You are on page 1of 3

СОЦИЈАЛИЗАЦИСКИ АСПЕКТ

----------- одговорно, навремено и самостојно ги извршува училишните обврски. Активно


учествува во работата на часот. Соработува и придонесува во работата на групата.

На ---------- му е потребно поттикнување и помош за навремено и успешно извршување на


обврските. Понекогаш активно се вклучува во заедничките активности на часот. Учествува во
работата на групата

---------- училишните обврски ги извршува само со помош и постојано поттикнување. Работи


во пар и прима помош од другарче.

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
ВИСОКО НИВО

Изразно чита и пишува текстови на кирилско и латинско писмо. Усно и писмено се изразува,
при тоа користи правилен редослед на зборовите во реченицата и тек на настаните. Ги разликува и
користи сите литературни и граматички поими. Правилно користи интерпукциски знаци и голема
буква. Ја определува содржинската структура на текстот, ликови, тема и порака. Следи содржини од
различни медиуми и пренесува информации за нив. Користи ИКТ.

СРЕДНО НИВО

Чита и пишува текстови на кирилско и латинско писмо. Усно и писмено се изразува, при тоа
често користи правилен редослед на зборовите во реченицата и тек на настаните. Ги разликува и
користи повеќето литературни и граматички поими. Често правилно користи интерпукциски знаци и
голема буква. Ја определува содржинската структура на текстот и ликови. Следи содржини од
различни медиуми и пренесува некои информации за нив. Користи ИКТ.

НИСКО НИВО

Чита и пишува со потешкотии текстови на кирилско и латинско писмо. Усно и писмено се


изразува со помош, при тоа понекогаш користи правилен редослед на зборовите во реченицата.
Разликува некои литературни и граматички поими. Користи голема буква на почеток на реченица и
точка на крајот од реченицата. Одговара на прашања поврзани со содржина на текст. Следи
содржини од различни медиуми. Користи ИКТ со помош.

МАТЕМАТИКА
ВИСОКО НИВО

Го разбира и применува системот на броеви до 1000 и дропките. Разбира и умее да собира,


одзема, множи и дели при што користи различни мисловни стратегии. Разликува, опишува и
претставува 2Д и 3Д форми, симетрија и прави агли. Користи соодветни инструменти и единици
мерки за мерење и претставување должина, маса, зафатнина и време. Знае да користи монети и
банкноти. Решава текстуални проблеми во кои се вклучени и мерења. Собира, организира и толкува
податоци на различни начини.

СРЕДНО НИВО

Го применува системот на броеви до 1000 и дропките. Најчесто точно собира, одзема, множи
и дели при што користи различни мисловни стратегии. Разликува, опишува 2Д и 3Д форми,
симетрија и прави агли. Користи соодветни инструменти и единици мерки за мерење должина, маса,
зафатнина и време. Знае да користи монети и банкноти. Решава едноставни текстуални проблеми во
кои се вклучени и мерења. Собира, организира и толкува податоци во табела и столбест дијаграм.

НИСКО НИВО

Чита, пишува и споредува броеви до 1000 и дропки. Собира и одзема мали броеви,
полни десетки и стотки. Множи со 2, 5 и 10. Именува некои 2Д и 3Д форми. Воочува симетрија и
прави агли. Знае некои инструменти и единици мерки за мерење должина, маса и време. Користи
монети и банкноти со помош. Решава едноставни текстуални проблеми со помош. Собира, организира
и толкува податоци во табела и столбест дијаграм со помош.
ПРИРОДНИ НАУКИ
ВИСОКО НИВО

Ги знае и објаснува деловите на растенијата и условите за раст и развој и животните процеси.


Го знае влијанието на здравата исхрана и физичката активност врз здравјето. Ја разбира функцијата
на човечките сетила. Определува својства на материјалите, ги класифицира и ја определува нивната
намена. Знае како силите влијаат на предметите и нивното движење. Планира и извршува
едноставни истражувања, ги претставува резултатите, извлекува заклучоци и гнерализира.

СРЕДНО НИВО

Ги знае деловите на растенијата, потребните услови за раст и развој и животните процеси.


Знае што содржи здравата исхрана. Ја знае функцијата на човечките сетила. Определува некои
својства на материјалите и ги класифицира според својствата. Знае дека силите влијаат на
предметите и нивното движење. Учествува во извршување на едноставни истражувања, ги
претставува резултатите и донесува заклучоци.

