You are on page 1of 14

Д.С.

У ,,Браќа Миладиновци” - Скопје

Проектна задача

Предмет: Биологија

Тема: Габични инфекции кај жената

Ментор: Изработила:

Проф:

Скопје, 2018 Февруари


Содржина

Вовед .............................................................................................................................. 3
Што представува габична инфекција ........................................................................... 4
Превенција и заштита од габични инфекции .............................................................. 5
Габична инфекција на стапалата ................................................................................. 6
Габична инфекција на кожата....................................................................................... 7
Габична инфекција на ноктите ..................................................................................... 8
Вагинална габична инфекција - Кандијаза ................................................................ 11
Заклучок ....................................................................................................................... 13
Користена литература................................................................................................. 14

2
Вовед

Инфекцијата представува напад (инвазија) и размножување на


микроорганизми кои не припаѓаат во нашиот организам. Доколку е нападната
одредена клетка, ткиво, орган или дел од организмот, тогаш велиме дека
соодветната клетка, ткиво, орган или дел од организам е инфициран. Оние
микроорганизми кои имаат способост да предизвикаат болести се
нарекуваат патогени, а тоа најчесто се бактериите, вирусите, габите и
паразитите.

Ако патолошките микроорганизми, односно патогените навлезат во нашиот


организам, тие можат делумно или целосно да ги оштетат (убијат) здравите
клетките на тој начин што ослободуваат/испуштаат разновидни токсини или
отрови. Овие токсини можат да делуваат и на уништување на поедините делови –
“механизмот“ на клетките, при што на истите им се блокира вродената
функционалност (се парализираат), или напротив може да ја изменат
функционалноста на клетките во корист на болеста, односно патогенот.

3
Што представува габична инфекција

Габичната инфекција е предизвикана од габата Кандида Абиканс, која е


нормален жител во вагината и на кожата кај многу жени. Таа обично не
предизвикува никакви проблеми и се размоножува со спори кои се широко
распространети во воздухот. Кога спорите ќе се спуштат на топло и влажно место
како што се интимните делови на телото започнуваат да растат. Иако габичните
инфекции не се класификувани како сексуално преносливи болести, тие сепак се
пренесуваат преку сексуален контакт ако кај машкиот партнер под кожинката на
пенисот има габични спори.

Симптомите кај жената се чешање, болка во вид на горење,


карактеристичен габичен мирис, вагинален секрет кој е обично бел или во вид на
изварок, непријатност или болка за време на мокрење и сексуален однос.
Симптомите на габичната инфекција се почести во периодот пред менструација и
ова се должи на промената на киселоста на вагиналниот секрет во овој период.
Исто така инфекцијата е почеста кај бремените жени, кај неконтролираниот
диабет и кај корисниците на орални контрацептиви.

Кандидата почесто се појавува после земање антибиотици кои ги


уништуваат корисните бактерии (лактобацилусите), кои се исто така жители во
вагинатга. Ако ги нема нив настанува бактериолошки дисбаланс што овозможува
кандидата несметано да се развива. Кај некој жени габичната инфекција е
повторувачка.

Оваа појава понекогаш е поврзана со ниски нивоа на железо во организмот.


Железото им е потребно на белите крвни клетки зa да направат хемикалии кои ја
уништуваат кандидијалната инфекција. Затоа, ако се јавуваат чести габични
инфекции потребно е да се провери во крвта нивото на Феритин (складирано
железо во организмот).

4
Превенција и заштита од габични инфекции

Најважно е да се избегнува потењето преку избегнување на носење тесен


долен веш (oсoбенo најлонски или тесни панталони како фармерки) и да се
користат влошки во текот на денот. Да се користат чорапи и памучен долен веш
кој е вриен или пеглан на висока температура. Ова е пoтребнo поради тоа што
модерните прашоци за перење користат пониска температура на водата, која не е
доволна да ги уништи спорите на кандида.

