You are on page 1of 2

Есеј

Српско-бугарска војна
Српско-бугарската војна започнува на 14 ноември 1885 година, кога Кралството
Србија, незадоволно од обединувањето на Кнежевството Бугарија со
автономната област Источна Румелија, и објавува војна на Бугарија. По низа
провокации од српска страна, инцидентот од 1 ноември кај месноста Цветков
гроб му послужила на Милан како повод на 2 ноември да и објави војна на
Бугарија. Претходно, српската влада не обрнувала никакво внимание на
протестите на Бугарија против овие погранични провокации, како и против
обидот на српски емисари да го бунтуваат пограничното бугарско население.
Српскиот крал ја мобилизирала војската. Според некој податоци српската
војска по мобилизацијата броела: 51.500 луѓе, 550 официри, 43.750 војници и 7
200 мешан кадар. Врховната команда над целата српска армија ја презел лично
кралот Милан, кој за началник на штабот го поставил, воениот министер полк
Јован Петровиќ, што било невообичаено, а за команданти на армиите, од
искусните генерали од турските војни, биле поставени само генералите
Јовановиќ и Лешјанин. Кралот Милан, стравувајќи да не му ја приграбат
славата од сигурната победа над Бугарите, за свој соработник не земал ниеден
од останатите искусни команданти од војните со Турција како што биле:
Хорватовиќ, Белимарковиќ или Протиќ. Кралот Милан се надевал дека, во
меѓувреме пред да започне бугарскиот противнапад, големите сили ќе се
вмешаат и ќе ја прекинат војната. Првите борби биле водени на 2 ноември кај
Цариброд, кој истиот ден бил заземен од страна на Нишавската армија. На југ
од Цариброд настапила српската Шумадиска дивизија во намерата да го
запоседне патот Пирот-Трн-Брезник и во содејство со Моравската дивизија,
откако ќе го преземат Трн и Брезник, да навлезат од југ во Софиското поле и
изолирајќи го бугарскиот Ќустендилски одред, да се соединат со Дунавската
дивизија, која настапувала од центарот на фронтот. Но, наидувајќи на силен
отпор од бугарските единици, Шумадиската дивизија напредувала само 15 km,
а бугарските трупи се повлекувале, отстапувајќи кон градот Трн. Во постојано
напредување српските војски, по тешки борби и големи загуби на бугарска
страна, на 4 ноември го заземале Трн. Бугарската војска и понатаму се
повлекувала, но сега утврдувајќи се на позициите кај с. Сливница, а исто така и
српската армија успеала да се пробие кон Сливница. Положбата на бугарската
војска била тешка и на воениот совет на бугарската армија, одржан на 4
ноември со учество на кнезот Александар I, било решено кај Сливница да се
групира поголем дел од војската и следниот ден да се започне битка, во која би
се одбиле српските напади додека не пристигне источно-румелиската војска.
Кај Сливница на 4 ноември бугарската војска броела сè на сè околу 12.000 луѓе,
наспроти скоро 25.000 српски војници. Со таков сразмер на силите на 5
ноември, во раните утрински часови, започнала решавачката битка помеѓу
двете армии. По неколкучасовни борби кон пладне борбите се интензивирале
во центарот и на левото крило на бугарската војска. Понатаму во текот на
денот, битката главно се одвивала помеѓу крилата, а во центарот иницијативата
била на бугарска страна, благодарение на успешната поддршка на
артилеријата. Така, Бугарите го задржале противникот и добиле во време до
пристигнувањето на војските од Тракија. По победата кај Сливница, на јужниот
фронт Бугарите прешле во настапување кон запад, а српската војска започнала
во паника да се повлекува кон нејзината политичка граница. За време на ова
напредување на бугарската армија и по неколку воени победи биле ослободени
градовите: Брезник на 8 ноември, Драгоман на 10 ноември, и Цариброд на 11
ноември, по што воените дејства се префрлиле и на српска територија. На 14
ноември по една жестока битка во близина на градот Пирот, и поголем број
жртви на двете страни, бугарската армија ги пробила позициите на српската
Нишавска армија, по што Србите биле принудени да отстапат назад во паника
и метеж. По битката, српската главна Нишавска армија била расцепена на два
дела: Шумадиската и Дунавската дивизија се повлекувал кон Књажевац, а
Моравската и Дринската дивизија на југозапад. По оваа победа Бугарите влегле
во Пирот и го запоседнале, така што патот кон Ниш им бил отворен. Додека на
јужниот, решавачки фронт, Бугарите напредувале и нанесувале порази на
противникот, на северниот фронт бугарските војски давале сериозен отпор на
српските напади. Откако го освоиле градот Кула и го опседнале градот Видин
од копно, Србите ги насочиле своите трупи кон Белоградчик и село Арчар-
Вибдол на Дунав. На 11 и на 16 ноември околу 6.000 бугарски војници со 31
артилериско орудие и 5 митралеза, од Видинската тврдина, ги одбиле силните
напади на околу 15.000 српски војници. На 17 ноември на предлог на српскиот
командант ген. Лешјанин, бугарскиот заповедник на Северниот одред кап.
Узунов се согласил на примирје. За време на примирјето, на двете страни
пристигнале повеќе дипломатски мисии на големите сили со цел да се одредат
условите на примирјето и на 9 декември примирјето било потпишано, според
кое двете армии требало да се повлечат до крајот на месецот на старите
граници. По потпишувањето на примирјето, во Букурешт на 23 јануари 1886 г.
започнале преговорите со посредство на големите европски сили за
потпишување на конечен мир помеѓу Србија и Бугарија. Бугарија била
принудена паралелно со преговорите со Србија да води преговори за спогодба и
со Турција за прашањето на Источна Румелија. Според спогодбата со Турција
од 20 јануари 1886 година, управувањето над Источна Румелија му се
поверувало на бугарскиот кнез во рок од 5 години, по кој рок ако кнезот ги
исполнувал своите обрски правилно, ќе биде повторно назначен од страна на
султанот, потоа т.н. непокорни села на Родопите и муслиманските села во
Крџалиската област се присоединувале кон Турција и била договорена взаемна
помош помеѓу Турција и Бугарија во случај на напад од трета страна. На
преговорите во Букурешт, Бугарија била принудена да се откаже од воена
оштета и од меѓународно признание на соединувањето на Источна Румелија
кон Кнежевството. Бугарија, под притисок на Австроунгарија, Германија,
Турција и Италија, се согласила на мир со Србија без никакви територијални
отстапки или парична оштета од српска страна. Мировниот договор бил
потпишан на 19 декември 1886 г. и содржел само еден член според кој од денот
на потпишувањето на договорот се воспоставува состојба на мир помеѓу двете
завојувани страни и се враќа предвоената состојба. Веднаш по потпишувањето
на овој мир, Србија и Бугарија започнале со демобилизација на своите армии.

You might also like