You are on page 1of 4

Македонски јазик: Посочува општоприфатени правила и соодветни јазични фрази на културна

комуникација и ги применува во различни ситуации од секојдневниот живот. Опишува (усно)


личности, пејзажи и појави по набљудување и по доживување. Усно и писмено раскажува на
зададена тема или на тема по избор, со едноставна композициска структура, користејќи
соодветен вокабулар и граматички правила. Раскажува со измена на крајот на прочитана
содржина. Го поврзува значењето на прочитаните содржини со реалните ситуации.
Репродуцира творби од усното народно творештво и го наведува нивното значење. Наведува:
предмети, суштества, појави во соодветен род и број; зборови кои не образуваат множина –
сопствени именки. Правилно ги дели зборовите на слогови. Користи именки, придавки, лични
заменки и глаголи во усното и писменото изразување, поврзани логично и според граматички
правила во даден реченичен контекст. Препознава и посочува граматичко лице во дијалог и во
разговор; именки, придавки и глаголи во даден текст. Составува реченици и соодветно ги
користи интерпункциските знаци во пишувањето почитувајќи ги правилата за почетна голема
буква (кај сопствените имиња и географските поими, книги и списанија, адреси и институции).
Математика: Запишува парови од илјади чиј збир е 10 000. Собира четирицифрен со
двоцифрен, трицифрен и четирицифрен број, избирајќи соодветна стратегија. Со користење на
комутативно или асоцијативно својство собира броеви, групирајќи парови чиj збир е полна
десетка, стотка или илјада. Одзема четирицифрени броеви кои се содржатели на 1000,100,10
до 10000. Одзема четирицифрени броеви, избирајќи соодветна стратегија. Го одредува
непознатиот број при собирање и одземање и решава проблемски ситуации со собирање и
одземање. Удвојува и преполовува броеви со полни илјади, стотки и десетки. Го користи
удвојувањето и преполовувањето на четирицифрен број при решавање задачи од
секојдневните ситуации. Пресметува бројни изрази со загради, користејќи го редоследот на
операциите во и надвор од заградата. Препознава и означува полуправа и агол. Споредува
агли според големина во однос на правиот агол и именува остар и тап агол.
Природни науки: Го објаснува значењето на природните богатства и нивната употреба. Прави
разлика меѓу необновливи и обновливи извори на енергија Наведува мерки за заштита на
природните богатства. Ги опишува особините на животните и растенијата како што се:
дишење, движење, исхрана, осетливост, размножување и растење. Прави разлика меѓу
начинот на дишење кај копнените и водните животни и ги опишува нивните органи за дишење.
Го објаснува движењето кај животните и прави споредба на органите за движење и начинот на
кој се движат. Го воочува движењето на растенијата под дејство на надворешни влијанија.
Споредува начини на исхрана кај растенијата и животните. Прави разлика меѓу начинот на
исхрана кај тревојадните, месојадните и сештојадните животни.
Историја и општество: Наведува примери со кои илустрира како општината во која живее се
грижи за образованието, здравјето, животната средина, спортот и културата и културното
наследство. Проценува колку општината во која живее е инклузивна за лицата со попреченост
и за лицата од ранливите групи (стари лица и сиромашни лица). Наведува примери од
културно-историското наследство на општината. Ги одредува страните на светот. На
географска карта и идентификува градови, села, реки и планини во близина на местото на
живеење, користејќи ги основните картографски знаци. Го лоцира своето место на живеење на
картата на РСМ. Именува, објаснува, идентификува и опишува стопанските дејности во своето
опкружување и во државата.
Техничко образование и информатика: Препознава и именува различни видови технички
линии. Користи прибор за цртање хоризонтални, вертикални и коси линии. Котира едноставен
технички цртеж, со примена на соодветни видови технички линии. Црта и чита технички цртеж
во размер. Самостојно изработува скица.
Музичко образование: Ја препознава музичката тема/мелодијата при различни жанровски
изведби (обработки) на иста композиција. Опишува карактер на слушнатото дело (весело,
тажно, игриво) со користење стручни изрази за темпо и динамика. Идентификува
карактеристична народна песна и народна игра/оро од етничките заедници. Идентификува
строфа и рефрен. Препознава кавал и флејта, визуелно и звучно. Пее песни за деца и/или
популарни песни во опсег до 1 – до 2.
Ликовно образование: Ги идентификува средствата со кои може да слика. Комбинира
различни средства и подлоги за сликање и создава слика. Ги разликува боите и тоновите во
околината и ги претставува со сликање. Создава слика со градација на ахроматски и
хроматски бои. Создава дизајн со користење на различни техники. Разликува слики
изработени со примена на различни средства за сликање. Вреднува сопствен или цртеж на
соученик/соученичка од аспект на примена на ликовните елементи или принципи кои ги
усвоил/усвоила.
Физичко и здравствено образование: Изведува: вежби за обликување на телото во
различни ставови и положби; елементи од партерна гимнастика – акробатика; качувања,
слегувања, висења и нишања на гимнастички справи; натскокнување и скокање на шведски
сандак; координирани движења со рацете и нозете во одење и трчање со правилно држење и
естетско движење на телото; комбинирани ритмички движења во одење и трчање со примена
на потскоци и скокови; основни чекори од детски танци и традиционални народни ора.
Применува гимнастичко одење, детски потскок, вртење и вага на шведска клупа.
Англиски јазик: Води едноставна комуникација, користејки вокабулар со именување на
семејство познати личности, држави и делови од куќа. Самостојно распознава и употребува
придавки и глаголи. Чита и пишува едноставни изрази.
Изборен предмет:Успешно ги применува основните спортско-технички знаења од одбојката, ја
одржува и подобрува општата моторика, како испецифичната моторика на движење на рацете
и телото во однос на топката. Применува основни одбојкарски ставови и движења, основни
техники на одбивање на топка со прсти и чекан,има развиено манипулативна моторика и
координација во просторот, општи и посебни моторички движења специфични за одбојката.

