You are on page 1of 3

Овча сипаница – VARICELLA

Варичелата е акутно инфективно заболување од групата на вирусни исипни трески.


Клинички се манифестира со везикуло крустозен исип кој избива во налети

 Етиологија (причинител)

- причинител е вирусот Herpes zoster

 Епидемиологија

- извор на зараза се болни лица од варичела и херпес зостер


- заразноста е во последните денови од инкубацијата и трае се до
појавата на крусти кои не се заразни

- заболуваат деца од 3 месеци се до 10 години но можат да заболат и постари


лица
- инфекцијата се пренесува со флигеови капки, а влезна врата е назофаринксот
- почесто се јавува во зимските месеци со контагинозност од 70 -95%
 Клиничка слика

инкубацијата трае 14 – 18 дена


Болеста има три клинички стадиуми
I. катарален II. Исипен III. реконвалесцентен
I. Катарален стадиум трае 1- 2 дена
- слабо е изразен, може и да го нема
- се манифестира со општи симптоми на малаксаност, главоболка,
фебрилност,анорексија, повраќање
- на слузниците се јавува везикуларен енантем кој со прскањето преминува во
ерозии и афти
II. Исипен стадиум - трае од 10 – 30 дена

- исипот започнува со макули кои еволуираат во папули, везикули и

красти

- избива во 2 – 3 налети со временско растојание од 10 – 30 часа

- исипот е полиморфен и во секое време можат да се видат сите

еволутивни ефлоресценции поради што кожата изгледа како

sвездено небо

- по два дена од избивањето на исипот се создаваат красти

- везикулите се нежни како капка роса и лесно прскаат

- избивањето на исипот е следен со субфебрилна тeмпература и

чешање

- распоредот на исипот е центрипетален повеќе го има на трупот но

има и во главата,табаните и дланките

-Осипот може да се јави и во устата , околу очите и половите органи.

III. Реконвалесцентен стадиум – 15 до 20 дена


- со опаѓањето на крустите во следните 15 – 20 дена доаѓа до брзо опоравување
ако не настанат компликации
  Компликации

- варичелата може да се манифестира во лесна и тешка клиничка слика


- компликаците се во вид на секундарни бактериски суперинфекции на
везикулите и крустите
- вирусните компликации се во форма на енцефалитис и тоа како
церебелитис, парези, парализи на периферните и кранијалните нерви
- како компликација е и појава на атипична бронхопнрумонија
со оскуден физикален наод а богат рентгенолошки наод
- вирусот може да предизвика и интраутерина фетопатија и малформации
кај плодот
 Дијагноза

- клиничка слика
- епидемиолошки податоци за присуство на болеста во градинка,
училиште, семејство
- изолација на вирусот
- серолошки тестови
- лабораториски анализи
 Прогноза

- кога нема компликации прогнозата е добра


- при церебелитис симптомите се повлекуваат без секвели
- остава солиден доживотен имунитет
 Лекување

- лекувањето е симптоматско
- како превенција бидејќи има голема контагинозност задолжително е
изолација на болните
- пријавување на заболените

You might also like