You are on page 1of 1

Што е туберкулоза?

Туберкулозата (Tuberculosis – TB) претставува инфективна (заразна) болест


предизвикана од бактеријата Mycobacterium tuberculosis. Оваа бактерија
примарно (првично) предизвикува инфекција во белите дробови, но може да се
рашири и на другите делови од телото. Карактеристично за туберкулозната
бактерија е тоа што истата е заштитена со т.н “восочна капсула“ (мембрана) која
има висока отпорност од токисините (отровите) кои ги испуштаат имунолошките
клетки во обид да ја уништат истата. Исто така многу важна особина со која се
карактеризира оваа бактерија е способноста да се адаптира на секаков вид на
антибиотик кој ќе се обиде да ја уништи.
Туберкулозната бактерија е бавно-растечка бактерија и токму заради тоа таа
најдобро се развива на места каде што има многу кислород и крв како што се
белите дробови. Туберкулозната бактерија се пренесува од човек до човек преку
воздухот. Кога луѓето со активна белудробна туберкулоза кашлаат, киваат,
зборуваат, пеат или плукаат, тие исфрлаат (протеруваат) во воздухот ситни
инфективни капки (со дијаметар од 0,5 до 5 микрометри). 
Инфекцијата започнува кога туберкулозната бактерија ќе навлезе во алвеолите
(ситните меурчиња) од белите дробови, каде се врши размената на гасовите.
Имунулошкиот систем веднаш го детектира нападот од бактеријата, па
имунолошките клетки кои се задолжени да ги отстрануваат (уништуваат)
патогените како што е туберкулозната бактерија започнуваат да си ја вршат
својата работа. Овие имунолошки клетки се макрофагите (тип на лаукоцити) и
истите имаат за задача да ги голтаат бактериите и воедно дигестираат (уништат),
постапка која се нарекува фагоцитоза. Но тоа не им успева,
бидејќи туберкулозната бактерија има таква мембрана која е доволно дебела
и цврста како восочна капсула, со што истата е отпорна од било какви
токсични напади кои би ја уништиле. Секако дека може да се пробие оваа
капсула, но за тоа е потребно повеќе време. Со ова бактеријата има доволно
време да се реплицира (размножи) во макрофагите како нејзин домаќин-клетка и
воедно да ја убие (уништи) таа клетка.
Како се лечи туберкулозата? Оваа болест се лечи со комбинација на неколку
антибиотици одредени од доктор. Оваа терапија трае околу 6-9 месеци и доколку
пациентот ги конзумира антибиотиците правилно, шансите за да се исчисти од
туберкулозната активна инфекција се многу големи. Доколку при оваа терапија
бактеријата покаже оптпорност од антибиотиците, лекувањето може да потрае и
повеќе месеци или години. Латентната туберкулоза пак се лечи со само еден
антибиотик дневно или пак комбинација од неколку антибиотици неделно во
период од една година. Со оваа терапија шансите од активација на латентната
(скриена) туберкулоза се многу мали.

You might also like