Второ ниво

Македонски јазик: Со помош опишува (усно) личности, пејзажи и појави по набљудување и по


доживување. Со помош усно и писмено раскажува на зададена тема или на тема по избор. Со
помош раскажува со измена на крајот на прочитана содржина. Наведува: предмети, суштества,
појави во соодветен род и број;Со помош ги дели зборовите на слогови. Делумно користи
именки, придавки, лични заменки и глаголи во усното и писменото изразување. Составува
реченици и соодветно ги користи интерпункциските знаци во пишувањето почитувајќи ги
правилата за почетна голема буква (кај сопствените имиња и географските поими, книги и
списанија, адреси и институции).

Математика: Со помош запишува парови од илјади чиј збир е 10 000. Делумно собира
четирицифрен со двоцифрен, трицифрен и четирицифрен број, избирајќи соодветна
стратегија. Со помош користи комутативно или асоцијативно својство ,собира броеви,
групирајќи парови чиj збир е полна десетка, стотка или илјада. Со помош одзема
четирицифрени броеви кои се содржатели на 1000,100,10 до 10000. Удвојува и преполовува
броеви со полни илјади, стотки и десетки. Го користи удвојувањето и преполовувањето на
четирицифрен број при решавање задачи од секојдневните ситуации. Со помош пресметува
бројни изрази со загради, користејќи го редоследот на операциите во и надвор од заградата.
Препознава и означува полуправа и агол. Споредува агли според големина во однос на
правиот агол и именува остар и тап агол.
Природни науки: Делумно го објаснува значењето на природните богатства и нивната
употреба. Наведува мерки за заштита на природните богатства. Ги опишува особините на
животните и растенијата како што се: дишење, движење, исхрана, осетливост, размножување
и растење. Прави разлика меѓу начинот на дишење кај копнените и водните животни и ги
опишува нивните органи за дишење. Го објаснува движењето кај животните и прави споредба
на органите за движење и начинот на кој се движат. Споредува начини на исхрана кај
растенијата и животните.

Историја и општество: Наведува примери со кои илустрира како општината во која живее се
грижи за образованието, здравјето, животната средина, спортот и културата и културното
наследство.Наведува примери од културно-историското наследство на општината. Ги
одредува страните на светот. На географска карта, со помош идентификува градови, села,
реки и планини во близина на местото на живеење, користејќи ги основните картографски
знаци. Го лоцира своето место на живеење на картата на РСМ.Делумно именува, објаснува,
идентификува и ги опишува стопанските дејности во своето опкружување и во државата.

Техничко образование и информатика: Препознава и именува различни видови технички


линии. Користи прибор за цртање хоризонтални, вертикални и коси линии. Котира едноставен
технички цртеж, со примена на соодветни видови технички линии. Црта и чита технички цртеж
во размер. Самостојно изработува скица.

Музичко образование: Ја препознава музичката тема/мелодијата при различни жанровски


изведби (обработки) на иста композиција. Опишува карактер на слушнатото дело (весело,
тажно, игриво) со користење стручни изрази за темпо и динамика. Идентификува
карактеристична народна песна и народна игра/оро од етничките заедници. Идентификува
строфа и рефрен. Препознава кавал и флејта, визуелно и звучно. Пее песни за деца и/или
популарни песни во опсег до 1 – до 2.

Ликовно образование: Ги идентификува средствата со кои може да слика. Комбинира


различни средства и подлоги за сликање и создава слика. Ги разликува боите и тоновите во
околината и ги претставува со сликање. Создава слика со градација на ахроматски и
хроматски бои. Создава дизајн со користење на различни техники. Разликува слики изработени
со примена на различни средства за сликање. Вреднува сопствен или цртеж на
соученик/соученичка од аспект на примена на ликовните елементи или принципи кои ги
усвоил/усвоила.

Физичко и здравствено образование: Изведува: вежби за обликување на телото во


различни ставови и положби; елементи од партерна гимнастика – акробатика; качувања,
слегувања, висења и нишања на гимнастички справи; натскокнување и скокање на шведски
сандак; координирани движења со рацете и нозете во одење и трчање со правилно држење и
естетско движење на телото; комбинирани ритмички движења во одење и трчање со примена
на потскоци и скокови; основни чекори од детски танци и традиционални народни ора.
Применува гимнастичко одење, детски потскок, вртење и вага на шведска клупа.

Англиски јазик: Со повремена помош разбира, репродуцира и комуницира, користејки


вокабулар со именување на семејство познати личности, држави и делови од куќа. Распознава
и употребува придавки и глаголи. Со помош чита и пишува едноставни изрази.

Изборен предмет: Успешно ги применува основните спортско-технички знаења од одбојката,


ја одржува и подобрува општата моторика, како испецифичната моторика на движење на
рацете и телото во однос на топката. Применува основни одбојкарски ставови и движења,
основни техники на одбивање на топка со прсти и чекан,има развиено манипулативна
моторика и координација во просторот, општи и посебни моторички движења специфични за
одбојката.

You might also like