You are on page 1of 28

ТЕМАТСКО – ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ VIII одд.

Училиште:‘‘Вера Циривири - Трена ‘‘ - Скопје


Наставен предмет:Вештини за живеење Наставник: Кристина Николовска
ТЕМА 1 : ИСХРАНА – 18 часа

Ред.бр на НАСТАВНА СОДРЖИНА Време на реализација


нас.единица
1. Вовед во темата септември
2. Начини на чистење на храна во нашите септември
домови
3. Начини на одржување на свежа и чиста септември
храна
4. Основни вештини за подготвување на септември
храна
5. Потребен прибор за основните кулинарски септември
вештини
6. Потребни елементи на рецептите септември
7. Мерење на состојките септември
8. Практична демонстрација септември
(лупење,сечење,матење и месење)
9. Истражување-правење на зимница октомври
10. Проект од претходните часови октомври
11. Рецепти и составување на рецепти октомври
12. Основни начини на подготвување на храна октомври
13. Основни правила при различни начини на октомври
подготвување храна
14. Работилница:подготвување сендвич и октомври
едноставен оброк
15. Основен прибор за јадење и октомври
послужување,редоследно поставување
16. Декорирање на храна во традиционалната октомври
и современа та кујна
17. Бон тон при јадење(во ресторан), ноември
однесување при јадење во различни
култури
18. Систематизација на темата ноември
1час

Воведен час

Во воведниот час учениците ги запознавам и воведувам во темата и начинот на работа


како и првилата на однесување.Користам разновидни материјали,кратки
клипчиња,интернет и дополнителни извори на информации.
Ги запознавам учениците со начинот на проверување и оценување и со изворите на
материјалите кои можат да ги користат.
Целта на обучувањето на учениците е да се запознаат со основните поми за
исхраната: пакување,складирање,конзервирање,прибор за јадење,сервирање и
декорирање на храна на маса,култура на јадење .

2,3 час

ЦЕЛИ:
ученикот / ученичката:

 да стекнат вештини за чистење и одржување на храната;

Наставна единица 2 : Начини на чистење на храна во нашите домови

Наставна единица 3 :Начини на одржување на свежа и чиста храна

Поими:пакување,пастеризирање,складирање.конзервирање,з
амрзнување,

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Демонстрирање – миење на сезонско овошје и зеленчук;


 Подготовка и пакување на сезонски зеленчук или овошје за замрзнување во
училница;а

4,5 час

ЦЕЛИ:

 да се оспособи за практикување на кулинарски вештини;

Наставна единица 4 :Основни вештини за подготвување на храна


Наставна единица 5 :Потребен прибор за основните кулинарски
вештини
Поими:лупење,сечење,матење,месење

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Прачтична демонстрација на основните вештини за подготовка на храна


(лупење,сечење,матење,месење)- според условите во училиштето:

6,7 час

ЦЕЛИ:

 да знае да користи рецепт за подготвување на храна:

Наставна единица 6 :Потребни елементи на рецептите

Наставна единица 7 : Мерење на состојките

Поими:состојки на рецепт и мерни единици

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Практично совладување на вештиитеза мерење на различни продукт


(течни,тврди) во различни мерни единици – работилница;
 Правење на листа со совет од домашни рецепти;
 Изрботка на тетратка со омилени јадења и пијалоци на ученикот;

8 час

ЦЕЛИ:

 ученикот да умее стекнатите знаења од кулинарските вештини


(лупење,сечење,матење и месење)да ги презентира;

Наставна единица 8 :Практична изведба -


(лупење,сечење,матење,месење)

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

Учениците распоредени во 4 групи ги денонстират научените вештини за


лупење,сечење ,матење и месење.
Разговаат меѓу себе разменуваат информации,за вештините.
Наставникот ја набљудува ,следи активноста мотивираноста и соработката на
учениците
(материјалот учениците сами го набавуваат).

