You are on page 1of 2

ВИРОЛОГИЈА – наука која ги изучува вирусите (дел од микробиологијата)

Слободната вирусна честичка се нарекува ВИРИОН, со навлегување во домаќинот,


вирионот станува активен ВИРУС. ВИРОЗИ се заболувања предизвикани од вируси.

Вирусни карактеристики:
- Неклеточни форми на живот
- Најнизок степен на организација на живите системи
- Немаат кл.мембрана, цитоплазма, цитоплазматични органели
- Видливи само под електронски микроскоп (20-300нм)(20- детска парализа, неркоза
на тутун)(300- беснило, големи сипаници)
- Задолжителни внатреклеточни паразити кои предизвикуваат болести

Биолошки белези :
- Размножување (со користење на генетскиот материал на клетката-домаќин),
- Генетички кнотинуитет и
- променливост

ГРАДБА
А. Капсид (протеинска обвивка изградена од капсомери)
- Правилен геометиски облик
- Улога: заштитна, антигена и помага при сврзување со клетката домаќи

Б. Нуклеинска киселина (или РНК или ДНК- никогаш двете)


- едноверижни, двоверижни и кружни
- Растителни вируси – РНК како единечна полинуклеотидна низа
- Животински вируси – единечна РНК, ретко РНК или ДНК со две полинуклеотидни
низи

ПОДЕЛБА
Според нуклеинската киселина:
ДНК вируси (херпес вируси, аденовируси)
РНК вируси - ретровируси (рубеола вирус, ХИВ)
Според специфичност:
Животински/анимални- инфицираат животни
Растителни – инфицираат растенија
Бактериофаги– инфицираат бактерии
РАЗМНОЖУВАЊЕ
Литички циклус -
1.Прикрепување ;
2. Навлегување и ослободување на вирусната нуклеинска
киселина ;
3. Синтеза на нови вирусни делови;
4. Спојување на вирусните структурни делови ;
5. Лизирање (пукање) на мембраната на клетката домаќин и
ослободување на вироните.

Лизоген циклус-
Бавни вируси кои можат да ја инфицираат и се размножат со
клетката без да ја уништат.

БАКТЕРИОФАГИ
- Повеќето се со ДНК
- Од 20 до 200нм
- Се размножуваат со литички циклус

РЕТРОВИРУСИ
- РНК-вирус
- Размножување:
1. Ввнесува копија на својот наследен материјал во ДНК-та
на клетката-домаќин
2. Користи сопствен ензим за да создаде ДНК од
сопствената РНК
3. Новата ДНК се инкорпорира во геномот на домаќинот.

* Домаќинот ја третира вирусната ДНК како дел од сопствениот геном

ВИРОЗИ
Пренос:
- вертикален пат: од мајка на дете
- хоризонтален пат: од човек на човек
Одредени вируси паразитираат во одредени клетки.
- Големи сипаници – кожата
- Детска парализа – рбетниот и големиот мозок
- Жолта треска –црниот дроб

Онковируси се вируси кои можат да предизвикат тумори.

You might also like