You are on page 1of 15

ФЕУДАЛИЗАМ

ПОИМ
 Феудализмот (од латинскиот збор feudum) е општествено-
економска формација во средниот век во која
човечкото општество се дели на две основни антагонистички
класи:

 феудалци и
 селани-кметови (крепосни селани).

 Основна карактеристика на феудализмот е сопственоста на


средствата за производство во рацете на феудалецот (ја
поседуваат во прв ред земјата) и непотполната сопственост над
производителот - селанецот-кмет. Напоредно со сопственоста
на феудалците, постои и ситна сопственост на селаните и
занаетчиите над орудијата за работа (селски инвентар, и алат) и
над куќата и покуќнината.
 Во однос на робовладетелската општествена формација, феудализмот
претставувал напредок, бидејќи поради делумната заинтересираност на
произведувачот (селанецот-кмет) за работа, се обезбедувал понатамошен
развиток на производните сили. Во поглед на начинот на кој феудалецот ги
остварувал своите приходи, феудалната епоха ја карактеризираат три видови
на ренти:

 Работна рента, кога селските обврски се состоеле во работата (кулукот) на


феудалниот имот (период наречен ран феудализам, до 11 век)
 Натурална рента, кога поголем дел од селската дажбина се состои во давање
на готови производи на феудалецот (период наречен развиен феудализам,
од 11 до 15 век) и
 Парична рента, кога феудалците, поради развиениот пазар и робопаричните
односи (развиени градови, занаети, мануфактури, трговија, банкарство),
најголем дел од селските кулучарски и натурални обврски ги заменуваат со
парични дажбини (т.н. доцен феудализам, 15-18 век).
 Боновна рента, кога феудалецот поради задржување на сопствениот капитал
работната снага ја исплатува со сопствени парични средства кои можат
единствено да бидат потрошени во неговиот реон каде што владее
(т.н. модерен феудализам, 20-21 век).
 За целото време на феудализмот во Европа, христијанската црква била
идеолошки столб и бранител на феудализмот,кој црквата го претставувала
на своите верници како божја волја и секоја побуна против него го
обележувала како најтежок грев. Рзликата меѓу феудалната експлоатација
од робовладетелската се состои во,прво , во непотполната сопственост на
феудалецот над работникот . При феудализмот главното средство на
производство е земјата .
 Земјата е во сопственост на феудалците..Таа се дели на господарска и
селска земја. Давајќи му на селанецот парче земја ,феудалецот го земал
бесплатно вишокот на трудот на селанецот во форма на феудална рента .
 Феудалното стопанство е во вид на стопанство од натурален тип.
ФЕУДАЛНО УРЕДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
 Турските освојувања не довеле до ликвидирање на феудалните
општествени односи во балканските земји и држави. Напротив, со
оглед на достигнатиот степен на својот општествен развој, турската
држава со своето ширење на Балканскиот Полуостров придонесла
тука да бидат сопрени веќе изразените тенденции кон постепено
преминување во повисоки и понапредни облици на продукционите
односи. Меѓутоа, натоварени со азиско, во прв ред со селџучко
феудално наследство, турците - Османлии внесле многу значајни
промени во животот на покорените балкaнаски народи.
 Врховен и неограничен сопственик на земјата била државата,
персонифицирана во султанот. Во периодот на создавањето и на
раното ширење на османлиската држава, основниот облик на
владеење со државната (мириската) земја била спахилакот, врзан за
исполнување на определена државна служба, а пред се` воената.
Висината на годишниот приход од спахилакот, создаван преку
феудалните давачки на феудалното зависното население, рајата, била
строго определена. Во зависност од тој приход, спахилакот се јавува
во три вида: тимари ( со приход до 19 999 акчиња), зеамети (со приход
од 20 000 до 99 999 акчиња) и хасови ( со приход од најмалку 100 000
акчиња).
СОЦИЈАЛНО- КЛАСНА СТРУКТУРА НА
НАСЕЛЕНИЕТО
 Без оглед на верската припадност и на местото на живеење, биле
поделени две основни сталешко- класни групи; на аскер т.е. војничка
класа и на раја т.е. работна класа. Ваквото групирање сосема не се
совпаѓало со карактеристичното за секое феудално општество, па и за
османлиското, постоење на класата на феудалните експлоатори и на
класата на феудално експлоатираното селанство.
 Постоела глобална поделба, како во секоја сталешка држава, се
наоѓала многу посложена социјална структура на населението. На
едниод крај од широкиот спектар на различните слоеви, категории и
групи од населението се наоѓале највисоките претставници на
феудалната класа, кои постоеле на чело на воените,
административните и на исламските институции, а на другиот крај