9 час

ЦЕЛИ:

 ученикот да ги презентира стекнатите знаења за провесот на пастеризирање и


монзервирање на храна;

Наставна единица 9 :Истражување – правење зимница

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Истражување за процесот на пастеризирање(конзервирање -правење зимница


(посета на локална фабрика или интервју со
родителите.роднини,соседи),документирање на процесот.
 Изработка на фотосторија/ѕиден весник,за процесот на пастеризирање и
конзервација;
 Примена на флипчарт хартија,А4 хартија,маркери,хамери,разни креативни
материјали;

10 час

ЦЕЛИ:

 ученикот стркатите знаења ги презентира преку проект;

Наставна единица 10 :Проект од претходните часови

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Изработка на ѕиден весник за вештините во кулинарството(чистење,,одржување и


приготвување на храна);
 Примена на флипчарт хартија,А4 хартија,маркери,хамери,разни креативни
материјали;

11час
ЦЕЛИ:

 да занае да користи рецепти за подготвување на храна:

Наставна единица 11:Рецепти и составување на рецепти

Поими:состојки на рецепти

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Правење на листа со совети од домашните рецепти;


 Изработка на тетратка со рецепти од омилени јадења и пијалаци на учениците;

12 ,13 ,14час

ЦЕЛИ:
 да се стекне со вештини за практикување на основните начинина
подготовка на храна;

Наставна единица 12 :Основни начини за приготвување на храна

Наставна единица 13 : Основни правила при различни начини на


подготвување на храна

Наставна единица 14:Работилница:приготвување на сендвич и


едноставен оброк

Поими:пржење,печење,динстање,варење

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Користење на книги за готвење иТВ-емисии за запознавање на начините на


приготвување на храна;
 Изрботување на готвач во одделението со традиционални јадења од регионот;
 Разговор меѓу надтавник/ ученик за наставната содржина;
 Подготвување на сендвич(ужина) и едноставен оброк со примена на основните
начини на подготовка на храна ,според условите во училиштето;
15,16 час

ЦЕЛИ:

 да се стекне со вештини на декорирање и сервирање на храна;

Наставна единица 15 :Основен прибор за јадење и послужување на


храна

Наставна единица 16 : Декорирање на храна во традиционална и


современа кујна

Поими:прибор за јадење,сервирање на маса,декорирање на храна

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Демонстрација и објаснување на едноставно сервирање(според условите


на училиштето);
 Декорирање на одделни оброци(супа,салата,колач),
 Разговор и практична изведба;

17 час

ЦЕЛИ:

 да се стекне со култура на јадење;

Наставна единица 17:Бон – тон при јадење (однесување воресторан),


однесување при јадење во различни култури
(3 часа)

Поими:култура на јадење

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Презентирање и разговор за бон – тон при јадење;


 Цртање стрип за различно однесување при јадење во различните култури и
традиции;
 Заедичко гледање на филм со елементи на култура на јадње во различни земји;
18 час

ЦЕЛИ:

 да ги презентира стекнатите вештини за храна преку практична изведба;

Наставна единица 18 :Систематизација на темата ,,Исхрана,,

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Драматизација за различни сценарија и ситуации за (не)користење на култура на


јадење(играње улоги);

Водам свој дневник со забелешки, во кој континуирано го следам ученикот за


начинот на изведба на истражувачките активности,претходните искуства ,
вештини и знаења со кој располагаученикот,љубопитноста,зинтересираноста
и можностите кај ученикот,презентација,соработка во групи,
соодветно користење на алаткиво вотекот на реализацијата на темата ,,Исхрана,,

Методи на оценување:
Примена на формативното оценување во сите фази од часот,при што целите на часот се јасно
дефинирани и нагласени на почетокот на часот.Се користи чек листа за оценување на група и
поединец во група во тек на активностите истражување,дискусија и примена.Давам усна
повратна информација во текот на презентацијата на наученото со цел ученикот подобро да
го совлада процесот на сопственото учење.Оценувањето се врши тековно во сите фази од
реализцијата на темата 1.

Дополнителни активности ќе бидат прикажани во подготовката.

ОЧЕКУВАНИ ИСХОДИ:

 Знае правила за избор ,одржување и чување на храната;


 Знае кои се основните правила при различни начини на подготовка на храната;
 умее да подготви едноставно јадење според даден рецепт;
 Умее да сервира прибор за јадење и послужување на маса;
 Се однесува на социјално прифатлив начин;
 Умее да сумира и анализира и презентира податоци од истражувања поврзани со
исхраната;
ТЕМАТСКО- ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ VIII одд.

