You are on page 1of 2

ОЦЕНИ ПО НИВОА –ПРВ КВАРТАЛ

Македонски јазик

Високо ниво:
Чита изразно и пишува со кирилично и латинско писмо. Разликува збор, глас и слог како дел од зборот. Разликува и применува
расказни, прашални и извични реченици. Правилно применува интерпункциски знаци: точка, запирка, извичник, прашалник и голема буква .
Одговара на поставени прашања за прочитаниот текст. Препознава и разликува: расказ, бајка, басна и драмски текст. Определува место, време,
ликови, главни настани, тема и порака во текст. Рецитира песни и разликува стих и строфа. Препознава рима во песната. Усно раскажува и
прераскажува прочитан текст со првилни реченици и го следи редот на настаните. Искажува личен став и дава критика за постапките на ликовите
и настаните. Чита лектирни дела.
Средно ниво :
Чита течно и пишува со кирилично и латинско писмо. Разликува збор, глас и слог како дел од зборот. Разликува расказни,
прашални и извични реченици. Повремено правилно применува интерпункциски знаци: точка, извичник и прашалник и голема буква .
Одговара на поставени прашања за прочитаниот текст. Разликува бајка, басна и песна. Воочува место и време на настан, главни
ликови и нивни особини. Рецитира песни. Разликува стих и строфа . Усно раскажува и прераскажува прочитан текст најчесто со првилни
реченици, а писмено го опфаќа редот на настаните.
Основно ниво:
Чита со потешкотии текстови со кирилично и латинско писмо. Препознава и пишува некои печатни букви од латинското
писмо Препознава збор, глас и слог, расказни, прашални и извични реченици и интерпункциски знаци. Некогаш применува голема
буква и точка при пишување реченици. Воочува наслов и главен лик. Во усното изразување одговара на некои поставени прашања
при што понекогаш користи правилни реченици. Рецитира делови од песни. Усно раскажува и прераскажува со помош. Се обидува
писмено да прераскажува.
математика

Високо ниво
Брои, чита и пишува броеви до 1000. Брои нанапред и наназад во чекори по 2, по 3, по 4 и по 5 до најмалку 50. Знае што
претставува секоја цифра во трицифрените броеви и ги разложува на стотки, десетки и единици. Собира и одзема двоцифрени и
трицифрени броеви со 10 и 100, со полни десетки и стотки. Собира неколку мали броеви. Го разбира односот меѓу преполовување и
удвојување. Го разбира резултатот од множењето на двоцифрени броеви со 10. Множи едноцифрени броеви и дели двоцифрени броеви
со 2, 3, 4, 5 и 10. Препознава, разликува, опишува и црта 2Д форми вклучувајќи петаголници, шестаголници, осумаголници и
полукругови, според бројот на страните, темињата и правите агли. Препознава, разликува, опишува и прави 3Д форми вклучувајќи
пирамиди и призми, според бројот и видот на страните, бројот на темињата и рабовите. Црта 2Д форми со рефлесивна симетрија
Препознава прави агли во 2Д форми. Знае да користи монети и банкноти. Користи факти за собирање и одземање до 100 за да го
пресмета кусурот.

средно ниво
Се труди да брои, чита и пишува броеви до 1000. Ги разложува броевите на стотки, десетки и единици. Собира и одзема
двоцифрени и трицифрени броеви со 10 и 100. Собира неколку мали броеви. Умее да множи двоцифрени броеви со 10. Множи
едноцифрени броеви и дели двоцифрени броеви со 2, 3, 4, 5 и 10 но повремено греши. Препознав, опишува и црта 2Д форми
вклучувајќи петаголници, шестаголници, осумаголници и полукругови, според бројот на страните, темињата. Препознава и именува
некои 3Д форми вклучувајќи пирамиди и призми. Црта 2Д форми со рефлесивна симетрија Препознава прави агли во 2Д форми. Знае да
користи монети и банкноти.

Ниско ниво
Брои, чита и пишува броеви до 200 и повеќе со помош. Определува вредност на цифрите во бројот. Додава 10 и 100 на број.
Собира неколку мали броеви со помош на манипулативи. Множи со 2,3,4,5, и 10 со помош на цртеж. Препознава и именува некои 2д и
3Д форми. Воочува симетрични форми. Користи монети и банкноти со помош.

