You are on page 1of 1

Македонија во Балканските војни и Прва светска војна

Првата Балканска војна е започната од страна на Кралството Црна Гора во


Октомври 1912, на која неколку дена подоцна и се придружиле и
Грција,Бугарија,Србија (земјите од Балканскиот сојуз).Во оваа војна против
Османлиската Империја секако,учествувала и Македонија,на некои
фронтови со свои независни чети и единици,но и со свои луѓе вклучени во
единиците на војските од другите Балкански држави.Првата Балканска
војна завршила 1913 година,во корист на Балканскиот Сојуз,но
Македонија наместо да се ослободи,била поделена помеѓу
Србија,Бугарија и Грција.

Втората Балканска Војна почнала истата година(1913) поради тоа што


Бугарија била незадоволна од поделбата на територии,и ги нападнала
претходните сојузници.Втората Балканска војна завршува со
постигнувањето на Букурешкиот договор,со кој само се потврдува
поделбата на Македонија.

Првата Светска војна почнала 1914 година и траела 4 години.Во неа биле
вклучени скоро сите европски држави,меѓу кои и Македонија.За
Македонија првата светска војна значела нови окупации,разрушувања и
угнетувања.

You might also like