Училиште:‘‘ Вера Циривири - Трена ‘‘ – Скопје


Наставен предмет:Вештини за живеење Наставник: Кристина Николовска

ТЕМА 2 : ОБЛЕКУВАЊЕ – 18 часа

Ред.бр на НАСТАВНА СОДРЖИНА Време на


нас.единица реализација
1. Вовед во темата ноември
2. Текстилни влакна и нивно потекло(природни и ноември
вештачки)
3. Симболи за облекување на различни видови на ноември
текстилни суровини на етикетата и облеката
4. Плетење и техники на плетење ноември
5. Вежба -Плетење на шалче ноември
6. Вежба -Плетење на шалче ноември
7. Ткаење на разбој декември
8. Модни трендови и модна индустрија декември
9. Стилови на облекување – личен стил декември
10. Мојот плакар- делови на облека според декември
намена и потреба
11. Како ја одбирам мојата облека? декември
12. Грижа и одржување на облеката и обувките декември
13. Начини на изработка на облека- декември
рачна и машинска
14. Традиционални и современи начини на декември
изработка на облека
15. Што можам самиот/та да направам? декември
16. Вежба:шиење копче декември
17. Модни додатоци /фризура,козметика декември
18. Систематизација на темата декември
1 час

ЦЕЛИ:

 Во воведниот час учениците ги запознавам и воведувам во темата и начинот на


работа .Користам разновидни материјали,кратки клипчиња,
интернет и дополнителни извори на информации.
Ги запознавам учениците со начинот на проверување и оценување и со
изворите на материјалите кои можат да ги користат.
Целта на обучувањето на учениците е да се запознаат со основните поми
за облекување:ткстилни влакна,техники на плетење и шиење,стилови на
облекување,модни трендови,традиционална носија.

2,3 час

ЦЕЛИ:

 да ги разликува основните текстилни влакна;


 да ги знае симболите за различните видови текстилни суровини на етикетите на
облеката;

Наставна единица 2 :Текстилни влакна и нивно потекло

Наставна единица 3 :Симболи за облекување на различни видови на


текстилни суровини на етикетата и облеката

Поими:текстилни влакна,природни(растителни-памук.свила,коноп,лен,
животински – волна ,кашмир,ангора),
вештачки-(синтетички полиестер,алрилик,најлон,ликра)

АКТИВНОСТ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 презентација на различни видови на текстилни влакна


(памучни,волнени,свилени,најлонски....)
 Посета на продавница за текстилни материјали и суровини
 Изработка на постери за разлизни видови текстил;

4,5,6,7 час

ЦЕЛИ:
 да прави разлика помеѓу различните текстилни материјали;
 да се запознае со основните вештини за начините на изработка на текстилните
материјали;
 да ги научи основните вештини за плетење со игли;

Насавна единица 4 :Плетење и техники на плетење

Натавна единица 5,6:Вежби:Плетење на шалче

Наставна единица 7:Ткаење на разбој

Поими:предење,плетење,ткаење

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:


 Презентација на различни текстилни материјали – ткаенини,плетени и предени
материјали;(природни материјали)
Изработка на колажи од различните текстилни материјали;
 Плетење на плетенки со три врвки;
 Плетење со игли;(конец и игли за плетење)
 Ткаење со разбој(макети);

8,9 час

ЦЕЛИ:

 да разликува стилови на облекување;


 да негува личен стил на облекување;

Наставна единица 8 :Модни трендови и модна индустрија

Наставна единица 9 :Стилови на облекување

Поими:мода,трендови,стилови на облекување(спорски,модерен,во зависност од


музиката во зависност од религијата традицијата),традиционална носија

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Дискусија и презентација на материјалите за различни стилови на


облекување;интернет,списанија;
 Изработување на портфолио за сопствениот стил на облекување(со
фотографии,цртежи,белешки);
 Дебата за модата трендовите на облекување и придобивките и штетите од модната
индустрија денес;
 Истражување за начините на облекување (денес и во минатото во Македонија и
други земји и култури;- интернет
10,11 час

ЦЕЛИ:

 да препознава ,разликува и избира делови на облека според нивната намена;


 да прави приоритети при избирањето;

Наставна единица 10 :Мојот плакар – делови на облека според нивна


намена и потреба

Наставна единица 11 :Како ја одбирам мојата облека?

Поими:долна облека,горна облека,обувки,додатоци на облеката,зимска,летна


облека,наменска(за спортување,планинарска,заштитна,униформи...)

