You are on page 1of 1

Основни демографски карактеристики на населението

во Република Северна Македонија

Демографските карактеристики на населението опфаќаат повеќе елементи.


Најважни се: динамика на населението, густината на населеност, природен
прираст, половата и старосната структура и етничките одлики.

Динамика на населението во Република Северна Македонија


Поконкретни податоци за бројот на населението во Република Северна
Македонија се среќаваат од 1900 година наваму. Но, релативно точни
податоци има во пописите по 1921 година, а особено по пописите спроведени
по Втората светска војна. Во 1921 година во Република Северна Македонија
живееле 797.841, а со последниот попис во 2002 година има 2.042.316 жители.

Густина на населеност
Густина на населеност претставува број на жители на 1 km 2. Се пресметува
кога вкупниот број на населението се подели со големината на територијата на
која што тоа живее.
Соодветно на динамиката на населението се движи и неговата густина, која од
31 жител на квадратен километар во 1921 година, во 2002 е зголемена на 78
жители на квадратен километар. Во зависност од развојот на индустријата и
нејзината разместеност, просторно се преразместува и населението, па бројот
на населението во градовите се зголемува, а во селската средина се намалува.
Така се создава нерамномерна густина на населеност во Република Северна
Македонија. Со најгуста населеност се скопскиот, полошкиот и кумановскиот
регион, а скоро се раселуваат регионите на Мариово, Порече, Козјачијата и
други простори.

Природен прираст на населението


Динамиката на населението зависи од природниот прираст кој претставува
разлика меѓу наталитетот (родени) и морталитетот (умрени) на населението.
Големината на природниот прираст зависи од нивото на животниот стандард,
од здравствената заштита, од културно-образовното рамниште на населението
и од други фактори.
Просечниот годишен природен прираст на населението во Република Северна
Македонија постојано се намалува, и тоа – од околу 26 промили во 1948 година
до околу 5 промили во 2002 година.
Карактеристично за природниот прираст е тоа што тој не е секаде еднаков. Дел
од етничките заедници имаат поголем природен прираст.

You might also like