You are on page 1of 2

Микроорганизми

1.Микроорганизми:
-мали ,ситни ,живи организми
-организми видливи со микроскоп
-изградени од една клетка
2.Микроорганизми се наоѓаат насекаде(вода,воздух,почва;во телата на живите
организми)
3.Во микроорганизми спаѓаат:
а)вируси-ги напаѓаат сите живи организми
-помали се од бактерии(се гледаат со електронски микроскоп)
-не се изградени од клетка
-изградени од низа од гени обвиткани со белковинска обвивка
-претставуваат граница меѓу жива и нежива материја
-активни се само во клетка –домаќин
-предизвикуваат различни заболувања
б)бактерии:
-први едноклеточни организми без оформено јадро
-можат да бидат:стапчести,топчести ,спирални
-можат да бидат корисни(вриење на вино,киселење на млеко, оцет,
зелка;разградување на изумрени организми-хумус)
-штетни-предизвикуваат различни заболувања,расипување на храна
в)габи:
Едноклеточни:квасочна габа-производство на леб
-лебна мувла-го расипува лебот
-пеницилиум-производство на лекови
Повеќеклеточни-печурки(отровни и неотровни)
г)едноклеточни алги и протозои
-едноклеточни алги-се исхрануваат автотрофно(вршат фотосинтеза):
-хламидомонас,хлорела,дождовна алга
-протозои:амеба ,парамециум,еуглена (се хранат со готова храна-хетеротрофно)

Планот ќе ви го олесни учењето!!!


Да се научи лекцијата на стр.28,29 од учебникот

You might also like