АКТИВНОСТИ МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Се прави список на својот плакар и се дискутираа деловите на облеката според


намената и потребата;
 Се прави работилница за правење на приоритети:се симулира трговски центар со
продавници за облека.Учениците одат да купат облека и прават избор,потоа
презентација на купената облека,Дискусија ,каде што ќе одберат за облекување?
Според кои критериуми?-шоо е здрво,цена,боја,дизајн,тренд;

12 час

Цели:

 да се научи како да се грижи ида ја одржува својата облека и обувки;


 да научи да применува практични совети за одржување на облеката и обувките;

Наставна единица 12 :Грижа и одржување на облеката и обувките

Поими:средства за перење,рачно перење,машинско перење,хемиско чистење


сушење,пеглање- пегла,даска за пеглање,диплење,пакување,четкање,боење

АКТИВНОСТИ , МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Дискусија за начините на кои се грижиме за облеката(пакување,чување


на облеката;
 Демонстрација и вежбање на пеглање на разни делови на облеката;
 Демонстрација на разни видови диплење;
13,14,15,16 час

ЦЕЛИ:

 да ги научи основните вештини на шиење,крпење потребни во секојдневниот


живот;
 да се стекнат со основни вештини за везење;

Наставна единица13 :начини на изработка на облека рачна и машинска

Наставна единица 14 :Традиционални и современи начини на изработка

Наставна единица 15 :Што можам самиот да направам?

Наставна единица 16 :Вежби – шиење копче

Поими:рачна ,машинска,шиење,кроење,плетење,везење,ткаење

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Во групи се чита и презентира за различните начини на изработка на облеката;


 Дискусија за традиционалните начини на изработка наспроти современите начини;
 Учење на основните вештини на шиење(зашивање коче,крпење скинат
,атеријал,плетење,везење);

17 час

ЦЕЛИ:

 да стекнат основни знаења за модните додатоци(фризури и козметика);

Наставна единица 17 :Модни додатоци(фризури и козметики)

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Дискусија за модните додатоци (фризури и стилови на фризури според


облеката,козметика);
 Разгледување на модни списанија за фризури и козметика;

18 час;
ЦЕЛИ;

 Систематизација на знаењата за темата,,Облекување,,

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА;

 Дискусија за темата и презентација на стекнатите знаења преку ППИ(писмени


одговори на ученикот на прашања поставени од наставникот),
 практична изведба – проверка на исплетеното шалче и зашиено копче,

Изготвувам инструменти за проверување на постигањата на учениците (прашања,чек-листи


за оценувње на група и поединец во група, чек-листа за практична изведба).Водам белешки
за активноста,мотивираноста и креативноста на учениците.

Методи на оценување:
Примена на формативното оценување во сите фази од часот,при што целите на часот се јасно
дефинирани и нагласени на почетокот на часот.Се користи чек листа за оценување на група и
поединец во група ,чек-листа за практична изведба. во тек на активностите
истражување,дискусија и примена .
Давам усна повратна информација во текот на презентацијата на наученото со цел ученикот
подобро да го совлада процесот на сопственото учење.Оценувањето се врши тековно во сите
фази од реализцијата на темата 2.
На крајот од темата применувам сумативно оценување,на научениот материјал од
темата(контролни прашања), за да формирам оцена за наученото и да го известм
ученикот(родителот) колку ја научил оваа тема.
Врз основа на добиените релевантни показатели ја давам оцената за оваа тема.
Дополнителни активности ќе бидат прикажани во подготовката.

ОЧЕКУВАНИ ИСХОДИ:

 да знае да разликува основни текстилни влакна;


 знае да разликува стилови на облекување;
 знае одредени правила за облекување според активностите што ги извршува;
 умее да пере,пегла и дипли различни делови од облеката;
 умее да користи прибор за шиење;
 умее да зашива ,плете со игли,крпи и ткае на едноставен разбој
ТЕМАТСКО – ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ VIII ОДД.
Училиште:‘‘ Вера Циривири - Трена ‘‘ – Скопје
Наставен предмет:Вештини за живеење Наставник: Кристина Николовска
ТЕМА 3 :БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА – 22 часа

Ред.бр.на НАСТАВНА СОДРЖИНА Време на


нас.единица реализација
1. Вовед во темата Јануари
2. Природни непогоди и други незгоди и ризици Јануари
3. Превенција и заштита пред,за време и по Февруари
несреќата
4. Постапки и правила за безбедност и заштита Февруари
5. Знаци за јавно тревожење Февруари
6. Постапки за засолнување Февруари
7. Мерки за безбедност и заштита Февруари
8. Изработка на план за движење Март
9. За време на опасности Март
10 Евакуација – правци на движење избор на Март
место во училиштето
11. Значењето на правилна евакуација во Март
училиштето и домот
12. Воведни активности во противпожарна Март
заштита
13. Причини и последици од пожарите Март
14. Вежба :нашиот против пожарен апарат работи Март
15. Воведни активности за прва помош Март
16. Значење на првата помош Април
17. Средства и укажување на прва помош Април
18. Проценка на повредениот и повик на прва Април
помош
19. Информации за укажување на прва помош Април
20. Прва помош во функција на самопомош и Април
помош на повредениот
21 Постапки за укажување на прва помош Април
22. Систематизација Април
1час
ЦЕЛИ:

