Professional Documents
Culture Documents
Варичела
Варичела
1. Катарален или продромален период – трае неколку часа или 1-2 дена, а може и
да го нема. Поминува со лесни катарални и општи симптоми: итоштеност,
главоболие, болки во слабините, студ, температура, ретко повраќање или
менингеални симптоми. Понекогаш пред карактеристичната сипаница се јавува
т.н. „раш“ или „предегзантем“ од ситна бледоцрвена сипаница.
2. Исипен или егзантематичен период – често е прв знак на болеста. Избива
сипаница која во својот развој поминува низ неколку фази, почнувајќи од
макула, папула, везикула и краста. Најпрво по кожата на трупот избиваат во
налети тркалезни розови макулозни ефлоресценции, коишто брзо преминуваат
во папули и везикули (како капки роса) иполнети со бистра течност и
леукоцити. Меурчињата повеќе ги има на трупот отколку на глаата и
екстремитетите-центрипетално ширење, за разлика од центрфугалното ширење
кај вариола вера. Околината на меурчињата е зацрвенета. Меурчињата се меки и
прават набори, содржината им се заматува, се вдлабнуваат, а течноста се излива
или се суши и преминува во кафеава крастичка. По неколку дена крастичката
опаѓа, и не остава лузна, освен депигментирана кожа. Избивањето на
сипаницата се одвива во 2-3 налети, трае 8-9 дена и е проследено со појава на
ремитентна температура, така што може да се видат ефлоресценции во различен
степен на созревање „псевдо-полиморфизам“ – карактеристичен за варичелата.
Честопати е придружена со јадеж. Истовремено се јавува и енантем на
лигавиците на устата и мекото непце со везикули, кои поради влажноста брзо
прскаат и сздаваат афти (ранички), кои предизвикуваат болка и отежнато
голтање, а има и зголемена саливација. Сипаницата може да се појави и на
дигестивниот тракт, којуктивите, корнеата, половите органи и на други места.
При чешање може да се јави секундарна инфекција и пустула, која на крај
остава лузна.
3. Реконвалесцентен период – трае 2-3 седмици, сите крастички отпаѓаат и
настапува закрепнување и оздравување.