куќните слуги, робовите и бескуќниците. Бидејќи првите биле
регрутирани исклучиво муслиманската средина, несомнено е дека
социјалната положба на луѓето во голема мера зависела од нивната
верска припадност. Верската дискриминација на немуслиманското
население во условите на феудалното општество и теократското
владеење на султанот имла многу силен негативен одраз и врз
социјалната положба на тоа население.
ЗАСИЛУВАЊЕ НА ФЕУДАЛНИОТ
ПРИТИСОК ВРЗ РАЈАТА
 Промените и кризата на феудалниот систем најтешко ги погодиле
долните слоеви на населението на Турското Царство, во прв ред
селанството. Засилениот пробив на стоковно- паричните односи довел до
пукање на стегите на затвореното натурално стопанство. Феудалецот
настојувал натуралната рента и анаргијаата да ги претвори во
парични,бидејќи тоа му давало можност да ја засили експлоатацијата на
зависното население, и полесно да ги задоволи своите зголемени потреби
и барања. Паричната рента била особено погодна за крупните феудалци
кои претeжно живееле во градовите.
 Посебен товар за населението претставувале своеволијата и
злоупотребата на крупните феудалци и на службените лица, какви што
биле беглербезите,санџакбезите и др. Честото сменување на функциите
ги терало службените лица кон корупција и безобѕирна експлоатација на
рајата, за побрзо извлекување на голема добивка. Голем зулум на својата
раја при крајот на XVI век вршел Мустафа Чауш, кој имал зеамет од
Скопскиот санџак. Ги затворал, ги силувал жените, а данок собирал
двапати во годината. Посебно малтретирање доживувале џелепкешаните
при водење на добитокот за Истанбул, кога локалните феудалци им
наплатувале разни гозби, такси за минување преку нивната земја или
мост, такси за патиштата, патарина и др. Користејќи ги своите големи
права и можности, крупните службени феудалци и самите, по своја
волја, воведувале различни даноци и обврски на рајата.
РАСПАЃАЊЕ НА ФЕУДАЛНОТО СЕЛО
ВОСТАНИЈА НА КРЕПОСНИТЕ СЕЛАНИ
ЗГАСНУВАЊЕ НА ФЕУДАЛИЗМОТ
 Процесот на распаѓањето на феудалните односи и развитокот на капиталистичките
одоси се извршувале и во селото.
 Со развитокот на стоково – паричните односи границата помеѓу присилната работа и
натуралниот данок исчезнува. Се појавува паричната рента.
 Многубројните натурални задолженија се претвораат во парични. Крепостниот селанец
треба сега со својот труд не само да создава дополнителен продукт, туку и да го продава
на пазарот за да ја плати паричната рента на феудалот.
 Крепосното село се повеќе се вовлекува во размената, значително се забрзува процесот
на поделна на слоеви.
 Заедно со засилувањето на економскиот гнет се создаваа се потешки и правни норми на
зависнот.
 Со растењето на стоковото производство и размената се зголемуваше експлоатацијата
на селаните од страна на духовништвото. Духовништвото не задоволно од десетокот
започнува да бара нови извори на доход, започнува трговија со индулгенции и
организира нови армии од монаси – просјаци.
 Неподносливите услови за живот кај селаните предизвикуваат незадоволство и бунтови.
 Додека друштвената поделба на трудот беше слабо развиена, додека врските на размена
остануваа тесни и секоја област живееше свој живот селските востанија амаа локален
карактер и беа угушени лесно.
 Острото засилување на експлоатацијата им дава на востанијата остар и упорен карактер.
 Огромното револуционерско значење на востанијата се состои во тоа што тие ги разнишаат
основите на феудализмот и со тоа се јавија како сила која што на крајот на краиштата доведе
до укнинување на крепосното право, до загинувањето на феудалниот систем на експлоатација.
 Револуцијата на крепосните селани ги ликвидира крепосниците и ја укина крепосничката
форма на експлоатација.
 Пропаѓањето на феудализмот и развитокот на капиталистичките односи се придружени со
растењето на буржуазијата.
 Феудализмот кој што не се базира на ропскиот труд, а на ситното производство на крепосните
селани и градски занаетчии сообразно со својот развиток создава се повеќе и повеќе услови за
растење на производителните сили за издигнување на техниката .
 Со овие факти се истакнува значењето на оние предимства на феудалниот начин на
производство пред робовладетелскиот во поглед на развитокот на производителните сили кои
што се состојат во извесна заинтересираност на непосредниот производител од својот труд.
Беше реализиран пресврт од буржуазијата во која што на селаните им се падна ролјата на
основна маса на борците против феудализмот. Но плодовите од борбата ги исползува
буржуазијата . Работничката класа беше уште слаба и неорганизирана. Како резултат нод тоа
еден систем на експлоатација се смени со капиталистичката.