Во воведниот час учениците ги запознавам и воведувам во темата и начинот на


работа .Користам разновидни материјали,кратки клипчиња,
интернет и дополнителни извори на информации.
Ги запознавам учениците со начинот на проверување и оценување и со
изворите на материјалите кои можат да ги користат.
Целта на обучувањето на учениците е да се запознаат со основните поми
на ризиците и опасности во нивната околина и да се оспособат за
превенција,безбедност и заштита од истата.

2 час
ЦЕЛИ:

 да се запознае со современите видови на природни и други нпогоди и несреќи;

Наставна единица 2 :Природни непогоди и други незгоди и ризици

Поими:извори на загрозување

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Учениците ги познаваат ,разликуваат и дефинираа природните непогоди и другите


незгоди,само во функција на лична заштита;
 Активностите можат да бидат работилници,вежби,кабинетски и тренски,во
зависност од условите и карактеристиките на училиштето;
 Разгледување на кратки клипчиња за природни непогоди;
 Разговори за наставната единица до учениците;

3 час

ЦЕЛИ:

 да ги воочува и мапира изворите на загрозување во училиште,дома и во


околината;

Наставна единица 3 :Превенција и заштита пред,за време,по несреќата

Поими:превенција лична(самозаштита)групна (колективна) заштита

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:


 Разгледување на кратки клипчиња за превенција и заптита од разни видови
несреќи;
 Активностите можат да бидат работилници,вежби,кабинетски и тренски,во
зависност од условите и карактеристиките на училиштето;

4 час

ЦЕЛИ:

 да се оспособува да посстапи правилно во вонредна состојба;

Наставна единица 4 :Постапки и правила за безбедност и заштита

Поими:скција за сирена,повикувачкителефонски број(центар за управување


сокризи во РМ,листи од важни броеви-Црвен крст,полиција,брза
помош,дирекција за заштита и спасување

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Изработка на листа со важни броеви и стрелки на движење на својот клас


за напуштање на училиштето;
 Изработените постери,шеми,цртежи,стрелки ги поставуваат на видни места во
училиштето на врата од училницата,во ходниците,...
 За приказ можат да се користи филм,ЦД,текстови и сл.

5,6,7,8 ,9час

ЦЕЛИ:

 да умее да разликува знаци за опасност и да постапи правилно во вонредни


ситуација;

Наставна единица 5 :Знаци за јавно тревожење

Наставна единица 6:Постапки за засолнување

Наставна единица 7 :Мерки за безбедност и заштита

наставна единица 8 :Изработка на план за движење

Наставна единица 9 :За време на опасности


АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Запоззнавање на учениците со знаците за тревожење ко важат за целата држава.


 На ЦД го пушта првиот знак за општа опасност,а ,а потоа вториот знак за престанок на
опасноста;
 Упаства за засолнување,вежбање на постапки и правила;
 Разговор со учениците за основните правила и постапки за, засолнување;
 Изработуваат план за движење,излез и напуштање на својата училница;
 Се вежба напуштање на објектот по планот;

10,11 час

ЦЕЛИ:

 да го сфати значењето на правилната и дисциплинираната постапка;


 да разбере дека за време на изведување на евакуација ,се прави план
во кој точно се одредува и конкретизира како се врши евакуацијата;

Наставна единица 10:Евакуација - правци на движења изборна место во


училиштето

Наставна единица 11 :Значењето на правилна евакуација во


училиштето и домот

Поими:безбедност,евакуација,правец на движење,зборно место

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Учениците симулираат,мапираат опасни места;


 кризна ситуација ,ги вежбаат постапките за заштита и безбедност вежба за
евакуација(пред за време и по опасноста);
 истражувачки активности- кои го карактеризираат нивното опкружување
кое подлежи на непогоди и опасности;

