You are on page 1of 9

Brucella

Во родот бруцела спаѓаат бактерии кои што предизвикуваат


бруцонози (зоонози).Од нив пред се заболуваат животните но
можат да се пренесат и на човекот.
Постојат три типа бруцела:
-Brucella melitensis, Brucela abortus, Brucela suis.
микроскопски особ. - Бруцелите се Грам негативни,аспорогени
кокобацили.Во својата градба немаат флагели,а капсули имаат
само кога се во жив организам.
Културелни особини- Бруцелите добро растат на крвен
агар,нивните колонии се ситни,мазни,сјајни и проѕирни кои
личат на капки од роса.
Отпорност- Тие се прилично отпорни на надворешната
средина,во млекото можат да останат живи повеќе од 10 дена,во
млечните производи неколку месеци, а во водата и до 20 дена.
Патогеност - Бруцелите во организмот на човекот можат да
влезат преку хранопроводот, респираторниот тракт,кожата и
конјуктивите.Инкубацијата на болеста е од 5-15
дена.Бруцелозата започнува со зголемена темп.,потење, болки
во мускулите,коските,зглобовите и нервите.Температурата е
брановидна,наутро-пониска,навечер-повисока.
Имунитет - Слаб,краток и несолиден.
М.Д- Бруцелозите може да се дијагностицираат
бактериолошки,серолошки,алерголошки.
За бактериолошки преглед најчесто се зема крв,ама може да се
земе и лимфни јазолчиња,коскен мозок,урина,вагинален
секрет,спутум.Земениот материјал се засејува, а резултатите
излегуваат за повеќе од 15 дена.
За серолошка дијагноза се зема крв од кубиталната вена за
време на опаѓањето на температурата.Таа се испитува со Рајтова
реакција,реакција на аглутинација.
Алерголошката дијагноза се врши со алергенот добиен од
бруцелата,бруцелерген.И доколу станува збор за бруцелоза во
рок од 24 до 48 часа ќе се појави црвенило со изразена
инфилтрација.
Сп.терапија - хлортетрациклин
Епидемиологија - Резервоар на бруцелите се животните кои се
заразени бруцели.Таквите инфекции обично се активираат кај
женките за време на градивитетот.Ги лачат со
плодот.млекото,лохиите и мочта.Бруцелите се пренесуваат преку
директен контакт со заразените животни или нивните
производи.а индиректно преку разни предмети,млечни
артикли,земјата,вода, воздух.Ретко се пренесуваат од човек на
човек.
Спречување - Болните животни да се изолираат, лекуваат или
убијат.Млечните производи да се подготвуваат од
пастеризирано млеко.Да се користат ракавици доколку се има
контакт со заболени од бруцелоза или нивни предмети.
Хемофилиус инфлуенце
Микроскопски особини - Оваа бактерија е ситно,нежно стапченце.
Кога е изолирана од патолошки материја покажува паралелно
наредени стапченца. Има форми на коки како и пократки и подолги
стапченца. Нема флагели, не создава спори, има капсула, се
бојадисува грам-негативно.

Културелни особини - оваа бактерија успева само на подлоги кои


имат X и V фактор. Најдобро успева на чоколаден агар. Врз тој агар
формира ситни,проѕирни и мазни колонии со нерамни рабови. Ако
на крвниот агар се засее некоја бактерија која има V фактор, во вид
да црта а преку неа хемофилиус инфлуенца, тој подобро ке расте
отколку подалеку од него. Тоа се нарекува сателитизам.

Опторност - спрема повекето антибиотици е отпорен. Чувствителен


е на ампицилионт и тетрациклинот. Исто така чувствителен е на
сулфонамидите,гентамицинот и стрептомицинот.

Патогеност на човекот - оваа бактерија често се наога во гушата на


здрав човек. Најчесто предизвикува инфекции на респираторниот
тракт. Се смета дека предизвикува ексацербација на хроничниот
бронхитис. Хемофилиус инфлуенца може да предизвика и
синузитиси и отитис медиа. Кај малите деца е еден од
причинителите за менингитис.

Имунитет - оваа бактерија не стимулира имунитет.

Микробиолошка дијагноза - се поставува бактериолошки. Во


зависност од локализацијата на заболувањето се зема соодветен
материјал. Од материјалот се подготвува препарат, се бојадисува
по грам и се микроскопира. За посигурна дијагноза, материјалот се
засејува на чоколаден агар. Создадените колонии се испитуват
морфолошки и микроскопски.

Специфична терапија - најсигурен лек ни е ампицилинот и


тетрациклинот, а со комбинација на поницилин и стрептомицин се
добива одлични тераписки ефекти.

