You are on page 1of 3

Македонија во балканските војни

Бугарија, Грција и Србија за да ги остварат своите цели во 1912


година склучиле сојуз, кој бил насочен против Турција. Најпрвин бил
склучен договор помеѓу Србија и Бугарија во кој имало таен дел за
поделба на Македонија. Кон сојузот се приклучила Грција која
склучила договор со Бугарија и на крај се приклучила Црна Гора. Така
бил формиран балканскиот сојуз (четворен сојуз) кој имал завојувачки
карактер.
1. Откриј ги и наведи ги причините за формирање на балканскиот
сојуз
2. Објасни каков карактер имал сојузот
3. Наведи ги држави членки на сојузот

Балканскиот сојуз најпрвин испратил барање до Турција за реформи


кои требало да се спроведат во Македонија. Турција ги отфрлила тие
барања. На 9 октомври 1912 год. започнала Првата балканска војна со
нападот на црногорските војски на Османлиите. Наскоро се
приклучиле и другите земји од сојузот. Српските војски имале значајни
победи кај Куманово и Битола, и преку Албанија избиле на
Јадранското Море. Источна Македонија била заземена од Бугарија, а
Егејскиот дел од Грција. Во оваа војна македонскиот народ активно се
вклучил надевајќи се на своја слобода. Османлиите поради се
поголемите порази побарала склучување на мир. Мирот бил склучен
на 30 мај 1913 год. во Лондон. На оваа конференција било одлучено
Албанија да стане независна, а Македонија била поделена помеѓу
Србија, Бугарија и Грција.
1. Опиши го текот на Првата балканска војна
2. Анализирај ги одлуките на Лондонскиот мировен договор

Лондонската конференција не ги решила проблемите, сојузниците


сакале повеќе: српските војски требало да се повлечат од Албанија,
но и од делови на Македонија кои и припаднале на Бугарија. Бугарија
пак ја сакала цела Македонија. Сето тоа довело до нова војна која се
водела помеѓу земјите од Балканскиот сојуз. На 29 јуни 1913 год.
Бугарија ги нападнала Србија и Црна Гора. Најжестоки битки повторно
се воделе на територијата на Македонија. Оваа војна ја искористиле
Романија и Османската држава за да ја нападнат Бугарија, која
притисната од сите страни морала да бара мир. Војната завршила со
склучување на Букурешкиот мировен договор на 10 август 1913 год.
Со овој договор ништо не се подобрило во Македонија напротив била
потврдена тројата поделба на Македонија и мал дел потпаднал под
Албанија. Со овој мир целосно се прекинале економските врски, била
разбиена етничката, стопанската и геополитичката целина на
македонскиот народ.
1. Опиши го текот на Втората балканска војна
2. Објасни што се случило со Македонијa

Одлуките од двата мировни договори предизвикале силни


реакции кај македонската емиграција, која на секој начин настојувала
големите сили да согледаат дека македонскиот народ рамноправно се
борел со другите сојузници и заслужувал да има своја држава. Бил
испратен Меморандум до Лондонската мировна конференција во кој
се барало Македонија да стане независна балканска држава, но сепак
на сите нивни барања големите сили останале глуви.
1. Објасни кои активности биле преземени од македонската емиграција
и каков бил ставот на големите сили
Балканот пред балканските војни

Српска војска во Битола (Прва балканска војна)

You might also like