 Раширувањето на спахиското земјоделие означува проширување на приложението и на


крепосничкиот труд и засилување на експлоатацијата на крепосните селани. Спахиите кои
имаат потреба од работната сила започнуваат да преминуваат кон ангаријата и натуралниот
данок.

 Останките на феудализмот постојат и сега во низа капиталистички земји . Борбата против


феудално – крепосните останки има огромно значење за раширувањето на пролетерската
револуција.
РАСТЕЖОТ НА ДРУШТВЕНАТА ПОДЕЛБА НА ТРУДОТ,
РАЗВИТОКОТ НА ТРГОВИЈАТА, СОЗДАВАЊЕ НА ГРАДОВИТЕ

 Кон Х век процесот на утврдување на феудалниот начин на производството во


најважните земји на Западна Европа завршува. Феудализмот навлегува во фазата на
својот највисок расцвет. Таа фаза го опфаќа периодот од ХI до XII век.
 Развитокот на производствените сили како во областа на земјоделството, така и во
областа на занаетот, достигнат во претходниот период, ги создадоа претпоставките за
растежот на друштвената поделба на трудот и образувањето на внатрешниот пазар.
Започнува процесот на одделувањето на занаетот на земјоделството и создавање на
градови, кои што изиграа огромна улога во развитокот и распаѓањето на феудализмот.
 До извесно време занаетот можеше Растежот на друштвената поделба на трудот,
развитокот на трговијата, создавање на градовите.
 Кон Х век процесот на утврдување на феудалниот начин на производството во
најважните земји на Западна Европа завршува. Феудализмот навлегува во фазата на
својот највисок расцвет. Таа фаза го опфаќа периодот од ХI до XII век.
 Развитокот на производствените сили како во областа на земјоделството, така и во
областа на занаетот, достигнат во претходниот период, ги создадоа претпоставките за
растежот на друштвената поделба на трудот да се развива во границите на феудалното
имање. После тоа тој ги преминува рамките на феудалното имање. Овие рамки
стануваат многу тесни за него. Понатамошниот развиток на занаетот бара пазар за
неговите производи зад границата на феудалното имање, бара развиток на внатрешниот
пазар.
 Се започнува со тоа, што еден дел од занаетчиите, со дозвола од феудалецот, одат да работат по
туѓи места. Преминувајќи од еден имот на друг тие бојадисувале платна и други работи, а
после извесно време се враќаат кај својот феудалецот и му плаќаат определена сума пари како
натурален данок. Понатамошниот растеж на производствените сили доведува до појавата на
занаетот, што работи за пазарот. Се создаваат пазари околу имотите на најкрупните феудалци и
манастири. И токму тука започнуваат да израснуваат градови, што западнаа после распаѓањето
на Римската империја.
Средновековниот град бил утврдено место со тврдински ѕидишта и бедеми.
Обично во време на воени операции околното население наоѓало прибежиште зад тие тврдини.
Градовите биле занаетчиски и трговски центри. Тука се собирале сите трговци и занаетчии.
Градовите ги примале сите крепосни занаетчии и трговци што избегале. Не залудно во
средновековието велеле, дека градскиот воздух ги прави луѓето слободни.
 Енгелс вели : Се создаваа нови градови; сите тие беа оградени со ѕидишта и ровови за одбрана
, тврдините им беа многу понепристапни отколку дворјанските дворци, поради кое можеле да
бидат заземени само со помош на голема војска. Зад тие ѕидишта и ровови се развивал
средновековниот занает – навистина, проникнат со малограѓанската еснафштина и
ситничарство – се трупаа првите капитали, се роди потребата за меѓусебен однос на градовите
еден со друг и со останатиот свет.
 Занаетот и трговијата се економската основа на средновековниот град. Но градското население
не ги прекинува конечно врските и со селското стопанство. Во границите на градот имало ниви
и бавчи, се одгледувал добиток итн.
РАСПАЃАЊЕ И ЗАГИНУВАЊЕ НА ФЕУДАЛИЗМОТ
 Феудализмот го турна напред развитокот на производителните сили. Тоа најде свој
израз во засилување на друштвената поделба на трудот внатре во феудалното село во
подигањето на техниката на селското стопанство во никнувањето на нови гранки како
во областа на земјоделието така и при бафчанџиско-зарзаватчиските култури. Уште
поголем прогрес беше постигнат во областа на занаетчиското производство.
 Особено силен инпулс добива развитокот на производителните сили во втората
половина на Средниот век како резултат на крстоносните походи.
 Крстоносните походи им даваат возможност на европејците да се запознаат со цела низа
технилки усовршувања во областа на градинарството, инженерството и техничката
хемија.
 Благодарејќи на сето тоа, во крајот на Средниот век зголемувањето на
производителноста(продуктивноста) на трудот поминува со забрзано темпо. Се