Епидемиологија - резервоар на заразата се бацилоносителите.


Човекот се заразува најчесто кога ке му ослабне резистенцијата
како што е случајот при заболување од инфлуенца.

Спречување - вакцина против оваа бактерија е во фаза на


испитување.профилаксата со тетрациклините обезбедува добра
заштита. Бидејки такви антибиотици не смеат да се дават на мали
деца, тие треба да се заштитат со сулфонамиди (сулфодиазин).

Бордетела Пертусис(Bordetella pertussis)


Микроскопски особини.-Како и другите Борадтели оваа бордатела е
аспороген ситен кокобацил.Не формира спори,нема флагели.Околу
него се наога обвивка слична на капсула.Се бојассува по Грам
негативно.Понекогаш краиштата му се посилно бојосани отколку
централниот дел на клетката.

Културелни особини-Бордатела пертусис е стриктно аеробна


бактерија.Може да се култивира само на збогагтени
подлоги.Најдобро успева на Bordet-Gengou-овата подлогга.На таа
подлога оваа бактерија израстува дури по 2 до 4 дена.Нејзините
колонии се тракалезни,конвексни,мазни,сјајни и непроѕирни.Личат
на зрнца од бисери.

Отпорност-Оваа бактерија е чуствителна на сите фактори на


надворешната средина.Отпорна е на пеницилинот и на
сулфонамидите.Чуствителна е на тетрациклините и
хлорамфрениколот.

Токсичност-Бордетела пертусис содржи ендотоксин.Тоа е ист како и


ендотоксините на другите Грам-негативни бактерии.Покрај тоа
содржи и егзотоксини.Ниту една од тие две компоненти не ја
стимулираат продукцијата на антитоксините.

Патогеност за човекот-Како што е веке споменато,Бордетела пертусис


предизвикува пертусис,голема или магарешка кашлица.До ова
заболување доага ако Бордетелата пертусис дојде со капките од
назофарингеалниот секрет во респираторниот тракт на здраво
дете.По инкубација од 7 до 14дена почнуваат знаците на
заболувањето.Првиот стадиум се манифестира со кивавица и лесна
кашлица.Тој стадиуум трае 10 до 15 дена.По него следува
конвулзивниот стадиум.Во овој стадиум се јавува
жестока,незапирлива и репетирана кашлица.Притоа е отежнато
вдишувањето на воздух.За време на инспирацијата се слуша звук кој
личи на магарешко рикање.Конвулзивниот стадиум трае 14 или
повеке денови.За време на неговото траење често се јавува едем и
воспалување на белите дробови.Болниот продуцира мошне големи
количества слуз која мошне тешко ја исфрла.Потоа настапува
рековалесценција.Таа е мошне долга.За тоа време организмот е
многу слаб и исцрпен.Поради тоа лесно и често доага до секундарни
инфекции од разни микроорганизми.Најчесто се јавува пневмонија.

Имунитет-Останува солиден и најчесто доживотен имунитет.

Микробиолошката дијагноза-Дијагнозата на пертусисот може да се


постави бактериолошки,серолошки и алерголошки.За
бактериолошки со тенка жица низ носо ссе зема брис од
ринофарингсот.Од него се подготвува препарат се бојасува по Грам и
се микроскопира.Се засејува на Bordet-Gengou-овата
подлога.Колониите ке израснат по 2-4 дена се идентификуваат со
помош на специфичен антисерум.

Серолошка дијагноза може да се постави со реакција на


аглутинација или со врзување на комплементот.Таа е позитивна дури
по третата недела.
Алерголошка дијагноза се поставува со кожен тест со екстрактот на
Bordetella pertussis.

Специфична терапија-Иако Бордетела перусис ин витро е чуствителна


на веке споменатите антибиотици,тие антибиотици немаат никакво
влијание на текот на болеста.Сепак,се користат бидејки бргу ги
убиваат причинителите.-Со давањето на хиперимун гама глобулин во
раниот стадиум на болеста може да се ублажи нејзината тежина.

Епидемиологија-Резервоар на заразата е само човекот.Најчесто тоа е


детето во раниот катарален стадиум на големата
кашлица.Причинителот го напушта својот резервоар со капките на
назофарингеалниот секрет.Може и со плунката па и со спутумот од
заболеното лице.Бордетела пертусис се пренесува преку директен
како и преку индиректен контакт преку чаши, прибор за јадење,
пешкири и други предмети од општа употреба.Влезното место е
респираторниот тракт.-Од пертусис најчесто заболуваат децата во
првитте 5 години од животот.Заболувањето најчесто се јавува во
есен,во зима и рано на пролет.