12 ,13,14 час

ЦЕЛИ:
 да се оспособи заприменување на практични знаења за самоспасување и
спасување од пожар:
 практично да се запознае со уредите и против пожарните апарати;
 практично да се запозна е со спроведувањето на евакуацијата согласно со планот
на училиштето;
 да ги разбере причините и последиците од пожарите;

Наставна единица 12 :Воведни активности во противпожарна зашита

Наставна единица 13: Причини и последици од пожарите

Наставна единица 14: Вежба:нашиот противпожарен апарат работи


АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Запознавање на ученикот со против пожарните апарати; преку,слики,цд,списанија;;


 се потикнуваат учениците активно да учествуваат со своите предзнаења и
размислувања;
 дискусија за:Што е пожар? Какви пожари постојат?Кои се причините и
последиците? Која е заштитата од нив?;
 Истражување за пожар- (што,кои,какви);
 Презентација на крајот од активностите;

15,16,17,18 час

ЦЕЛИ:

 да ја знае дефиницијата за прва помош почетна грижа за повреденото лице на


смото место на несреќата;
 да знае постапка на повик на прва помош;

Наставна единица 15 :Воведни активности за прва помош

Наставна единица 16 : Значење и општи постапки при несреќа

Наставна единица 17 : Средства за укажување на прва помош

Наставна единица 18 :Проценка на повредениот и повик на прва помош

Поими:прва помош,повреда и повреден,животна опасност

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Дискусија за ситуација во кои има потреба за прва помош,примери и


искуства;ЦД,кратки филмови;
 Работилница за усвојување на постапка за повик за прва помош( повик на итна
медицинска помош) преку вежбање на процедурата на трашања – каде?што?колку?
какви повреди?кој?
 Материјални средства потребни при укажување на прва
помош9завои.шини,тиаглести крпи и...)
 Разговор како правилно да укаже прва помош и проверка и следење на витални
знаци или животни знаците;

19,20,21,22 час

ЦЕЛИ:

 да се запознае со основните вештини за укажување на прва помош;


 да умее да ги презентира стекнатите знаења за темата ,,Безбедност и заштита,,

Наставна единица 19 :Информации за укажување на прва помош

наставна единица 20 : Прва помош во функција на самопомош и помош


на повредениот

Наставна единица 21 :Постапки за укажување на прва помош

Наставна единица 22 : Систематизација на темата

Поими:постапки за укажување на прва помош,витални знаци

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Дефинирање на процедурата на постапки за укажување на прва помош


преку разговор;
 Демонстрација од стручно лице за запознавање со техника на прва помош;
 работилница со симулација на видови повредени и воспоставување на вербален
контакт со психолошка подршка на повредениот;
 правење на постер – информатор со процедурата на постапки;
 усна презентација на стекнатите знаења за темата и практични изведби;

Изготвувам инструменти за проверување на постигањата на учениците (прашања,чек-листи


за оценувње на група и поединец во група, чек-листа за практична изведба).Водам белешки
за активноста,мотивираноста и креативноста на учениците.
Оценувањето на учениците се однесува на континуирано следење на начинот на изведба на
истражувачките активности,презентација,соработка во групите,соодветно користење на
алатки и сл

Методи на оценување:
Примена на формативното оценување во сите фази од часот,при што целите на часот се јасно
дефинирани и нагласени на почетокот на часот.Се користи чек листа за оценување на група и
поединец во група ,чек-листа за практична изведба. во тек на активностите
истражување,дискусија и примена .
Давам усна повратна информација во текот на презентацијата на наученото со цел ученикот
подобро да го совлада процесот на сопственото учење.Оценувањето се врши тековно во сите
фази од реализцијата на темата 3.
На крајот од темата применувам сумативно оценување,на научениот материјал од
темата(контролни прашања), за да формирам оцена за наученото и да го известм
ученикот(родителот) колку ја научил оваа тема.
Врз основа на добиените релевантни показатели ја давам оцената за оваа тема.
Дополнителни активности ќе бидат прикажани во подготовката.

ОЧЕКУВАНИ ИСХОДИ:

 умее да распознава и процени опасни ситуации во околината;


 знае правила и процедури за избегнување на опасности или заштита од истите;
 знае како да се заштити во моментот на несреќата;
 умее адекватно да се однесува во секојдневните контакти со техниката ,природата и
луѓето;
 умее да си пружи само помош и заемна помош;
ТЕМАТСКО -ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ VIII одд.