На тој начин можно е повторно заразување од сопствениот веш кој бил


испран на пониска температура. Да се избегнува користење на разни додатоци
при капењето, вагинални деодоранти или вагинални испирања, бидејќи тие ја
намалуваат природната одбрана на вагината (киселоста на вагиналната средина
во чии услови не можат да се развиваат габите и бактериите). Да се користи
исхрана богата со железо и да се земаат мултивитамини или минерални додатоци
кои користат железо. Храната штo содржи витамин Ц, како на пример
пoртoкaлите, помага во апсорпцијата на железотo од цревата. Партнерите да
користат антигабични кремови, бидејќи и мажите можат да имаат спори на
кандида и да ги пренесуваат на жените без самите да имаат некакви симптоми. Да
се дискутира со својот матичен лекар дали има потреба од проверка на нивоата
на железо во крвта (да се исклучат ниски нивоа) и да се провери дали има
помалку активна тироидна жлезда.

За лекување нa кaндидaтa постојат разни антигабични лекови кои се


достапни на рецепт или без рецепт. Некои лекови, како на пример клотримазол и
миконазол, се користат како кремови или вагиналети. Истo тaкa, дoстaпни се и
oрални антигабични лекови (флуконазол и итриконазoл). Но, каков и да е начинот
на користење на лековите, потребни се два до три дена за да повлечат
симптомите, бидејќи болното место треба да се опорави по уништувањето
на габите. Сексуалните контакти треба да се избегнуваат додека не се повлечат
сите симптоми.

5
Габична инфекција на стапалата

Габична инфекција на стапалата (медицински се вика тинеја педис) е


вообичаен термин за кожна инфекција на стапалата или прстите предизвикана од
група на габи коишто се викаат дерматофити. Се размножуваат во топли и влажни
средини како што се соблекувалните, тушевите, чевлите и чорапите. Затоа, тие
може да живеат на вашите стапала каде условите се слични. Габична инфекција
на стапалата вообичаено се јавува меѓу прстите, но може да се појави и на
табаните и на страничните делови на стапалата. 1

Габите ја предизвикуваат главната инфекција, но покрај нив може да се


развијат и квасни габички и бактериите коишто предизвикуваат други симптоми
како што се смрдливи стапала.

Габична инфекција на стапалата е многу заразно и може бргу да се рашири


со контакт кожа-на-кожа или преку контакт со заразени површини и предмети.
Споделувањето на заразени предмети како што се крпите, постелнините и
облеката може да ја пренесат инфекцијата. И заразените јавни тушеви, базени и
соблекувални се места каде може да се добие инфекцијата на Габична инфекција
на стапалата.

Инфекцијата на Габична инфекција на стапалата може да се прошири и на


други места на телото со што може да предизвика други габични инфекции како
што е чешање во пределот на препоните.

Вообичаените симптоми на Габична инфекција на стапалата се:

Чешање и чувство на печење на прстите и стапалата


Тврда, многу сува, распукана или излупена кожа
Пукнатини/расцепувања и омекнување на кожата меѓу прстите
Распукана кожа на табаните или петиците

1
http://www.canesten.mk/mk/derm/symptoms/athletes-foot/symptoms/

6
Плуски
Непријатна миризба од стапалата

Габична инфекција на кожата

Кожните габички, се чест проблем. Тие не предизвикуваат поголеми


проблеми, но потребно е да бидат квалитетно третирани за да се спречи
понатамошно ширење на инфекции.

Доколку не се третираат на соодветен начин, можат да доведат до трајни


последици на зафатените подрачја. Габични инфекции најчесто се јавуваат кај
особи со слаб имунитет, па затоа тие тешко можат да се ослободат од нив.
Најчесто се јавуваат на кожата, слузницата на усната празнина, темето, на
ноктите и помеѓу прстите.

Личната хигиена е многу важна, но без обзир на тоа колку често се бањате,
туширате, миете раце и слично, тоа не може да значи дека сте се ослободиле од
бактериите, потенцијалните причинители на заразите. Секој ден доаѓате во
контакт со разни бактерии: преку предмети кои ги допирате и употребувате, било
тоа да се копчињата во лифтот, тастатурата на компјутерот, парите, јавниот
превоз или вашиот дом.

Доколку тие бактерии на вашата кожа предизвикуваат разни габички па


стануваат неподносливи, потребно е да се ослободите од нив пред да се
прошират на останатите делови од телото. Доколку на кожата имате некоја
габична инфекција, ослободете се од непријатното чешање, пецкање или
црвенило, настанати од габични инфекции на едноставен и сосема природен
начин користејќи Silverex производи.

