You are on page 1of 3

Букурешкиот мировен договор

Букурешки договор — мировен договор потпишан на 10 август 1913 г.


помеѓу завојуваните страни во Втората балканска војна: Србија, Црна Гора,
Романија и Грција од една страна и Бугарија од друга страна.
Во оваа војна Бугарија била
принудена на отстапки, бидејќи била
притисната од другите завојувани
страни. Имено Кралството Романија
со својата војска вршело постојан
притисок од север, здружените
војски на Србија и Грција напаѓале
од запад, а отоманската војска
вршела напади од исток.
Со овој договор исто така била
извршена повторна поделба на
териториите што дотогаш биле под
турска власт (Македонија, Косово и Метохија, Васоевиќи, Санџак, Тракија и
северен Епир). Македонија била поделена на тој начин што нејзиниот најголем
дел, односно Егејскиот, со површина од 34.356 км2 го добила Грција,
Вардарскиот дел со површина од 25.342 км2 го добила Србија, Пиринскиот дел
со 6.798 км2 и бил даден на Бугарија, а Албанија добила 1.115 км2 во
западниот дел. Романија ја добила јужна Добруџа од Бугарија и се зголемила
за 8000 км2 со 303.000 жители.
Територијата на Македонија во рамките на Отоманското Царство до
Балканските војни го претставувала централниот дел на Балканскиот
Полуостров. Таа се граничела на север со Шар Планина, Скопска Црна Гора,
Козјак и Рила. Западните граници се протегале преку планините Кораб,
Јабланица, Грамос и Пинд, на југ по реката Бистрица до Егејското Море и на
исток до сливот на реката Места. Во рамките на овие географски граници,
Македонија зафаќала површина од 67.741,2 км2.
Со Букурешкиот мировен договор, Македонија била поделена на тој начин:
 Егејскиот дел, со површина од 34.356 км2 го окупирала Грција,
 Вардарскиот дел со површина од 25.342 км2 го окупирала Србија,
 Пиринскиот дел со
6.798 км2 ја
окупирала Бугарија и
 Јужниот брег од
Охридското Езеро -
Мала Преспа со
1.115 км2 и биле
доделени на
Албанија.
Веднаш по потпишувањето, т.е. на 11 август 1913 година, Австроунгарија,
Русија и Бугарија барале ревизија на договорот, со оглед на бројните
неправилности, недоречености и нелогичности во поделбата на териториите и
во донесувањето на одлуките.
На 14 август, Русија ги отфрлила намерите за ревизија на договорот, па со
такво барање останале само Австроунгарија и Бугарија, на кои остро им се
спротиставувала Франција. Букурешкиот мировен договор претставува
единствен меѓународен договор што не ги потпишале сите големи сили и што
бил во голема мера против нивните интереси. Исто така, големите сили не ги
зеле предвид барањата на македонскиот народ, чии претставници, од повеќе
асоцијации, особено од Русија и Швајцарија, интервенирале да се зачува
идентитетот на македонскиот народ и единството и целината на македонската
територија.

Лондонски мировен договор


Лондонскиот мировен договор, потпишан на 30 мај 1913 година, е договор со
кој завршила Првата балканска војна (1912 - 1913). Поради незадоволството
помеѓу балканските сојузници од распределбата на отстапените територии од
страна на Турција, набрзо започнала Втората балканска војна (1913).
Лондонската конференција започнала на 16 декември 1912 година со цел
потпишување на договор меѓу победничките во Првата балканска војна и
поразената Турција, која со намера да задржи што поголема територија на
Балканот, предложила на Македонија и Албанија да им се даде автономија под
суверенитет на Турција.
Албанија на 28 декември 1912 е призната за независна држава, а предлогот за
независност на Македонија не е прифатен. Србија и Грција уште пред војната
тајно се договориле дека нема да дозволат создавање на самостојна
Македонија, ниту постоење на бугарско-албанска граница меѓу државните
граници на Србија и Грција. И Бугарија го обила турскиот предлог за создавање
на автономна Македонија.
Бугарија и Грција ги заостриле односите уште во почетокот на Првата
балканска војна, особено откако грчката војска го зазела Солун. Грција во
нотите од 3 и 18 ноември 1912 година и од 22 април 1913 година, предлагала
да се реши прашањето на границата. Бугарија ги отфрлила предлозите како
претерани, но не дала свои противпредлози.
Со потпишувањето на Лондонскиот мир на 30 мај 1913 година со Турција,
односите меѓу балканските држави уште повеќе се заостриле. Во тоа време,
сојузниците ги окупирале оние територии што ги зазеле во војната против
Турција. Меѓу Србија и Бугарија уште во време на војната била создадена
привремена демаркациона линија: Патарица-Руен-сртот на Осоговските
Планини-Злетовска река-Брегалница, до сливот на Крива Лакавица-сртот
Плавуш -Дојранско Езеро. На таа линија започнало префрлувањето на
бугарската војска од Тракија и истовремена концентрација на силите кон
Грција.
Тоа било причина на 1 јуни 1913 година Србија и Грција да склучат договор за
пријателство и одбранбен сојуз против Бугарија. Покрај тоа, Србија добила
право на слободно користење на пристаништето во Солун во траење од 50
години. Истиот ден била потпишана и Воената конвенција, во која биле
регулирани меѓусебните воени обврски и соработката меѓу Србија и Грција во
случај на напад од Бугарија или на некоја друга држава.
По тие настани, големите сили, со оглед на сопствените интереси кон
Балканот, развиле широка дипломатска активност. Русија настојувала да го
зачува Балканскиот сојуз како пречка на австро-германското продирање на
Балканот, а Австроунгарија тежнеела да се разбие овој сојуз и ја поддржувала
Бугарија да не попушта во своите барања.
За да го спречи избувнувањето на нова, меѓусојузничка војна, Русија ги
повикала сојузниците да го решат спорот по мирен пат и ги предупредила
Србија и Бугарија на руската арбитража предвидена со Српско-бугарскиот
договор. На рускиот апел двете страни одговориле условно: српската влада
дека ја прифаќа арбитражата на Русија, доколку се прифати нејзиното барање
за ревизија на договорот, а бугарската влада арбитражата ја прифаќала
доколку се почитува договорот, односно воспоставената поделба на
територијата. Со оглед на тоа дека двете влади не отстапувале од своите
барања, Русија се откажала од натамошна арбитража. Со тоа го забрзала
почетокот на Втората балканска војна, новата поделба на Македонија и
воспоставување нови граници по пат на сила.
Во името на македонската колонија во Петерсбург, на 1 март 1913 г. до
Лондонската мировна конференција е испратен Меморандум потпишан од
Димитрија Чуповски, Наце Димов, Гаврил Константинович и А. Везников. Во
меморандумот Димитрија Чуповски пишува дека: „2/3 од населението на
Македонија претставуваат посебно словенско племе“ и со истиот приложил
своја етнографска карта.

You might also like