Professional Documents
Culture Documents
Историја тест
Историја тест
Војната на Пацификот
Присуството на САД на Пацификот и пречело на Јапонија и таа се решава да
ги отстрани САД од Далечниот Исток. На 7.12.1941 Јапонија ја напаѓа
воената база Перл Харбор на Хаваите и за кратко време е уништена
американската пацифичка флота. САД и објавиле војна на Јапонија после овај
напад и со тоа започнале воените операции на Пацификот. Јапонија брзо
напредувала и ги окупирала Борнео, Тајланд,Бурма, Филипините и островот
Гуам.
Југославија
На 29-30 ноември 1943 година во Јајце се одржа второт заседание на АВНОЈ
на кое беше проектирано идното државно уредување на Југославија да биде
врз федеративни принципи со Вардарскиот дел на МКД како рамноправна
единица.
Антифашистичката борба во Југославија во 1943 година била призната од
сојузничките сили и требало да се постигне спогодба помеѓу Националниот
комитет за ослободување на Југославија и Југословенската емирантска влада.
Во јуни 1944 година на островот Вис била потпишана спогодбата Тито –
Шубашиќ.
Со неа се признавало југословенското антифашистичко двиѓење од страна на
Југословенската емигрантска влада а проблемот за државното уредување се
предвидувал да се реши по ослободувањето на земјата.
Во 1945 година, единиците на Народно ослободителната војска и
партизанските одреди на Југославија добиле ново име и содржина –
Југословенска армија, која што ги спровела завршните операции за
ослободување на Југославија. Во борбите на Сремскиот фронт до 15.5.1945
учествуваше на ХV македонски корпус.
Бугарија
По 1943 година антифашистичкото движење во Бугарија зеде замав. Во
државата дејствувале партизани и властите превзеле строги репресивни
мерки против партизанското движење. Тогаш антифашистичките сили го
формираа Националниот комитет на Отечествениот фронт.
На 9.9.1944 година лидерот на организацијата Звено, Кимон Георгиев,
поддржан од националниот комитет на отечествениот фронт извршил
државен удар, после кој Бугарија се приклучила на Антифашистичката
коалиција. Во претходен договор со Тито, бугарските војски зеле учество во
ослободувањето на Унгарија и западните делови на Југославија.
5.2
1949 – СССР произведе атомска бомба
1950 – САД ја испроба хидрогенската бомба, исто така и СССР.
1957 – СССР праќа прв вештачки сателит во вселената
1961- Јуриј Гагарин прв човек во вселената
1969 – Нил Армстронг е првиот човек на Месечината
По војната доаѓа процес на деколонизација кој најмногу ги зафаќа Азија и
Африка. Од 1947 – 1962 многу земји колонии добиле независност ( Индија,
Пакистан, Шри Ланка, Виетнам, Лаос, Камбоџа, како и најголемата холандска
колонија Индонезија.
Во Африка се појавиле национално – револуционерни движења , Алжир,
Ангола, Мозамбик. Во 1961 година, 18 африкански држави ја прокламираа
својата независност и во 1963 се формира организацијата Обединета Африка.
До 1970 се појавиле 64 независни држави, а колониите на Англија, Франција
и Португалија престанале да постојат. Во Јужна Африка се развива движење
против апартхејдот(социјално политичка концепција) на чело со Нелсон
Мандела.
Земјите од Третиот свет иницирале движење. Иницијатори биле Џавахарлал
Нехру (Индија), Јосип Броз Тито (Југославија) и Гамал Абдел Насер
(Египет). Во 1964 година неврзаните и неразвиените земји ја формирале
групата на 77 држави која се залагала за развиток на неразвиените земји.
5.3
Првите антисоцијалистички движења се изразиле во ГДР (53`), Полска (56`) и
особено во Унгарија каде револуцијата била задушена со интервенција на
Црвената Армија.
По смртта на Сталин (1953) во СССР почнува процес на десталинизација.
Стремежите за создавње на социјализам со човечки лик најмногу се изразиле
во Чехословакија во периодот на Александар Дупчек. Во август 1968
членките на Варшавскиот пакт интервенирале во Чехословакија и ставиле
крај на Прашката пролет. Со доктрина Брежнев КПСС И СССР се стремеле
да спречат демократски реформи во источноевропските земји.
Процесот на демократизација започнува во СССР со политиката Перестројка
и Гласност водена од Михаил Горбачов, генерален секретар на КПСС. Во
1990 со СССР се дозволува повеќепартиски систем. Демократизацијата
зафатила и др социјалистички земји. Во Полска синдикалната организација
Солидарност на чело со Лех Валенса победи на парламентарни избори и се
формира првата некомунистичка власт во источните земји на 10.11.1989.
1949 – 10 западноевропски земји го формираат Советот на Европа со седиште
во Стразбур.
1951 – шест земји од Западна Европа ја формираат Европската заедница за
јаглен и челик.
1957 – во Рим е формирана Европска економска заедница ЕЕЗ за економска
интеграција на земјите со седиште во Брисел. Покрај шесте организатори, се
приклучува В.Б, Ирска и Данска 73`, Грција 80`,Шпанија и Португалија 86`.
1958 – Во Стразбур е формиран Европскиот парламент и Врховниот судски
совет.
1991 – 12 држави го потпишуваат договорот за формирање на ЕУ. Во 95` и
пристапуваат Шведска, Финска и Австрија. ПО средбата во Атина 03` се
примени и 10 членки. Бројот на членки е 25. Заедничка монета е еврото. ЕУ
има сопствено знаме, химна, а Денот на победа над фашизмот е прогласен за
Ден на Европа (9.5).