Докажано е дека што е внатре во Silverex производите уништува повеќе од


650 видови бактерии, бацили, вируси и габички.

7
Габична инфекција на ноктите

Габичните инфекциии на ноктите (онихомикоза) се многу чести –


афектирајќи еден од десет од популацијата во Велика Британија. Околу половина
од сите проблеми со нокти се поврзани со габичната инфекција. Ги зафаќа повеќе
мажите отколку жените, и се почеста е со стареењето на луѓето. Се јавува
почесто на ноктите на нозете, отколку на ноктите на рацете и затоа нозете
почесто се споменуваат. Во двата случаи, третманот и следствените резултати се
слични.

Слика 1: Изглед на габична инфекција на нокт

8
Габичните инфекции се лоши на изглед. Ноктот станува задебелен или
безбоен; може да пожолти, да стане кафеафкаст, портокалов или во бела боја.
Може да има и црни делови на крварење, како резултат на траума, или делови со
темно зелена боја како резултат на бактериска инфекција. Ноктите може да станат
кршливи или да се дробат, трошат. Во некои случаи остатоци се собираат под
ноктот и имаат непријатен мирис. Додека некои на габичната инфекција гледаат
само како на чисто козметички проблем, ноктите стануваат задебелени, тотално
безбојни и трошливи, што може да предизвика значителен срам и самосвест.
Може да биде болна додека одите, може да развие зрна на страна од ноктот и со
тоа станува невозможно да се скрати ноктот, предизвикувајки зараснување на
ноктот во месото. Покрај тоа станува извор на габи, што во континуитет може да ја
инфицираат кожата на ногата.

Габичните инфекции на ноктите често резултираат со оштетување на


плочата на ноктот, што овозможува габата или атлетското стапало да го нападне
ноктот. До 30 % од пациентите со габична инфекција на ноктите, имаат и
инфекција на кожата. Топли, испотени нозе, целодневно носење на чевли,
обезбедуваат идеална топла, влажна средина за развој на габите.
Габичните инфекции, првенстевно се предизвикани од дерматофити, но, исто така
и од кандида и разни квасци и мувли, кои успеваат и се развиваат во овие услови.
На пример, дерматофитната Tricophstym rybrym, е одговорна за околу 90% од сите
инфекции на ноктите.2

Фактори кои го зголемуваат ризикот од инфекции на ноктите се:


• Оштетување или грицкање на ноктите
• Медицински состојби како што се: дијабетес, псоријаза, или ослабен имунолошки
систем
• Пушење
• Општа лоша здравстевна состојба
• Траума на ноктите – на пример, трчање или слабо прилагодени обувки

2
http://101foot.mk/gljivicna/

9
Сериозни здравствени состојби како дијабетес и слаба циркулација, може
да се потенцијали за влошување на условите, а можеби и појава на секундарна
бактериска инфекција. Габата може да се развие кога ногата се држи подолго
време во топли, влажни чевли. Потоа заедничко користење на влажни пешкири,
недоволна хигиена на нозете, одење по контаминирани подови, и употреба на
лошо стерилизирана опрема за сечење на нокти, се останатите начини на кои
нозете може да бидат изложени на габата.

Се проценува дека 5 до 10 проценти од возрасните , и речиси половина од


оние на возраст од плус 70 години, страдаат од габична инфекција на ноктите.

Многу луѓе афектирани од габична инфекција ќе забележат промени во


текстурата, квалитетот и бојата на ноктите. Може да помине извесно време
додека тоа стане значајно, видливо, и уште повеќе време додека се почне со
третирање на проблемот или се побара лекарски совет. Во случај на ноктите на
прстите на рацете, е видливо кога ќе се отстрани лакот или гелот од ноктите.
Типични први знаци се пожолтување или дисколорација на врвот од ноктот или
областа во рамките на ноктот. Првично може да има незначајно подигнување на
крајот на ноктот. Може да има сува кожа околу ноктите, или истотака,
таканаречени варовити остатоци под ноктот.