ПРИРОДНИ НАУКИ
Високо ниво
Знае дека животните процеси им се заеднички на луѓето и на животните и истите вклучуваат исхрана, движење, раст и
репродукција. Опишува разлики меѓу живите и неживите нешта користејќи го знаењето за животните процеси. Набројува материјали.
Разликува магнетни и немагнетни материјали. Оределува и сортира материјали според својствата. Се обидува да планира истражување.
Набљудува, мери и претставува резултати. Извлекува заклучоци од резултати и генерализира.
Средно ниво
Разликува жива и нежива природа. Ги знае карактеристиките на живата и неживата природа. Групира живо и неживо. Знае
различни материјали и ги поврзува со нивните својства. Знае кој материјал може да се користи за некоја намена. Разликува магнетни и
немагнетни материјали. Набљудува и претставува резултати и донесува заклучоци.
Основно ниво
Препознава жива и нежива природа. Именува материјали и знае за што се користат. Набљудува и претставува резултати и
донесува заклучоци.

Општество

Високо ниво
Се спознава себеси својот напредок и желби. Ги разбира меѓусебните односи на луѓето и за истите дебатира. Ги почитува
разликите меѓу луѓето. Ги знае и разликува правата и обврските на децата. Ги знае службите за заштита на детските права.
Средно ниво
Се спознава себеси својот напредок и желби. Познава некои меѓусебни односи на луѓето. Ги почитува разликите меѓу луѓето.
Знае некои права и обврски на децата. Знае дека постојат служби за заштита на детските права.
Основно ниво
Се спознава себеси својот напредок и желби. Познава некои меѓусебни односи на луѓето. Знае дека луѓето се разликуваат
меѓу меѓусебе. Знае некои права и обврски на децата. Знае дека постојат служби за заштита на детските права.

РАБОТА СО КОМПЈУТЕР

ВИСОКО НИВО
Ги знае основните елементи на компјутерскиот систем. Ги усвои основните вештини за работа со компјутерскиот систем. Ги
препознава основните функции на компјутерските програми при работа со графика. Создава графичка информација и умее да ја
сочува. Има позитивен однос и желба за работа со компјутер. Ги познава основните барања за безбедно работење со компјутерот.
ниско ниво
Ги усвои основните вештини за работа со компјутерскиот систем. Ги препознава основните функции на компјутерските
програми при работа со графика. Создава графичка информација. Има позитивен однос и желба за работа со компјутер. Ги познава
основните барања за безбедно работење со компјутерот.

Музичко образование

Високо ниво
Пее песни различни по содржина и карактер со правилен пеачки став. Правилно ги пишува елементите на нотно писмо –
виолински клуч, сол и ми. Составува вежба со тоновите ,,сол,, и ,,ми,,. Слуша и разликува класична, детска и народна музика. Свири со
ДМИ. Во ритам изведува ритмички движења. Создава сопствена кореографија со движења на своето тело
Средно ниво
Пее песни различни по содржина и карактер со правилен пеачки став. Умее да ги пишува елементите на нотно писмо –
виолински клуч, сол и ми. Слуша и разликува класична, детска и народна музика. Свири со ДМИ. Во ритам изведува ритмички движења.
Основно ниво
Се обидува да пее песни различни по содржина и карактер. Се труди да ги пишува елементите на нотно писмо – виолински
клуч, сол и ми. Слуша и разликува класична, детска и народна музика. Учествува во свирење со ДМИ и изведување ритмички движења.

физичко образование

високо ниво
Изведува правилни и координирани природни движења со рацете, нозете и другите делови на телото. Има развиена
моторичка координација и ориентација во просторот. Ги совладува новите моторички елементи. Учествува и соработува во тимско
изведување на вежбите и игрите. Сака да се натпреварува.

ликовно образование

високо ниво
Ги знае новите термини кои се користат во ликовното изразување. Користи разни материјали и техники за цртање и сликање.
Се изразува самостојно и слободно со помош на ликовното творештво. Користи разни постапки за ликовно изразување. Умее да
објасни ликовна творба и врши сопствена естетска проценка. Ги применува стекнатите знаења и вештини за ликовно изразување.
Ниско ниво
Користи разни материјали и техники за цртање и сликање. Се изразува самостојно и слободно со помош на ликовното
творештво. Користи разни постапки за ликовно изразување. Умее да ja објасни својата ликовна творба .

You might also like