You are on page 1of 1

Типови почви и нивна распространетост

Соодветно на: разновидната геолошка подлога, климатските услови, релјефот,


растителниот и животинскиот свет и сл., во Република Северна Македонија се
формирале различни почви. Најзастапени се: алувијални, делувијални,
смолници, црвеници, кафеави, песокливо-глинени, солени почви и други.
Алувијални почви се формираат со таложење на ситен речен нанос околу
речните корита во рамничарските простори. Богати се со хумус, хранливи
материи и се мошне плодни. Најмногу ги има покрај поголемите реки: Вардар,
Пчиња, Крива Река, Брегалница.. Погодни се за одгледување на разни
земјоделски култури. Во Република Северна Македонија се најраспространети
во рамниците на: Скопската, Гевгелиско-валандовската, Кочанската,
Пелагониската, Струмичко-радовишката, Охридско-струшката и Преспанската
Котлина. Алувијални почви ги има и во Кумановската Котлина.
Делувијалните почви се формираат кај контактот на рамниците и планинските
страни, како акумулативни ерозивни наноси. Настануваат под дејство на
ерозија. Поради слабата застапеност на хумус, тие се помалку плодни.
Погодни се за овоштарство и за лозови насади. Најзастапени се по рамките на
котлините: Полог, Пелагонија, Преспа, Кичевската, Кочанската, Струмичко-
радовишката, Гевгелиско-валандовската, Охридско-струшката и други котлини
Смолници се почви кои имаат езерско потекло и затоа располагаат со големо
количество глина и се мошне плодни. Таа е богата со глина и е леплива. При
поголема влажност се лепливи. Кога времето е суво во летнитот период таа
пука. Погодни се за одгледување житни и индустриски култури, а со соодветно
наводнување и за градинарски и за овошни култури. Најзастапени се во Овче
Поле, во Скопската и во Кумановската Котлина, а нешто помалку во
Пелагонија, во Тиквеш, во Славишко Поле и на други места.
Црвеници се почви кои се формираат во простори со присуство на варовник.
Се сметаат за средно плодни почви. Погодни се за одгледување на тутун,
винова лоза и житни растенија. Најраспространети се во: Пелагонија, Полог,
Скопската Котлина,Тиквеш, Преспа и други места.
Кафеавите почви се формираат под влијание на шумската и на тревната
вегетација. Во нив влегуваат гањачи, подзол и кисели кафеави почви. За
одгледување на култивирани растенија не се доволно плодни. Распространети
се меѓу 700 и 2000 м надморска височина и тоа во Средно Повардарје, во
Пелагониската Котлина, во Кумановската Котлина, во Славишкото Поле и на
Скопска Црна Гора, Шар Планина, Осоговските Планини, Малешевските
Планини, Селечка Планина итн.
Солените почви се почви кои настанале во предели каде што има подземни
води и во места на кои има повисока температура. Се формираат со
евапоризација на влажноста во земјата во сушни предели. Сиромашни се со
хумус. Најзастапени се во Овче Поле.

You might also like