You are on page 1of 2

Успешно чита изразно со разбирање на сложени текстови.

Усно и писмено раскажува и прераскажува без и по


даден план и успешно го користи во другите предмети. При анализа на текст определува:тема, место и време на
настанот, лик и карактеристики на ликот. Рецитира песни и разликува видови песни, и определува порака на песната.
При писменото изразување користи правилни реченици, го следи текот на настаните и ги применува правописните
правила. Препознава видови именки, придавки, броеви, глаголи и нивните граматички категории (род, број, време);
како и заменки(лични и показни) и правилно ги определува во текстовите.

Разложува броеви до милион на илјади, стотки, десетки и единици. Множи и дели броеви од 1 до 10 000 со 10 или 100 и
го разбира резултатот, вклучувајќи и делење со остаток.Користи загради за да ги подреди операциите и ги разбира
односите помеѓу сите четири операции..Собира и одзема децимални броеви до една и повеќе децимали. Користи дропки
за да ја опише и утврди вредност на дел од цело и претвара неправилна дропка во мешан број. Идентификува и ги
опишува својствата на триаголниците, и ги класифицира според страните и аглите, мери и пресметува периметар на
правилни и неправилни многуаголници,разликува и мери видови агли.Објаснува што е координантна мрежа,
симетрија,пресликување и ротација и геометриски правилно се изразува. Ги разбира единиците мерки за должина,
тежина,зафатнина, температура и време и ги користи за да изврши соодветни мерења,чита и представува податоци.

Изговара, разбира и меморира голем фонд на јазични целини на англиски јазик. Ученикот е самостоен во
работата. Составува и пишува логични реченични целини и подолги текстови. Успешно го применува изучениот
вокабулар и граматика. Покажува интерес и активно учествува во работата на часот.

Ги искажува самостојно и слободно своите сознанија, доживувања и впечатоци, мисли и фантазија со помош на
ликовниот јазик и творештво; Твори самостојно, тандемски, групно и колективно и умее да направи избор на идеја,
активност и средства и да состави ликовна творба.Развива способност за разликување на уметнички дела од различни
ликовни подрачја (цртеж, слика, скулптура, архитектура);

Пее песни со разновидна мелодиска линија, различни по карактер и содржина.Има навики за активно слушање
музика и препознава и именува основни видови на динамика и темпо. Ги усвои елементите на нотното писмо и со
особен интерес умее да пее и свири по ноти на избран инструмент.

Целосно ги разбира поимите поврзани со кондензацијата и испарувањето. Ги разликува супстанциите што се


разложуваат во вода и процесот на правење на раствори. Препознава разни извори на светлина, нејзините
карактеристики, создавањето сенки и својствата на одредени предмети. Го разбира и истражува патот на светлината,
промената на нејзината насока, функцијата на огледалата и боите. Објаснува како се движи Земјата – ротација и
револуција. Ги набројува планетите во сончевиот систем

Има солидни познавања од темата, ги познава видовите технички линии и правилно ги применува при
изработка на технички цртежи, правилно го употребува приборот за техничко цртање, ги распознава форматите на
хартија, знае да чита работилнички и монтажен технички цртеж, знае да црта технички цртеж во размер, ги познава
видовите размер, знае да котира технички цртеж, ги знае елементите на котирање и знае да изработи скица.

Се потикнува за правилна позиција на телото при користење на компјутер, лаптоп, таблет, смартфон .Ги
идентификува функциите на основните делови на компјутерскиот систем, Ги знае поимите вирус и антивирусна
програма. Креира и форматира текст. Селектира, преместува и копира делови на текст. вметнува и уредува слика во
документ.Додава и уредува графички објекти, аудио и видео записи.. Ги објаснува поимите програмирање и програмски
јазик. Креира алгоритам со едноставни чекори во scratch.Ги објаснува поимите компјутерска мрежа и интернет.

Ги применува стекнатите знаења за својата татковина Република Северна Македонија и ја одредува


местоположбата на нашата татковина на географската карта и на глобусот во регионот и пошироко.Знае и прераскажува
за одделните периоди од македонското минато,за формирањето на современата македонска држава на крајот на Втората
светска војна и за формирањето на суверена Р.Македонија и државното уредување во РСМ. Го разбира поимот
население и структурата на населението во РСМ и неговите белези. Го објаснува значењето на поимите култура и
верските потреби како и религиите во РС Македонија и ги знае правата и должностите на граѓаните во РСМ.

Знае и може да ја одржува и подобрува основната физичка подготовка, да го обликува и правилно да го држи
телото, правилно да се поставува , координација на движењата на локомоторниот апарат. Правилно трча со правилно
движење на рацете и нозете, ги применува техниките: скокање „ножици“ и „згрчна“ техника. Има развиена способности
за движење и игра во просторот, игра танци од народното и модерното творештво. Владее со техниката на подвижноста
на локомоторниот апарат со топка при игра кошарка , ракомет одбојка и фудбал.

Успешно креира и составува свој текст за честитка, покана, благодарница; да напише текст според сопствена
замисла.Со интерес учествува во драматизирање на краток текст, ја изразува својата музичка мисла преку пеење или
свирење, ги применува цртачките техники, истражува и открива својства на различни материјали на применетата
уметност.

You might also like