓаат програмите кој
се инсталирани на оперативниот систем (6).

Со двоен клик на посакуваниот објект (иконата) се отвара прозор (3), правоаголен


простор на мониторот со кој се извршува некоја програма или се прикажуваат податоци.
Прозорот има насловна линија во кој е испишано името на програмата или име на
документот, како и три копчиња кој се наоѓаат во десниот горен агол: копче за потполно

намалување на прозорот и поставување на истиот во лентата со задачи , копче за

прикажување на прозорот на целиот монитор или на помала површина и копче за

затварање на прозорот и негово исклучување .

You might also like