You are on page 1of 2

Битката на Неретва 

или Битката за ранетите е назив за четвртата непријателска


офанзива на НОВЈ. Тоа е назив во поширока смисла за непријателските операции
Вајс 1 и Вајс 2, операции на силите на Германците за уништување на НОВЈ во
содејство со Италијанците, усташите, домобраните и четниците, како и
офанзивата на НОВЈ во сливот на Неретва и потоа во источна Херцеговина во
периодот од 20 јануари до 1 април 1943 година.Во потесна смисла називот се
однесува на дел од операцијата Вајс 2, кој ја зафатил главната оперативна група
на Врховниот штаб, настапување на силите на Оската против НОВЈ во
Херцеговина и Офанзивата НОВЈ во областа на Неретва. Еден од исто така
вообичаените називи е битка за ранетите, бидејќи поради склоп на околности
Главната оперативна група на Врховниот штаб на НОВЈ била принудена со себе
да ја носи и централната болница, што довело до низа драматични битки за спас
на ранетите. Уште за време на траењето на битката на Уна на 06.02.1943 година
седмата и деветтата партизанска дивизија започнале движење према Неретва.
Втортата пролетерска дивизија и четвртата далматинска бригада го зазеле
Посушје истиот ден, а веќе следниот ден Имотски. Истата групација го
продолжила движењето према Неретва, наидувајќи попатно на спорадичен отпор,
а на 16.02.1943 година избила на потегот Дрежница-Грабовица. Единиците на
втората пролетерска и втората далматинска бригада тргнале по западниот брег
на север према Јабланица, која е освоена на 22.02.1943 година. Единиците на
третата пролетерска дивизија го зазеле Прозор после дводневна борба со
италијанската дивизија Мурге. Ден подоцна освоен е Осторжец, а Рама паднала
на 20.02.1943 година. Прват пролетерска бригада на Првата пролетерска дивизија
го зазела Иван Седло на 18.02.1943 г. додека остатокот од дивизијата го очистил
остатокот од сите непријателски упоришта помеѓу Иван Седло и Коњиц.
Единствениот солиден колски пат водел низ Коњиц, па затоа било планирано
Главната болница да се транспортира низ тој град. 
Битка на Сутјеска (српскохрватски: Bitka na Sutjesci, Битка на Сутјесци)
или операција „Шварц“ (германски: Fall Schwarz) — напад од страна на Оската,
што имал за цел да ги уништи партизаните. По напорните борби во Битката на
Неретва главнината на НОВЈ и Врховниот штаб со Тито се пробиле кон Црна
Гора, каде во просторот помеѓу реките Пива, Тара и Сутјеска создадале нова
слободна територија. На оваа територија борците требало да се одморат, а на
ранетите и болните од тифус да им се овозможи лекување и негување. Меѓутоа,
непријателите не ги оставиле партизаните да се одморат и да се средат за нови
борби. Тие многу брзо и во најголема тајност подготвиле нова офанзива. Собрале
одморени воени сили и почнале да ја опколуваат територијата на која се наоѓале
главнината на НОВЈ и Врховниот штаб. Покрај германска донеле италијанска,
усташка и нугарска војска, а исто така и четници на Дража Михајловиќ. Додека
непријателската воена сила изнесувала околу 127.000 војници најсовремено
вооружени со топови, тенкови и авиони, дотогаш НОВЈ на овој сектор имал околу
20.000 борци со околу 3.000 ранети и болни. Окупаторите и домашните
предавници, по големи подготовки, во мај 1943 година презеле нов напад
против НОВЈ, познат како Петтата непријателска офанзива. Нивната пешадија
и тенкови од сите страни го стегале обрачот, а топови и авиони постојано го
бомбардираа опколениот простор. Ситуацијата во која се нашла опколената
главнина на НОВЈ била толку критична што членовите на англиската воена мисија
при Врховниот штаб предлагале партизаните да се предадат. Но, ниту на
Врховниот штаб, ниту пак борците не мислеле да се предадат. Затоа Тито дал
наредба непријателскиот обрач да се пробие во правец кон Источна Босна.
Исцрпените партизански борци без доволно храна и муниција, но безгранично
храбри, во почетокот на јуни тргнале во пробив на обрачот на понадмоќниот
непријател. За време на пробивот најжестоки и решавачки борби се воделе при
преминот на реката Сутјеска кај Тјентиште.

You might also like