Спречување-За таа цел постои вакцина од убиени бордетели на


пертусисот во фазата I.Врз основа на нашите законски прописи,
вакцинацијата против кашлица се врши со веке споменатата трипла
вакцина Ди-Те-Пер.Вакцинацијата се спроведува задолжително за
сите доенчиња по навршени 3 месеци од животот.Таа се врши со три
дози во период од најмалку еден,најмногу по три
месеци.Ревакцинација се врши по 2-3 години со една доза на Ди-Те-
Пер вакцина.Вакцината се впрскува поткожно.

Helicobacter pylori
Микроскопски особини: Хеликобактер пилори претставува спирална
бактерија во облик на буквата Ѕ. Таа е монополарна политриха (на едниот
крај има од 3-6 флагели). По Грам се бои негативно.

Микроскопски особини

Културелни особини: Се култивира на подлоги од крвен агар или агар


збогатен со 5-10% овча или коњска крв (чоколаден агар), во микроаерофилни
услови. Тука развива конвексни, мазни, сјајни и проѕирни колонии со рамни
рабови.

Распространетост: Ја има во слузницата на желудникот и е единствена


бактерија која може да преживее во многу кисела желудечна средина, со
мали концентрации на кислород (микроаерофилни услови) и на температура
од 37 степени. Присутна е и во усната празнина, забните наслаги, плунката и
столицата.

Епидемиологија: Начинот на пренесување е со директен контакт од болен на


здрав, преку плунка (капков пат) или фекални материи (феко - орален пат).
Инфекцијата многу луѓе ја стекнуваат уште од детството но многу од нив не
покажуваат знаци на болест. Ризик фактори се живеење во густо населени
домови, ниски санитетски и хигиенски услови и контакт со заболени лица.

Патогеност: Хеликобактер пилори навлегува преку устата и се населува во


желудникот бидејќи е посебно прилагодена да живее во ваква средина. Таа
продуцира уреаза ензим кој ја разградува уреата до амонијак и јаглероден
диоксид и така создава зони на ниска киселост.

Предизвикува воспаление на лигавицата на желудникот (акутен и хроничен


гастритис) и чир на желудник а во мал процент постои ризик за карцином на
желудник. Симптомите на хеликобактер инфекција се: болка во стомакот,
жарење во пределот на желудникот, гадење, повраќање, често ждригање,
чувство на надуеност и губење на тежина.

Улкус на желудник

Дијагноза:

-Уреа дишен тест: тест на вдишување - издишување при кој на пациентите им


се дава да вдишат обележена уреа со обележан јаглерод (13C или 14C). Ако е
присутен H. pylori тогаш уреазата ја разградува уреата при што се создава
CO2 со обележаните C атоми, што се докажува во издишениот воздух со
различни методи.

- серолошки со испитување на титар на антитела, микроскопирање на


материјал од биопсија боен по Гимза. Материјал за биопсија се зема со
гастроскопија.

- култивирање на фецес: се култивираат на 37степени Целзиусови, на


обогатени подлоги (чоколаден агар) во микро-аерофилни услови.

Лекување: Се користи тројна ерадикациона терапија од два антибиотика и


инхибитор на протонска пумпа. По потреба се воведува и бизмут препарат.

Трепонема(Трепонема)

Во овој род се наогаат тенки спирилно завиткани стапчиња од фамилијатаSpirohaetaceae.

Трепонема Палидум

Оваа спирохета е причинител на половата болест која се вика сифилис или луес.

Микроскопски особини-Трепонема палидум е мошне тенко спирално завиткано стапче.На неа


се гледат 5-14 густи,правилни,спирални овиоци,кои не се допираат.Спори не формира,а
флагели и капсули нема.Оваа бактерија не може да се бојосува со анилински бои.Поради тоа и
се вика Трепонема палидум што значи бледа трепонема.За да може да се види,се прикажува
негативно со туш по Бури,а се наблудува во темно поле или се импрегнира по методата на
Фонтан-Трибондеу.

Трепонема палидум се движи брановидно,змијулесто и со вртење околу својата надолжна


оска.
Културелни особини-Култивирањето на оваа бактерија досега не успеало.За да се сочуваат се
впрскуваат во тестисот на зајак.Тука живеат и се размножуваат.

Постојат култивабилни лози на Трепонема палидум.

Отпорност-Трепонема палидум е многу чуствителна бактерија.Таа може само сосем кратко


време да живее надвор од жив организам.Во крвта останува жива до 4 дена, а во крвната
плазма само 24 часа.

Треонема палидум е многу чуствителна на пеницилините.

Антигенска структура-Трепонема палидум располага со два вида антигени.Едните се


кардиолипински антигени, а другите се трепонемски антигени.