Во нашата клиника, дијагнозата се воспоставува по разговор за прогресија


на болеста, заедно со преглед на ноктите. Лесно се дијагностицира
карактеристичната промена на бојата на ноктот во кафеава, жолта, бела или
портокалова, потоа распаѓањето и задебелувањето на ноктот. На ноктите често се
појавуваат дисколорантни надолжни линии, кои се протегаат од коренот до врвот
на ноктот. Доколку постои сомневање, примерок од ноктот може да биде испратен
на анализа, за потврда на дијагнозата, иако тоа не е секогаш доволно. Исто така
треба да бидат дијагностицирани и бојата и текстурата на ноктот на кој се
менуваат, заедно со знаците за атлетско стапало – белина помеѓу прстите на
нозете, црвена граница и размер до подножјето, мали гнојни точки околу лакот и
границата или чешање.

10
Вагинална габична инфекција - Кандијаза

Инфекцијата кандида е тешко да се дијагностицира бидејќи габата е


присутна во секој здрав организам.Причината за нејзината појава е што таа пушта
корени кои ја пробиваат цревната слузница и нејзините токсини доспеваат во
крвотокот и потоа многу лесно го напаѓаат целиот организам, при тоа пројавувајќи
разни психички и физички симптоми.3

Таа се активира кога доаѓа до промената на киселоста на вагината, како и


намалувањето на непатогените микроорганизми на слузницата. Одредени
состојби и заболувања влијаат на промена на киселата средина на вагината.
Најчести фактори за појава на кандијаза се: менструацијата, некои болести
(шеќерна болест), бременост, менопауза, антибиотици и контрацептивни средства
со естрогени и стероиди. Влагата и иритацијата на вагината, исто така стимулира
раст на кандидата.

Кадијазата се манифестира со непријатен јадеж во пределот на половите


органи, со појава на зголемена секреција т.е. беличест, густ, вагинален исцедок ,
со специфичен слаткаст мирис. Слузниците на вагината се црвени, отечени и
болни. Половиот однос може да биде болен. За време на мочањето се јавува
пецкање или болка.

Воспалението на вагината предизвикано од кандидата (Candida


vaginitis/colpitis) е најчеста инфекција на женските полови органи и има висока
инциденца. Околу 75% сексуално активни жени имаат барем еднаш кандидијаза
во својот живот, половина од нив имаат повеќе од една инфекција во животот, а
околу 10% од жените имаат чести, поновувани инфекции.

Дијагнозата на кандидијазата може да се постави со преглед на


надворешните полови органи и со гинеколошки преглед на вагината. При преглед
се забележуваат знаци на инфекција: црвенило, оток, оштетена слузница,

3
http://moezdravje.com/koi-se-simptomite-na-kandidata-i-kako-da-ja-izlekuvate/

11
пукнатини на слузницата, наслаги од беличест секрет на слузниците на вулвата,
на вагината и на грлото на матката. Со бимануелниот преглед (преглед со двете
раце), гинекологот ја оценува подвижноста и осетливоста на матката.

Лекувањето на кандидијазата се спроведува со примена на антимикотици,


лекови против габи. Во третманот на габичните инфекции на женските полови
органи се применуваат антимикотици-деривати на
имидазолот: clotrimazol(Canesten, Plimycol) и полиенски антибиотици како што
сеnistatin (Nystatin, Moronal), amfotericin (Ampho-Moronal) inatamicin (Pimafucin) во
форма на вагинални таблети, креми или масти. Терапијата може да трае од 1-7
дена.

Кај честите, повторувани габични инфекции неопходно е да се спроведе


терапија со антимикотици во вид на орални таблети или
капсули:flukonazol (Diflucan) или itrakonazol (Orungal).
За време на присутните симптоми, како и за време на терапијата се препорачува
избегнување на сексуални односи, иако на овој начин инфекцијата се пренесува
само во 10-15% од случаите.

Кандидата многу успешно може да се држи под контрола и да се лекува и


само со добар и соодветен режим на исхрана што всушност значи и здрав начин
на исхрана.

12
Заклучок

13
Користена литература

 https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%B0%D0%B1%D0%B8%D1%
87%D0%BD%D0%B8_%D0%B8%D0%BD%D1%84%D0%B5%D0%BA%
D1%86%D0%B8%D0%B8
 http://www.canesten.mk/mk/derm/symptoms/athletes-foot/symptoms/
 https://silverex.mk/upotreba/gabicni-infekcii-na-kozata
 http://101foot.mk/gljivicna/
 http://moezdravje.com/koi-se-simptomite-na-kandidata-i-kako-da-ja-
izlekuvate/

14

You might also like