НИСКО НИВО

Ги именува деловите на растенијата и некои услови за живот. Разликува жива и нежива


природа. Знае кои продукти претставуваат здрава храна. Ја знае функцијата на човечките сетила.
Определува некои својства на материјалите и ги класифицира според едно својство. Знае дека силите
влијаат на предметите и нивното движење. Набљудува едноставни истражувања и разговара за нив.

ОПШТЕСТВО
ВИСОКО НИВО

Умее да се претстави и ги искажува своите желби, потреби и интереси. Ги знае своите права
и обврски и набројува неколку основни детски права. Учествува во работата на одделенската
заедница. Ги знае роднинските врски, пријателите и соседи и ги почитува. Знае како се одржува
лична хигиена. Знае основни информации за местото на живеење и својата татковина. Знае основни
сообраќајни правила, умее да процени сообраќајна ситуација и разликува видови сообраќај и
сообраќајни средства.

СРЕДНО НИВО

Умее да се претстави и ги искажува своите желби и потреби. Ги знае своите обврски и


набројува неколку основни детски права. Учествува во работата на одделенската заедница. Ги
разликува роднините, пријателите и соседите и ги почитува. Знае како се одржува лична хигиена.
Знае основни информации за местото на живеење и својата татковина. Знае некои сообраќајни
правила, и разликува сообраќајни средства.

НИСКО НИВО

Умее да се претстави и ги искажува своите желби. Ги знае своите обврски. Учествува во


работата на одделенската заедница. Ги разликува роднините и соседите и ги почитува. Знае како се
одржува основна лична хигиена. Го именува местото на живеење и својата татковина. Знае некои
сообраќајни правила, и именува сообраќајни средства.

РАБОТА СО КОМПЈУТЕРИ
ВИСОКО НИВО

Ја користи технологијата да креира, организира, зачува, менува и обезбедува дигитална


содржина. Користи технологија на безбеден начин и безбедно ги користи личните податоци. Разбира
што се алгоритми и програми. Умее да креира, го предвидува исходот и дебагира едноставни
програми. Се воведе во вештината на алгоритамско размислување.

СРЕДНО НИВО

Ја користи технологијата да креира, менува и зачува дигитална содржина. Користи


технологија на безбеден начин. Разликува алгоритам и програма. Креира едноставна програма и
извршува готови програми. Почна да се воведува во вештината на алгоритамското размислување.
НИСКО НИВО

Ја користи технологијата и со помош креира, менува и зачувува дигитална содржина. Користи


технологија на безбеден начин. Со помош креира едноставна програма и извршува готови програми.
Со помош ја игра играта за развивање на вештината на алгоритамско размислување.

МУЗИЧКО

ВИСОКО НИВО

Има правилен пејачки став и пее култивирано песни со различни ритмичко – мелодиски
линии. Активно слуша музика и препознава звуци. Изведува едноствни кореографии со ритмички
движења. Разликува основни видови темпо и динамика. Разликува и свири на ДМИ. Препознава и
применува основни музички писмени знаци.

СРЕДНО НИВО

Се труди да пее песни со различни ритмичко – мелодиски линии. Слуша музика и препознава
некои звуци. Изведува едноствни ритмички движења. Разликува и именува ДМИ. Препознава
основни музички писмени знаци.

ЛИКОВНО

ВИСОКО НИВО

Ги препознава, именува и користи ликовните материјали, техники и прибор. Црта, слика,


печати, моделира и декорира по видено и фантазија. Ги препознава и умее да добие основни,
секундарни, хроматски и ахроматски бои. Ги разбира и користи ликовните поими. Се грижи за
приборот и хигиената. Го користи компјутерот за ликовно изразување.

СРЕДНО НИВО

Ги препознава, именува и користи ликовните материјали, техники и прибор. Црта, слика,


печати, моделира и декорира со помош по фантазија. Ги препознава и именува боите. Се грижи за
приборот и хигиената. Го користи компјутерот за ликовно изразување со помош.

ФИЗИЧКО

ВИСОКО НИВО

Правилно изведува вежби со рацете, нозете и трупот. Правилно се поставува и се движи во


колона. Правилно и координирано изведува гимнастички елементи на партер. Правилно скока, фрла
и фаќа топка, погодува цел. Изведува танци и игри во различен ритам. Работи тимски и учествува во
игри.

СРЕДНО НИВО

Изведува вежби со рацете, нозете и трупот. Се поставува и се движи во колона. Се труди


правилно да изведува гимнастички елементи на партер. Скока, фрла и фаќа топка, погодува цел.
Учествува во изведување танци и игри во различен ритам. Работи тимски и учествува во игри.

You might also like