појавуваат низа изуми и откритија кои имаат важно практично значење; се создаваат
нови гранки на трудот кои укажуваат огромен уплив на понатамошниот економски
живот; се појавуваат високи фурни и возникнува железнонеарното дело; се усовршува
техниката на морепловството особено благорарејќи на пронајдокот на компасот; се
пронајдуваат хартијата, барутот и саатот.
 Во својот труд "За дијалектичкиот и историскиот материјализам" другарот Сталин
последниот начин ја карактеризира состбојбата на производителните сили при
феудалниот начин на производство: "Понатамошното подобрување на топењето и
обработката на железото; расптостранување на железниот плуг и ткаечниот разбој;
понатамошен развиток на земјоделието, градинарството, лозарството, производството
на масла; појавувањето на манифакторни претпријатија покрај занаетчиските
работилници, такви се карактеристичните црти на состојбата на производителните
сили.
 Големо значење за развојот на производството и трговијата имаа големите географски
откритија: откривањето на Америка и поморскиот пат за Индија.
 Тие откритија беа подготвени од целиот претходен развој на производителните сили на
феудалнтото друштво.
 Во XIV и XV век во Европа бргу се равиваат занаетчиското производство и трговијата.
Бргу се развива паричното стопанство, кое ги изместува насекаде натуралните односи.
Во врска со тоа се појавува остар глад за злато како орудите за размената. Стварноста за
злато поттикнува низа смели морепловци во различни уште неиспитани земји.
 - Откривање на Америка - вели Енгелс - беше предизвикано од гладот за злато, кој што
уште порано ги поттикна Португалците во Африка... затоа што европската индустрија,
што се рашири толку силно во XIV и XV век, и соодветната трговија бараа повеќе
орудија за размената, кој што Германија - голема земја на среброто во 1450 - 1550
година - не можеше да ги даде.
 - Меѓу причините, кои ги предизвикаа големите географски откритија, голема улога
изигра заграбувањето на источниот дел на Средоземното Море од Турците во втората
половина на XV век. Најважна артерија, по која минуваа трговските патишта помеѓу
Западна Европа и Исток беше пресечена. Кај Европејците се појавува стремеж да најдат
друг пат за Исток, кој ќе минува преку Средоземното Море. Се започнува барањето на
поморски пат за Индија. Во 1492 година Колумбо врши експедиција. Отпрвин тој ги
открива Бахамските и Антислките острови, а после извесно време тој ги достига
бреговите на Америка.
 Португалците бараат пат за Индија во друг правец - околу Африка, кој ќе минува преку
Средоземно Море. И во 1498 година Васко де Гама го открива поморскиот пат за
Индија.
 Се започнува колонизацијата на ново откриениот американски континент и
возникнуваат оживеани трговски односи со Индија. Во Америка се откриваат богати
наслаги на злато и сребро. Припливот на поевтино злато во Европа предизвикува во
XVI век револуција на цените.
 Сето тоа помага за развитокот на стоковното производство, за понатамошната
експанзија на размената. Се појавува светскиот пазар за приозводите на
западноевропската индустрија и на селското стопанство. Се поширокиот пазар сака се
поголемо барање на продуктите на занаетчиското производство, а ситното занаетчиско
производство се помалку и помалку е во состојба да го задоволи. Никнува
противречноста меѓу тесната база на занаетчиското производство и се поголемите
потреби на светскиот пазар. Созрева неопходноста за преминување од ситното
занаетчиско производство кон едрото на капиталистичкото производство, кон
манифактурното, а по тоа и кон машинското.

 Производителните односи на феудалното друштво со нивниот крепостен труд,


цеховската затвореност и ограниченост стануваат пречка за понатамошниот растеж на
производителните сили.
 Феудализмот навлегува во стадиумот на своето распаѓање, кој (стадиум) заедно со тоа е
и период на развиток на капиталистичките односи. Тој стадиум го опфаќа периодот од
XVI до XVIII век.
 За база на развитокот на капиталистичките односи, па капиталистичката структура во
пазувите на феудализмот служи ситното стоково производство во лицето на цеховскиот
занает во градот, и на селското стопанство во селото, кое се повеќе се вовлекува во
размената.
Користена литература:

- Историја на македонскиот народ- Институт за национална историја


Редактор д- р Александар Стојановски, Скопје 1998 г.
-Феудалниот поредок – К. В Островитјов
- Основни карактеристики на робовладетелскиот и феудалниот
систем- Света Попович

Изработи
Маја Чагорска 1278/б
Ангела Китановска 1324/б
Андријана Поповска 1332/б
Наталија Трајкоска 1360/б
Бојана Делач 1274/б
Николче Грашкоски 1293/б

You might also like