You are on page 1of 1

Описна оцена за прво полугодие (второ одд) ВТОРО НИВО

Mакедонски јазик: Чита со помош и мали потешкотии. Препишува текст од печатно на


ракописно со потешкотии. Одговара на прашања и поставува прашања. Раскажува по низа
слики, зададени зборови и по доживеан настан. Со помош подредува зборови во реченица.
Се труди да ги употребува расказните, прашалните и извичните реченици. Пишува куси и
едноставни текстови според диктат. Чита лектири и умее да одговара на прашања во врска
со содржината. Препознава и чита драмски текст и умее да го интерпретира по улоги.
Препознава и чита детско списание. Разликува и наведува различни видови медиуми.
Англиски јазик: Го идентификува и именува вокабуларот. Успешно ги има совладано
граматичките структури. Ги разбира песничките и приказните со изучениот вокабулар.
Учествува во активностите на час.
Математикa: Означува точка на права и црта искршена линија. Препознава, групира,
именува, опишува, замислува и црта 2Д форми според нивните својства. Групира, именува,
опишува, прави 3Д форми според нивните својствано со одредена помош, ги разликува 2Д
формите од 3Д формите. Собира/одзема едноцифрен број со/од двоцифрен број без
премин со потешкотии. Собира двоцифрен број со полна десетка до 100, собира броеви до
100 со премин со мала помош.
Природни науки: Ги знае условите за растење ( светлина , топлина и вода ) на
растителниот свет. Прави разлика меѓу материјали од природно и вештачко потекло.
Класифицира различни материјали според нивното потекло на природни и вештачки. Ги
идентификува својствата на различни природни и вештачки материјали. Поврзува одредено
својство со конкретен материјал. Набројува различни примени на одреден материјал. Го
објаснува односот меѓу својствата на материјалите и нивната примена. Наведува предмети
изработени од повеќе различни материјали.
Oпштество: Ги знае своите права и почитува правила за однесување во училиштето. Го
разбира значењето на зборовите: трудољубивост, истрајност, љубопитност, одговорност,
чесност, соработливост, праведност, приватност. Разликува лично и заедничко. Ги
наведува, опишува и разликува посакуваните особини на учениците; ги наведува, опишува и
разликува постапките на посакувано и непосакувано однесување на учениците. Развива
вештини за донесување одлуки во група, развива свест за почитување на различности врз
основа на пол, јазик и можности. Го знае поширокото семејство ,како и начинот на
прославување на верските и државните празници.
Ликовно образование: Умее да применува разни материјали и техники за цртање,
сликање, моделирање и градење на визуелни комуникации во ликовното изразување. Го
воочува значењето на боите и индивидуално креативно ги применува во комбинација со
форми и текстури.
Музичко образование: Има правилен пејачки став. Правилно ја пее мелодијата на
песната. Слуша и препознава вокална, инструментална и вокално – инструментална
изведба, го препознава карактерот на музиката (весела, тажна, брза, бавна), изведува
музичко – ритмички чекорења соодветно на поставените задачи. Пее самостојно и
колективно, без и со придружба на музика.
Физичко и здравствено образование: Фрла предмети (топче, топка и фризби) во
далечина и во одредена цел, со една и со две раце. Правилно го држи телото и
координирано се движи при гимнастичко одење и трчање. Правилно изведува гимнастички
движења во простор без и со реквизити. Разликува елементи кои се составен дел од игрите.
Игра народно оро со едноставни чекори. Игра современ танц со едноставни чекори. Ги
почитува правилата на играта и правилата за фер плеј однесување. Учествува во
едноставни групни игри. Учествува во штафетни игри.

You might also like