Кардиолипинскиот антиген е неопецифичен.Тоа е хаптен кој се наога во срцевиот мускул и


црниот дроб на човекот и топлокрвните животни.

Трепонемските антигени се специфични.Ги има три.Двата се групно специфични.Третиот е


типски специфичен.

Патогеност за човекот-Полово заболување.Поради тоа најчесто се локализира во примарниот


стадиум на половите органи кај мажот и жената.Понекогаш може да биде локализиран на
усните,околу усните и на брадавиците од дојките кај жените.

Кај сифилисот постојат три стадиуми.Тоа се примарен, секундарен и терцијален


стадиум.Всушност постои и четврти стадиум наречен невролуес.

Примарниот стадиум се јавува 12 до 60 дена по сексуалниот однос со луетично лице.Се јавува


во вид на еден улкус кој се вика примарен ефект.На местото каде што причинителот продрел
во организмот,првин настанува едно воспаление а веднаш потоа една папула.Таа набрагу
пукнува и на нејзиното место настанува улкус.Рабовите на тој улкус се нерамни и тврди.Се
вика улкус дурум.Потоа исчезнува.

Во секундарниот стадиум причинителите продираат во крвта.Настанува генерализација.По


целиот организам на болниот се јавува исип.Спирохетите од крвта можат да навлезат во
зглобовите,во слузниците и во централниот нервен систем и тука да предизвикуваат
оштетувања.По 14 до 20 дена исчезнуваат сите знаци на секундарниот стадиум.По ова време
болниот практично е без никакви знаци на болеста.Тоа е латентна состојба.Таа може да потрае
со години,па и доживотно.Таквата форма на луесот се вика луес латенс.

Терцијалниот стадиум настанува така што причинителите се населуваат во разните


органи.Таквите оштетувања се викаат гуми.Гумозен стадиум.Тие гуми можат да бидат
локализирани во витално важни делови на телото како што се мозокот аортата,срцето или
црниот дроб па доведуваат побргу или побавно до смрт.Доколку гумите се локализираат во
рбеетниот мозок,настанува делумна или општа пареза.Тоа оштетување се вика табес
дорзалис.Почетниот крај на сифилисот е прогресивната парализа.Тоа е четвртио стадиум или
неуролуес.Настанува поради трепонема палидум има голем афинитет спрема централниот
нервен систем,па продира во него.

Кога причинителите на сифилисот се наогаат во крвта тие можат да ја пробијат плацентата на


бремената жена и да дојдат во фетусот.Тоа може да доведе до изумирање на фетусот и до
пометнување.Во тој случај жената ке роди мртво дете.А може и сифилистико новороденче.Тоа
е заразено со сифилис наречен конгенитален сифилис.
Имунитет-Лицето кое боледува од сифилис не може повторно да се зарази се додека
боледува.По оздравувањето од сифилис останува слаб имунитет.

Микробиолошката дијагноза-Може бактериолошки и серолошки.-Бактериолошки дијагноза


може да се постави во првиот и во вториот стадиум.Таа се поставува
микроскопски.Материјалот во примарниот стадиум се зема од тврдиотт шанкр.

Во секундарниот стадиум материјалот се зема од исипот.

Серолошка дијагноза на сифилисот се врши најрано 10дена по појавата на тврдиот шанкр.За


преглед се зема крв од кубиталната вена,а за време на невролуес се зема ликвор.За
серолошката дијагноза кај нас се користи Васермановата реакција.За сите тие реакции се
користат неспецифичните кардиолипински антигени.Во извесни случаи тие можат да бидат
лажно негативни или лажно позитивни.

Лажно негативни реакции се оние при кои антикардиолипинските реакции се негативни,а


испитуваното лице боледуува од сифилис.

Лажно позитивни реакции се оние реакции при кои антикардиолипинските реакции се


позитивни,а испитуваното лице не боледува од сифилис.Тие можат да настанат ако
испитуваното лице боледува од некоја болест при која се ослобадува кардиолипин.Такви
болести се лепрата,маларијата,пневмонијата и разни други фебрилни заболувања.

Специфична терапија-Сифилисот многу успешно се лекува со пеницилин.

Епидемиологија-Трепонема палидиум се наога само во човекот кој боледува од сифилис.Таа


од организмот излегува со секретите на луетичните лезии,саливата,ејакулатот,вагиналните
лачења и крвта.Причинителот влегува во организмот низ вонредно ситните повреди на кожата
или низ слузниците.Се пренесува речиси исклучиво со сексуален однос.

Спречување-Сите откриени случаи на сифилис мораат веднаш да се лекуваат.Треба да се трага


по заразените лица за да можат да се пријават и да се лекуваат.

You might also like