Училиште:‘‘ Вера Циривири - Трена ‘‘ – Скопје

Наставен предмет:Вештини за живеење Наставник: Кристина Николовска

ТЕМА 4 :УЧЕНИКОТ КАКО ПОТРОШУВАЧ - 12часа

Ред.бр.на НАСТАВНА СОДРЖИНА Време на


нас.единица реализација
1. Вовед во темата Април
2. Ученикот како потрошувач Мај
3. Права и обврски информирани потрошувачи Мај
4. Изготвување и управување со личен буџет Мај
5. Што е приход,расход и заштеда? Мај
6. Определување на приоритети во трошење Мај
7. ДЕКЛАРАЦИЈА-лична карта на производот мај
8. Фискална сметка -корисничка услуга и мај
значење
9. Права и обврски на потрошувачите мај
10. РЕКЛАМА- позитивна и негативна јуни
11. МАРКЕТИНГ- презентација на одредени јуни
производи
12. Систематизација на темата јуни

!час

ЦЕЛИ:

Во воведниот час ги запознавам и воведувам учениците во содржините и


активностите од темата кои овозможуваат стекнување на знаења и формирање на
ставови на ученикот како потрошувач корисник на услуги и проширување на култура
на живеење и однесување.Кориатејќи за таа цел разни информативни средства
.цд.интернет,ТВ-филмови и други извори.
Основна цел е ученикот да се обиде да направи добар и правилен потрошувачки
избор и да знае одредени поими кои се користат во секојдневниот живот.
2,3 час

ЦЕЛИ:

 да се оспособува да го направи својот буџет;


 да се оспособува за одговорно трошење – штедење;

Наставна единица 2 :Ученикот како потрошувач

Наставна единица 3 :Права и обврски информирани потрошувачи

Поими:потрошувач,производ,услуга

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

- Со секојдневни примери се симулираат учениците да ги откријат своите улоги како


потрошувачи и како корисници на услоги и стануваат свесни за својата
активност во тие релации и информиранипотрошувачи;

4 час

ЦЕЛИ:

- да се оспособи и разберда како да изготвува личен буџет;

Наставна единица 4 :Изготвување и управување со личен буџет

Поими;личен буџет.семеенбуџет.месечен буџет

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:


 Учениците ги идентификуваат и дефинираат поимите преку различни
методи ;
 Работилница:изготвување на личен буџет;(табели);
 Размислуваат затоа како икаде ги трошат парите кои ги добиваат за џепарлак или
некој им ги подарил;

5 час

ЦЕЛИ:

- да ги идентификува и дефинира поимите:приход,расход и заштеда;

- да го разбира нивното значење преку примери од секодневниот живот;

Наставна единица 5 :Што е приход,расход и заштеда?

Поими:приход,расход,заштеда
АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Со секојдневните примери учениците да ги откриваа поимите: приход,расход и


заштеда;
 Разговори за улогата на учениците како потрошувачи, свесни за улогата во тие
релации;
 Изготвување на табела за личните приходи,расходи и заштеда;

6 час

ЦЕЛИ;

 да се оспособи за одговорно трошење,


 да знае за приоритетите во трошењето;

Наставна единица6 :Определување на приоритети во трошење

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Учениците наведуваат 10 производи и 10 услуги што ги користат во семејството,а


потоа ги класифицираат според приоритерите;
 Изготвување на табела -класификација на производите според приоритетите;

7час

ЦЕЛИ:

 да се запознае со основните елементи на декларацијата на производот и со нејзино


значење;

Наставна единица 7 :ДЕКЛАРАЦИЈА- лична карта на производот

Поими:декларација на производ,состав,рок на произвотство,траење на


производот,количина ,производител,ЦЕ-знак,друг симбол на одбележување

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА;

 Учениците носат три спакувани производи од ист вид – сок,млеко,чоколадо и


тн.Тие се определуваат за производот според изгледот-амбалажата и
формата.Заеднички ја разгледуваат декларацијата.
 Дискутираат -читаат елементи на декларациите на производите;име на
производот,датум на производство,,рок на траење,производител,дистрибутер и сл.
Врз основа на овие податоци,учениците повторно се определуваат кој производ би
го купиле;
 Следува дискусија,потоа изработка на декларација- на табла или на постер,се
пишуваат елементите,може изработка на макета производ со декларација;

8 час

ЦЕЛИ:

 да ја свати потребата/користа од фискалната сметка;

