You are on page 1of 2

Македонија во Првата светска војна

1. Учество на македонците во Првата светска војна

Македонија Првата светска војна ја дочекала поделена меѓу соседите


Србија, Грција и Бугарија. Со почетокот на војната соседните балкански
земји вршеле мобилизација на македонското населени за учество во
војната за туѓи интереси. Од страна на Србија биле мобилизирани 53000
македонци кои се бореле во Церската, Колубарската и битката за Белград
во 1914 / 1915 година. Незадоволството македонските обврзници го
искажувале со бегање и дезертирање. Во овој период дел од членовите на
Македонската револуционерна организација, давале отпор кон балканските
претензии и се залагале за независна Македонија во нејзините географски
и етнографски граници. Во 1915 година Бугарија влегла во војната од
страна на Централните сили и со тоа од Пиринскиот дел на Македонија
биле мобилизирани 33 000 Македонци, а слична судбина имале и
македонските од Егејскиот дел каде што биле мобилизирани 20 000
Македонци за учество во војната за туѓи придобивки.

2. Положбата во Македонија под окупација и отпор против окупаторот

За кратко време по влегувањето на Бугарија во војната од страна на


Централните сили, тие ја окупирале Вардарска Македонија која до тогаш
била под српска власт. По овие случувања крајот на 1915 и почетокот на
1916 година, Македонија со Македонскиот ( Солунски ) фронт била
поделена на две окупациони зони од страна на Централните сили и
Антантата. И едните и другите сили вршеле терор врз македонскиот народ
со ограбување, присилна работа, присилна мобилизација. На сето ова
македонскиот народ давал силен отпор со криење на житото и живата
стока, одбивање на присилна работа и дезертирање на воените единици.

3. Последици од војната за Македонија

Војните што се воделе на Македонскиот фронт оставиле тешки последици


по Македонија. Како материјална штета што била направена во градовите
( дел од нив биле и целосно разурнати) така и многу човечки жртви. Биле
направени и многу злочини од окупаторските војници, имало многу заразни
болести а и многу глад меѓу народот. Крајот на војната довел до уште
потешки економски последици. Крајот на војната бил потврден со
Версајската мировна конференција на која била потврдена тројната
поделба на Македонија меѓу соседите. Вардарскиот дел влегол во составот
на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, егејскиот дел во составот
на Грција и пиринсиот дел во составот на Бугарија. Во сите делови на
Македонија се вршела група денационализација и асимилација на
македонскиот народ.

4. Барањата и активностите на македонците за создавање самостојна држава

За време на Париската мировна конференција во 1919 година, голема


активност пријавиле разни македонски политички организации и здруженија
од емиграција. Најистакнати вакви организации имало од Петроград од
Русија, предводени од Димитрија Чуповски, од Бугарија предводени од
Димо Хаџи – Димов, исто така и од Битолскиот револуционерен округ
предводени од Ѓорче Петров. Тие испраќале апели, меморандуми, писма,
барања до Париската мировна конференција, со барање за востановување
на целоста на Македонија, за нејзино самоопределување и организирање
во обединета слободна и независна држава. И покрај сите овие активности,
до Париската мировна конференција преовладувале интересите наза
санкционирање на поделбата на Македонија со Букурешкиот мировен
договор.

You might also like