Наставна единица 8 :Фискална сметка - корист,услуга и значење

Поим:фискална сметка

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Драматизација:играње на улоги – потрошувач враќа оштетен производ,но не носи


сметка,а продавачот наоѓа безброј причини да не го прими;
 Дискусија за правата и обврските на потрошувачот;

9 час

ЦЕЛИ:

 да ги разбере правата и обврските како потрошувач;

Наставна единица 9 :Права и обврски на потрошувачот

Поими:закон за заштита на потрошувачите на РМ

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Учениците се делат во групи.Секоја група добива по еден потрошувачки проблем


од секојдневниот живот и член од Законот со кој се регулира тој проблем.групата
го проучува проблемот ,ги чита правата напотрошувачот
во однос на проблемот и пишува мони решенија.

10,11 час
ЦЕЛИ:

 да се запознава со поимите реклама и маркетинг на производот;


 да развива критички однос спрема рекламата;

Наставна единица 10 :РЕКЛАМА – позитивна и негативна

Наставна единица 11 : МАРКЕТИНГ – презентација на одреден


производ

Поими.реклама,маркетинг

АКТИВНОСТИ,МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 За подготовка на наставната единица учениците гледаат реклами и прават нивен


опис;
 Преку бура на идеи работат на поимот реклама;
 Дискусија на учениците за елементите кои можат да се користат во една реклама;
 Дискусија за позитивните/негативните елементи на рекламата и нејзиното влиание
врз изборот на потрошувачот;
 Дискусија за скриени реклами за производи кои не смат да се
рекламираат(цигари,алкохол...)
 Презентација на одредени производи;

12 час

ЦЕЛИ:

 систематизација на стекнатите знаења од темата ,,Ученикот како потрошувач,,;

Наставна единица 12 :Систематизација на темата

АКТИВНОСТИ МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

 Проверување на стекнатите знаења за тема 4 преку ППИ(


прашања;

Изготвувам инструменти за проверување на постигањата на учениците (прашања,чек-листи


за оценувње на група и поединец во група, чек-листа за практична изведба).Водам белешки
за активноста,мотивираноста и креативноста на учениците.
Оценувањето на учениците се однесува на континуирано следење на начинот на изведба на
истражувачките активности,презентација,соработка во групите,соодветно користење на
алатки и сл
Методи на оценување:
Примена на формативното оценување во сите фази од часот,при што целите на часот се јасно
дефинирани и нагласени на почетокот на часот.Се користи чек листа за оценување на група и
поединец во група ,чек-листа за практична изведба. во тек на активностите
истражување,дискусија и примена .
Давам усна повратна информација во текот на презентацијата на наученото со цел ученикот
подобро да го совлада процесот на сопственото учење.Оценувањето се врши тековно во сите
фази од реализцијата на темата 4.
На крајот од темата применувам сумативно оценување,на научениот материјал од
темата(контролни прашања), за да формирам оцена за наученото и да го известм
ученикот(родителот) колку ја научил оваа тема.
Врз основа на добиените релевантни показатели ја давам оцената за оваа тема.
Дополнителни активности ќе бидат прикажани во подготовката.

ОЧЕКУВАНИ ИСХОДИ:

 знае да ги толкува потрошувачките информации;


 умее да направи одговорен избор на производи кога купува;
 знае да поднесе жалба и ефикасно да решава проблем;
 умее да донесе правилна одлука при избор на производи или услуга;
 ги знае своите права како потрошувач;
 знае за негативното влиание на рекламите;
 умее да усогласи,желба приходи и расходи;
ГЛОБАЛЕН – ГОДИШЕН ПЛАН

За настава по: Вештини за живеење

Паралелка: VIII одд. Учебна 2019/2020 година

Предметен наставник: Кристина Николовска

Ред.бр. НАСТАВНИ ТЕМИ 1 2 3 4 Време на


реализација
1. ИСХРАНА -18/20 часа 1 4 14 1 Од IX
до XI
2. ОБЛЕКУВАЊЕ- 18часа 1 2 14 1 Од XI
до XII
3. БЕЗБЕДНОСТ И 2 3 14 3 Од I
до IV
ЗАШТИТА -22
4. УЧЕНИКОТ КАКО 1 / 10 1 Од IV
доVI
ПОТРОШУВАЧ – 12 часа
ВКУПНО: 72 5 9 52 6
часа

Легенда:

1.Воведни активности
2.Вежби
3.Истрежувања
4,Систематизација

You might also like